Па, ако имам ситуација ко членката да. Ќе биде сведено на минимум. Мислиш дека нема семејства каде нема прекратено врски поради токсични ситуации?
Ајде сите мажи нека се одречат од мајки и сестри за мир у кучи! Тоа е таа потреба за контола која сакаат снаите да ја поседуваат, оддалечи па владеј. Нормален маж нема потреба да го тргам јас од неговите најблиски, жена и мајка не се споредува, колку и да не ви се допаѓа тоа!
А кој споредува жена и мајка? Свекрвите прават споредби, ете жена му ја сака повеќе од мене, жена му прави полош грав од мојот, некои до тој степен забегуваат на свадбата носат бел, сатенски фустан зошто до последен момент не го даваат синко мајкин, а тој маж од 2 метра. Работата е што треба да имаш здрави врски со секого. Ако нема здрава врска со мајка му, ако го има со неа тој инфантилен однос од кој што ми се гади, ако се плаши од неа на 30 години, ако најголем страв во животот му е да не нешто не одобри мама, жената кога ќе дојде во сликата само ќе го предизвика тој однос кој што и претходно не бил здрав, а не дека жената го дели. Нормален маж не треба да чека жена му да го одделува од мајка му, туку ако мајка му е злобна личност како што се некои да се чудиш на што све се спремни, спремна да го поремети сопственото дете, тој како возрасна особа со право на гласање на избори, треба да се оддели сам, не некој да му нацрта, значи очекувам сам да знае такви базични работи во животот. Не јас да му кажувам дека не чини свекрвата да ме вреѓа мене, мајка ми, мојата способност за раѓање, за готвење, за чистење и така натака. Ко некои жени што земаат со слики му пуштаат што да купи во маркет зошто не знаел како изгледа доместос и кај стои, па со инструкции мора, сврти лево на десен рафт. Инфантилноста секогаш, ама баш секогаш ќе има последици, несреќни бракови, несреќни деца. Најубаво ќе беше да си седиме такви какви што сме, стално друг да ни е крив, никогаш да не растеме, ама не е така. Зависи како те третира семејството, ако ме малтретираат неговите до степен на депресија или развод, очекувам или да прекине контакт со нив или со мене, едно од нив ќе биде. Ако моите го малтретираат и јас ќе прекинам со нив контакт и крај. Менталното здравје е најбитно, кој не го почитува, ене му ја вратата. А нажалост, баш најчесто родителите се тие кои најмногу ги осакатуваат децата.
Abe znam deka nema vrska,znaci sef sale za kujnata ( salata) demek ona e glavna ostali se samo gosti so treba da aplaudirat ne sum se izrazila dobro znaci najdobra,najglavna,najuspesna u toj stil rekov.... sefot na sala kako organizira se so zborovi de neli sef e Ne e celta da se odalecat,amz veruvaj ima mnogu luge sto neznat za.granica,sto ednostavno smatrat deka snaata e nikoj i nisto dojdenka i mora da.molci...
На мојот совет имаш контрааргумент? Мислам дека подобро е да се откачиш од мојот коментар и да и објасниш на членката над друг начин ако нешто сакаш
Глупости. Се знае каде е границата. Како што мајките на снаите знаат каде е таа граница, треба и другава страна да ја знае. Не, не треба да се откаже, но да, сега тој и жена ну се семејство и нивниот мир и среќа се најбитни, а нивниот договор треба да е закон, а не зборот на мама. @Anie93 во право е членката погоре, дете не се прави со незрел човек. Ем она ќе јаде нервози ем детето ќе расте во токсична средина.
Епа кога пишуваш вакви очобол мислења, неможеш да очекуваш никој да нема контрааргумент. Ако нејќеш некој да те чита што пишуваш и да ти реплицира, не давај мислења.
Тоа дека вас ви се мајки, па ви се чини дека знаат граници Во пракса е поинаку. Колку само ќерки се исповедаат за секој проблем на мајките, па мајкиве ги советуваат, ехехеееее. Тоа мешање не е? Разликата е во тоа што мажите не се како жените и не цепидлачат за ситници. Нив баш им е гајле дали мајката на жена им ги погледнала накосо, дали на другите внуци купува подароци или дали ги чува повеќе итн... Да бидеме реални од какви глупости се прават проблеми?!
Ахам да, дека не живеат заедно. А инаку мерењето е меѓу зетот и таткото на невестата, не мајката. Која е пожена и кој е помаж. Ќе спомнам еден пример баш од темава, свекрвата секој ден со навреди кон снаата, мажов ја советува да ја игнорира и не се замара. Татково на невестава нешто го навредил зетов и овој точно 15 години после тоа го спомнувал истото. И сите се вакви.
Ама па јас не знам ни една што прекинала контакт со своите ради што зетот на криво го гледаат, туку ретко нема снаа што нема потајно желба тој да нема контакт со неговото семејство. И разберете , ако тој нема бубачки во глава, истиот тој две метра здрав и прав маж, не ја почитува жената,што е виновна мајка му? Или као изговор дека се доаѓа од мамичка.
Па еве најреално, смешна си ми. Како да не знаеме * НИЕ * каде им се границите на нашите родители и дали се дрзнале да ни прават проблеми во брак. Едит. И да преминат граници, жените знаат да го прекинат тоа, а мажите вакви се недораснати.
Во темава не се мисли да се тргнат туку да се постават на место, секој да си знае кај му е местото. Малку оф топик малку не, маж ми пред недела дена им рече дека ќе си ги гледал жената и децата и нема да дозволи да му се прават проблеми. Си викам уау вака секој маж треба. Се гледаше од почеток дека е нормален инаку до сега којзнае кај ќе бевме. Сеуште пробуваат да не вовлечат во некои проблеми ама среќа па саглам сме и двајцата. Да не бевме пак ќе беше едниот од нас крив, а не свекрвата и свекорот. Секогаш мажот е крив.
Колку само има вистина постов Абе жена да искомплицира, од влакно ортома тоа и е во крвта, и по којзнае кој пат иронијата нејзините родители ги знаат границите ама сироти стално се на маргините, непочитувани од никого, а свекрва и свекор се демоните и да ќутат мубетот ќе е со омраза ме гледа.
Ако ми смета некој, конкретно свекрвата, да ме гледа косо, мое е да му кажам дека ми смета, негово е да каже на негов родител дека не смее веќе да ме гледа косо.
И маж ти ќе ја седне на мајка си и ќе и рече, мамо ај не туку ми ја гледај Петранка накосо не бе џабе, кај нас некои работи и после 200год не се оправаат, страшен менталитет
Јас па мислев од шпанските серии е некоја последица ова, продолжено и засилено со турските...ама, па ми текна, дека за воопшто да има проџа ваква продукција, мора публиката да си ја прифати ко своја И така, јајцето и кокошкатз
Остај ти турски шпански, ова е од индиските, и мајкава цела вџашена, изненадена, во позадина тензична музика, се врти према синот бавно, бавно, бавно таа сцена трае едно пола епизода
Ако ме гледа мајка му на косо, јас глата во црна чалма ќе ја обвиткам и одма ќе му се пожалам на мажето да и речи на мама да не ме гледа на косо. Боже, што ми е мене виновна било која мајка/свекрва, ако јас немам директна подршка од тој што треба! Се останато е оправдување оти тој што треба да ми е маж и подршка некаде потфрлил, па за своја утеха барам кривец во свекрвата оти не и сум симпатична. Срцепартални сцени од типот сега одма да раскинеш врски со мајка, татко/сестра, брат, оти јас високото височество се преселив на тронот, никогаш не би си го дозволила. Обострана почит, културно однесување ми е сосема доволно за меѓусебните односи, но во никој случај не смеам и не сакам да му забранам однос на мажот ми со неговото семејство, исто како што не сакам тој да ми прави така! Јас очекувам од него да ми е подршка, да се однесува со почит, за останати многу не се замарам!