Ќе напишев прочитај го првиот пост, но еве прочитај го делот што го цитирала Билјарката и ќе ти стане јасно што мислев под ослободени од обврски. Бидејќи едно е да плаќаш рата за кредит/кирија и смети за струја вода... а друго е да испазариш еднаш/дапати месечно, да платиш една сметка за да помогнеш тек-тук. Затоа што во тоа семејство едни ќе се обврските на родителот, а други на детето. Па зошто си упишал фах ако мислиш да го влечкаш, со исклучок ако не ти е само за работа во странство, особен ако знаеш дека дома твоите не се во можност да плаќаат преполагана, презапишување години и слично? Разбирам една до две години си завлечкал под разни околности до кај 25 макс (медицина е исклучок), потоа кој ти е изговорот? Јас на 18 надвор излегов, и не да ме удри депресија туку ме отепа кога видов дека врсниците со една плата можеа автомобил да купат (половен се разбира) или да си дозволат ајфон, дека од 14г работат и се многу самостојни, а јас до тогаш сум се посветила само на образование за пуста стипендија и тек тук хонорарна работа, бидејќи такви беа можностите. Потоа и работев и учев и штедев, затоа што научив да ценам и пари и труд. Сега секако е неспоредливо за тоа нема потреба од коментирање и мерење на кој му е подолг. Поентата на сите постови беше дека има кои успеале, делат совет, ако ништо друго бар работеле и не барале пари од мама и тато, стекнале каква таква независност и искуство. Штедењето е релативна и лична категорија, бидејќи она што за некој е малку за некој ќе е многу. Наместо да се разбере како совет, веднаш се скока со објаснување од типот "лага" и "нема шанса" што кажува многу. Секако секој сам бира дали ќе си го запоти газот или ќе си чека од мама и тато и родителите ќе се криви. Види за ова може да се дискутира, но не верувам дека бар англиски колку да се разберат под 25 години не знаат. Точно, потребно е било каков уред со интернет поврзаност за бар англиски па еве и германски да научиш и тоа бесплатно. Се што сакам да кажам во една реченица .
Во Македонија да заштедиш на тие примања и со тие цени, можеш 1. Ако твоите ги покриваат сите трошоци, а ти работиш за да заштедиш, или едноставно имаш грб од старите; 2. Ако си доктор или ај ти и пак можеш да сметаш на твоите; 3. Илегално. Математиката можеби ви изгледа проста, ама есапот дома и на пазар ама ич не е ист. Тоа се 2 миљарди различни семејства. Некој и под тешки околности ќе успее, ама друг ниту тие тешки услови нема да ги има како опција. За да се прекине ланецот на живеење со родителите, прво самата држава мора да обезбеди услови.
За да се прекине ланецот на живеење со родителите, прво самата држава мора да обезбеди услови.[/QUOTE] Имаше една држава што го прекина тој ланец, Југославија се викаше, мислам дека реприза нема да има. Иначе, штедење со тие примања, за 4 члено семејство, ко што беше вицот- сите четворица да работат, од кои двајца со дрога.
Jas ne gi svakam i lugeto kade primer edniot ne raboti a se zemat,posto mislat deka so 20 000 ke ziveat perfektno ( bidejki tato nosi mama mesi) i magicno posakuvat sprat,so site ekstri vnatre,garderoba,izleguvanje,odmori op bebe i potoa drzavata im e kriva,trajko petko....
Извини ама според мене 25 годишна индивидуа треба да има поголема обврска од пазарење еднаш месечно и плаќање некоја сметка. Пошо кажуваш дека не живееш Мк, колкав број од тие што ги познаваш живеат со своите родители на 25? Самостојност се гради надвор од дворот на мама и тато. Завршување факс на 22 е завршување факс во рекордно време. Според пишувањата на темава, на 22 се завршува факс и се започнува со работа по можност во струка, со добри опции за напредок. И од првата плата на 22 веќе индивидуата треба да има развиен сенс за штедење, за да може да си дозволи учество за стан на 30. Кај нас е скоро невозможно да се работи паралелно со студиите бидејќи не постои концептот на part time job, или работа по саат. Може да се работи за време на лето, но колку се заработува и тогаш е знак прашалник. Ама кој се тие кои успеале? Нема личност која на 25 живее со своите а би можела да го ставам во категорија самостоен и независен. Едно е на 25 да не бараш пари од своите ама ручекот да го спрема мама, друго е на 25 да живееш сам, да пазариш сам, сам да плаќаш сметки, сам да спремаш ручек, сам да си одговорен за семејниот буџет, и пари од плата да ти остануваат колку за едно излегување. И некој после 10 години да ти рече крив си што не штедиш, ако си сакал си можел да заштедиш.
И јас мислам така, и така и треба, но факт е дека повеќето особено од машката популација јајце не знаат да испржат и мама им ги прере гаќите до женидба, за подоцна сопругата да го прави тоа. Во спортивно нити јас нити ти нити 1700+ страници немаше да бидат испишани и темата немаше да постои. Да самостојност се гради сам на своето, има и такви кои идат во друг град да работат и живеат со цимери, но тие не верувам дека ќе се жалат на темата затоа што ја знаат опцијата за кирија и кредит. Проблемот се тие кои одлучиле да седат со своите, а на 25 + бараат пари од родителите и секоја работа за нив е тешка бидејќи се специјални снегулки. Чекаат некој да ги вработи и не работат за помала плата. Или пак ете се вработиле но платата ја трошат за свои лични потреби. Потоа кога ќе стапат во брак, настануваат и проблемите, оти количка ќе купат моите, а облека твоите, свадбата ќе ја направат родителите, а поклон во плик ќе донесат гостите. И тоа ќе потрае неколку месеци но никој неможе вечно да издржува никого, и караниците настануваат. Најнапред нека се научат јајце да испржат, или бар сендвич да си направат, а не да чекаат мама да дојде од работа и да зготви, потоа ќе следи ова погоре. Процес е тоа, нема и не се менуваат работите за 180 степени еве и после толку години кога можат бар на 3 месеци да отидат и да испробаат независност. Колку што знам 4 години е фах во Македонија, поправете ме ако нешто се променило. Поголемиот дел од друштвото и класот од средно завршивме на 22/23 во зависност кој како започнал на училиште, останатите имаа завлечкано неколку испити кои ги положија за година дена. Тие што не завршија навреме сеуште го немаат завршено и не ни знам каде се. Не може и не треба фах секој да заврши иако во Македонија направија и со 0 просек некој да се запише. Бар приемни тестови да има колку толку да се селектира. Искрено, не разбирам зошто се објаснувам за образование кое трае 4 години да трае повеќе од 8+, а притоа ти го плаќаат родителите, ако се со свои пари завршувај го 100 години. И кој работодавец ќе го прифати тој работник, со исклучок ако нема валидна причина/болест.
не, мислат дека е исто како кога одат на гости кај дечкото, сите фини насмеани, кажуваат по некоја шега, мераци
Не знам како разврзавте за штедење на темава за свекрви ама добро. Работат многу деца во Мк ,притоа мислам "деца" тие до 25. Ако не знаете,не значи дека не работат.Јас знам многу вредни млади деца кои имаат и стан купено во Мк. А притоа не се ни доктори ни ит. Едниот од нив и сточарство работи од 18 год. Не мора да вози камиони низ Европа. И не сметам дека младинава ни е размазена.Голем дел студираат во СК,дојдени од секаде,сами се грижат за себе. И работат многу повеќе од наше време. И онлајн работи голем дел од нив. Умре времето кога вртеа плескавици во Мек на запад..Сега е потребно да имаш вештини и пазарот и светот е твој.И можат да заштедат ,ако сакаат. И ако не сакаат,ништо страшно,ке ги трошат своите пари на што сакаат. Така и треба. Животот е еден и не треба да се сведе само и исклучиво на трчање по кариера. Не мора да работи на 14,ниту е тоа е показател дали утре ќе биде ок во брак. Битен е изборот на партнер и дали можеш да градиш се со него или не. Свекрвите и не се некаков проблем. @Biljarkata Па Југославија го создаде тој концепт на заедничко живеење млади+стари.Од таму се влечат корените. Како си излегла на 18. Кога сум те читала 2015 се запишуваше на факултет,тука. Значи пред 3 год имаш завршено фак.кај нас. Поголем дел од нашите студенти кои доаѓаат во Ск на студии се независни деца. Знаат и јајца да испржат, без да им донесе мама на послужавник, знаат да се исперат и исушат сами,а и да го планираат буџетот кој го располагаат. Не се билда независност само ако одат на три месеци да подработаат надвор. Па и тие што на 25 седат со родителите и не работат или чекаат погодена работа не значи дека ќе бидат лоши брачни партнери. А и независноста е во главата, некои и покрај работа и сами живеење не се независни, секогАш имаат потреба од мислење на тато и мама. И всушност тоа е најголемиот проблем,кога на возрасни луѓе мама и тато им одлучуваат. Па и кога се 2000 км подалеку и имаат сопствени куќи. Кога не постои независност во главата туку длабока зависност од родителите,е тогаш не помага ни странство,ни работа, ни јајца пржење. Остануваат вечни деца.
Кога се вика гледај за кого се мажиш ... Веројатно гледаш каква е особата карактерно, колку и да се менуваме, она суштинското ни останува исто цело време. Најбитно да не е насилник и влезен во зависности. Веројатно сакате да барате возрасна особа, особа која гледате дека е способна сама да размислува и да не зависи од другите да и кажат денес што да направи следно. И вас може нема да ве слуша за се, ама тоа е цената ако е возрасна и стабилна особа. Материјалното во моментот е може небитно, нека нема скршен денар ете. Мојот стварно немаше, живееше во студентски, идеше од работничко семејство кое беше во голема криза тогаш. Мене ми беше битно што гледав дека се труди, работи, учи нонстоп нешто ново, не се жали, има огромна амбиција, идеи и секогаш гледа два три чекори напред. Денес е тотално различна ситуацијата, за мене и за него, првично ради него, пошто јас го имам тој карактер, меѓутоа не до таа мера и далечина која тој е спремен да оди. Затоа е многу битно, па и најбитна одлука ако веќе се мажите, за кого ќе биде. Или ќе одите нагоре во секој поглед заедно, или ќе стагнирате, па и надолу може да се појде.
Се согласувам Косми со постот, но тие што ги наведе во цитираниот дел како што кажав не верувам дека ќе се жалат на темата бидејќи веќе искусиле колку толку самостоен живот. И ако веќе се во заедница или ќе направат компромис или пак под кирија зошто за нив тоа не е непознато. Знам и јас млади парови и поединци под 30г, кои со свој труд купиле/изградиле свое, а не се ИТ. Не ги наведов бидејќи иако постигнале се сами без помош, не се просек. Всушност ги наведов можностите на просекот (кој јас го знам) и ми закачија затоа што напишав дека може да се заштеди пред брак па макар и некоја помала сума која ќе влезе во учество, не мора за стамбен кредит, ете и за потрошувачки, за доуредување на простор ако има разбирање и од 2 те страни. Проблемот е што секој чита и разбира онака како што нему му одговара, а постовите се јасни како ден. И нема потреба од сарказми да не се мажат/женат ако не работеле никогаш. Ако сте полнолетни правете што сакате, животот е ваш но ако очекувате помош од родители, веројатноста да ви се мешаат е голема. Се согласувам со Даниела и тука ќе се повлечам бидејќи темата ја однесовте во непотребен правец, со лични препукувања како и сите теми, од кои не сакам да бидам дел.
Можеби кралска Југославија. А претходно, како се живеело? Сфр Југославија ги ,,измисли,, фабриките во градовите, па и становите во истите. Ги ,,измислија,, и ефтините кредити. Не зезај сега, 80% од куќи и станови, што се вселени денес се изградени во тоа време, а становите димензионирани за едно-семејно живеење. И од цела генерација на бумери во моја фамилија, само една тетка со свекрва живееше, во куќа со посебен влез. Сега, какви еквилибристики се праат со тој станбен простор изграден од бумерите, сечено, лепено, страв да те фати. Ама и највреден да си, не можеш премногу. Јас и мм да останевме во Скопје, уште на пола ќе бевме со отплаќање кредит, ќе го отплаќавме до пензија сигурно, врз база на тоа колку успеавме да заштедиме за 3 години во брак. За пржењето јајца сепак се согласувам. Ме мрзи да барам статистики, ама ниту сите учат факултет, ниту треба сите да учат. Ама јајце да спржат треба, а тоа не се случува дури се живее со мама. Ете затоа се размазени.
Концептот најмалото дете останува со старите, да ги догледа, е од тогаш. И сите марифети со заедничко живеење. Сега младите многу повеќе живеат сами,порано се подразбираше во заедница да се живее. Дали под кирија, кредити, или наследства , многу живеат сами. Сега не се подразбира. Инаку Сфрј ги измисли тие станови за да ги задржи работниците во град.Да не ја идеализираме. Од село да ги донесе во град. За да работат во фабрика. Пр.Тетекс носеше работници и стручни лица од екс ју, им даваше станбен простор , дел од моето семејство е така дојдено од Хрватска. Тоа дали е лесно да се купи и кој како може е индивидуално и кај нас и во странство, не секој може да заработи за свој имот и стан,па и цел живот да работи.
Абе домашни обврски се домашни обврски, ако знаеш што сѐ треба да се одржи во една куќа со кој и да живееш ќе го практикуваш тоа, бидејќи едноставно е дел од тебе. Да бидеме реални, тие што појма немаат ни јајца да спржат се 90% машки. Син на мајка, гејма, мама ќе му го намести креветот. Или возрасен маж, сам останал дома, трча мајка му и од друга куќа јадење да му донесе. Може илјадници евра да заработува, ама женското во куќа му ги мести гаќите. За жените се други стандарди, нормално.
Зависи. Во Македонија не е платено, ама во странство испод 2к € не си. И ова ти го кажувам оти имам познаничка што работи во хотел и зима 2500€ месечно.
Да се вратиме на темата. Значи свекорот, свекрвата, золвата, деверот може да бидат најодвратните створења на планетава, ама она што невестите треба да си сфатат е дека они се такви и нема да се сменат. Дали ќе биде она снаа или некоја трета не е битно. Она што е најбитно е како мажот со кој што се омажиле и му родиле деца реагира на нивниот однос кон жената. Јас не можам да сфатам да седам со маж на кој мајка му и татко ми ме нарекле курва а он замислете си молчи!! Молчи!!! Е тоа кај мене нема да пројде. Старите си се тие. Ама да седи како муле а да ме вреѓаат?? Се гледа колкава му е љубовта кон мене. Не мора да живеете во заедница за свеки да ве навредува, да ве гњави итн.. ама мажот е оној кој треба да ги стави работите на свое место. 2023 година дојдовме зар уште треба да живееме во Турско кога жената трпела и голтала и чекала подобри денови. Љубов за љубов, ама жени бре, живот треба да делите со него. И тука иде она дали се оженил за мама да има одмена па ти си се нашла во моментот па ајде може и оваа, или он сам свесно сака да дели живот токму со тебе и со никоја друга.
Ама па ако одиме подлабоко, веројатно ни мажот нема да се смени, ако се смени ретко е тоа драстична промена, или ќе се смени после 300 нервози одкако ќе го одсакаш, така да најмногу одговорна личност е, не свекрвата, не мажот, туку заљубената невестулка Мажење по 6 месеци, игнорирање на знаци што никој неможе да ме убеди дека ги немало, го гледаш како се понаша со мајка му уште во врска, дали се стресува кога му ѕвони, таа мисли дека не мора да работи, таман е неговата плата за двајца, мислење дека дете ќе родиш и се ќе се опрај, го гледаш уште во врска дали се пере сам, дали мајка му уште со рака му фаќа гаќи на 30 години, дали знае правосмукалката кај стои. Од мажот е одговорност да ги прави сите овие работи, ама од жената е одговорност да види и да пази, не после нисам знајала. Па и дете раѓаш со негрижлив човек, и детето е афектирано. Ко за се друго, некои проблеми чекаме друг да ни ги реши
Е тоа, јас кога ќе влезам во таа куќа се ќе средам ќе сменам не е битно како е. Која црна куќа ќе ја мењаваш?? И тоа што велиш, зинати да се мажат уште не запознаени.. и после невестичето мисли дека сега она е газда во туѓа куќа, ама не е баш така. Седат се смешкаат на кафе со идна свеки.. а после оф леле.