Може не го мислела тоа не може деца да има. Некоја што нема деца кога ме прашува/дискутира де, дали да се разведе, секогаш напоменувам дека полесно е да се разведеш кога немаш деца, и не мислам ништо лошо со тоа.Она си ја знае свекрва и, и каква душа носи.
Апсолутно. Ама родител на дете кога кажува такво нешто, мисли: најди си друга што ке ти роди дете. Мажот да кажал, сакам да се разведам за тоа тоа тоа и се мислам, е едно. Друго е да кажеш разведи се, ништо не ве врзува. Како што и е погрешно да кажеш, трпи за децата.
Жал ми е што маж ти ништо не вика, ама тоа е решението, тој да им рече. Е сега валда ти ко жена знаеш како да го изманипулираш ако него не му текнува. Фати го или на емоција, или закани му се дека ќе си заминеш или не му збори 3 дена, зависи што пали, за да им рече да не доаѓаат толку често. Ти зборуваш, кажуваш што ти смета? Јас лично, на мое дете свеки да му рече Мама лоша, нема да го чекам маж да дојде од на работа. Крај краева, ако не се разбираат, штом е тоа нивни дом и си доаѓаат кога сакаат, земи си го маж ти и бебките и назад кај твоите, ако доаѓаш од палата валда има место.
Тешко неа ако се си става на срце. Не треба да и е гајле што ќе рече свекрва и, треба да си гледа добар однос да има со мажот, Свекрвите за ништо не се криви дома ако имаме безгласна буква - маж.
Тоа е така со мажот, ама на луѓето треба да им се поставуваат граници, не може на се да се ќути и да се чека другите да се сменат. Си игнорирање ништо не се променало. Ако таа нема почит кон мене одма ќе изреагирам, следниот пат ќе пази што зборува. Ич не си ставам на срце, ќе и кажам без ставање.
Она ако изреагира нема ништо да смени, маж и тоа треба да го направи, да отвори уста. Еве ја мојава, упорно си тера по свое, се кара со мене, пробува да ме навреди, се додека син и не и срипа. Кога и срипува си кути како попче, иначе никој не може да и ја затвори устата,.Лудница станувало меѓу мене и неа и пак не размислувала за следен пат Најверојатно ме сфати што сакам да кажам..
Има некои што од инает прават се без разлика што син им им кажал. На мојата мм 1000 пати едно исто и има кажано и џабе таа си тера по свое, само што јас сега не се замарам што рекла, буквално ми е се исто. Инаку и мојата свекрва гледам дека е по наклонета кон едната ќерка која личи на татко и, ама пак јас не се замарам гледам јас и мм да им пружиме љубов исто и на двете. Само ќе ти кажам од едно уше влегло од друго излегло. Не се замари. Јас уште така им велам на моите деца пред неа леле каква лоша мајка ви се погоди ама тоа е.
По природа сум мирен карактер и ќутлов што ич не е добро за самата себе, не барам рчки и кавги за ништо, ама се у свои граници, но не без осет не така им чини. До 40 дена и дозволив да ги бања и пресоблекува нели нешто македонско неможе да се искорени. Но од тогаш до ден денес се сама правам и воопшто не ми е тешко и да за се имам време на крај краеви нели затоа сум на породилно, јас да си ги чувам бебињата. Сама бањам пресоблекуваме, успивам, јадење за мм, не ми треба помош и немам, пред да се омажам 13 години живеев сама и фала му на господа способна сум за се, и сум научена сама да функционирам, сега не би можела со моите родители да живеам не па со други, различни генерации различни сваќањс имаме. Колку се они криви толку е и мм, пошто секогаш се снаите лоши не туку лоши се синовите што уста имаат јазик немаат, на татко му ќе му префрли чат пат нешто но на неа не ко страв и трепет му е, што воспитување ќе беше тоа незнам, ама многу лошо, лошо за мене. Да нон стоп му кажувам што се случува и ќе ми рече јас неможам да им кажам да не доаѓаат толку често кога се без осет. Па кој да им каже твои родители ти ќе кажеш на моите јас ќе кажам што треба. А неможам да не регистрирам кога секојдневно е ова,ај да еднаш во неделата да не се замарам ама вака, какви и нерви да имаш ќе полудиш.
Ние живеевме на исти спрат и буквално јас си ги изгледав децата и ручок и се по дома јас, а муабетот од сите беше блазе си ти имаш помош, што ќе правеше без свекрва ти. Не јас немав помош јас повеќе имав нервози, зошто таа од сабајле пред јадење чоколадо даваше на бебе од 8 месеци. Сега сме на различен спрат и буквално исто ми се фаќа што и да каже, едноставно гледам дека таа се нервира кога ќе види се што сум постигнала сама без неа. И како се воспитани децата. И јас бев како тебе се додека не дојдов до степен да се гушам да неможам да дишам и во тој момент се освестив дека така на неа ќе и направам услуга.
Жал ми е во какво време живееме, млади брачни парови, раат немаат од свекрвите, едно е да бараш помош, а друго е некој да се уфрлува, да манипулира и да се меша во животот на синот. Само дистанцирај ја, и со неа формално разговарај, емоција не и покажувај таа намерно ке те пецка, со тоа си се храни, ама немој да ја окривуваш пред сопругот , само кажи му пр нејзината постапка ме повреди конкретизирај со смирен тон, поставувај граници, но кога сте сами со мајка му мора да и дадеш до знаење дека не е појака од тебе, и дека ти ги држиш конците во рака,децата се твојот штит. И не и се замарај реално сама ке се среди на крај. Злобата секогаш излага на површината
Решение за проблемот си го пиша во првите неколку реченици. Смени карактер биди поостра но се разбира држи некое ниво на култура
За некои работи сами сте си криви, извинете вака. Ќе губам млеко од нервози што ми буљаат во гради? Како да не. Ги терам сите у пм без око да ми трепне. Ако треба во истиот миг си одам и јас со бебето На што личи мајка дое сите во цицка зинати? И не е македонско свекрвата да ги бања бебињата. Моите пр сама си ги бањав. Свекрвата очекуваше дека она ќе биде уклучена и кажав јасно и гласно дека ми е мерак сами со мм и дека сум раздразлива не сакам гужви. И маж ти како така, без осет се што да им правам? Ќе им каже директ или ако не пали тоа, за рака и под кирија. Така прави прав маж.
Јас имав сличен.реагирав кај маж но не сум сигурна и ден денес дали он реагираше или она пред него глуми лудило и пак по старо.Кога видов дека р така,клуч на спратот.Првиот пат се растропа, и реков извини неможе доаѓање без најава.Се лутеше,око не ми трепна.Ако дојдеше беше во присуство на син и со тоа што јас си одев во спална за доење.Кажано на ситр им беше да не помисли некој да влезе.и така година и два месеци рает доев.Немој да губиш млеко и нерви за свекрви,свекоти за никој те молам.имаш полно право да си кажиш за тебе и децата твои кој сака нека се лути.Граници!Сега после се,не влегува без да ср јави на телефон дали можи.Значи можело!
1. Извини ама и ти малце повеќе попушташ. Ќе ми бега со количка низ парк??? Она ќе менува пелени??? Ќе ми висат додека дојам( без пардон сврти се и понуди и ја градата ако е гладна). Клуч на врата и ако тропа или ѕвони , кажи и денеска сами ќе се гушкаме. И другиот ден така и следниот. 2. Маж ти е најкрив од се, што знае што се случува и нема муда да им каже на родителите остајте не на раат. 3.На крајот ако имаш каде да идеш , отиди на неколку дена и малце биди поостра со маж ти. Закани му се ако не иде со добро. Треба да си здрава и силна за твоите деца.
Да се радуваш син ти дека се потскарал со жена му и да правиш драма од тоа и на соте да раскажуваш смеејќи треба да си чукнат во главата. Само фалеше уште трубачи и тапанџии да викне и оро да заигра. Забегана работа уште збори пред мене на телефон кажува како тоа сите се разведувале сега нормално е
Еее за своето ја боли и кавга ќе направи. Ама за снаата бидејќи е туѓо ќе се сити. Забегани, сите во исти калап правени.
Мојава за поголемиот син е најголема причина што се разведе. Овој мојот е цврсто на моја страна и реално ги гледа работите. Родители се родители, жена/маж е друго. Како се менуваат луѓево бе. Што убаво мислење имав за нив, ама сум погрешила во некои работи. Мојава кога добивам знае да ми каже ееее таа и таа идеа по лекари ама им рекоа млади сте ќе имате деца. Не и го сфатив тоа никако , уствари незнам како да и го сфатам.