Во спротивно, ќе полуди од мака и тага и ќе треба да се разведе, бидејќи сопругот ѝ е мамин син. А знаеме дека таа тоа не го сака. Затоа и ѝ го дадов тој совет, секако таа ќе избере на крајот што ќе прави, ама не верувам дека може во овој случај да се најде друго решение освен компромис. Сопругот нејзин нема да се смени, таков е каков што е.
Малце е претерување како и голем дел од мислењата во темава @Tara500 Те сфаќам за венчаницата и бурмите, колку и да се правиме тука на форумов нешто као модерни и со широки сфаќања, останало барем во голем дел од земјава па и кај нашиве иселеници како обичај да машката страна ја купува венчаницата и бурмите а оделото од зетот обратно, тоа е што е преболи. И покрај се си во огромен плус што не е чест случај меѓу младите, ви купиле стан, живеете засебно, не плаќате станбен кредит, неговитте родители си го обезбедиле синот-кој пар не би посакал такво нешто? Си направила 3 пати ручек и не им се бендисал и сеа што? Треба в постела да легнеш и уште да плачеш? Преболи го моментот. Од почит еднаш месечно зошто да не појдеш на пола час да испиеш кафе? Ти прво мораш да се средиш самата себе си, да се смириш и ослободиш од нервози и безпотребни глупости, колку што разбрав и работиш така да не зависите во тој дел од никого, се спремаш за инвитро и цела енергија пренасочи си ја во тој сегмент, а со нервози и стрес само полошо си правиш.
Па фала богу! Се нервирам кога одма се пишува, РАЗВЕДИ СЕ! А 98 % секако, не би го направиле тоа. Барем не одма, додека не се исцрпат сите начини.
Ооооф леле таа ќе му вика разведи се, ништо не ве врзува, оваа ќе глуми дека ја сака, демек алапачата ќе прекинела. Очите ќе и ги ископам. Не е решение. Може малку од малку да му ги отвори очите на маж и,а да оди да се улизава за свекрвица да не е против неа ама ич не е решение што ви е
Ги планираш со сопругот финансиите за покрупни работи а не ако сум купила сокче за внучињата или чоколатце, пиво за сестрата/зетот или ако потрошил гориво да си ги земе внучињата од градинка. Мои внуци од брат/сестра се моја голема радост исто и внуците на сопругот, сигурно нема да ја тупам за такви ситни работи
Дај не ме зезај?! Секој денар се планира заеднички? Да ти се плукнам во бракот ако за секој потрошен денар треба да се оправаме со маж ми каде и зошто се потрошил. И јас и он имаме слобода одредена сума во месецот да си ја трошиме за наши потреби т.е за аздис па така, ако сака да купува поклони некому, слободно. Може и да ги почасти некој денар, не ми е проблем се додека тоа не се рефлектира на финансиите во семејството. Истото важи и за мене. Членкава или е трол или е многу разгалена. Реален проблем не гледам кај неа.
Да го седне маж и и да го опамети малку. Зошто и мм до негде беше ваков, ама со тек на време му се отворија очите. На секого може да му се отворат очите. Нека си оди кај мајка му сам колку сака и когс ќе зине таа пак за снаата да збори што не треба синов да и каже кај и е местото. Имам и јас пишувано на темава, на почетокот на мм не му сметаше свеки да доаѓа во ниедно време, да ми џапа бебе од раце, ама по неколку мои муабети да видиш како ги сфати работите. Еве ти пример од пред неколку дена. Со едни роднини немаме муабет ради х причини поврзани со мене, свеки знае, а именден му беше на типот и оваа 5та година по ред иде и вика "кога ќе одиме?" А намерно го прави тоа, демек мм ќе ми рече стани да одиме, демек фамилијата ради мене се растурила и му дојде преку глава 5 години да и вика "ние не идеме" и буквално и се раздра "знаеш дека не идеме, не се прави проста жено, не стапнувам таму, одете". И сега нормално за свеки сум најлоша снаа зошто мм ради мене не стапнува таму, ама не смее збор да му рече против мене. А не беше баш вака стално. Имаше времиња кога " добронамерно го советуваше" ама поминаа а ја нит сум и се улизавала нит имам намера да почнам
Не се сите сопрузи исти како твојот. Браво за твојот сопруг, искрено се надевам дека и на членката што го пиша проблемот е барем малку сличен како твојот. Или пак што знам, можеби ти си знаела како да го опаметиш. Дефинитивно не може тоа секој да го направи. Мислам дека е потребно многу труд.
Мо Може не е решение но е добра стратегија да го приближи непријателот .Ќе биде во мир со сопругот дека се што можела направила што е до нејзе и кафе и дружба па сопругот да се свести оти друг начин стварно нема освен како што веќе наведов да ја почитуваат како негова жена и да не го подбуцнуваат против нејзе и се фатила свекрвата за најтенкото дете нема ништо не ги врзувало а љубовта ,а брачните завети?
Е шо толко се секираш ти па?? Па не ти шета свекрвиштето по куќа. На крај краева оди кај неа, нека ти свари кафе и кажи и абе ова кафето нешто не ми се аресе, втор пат така , трет пат.... и после она нека му а мисли
Да, потребно е многу труд, вистина е така, ама реално дали треба да се така воспитани општо машкиве деца? За ние да мора да ги превоспитуваме? Имам син и здравје никогаш нема да правам ни слично што ми е направено. Членкава до негде е и на добар пат што он нејќел да живеат со нив, пак среќа што не се во заедница, вака ако несака и немора да ја гледа. За одењето таму незнам, неможе секој, јас после таков муабет од нејзина страна не би и прозборила па сакал нејќел он еден ден ќе се помири. Може ја сум таков упорен карактер кога ќе наумам нешто, незнам. Само се надевам дека не не трола некој пак по темиве
Тука се сложувам во заедница Тара би плачела секој ден и полошо од тоа .Предложив и развод но многумина коментираат дека првото што се прави развод така не чинело. Па тогаш и покрај се ,членката и сопругот мора да си расчистат кој и како им се меша ,ама маж е тоа ќе гледа и на мама да угоди се ќе заборави што и е на Тара правено со оглед на тоа што и вели да оди кај свекрвата и золвата да се дружат .Не би погрешила да отиде но само за да му покаже на мажот дека не е до неа што не се во добри односи.За да се спаси бракот ако може се разбира а ако не кажав претходно не е должна снаата да трпи свашта,тоа е нејзин дом сопруг со него и деца планира да има .
Секој што е во брак си должи да проба на секој можен начин да си го спаси ако дојде до тоа. Освен нели ако не те малтретира. За вакви проблеми може да се најде решение. Ако се сака. Друго, можеби и вика да иде таму да пие кафе со нив, за да ги откачи од главата да не го замараат со глупости за неа. Да ја направи киселата таму 2 пати у месецот. Ама ние не можеме да знаеме. И развод е комплицирана ствар од секој можен аспект. Затоа не би требало да се кажува како добро утро.
Секако не за ситници, но екстреми (секојдневие), шознам И јас мислам дека не е во право и за ситници се лути, ама сепак маж и' е проблем и те како. . . . Не знам кој напиша за традицијата со венчаница кој купува, искрено само кај една од поблискиве знам што свекрва и' и' купи. Иначе кај другиве не беше така.
Какви венчаници, бурми, станови, ако купат супер, ако не купат никому ништо, сериозно си негувате вакви очекувања Во една традиционална македонска заедница стварно никој не знае кај му е местото, затоа вакви проблеми. Се мажиш, значи си пораснал, не очекуваш прстени од никого, значи ако се понудат да купат, супер, ама ако не се понудат си купуваш САМ. Вториот проблем е она размислување - аман ќе го делиш од мајка му, сепак го родила. Ова ми се исти луѓе задоени со она јас те родив, јас ќе те уништам, па мисли ако му е мајка има право да му уништува брак, семејство на сопственото дете. Не го делам од никого бе, му кажувам еднаш до два пати, оди кај мајка ти кога сакаш и не ми се враќај нерасположен и гневен зошто ќе почнам и јас ко мајка ти да велам дека можеби тоа што немаме дете да не врзува е предност. И не е ништо тешко, луѓето прават да е тешко и комплицирано, седат во бракови за некоја замислена иднина со "мажиња", седат на лоша работа и рационализираат до бескрај, колку родители и баби и дедовци одеа на работа без плата со години на времето, на човек му е страв да излезе од комфор зона и си се теши дека секој на негово место исто би постапил Ќе му рече Разведете се и ќе го оставам уште еднаш да појде кај неа и да ми се враќа на карање, тој филм не го гледаат ни тој ни мајка му.
Има бракови каде што навистина многу се мешаат.Овие се речиси на пониско ниво.Проблемот е сопругот, и како реагира на тоа што она едноставно не се осеќа прифатено.Ова се ситници,но со самото доаѓање на бебе,тие уште толку можат да си земат за право.Неа едноставно и смета што тој не ги гледа тие подбуцнување.Него му е се ок .Можда стварно е добра варијанта да ги викаш на кафе, муабет ова она...За утре да можеш да кажеш јас се потрудив.Ако постојано сакаш да му отвараш очи на маж ти си имаш голем проблем.Во глобала они си го знаат тоа. Башка најголем плус е што не сте во заедница, па не мора секојдневно да се замараш.