“Разведи се, ништо не ве врзува” по автоматизам значи “дете не ти родила, гледаш не може да има деца”. И ако на поединци ова е нормално, мене воопшто не ми е. Нечовечен коментар.
I uste poloso od toa e sto sinceto ne ja ima otereno u pm iako mu e majka da i dade na znaenje deka ja prosla sekoja granica.... Bitno nekoi ovde odma skokat demek sakas sinot da.go delat od semejstvo a ne go gledat najgolemio problem... Ima luge nemat deca pa ne dozvoluvat nekoj takvo da kaze
Од каде знаеме дека мажот не се спротиставил на таквиот муабет на мајка му? Дека не разговарал со нејзе?
Си се фатила за конкретен пример што дадов. Ама и ако снаата лошо се осеќа кога е на гости кај свекор и свекрва, ако седи како на игли, треба да се објасни дека не е пријатно. Се однесува на нешто кое смета некому. Ке кажеш ми смета и човек ке разбере.
poslednata kavga ja imavme pred 2 nedeli za koja kavga si otidov kaj mojte bidejki nemozev poveke da izdrzam. majka mu mu pisala razvedite se vas nisto ne ve vrzuva. pa kakva majka e toa? Ова го има пишано. Дали мислиш дека ако он се спротиставил на мајка му, @Tara500 ќе имале толкава расправија и ќе си заминела кај татко и? Дали? И прочитај и го мислењето, значи алишта и снемало, магично се појавиле, овој не рекол лош збор за мамичка, не верувал дека она нешто направила, демек ќоро е девојчево алиштата тука биле, она не ги видела.
На свеки ко и кажував кои работи ги правеше на почетокот кога дојдов, а ми сметаа, негираше дека нешто од тоа правела. Додуша сеуште си има обичај да направи инспекција ко ќе не сме тука.
Значи еве во ред ми е, мајката и синот да се поврзани, да се поддржуваат во мислења, да прават работи заедно, но се во граници на нормала. Конкретно во мојов пример, одиме да пазариме ќе идат мајками и сестрами, ќе одиме да шетаме ќе идат мајками и сестрами, ќе одиме кај мене на спијање иии ејј ќе дојдат на вечера мајками и сестрами. Бремена сум и на почетокот од бременоста неговите ми правеа муабети од типот па чекај сега, да не се лажни тестовите, одкако ми потврди доктор првиот муабет беше абе дај не се радувајте толку да не не биди нешто во ред детето ( не знам од кај му идеа такви помисли ) и сега при крај на бременост сите среќни пресреќни, свекрвами си кажува ако детето личи на теткаму ќе биди вакво, ако личи на мене такво, а ако биди на таткото незнам кујзнае какво ( мајката не се споменува небаре штркот ќе го донеси ) . И кога со мажотми правам муабет на тема работи што ми сметаат а се поврзани со мама и дада, а најмногу ми смета тоа што на некој начин и воопшто немам интимност никогаш не добивам одговор, а и некогаш тоа оскудно што ќе го добијам е дека јас сум таа што е нервозна и погрешно што ги сваќа работите, макар што некои глупави шеги од мама и дада биле кажани и пред него, но реакција нема. Некогаш и најтешко ми е што немам поддршка од никого, целото мое семејство ми почина преку ноќ, па и за тоа си имам слушнато муабет како на некој му кажуваат дека на невестата и се сите починати, свесни или несвесни дека ги слушам и дека можат да те повредат. Бтв сопругот е супер, уште да не беше мамин син и ќе беше се во ред !!
А зашо не и го лупнеш тоа прашање: штркот ли го носи бебево па да личи на вас? Ќе ти дадам пример, мајка ми цел живот имала проблем со баба ми (свекрва и) исто вака се замарала, ама па имала и поддршка од татко ми, се спротивставувал фактички на мајка му. Мајка ми кога веќе видела дека со арно не иде, почнала само иронични коментари да и возвраќа, што и да каже од едно уво влегло од друго излегло и попатно коментар што ќе ја стаи на место. До ден денес го практикува тоа и мирна и е главата. Скроз ироночна/саркастична биди си, ако не им се допаѓа, нивен проблем. Твое си е бебето, уживај си во миговите. И кажи му директно на маж ти вака и вака тоа и тоа ми смета, бремена сум, не смеам да се нервирам и обиди се подрска да бидеш и подиректно да му збориш пошо мамините синчиња со добро и милом не сфаќаат, треба малце така да ги здрмаш.
Не знаеш кој манипулатор е, кога ќе насети дека постои можност да добие опомена наеднаш ја фаќаат депресии, море главоболки, офкања туфкања за од една страна да се извлечи од друга страна да занемари ситуација демег ние мутави сме се ќе заборавиме.
Имам синови и здравје и свекрва ќе бидам, ама ако бидам како мојава или како овие што ги читам тука...Ќе им кажам ако станам таква ич да не му ја мислат нека ме отераат у 3 пи*ке материне ако треба. Први да им бидат жените и децата па се останато. Јас не можам да ги разберам тие жени што им е во таа нивна глава. Се надевам не е некој " синдром свекрвиште" да се добива од кога ќе станеш свекрва.
Не дај боже. После и твоите снаи ќе треба да ги тешиме тука. Па ќе фаќат врски преку нас за да ти напомениме. Па да те бараме, па да ти пишиме, па.... па ак си оќоравела у меѓувреме... уф уф страшно, не дај боже
Вака сега, ако некоја има сличен проблем или реален совет нека коментира. 4години брак, по 4 ивф фала му на господа останав бремена (бебињата 8месеци моментално). Арно ама пред бременоста свекрвица на неколку наврати ми спомна ако не ќе си посвоите (јас реално немам проблем со посвојување, но нај реално не беше ни проблемот до мене, до син им ( слаба сперма која се корегирање(ако им е син прва сумља од сам старт (Али нема веза))) На сите мои испитувања јас здрава права да раѓам до 101 ама не требало да постоиме да не чекаме (а јас по природа емотивен, со плачки си одев од разговорот без да гукнам да не навредам некој). Ни а ни б на неа . . Еднаш само со копање кажав Господ ќе даде сегде (и да ни даде не едно туку две ангелчиња од еднаш). Во бременоста не веруваа (и како подсвесно да се надеваа дека нема да ги родам и да ги родив). Купував ствари дур бев бремена а она ми викаше рано било не се знаело дали ќе ги родам.... Маж ми е единец, и се лепенка за него ок разбирам се но е возрасен човек и треба граница, со бебињата и него сме семејство а со нив фамилија, но за жал не испаѓа така... Се породив 3 ејјј 3 месеци без осет тупнсти на глава, без чукање влагање у спална (на комотно кој што сака си прави) , и да од нов снемав млеко па зашто ад сум давала, зашто па немам мир, под стрес сум немам млеко нормално кога 300 очи вперени у гради... Имаме куче, надвор, мм оди на работа па свекор доаѓа да го моча( секој ден, по цел ден, нормално и она да не пропушти нешто) иако мм може да го измоча и да иде на работа или на крај краеви да го дадена у лајка (пиши скапо му било горивото тука да живееле. Да ни одстапија спрат од куќа каде 90 посто јас дадов, а они у стан (старите), а. Јас дојдов од палата не од шупа ( да напоменам дека не е за материјално). Но не јас не се чуствувам ко ова да е мој дом, јас сум на штрек целовреме.Доаѓаат секој ден без најава нормално нивен дом е се правам херој (јас треба да сум стокѓена и да брзам за се. А нај трагично е почнаа да ги двојат бебињата (нели двојајчани па не се идентични) тоа што личи на мм е миленик?! (Катастрофа) Се спие се јаде се брои мочања од нејзината страна и крај нема, ќе идеме у парк она бега со количката од мене ги крие им збору само ааа мама ве кара (а врска нема) ааа мама сака да си одиме, само мама е лоша. Треба да јадат а они ќе виснат над нив и со м ги бројат лажичките ( не јас несакам некој да ме гледа дур јадам) сме па они се дезфулусираат. И така здравје боже можеби ќе дочекам да бидам секевс но ко мојата несакам (боље да ме нема).. аха она па памперс ќе мењала ко мене да ме нема . И на крај мм па што да им правам без осет се. Ииии после лоши снаи син уста има јазик нема.
Јас не разбрав дека и помагаат. Само нервоза и прават со посматрање, притисок, прашања... Плус пасив агресив мама е лоша...
Па ете со пелени менување, шетање со колички, тешко е со едно сама камо ли со две, секоја помош е добредојдена ама сепак мора здрав разговор на маса, што и до каде смеат во спротивно ако си ќути само нервози, стрес и болести.
Точно. Ама ако и прават вакви нервози, подобро е да е сама со децата. Подобро ке се снајде сама без нервози, отколку со помош и триста зборења. Помош за бебе ти треба со чистење и готвење, околу бебињата може мајката да постигне, ако не мисли дека ја чека корпа со алишта за пеглање.