Оваа реченица кажа многу...не размислувате дека еден ден и вие ќе бидете свекрви? Или тогаш нема да важи...а кармата е кучка...па сега вие си знаете... Како можете да очекувате добар однос од свекрвата кога сте со ваков став? Само една препорака, внимавајте...постојат и такви кои додека вие фалбаџиски вршите тортура, само се преправаат дека не можат да вратат, а со текот на времето со мирно со убаво ќе ви го покажат местото.
а за која свекрва снаата е добра или обратно...што мислите дека утре сите ние што имаме синови и ке имаме снаи дека нема да не третираат вака...јас пак ке кажам кој како заслужил...
феминки мои само да знаете што вчера се случуваше во оваа куќа, незнам од каде да почнам. веќе со денови мм се договараа со свекорми да колат прасе, се договараа и не е баш прав збор....би рекла се двоумеа дали да оставаат маторица или да го заколат прасето...и одлуката падна...ќе го заколеле. вчера мм беше слободен и беше прав ден да тоа. овој свекорми, пијаницава сиве дена е камен пијан и ја малтретира психички свекрвами, ја вреѓа. леле мори мајко во која куќа дојдов јас? живеев со мајками која после смртта на таткоми животот ми го посвети мене и ме научи да бидам човек со почит и чувства, често ми вели дека сум на таткоми... во ред.. друго почнав да кажувам. и така.. сиве дена е ко ненормален. пијан и само зборува глупости.. свекрвами одела по мажи, па што знам уште што оф лелеее срамотаааа. значи јас сум по цел ден дома со детево и со неа, женава не е до патон излезена човече има во близина една пријателка и колешка од работа ако појди докај неа и оди и кај едни роднини од свекорми, значи тоа е се и плус досега никој нема такво нешто за неа речено, јас немам такво нешто слушнато. сум слушала дека се придерува, дека устана и е отворена повеќе отколку што треба... ама вакви глупости никогаш немам слушнато. е и вчера. мм знаеше дека е пијан и не се ни надеваше на него за прасето, си викна еден другар и братичетму кој живее до нас. овој, незнам ни како да го наречам без да го навредам, спиеше. ко стана прасето заклано и одрано, јас бев дома правев ручек за детево и за нас, свекрвами околу куќа да им поможи. прасето го спастрија брзо и седнавме да ручаме и дојде и свекорми, недоотрезнат. си продолжи со тоа проклето винои пак се начука, горе не рече ништо. дојде и братму и тој начукан и слегоа долу. свекрвами рече имало пршки но не биле многу за да го пали огнот надвор ке ги правела во собата долу, таа слезе долу и почна со работа, јас и мм горе јас нешто спастирав тој на комп. слушнавме викотници и слеговме долу, детево спиеше. почнал свекорми повторно да зборува глупости, оф лелеее беше страшна кавга мм досега онолку нервозен не го имам видено, ќе го отапаше. му се изнавика секако, дека го трпел ова истово од ко бил мал, дека бегал од домаму за да не слуша кавги... луѓе јас ова во животов мој не го имам видено, вакви глупости, кавги, пијаници во животов мој немало досега. му рече или престани да пиеш или горе и до детено мое да не те видам. и се смири ситуацијата. свекрвами прските ги остаде за денес и дојдовме горе....колку ми падна жал за неа деновиве појма немате, ме има навредено, повредено, се расправала со мене ама веќе незнам што да мислам кој е побудала таа или тој? како се трпеле сиве години? кој кого трпел? стварно ништо незнам. да не беше мм олку вреден, паметен, културен, добар верувајте дека една минута немаше да седам во оваа куќа. се прашувам на кого е мм, кој го воспитал? или можеби сам си сватил каков треба да биде. и еве денес уште спие пијаницава и нека спие само да не слушам глупости ни јас ни детево.
Во контекст на поздравот од кој и да беше за снаите што ги малтретираат свекрвите... Добро бе луѓе... Дома со златна лажица да не ве ранеле? Да не ве носеле на раце кај што оди царот пешки? Ништо ли не ви било преречено, и никој ли не се осмелил да ве воспита? Не дека е нормално нас некој да не вреѓа и нервира и треска од земја, имам и јас еден куп примери каде што сум била изнервирана и повредена, ама сум простила. Како што на мајка ми сум и простила, а и она мене. Јас не очекувам се да се промени заради мене, ако очекувам тогаш со мене нешто не е во ред. Тоа се родители на маж ми, основна почит морам да имам. Он ги почитува моите, јас неговите. Сум се расправала, сум се карала, се сум правела, ама и дома исто ми било! И со мајка ми сум се скарала, и со брат ми и со татко ми. И сега што, ова нешто ново ми е? Ај да не се зезаме. Чудно е премногу затоа што се такаречи туѓи луѓе. Свадба не и направиле... Ние сами си ја правиме свадбата, до пара! Ако неможевме да се снајдеме сами, немаше да ја имаме воопшто. Нема кој да ни даде. Единствени плати дома се мојата и неговата, они се невработени. Ај ако не да ги фрлам? Што да барам бе од нив? Таа е ситуацијата, душата неможам да им ја земам! Од каде да знам утре децата дали ќе ми ги чуваат? Ако не сакаат, ќе си ги дадам во градинка и мир во куќа. Јас би одма, јас на работа, деца во градинка - и волкот сит, и овците на број. Ни мајка ми ни свекрва ми. Совршени не се они, совршени не сме ние, затоа колку-толку толеранција и тоа е. Од оваа кожа во друга не се оди. Јас уште имам проблем да ја гледам а да не накривам муцка после она што ми го приреди пред некое време, ама се трудам. Знам зошто. Ако не знаете зошто се трудите во бракот, тогаш за џабе ви е.
хахаха и мене за прасето, не му е доволно внимание обрнато Oф мачна душо, а ти пред да се омажиш никогаш кај нив немаше стапнато?
да идев ваму но никогаш вака не постапувале, се беше ок, идев скоро две години пред да се земеме. ако го видев јас ова пред да се омажам немаше ни да помислам да се омажам. мм е прекрасен, се чудам кој го воспитал. всушност вистина е греота прасето, јас не јадам мртви животни и мене ми е жал оф незнам што да речам. несакам да се расправам ама ако продолжи да го нервира мм тешко него, на моето дете му треба татко а тие двајца ако сакаат нека се испубијат меѓусебно веќе не се нервирам со нив
море луѓе оваа мојата денес кога се налути кога и кажавме дека на свадбата нејќеме стари луѓе не разбра цело маало . јас мислам дека на стварно нема смисла да ја каниме БАБА МАРА која има 80 год , нормално да ги каниме нејзините деца ама не и неа. таа ќе правела свадба и кој ќе одлучила тие ќе биле . тоа ќе било нејзина свадба , па нели јас онака ладно и викам па штом твоја свадба дај тебе да те облечеме во невестински фустан ... и почна да урла по дома да се дере абе срамота не знам како ќе излезам пред комшиите ама јас на крајот и реков дека нема ништо да постигне што се дере и дека не планирам да се нервирам овака бремена бидејќи ако не го смени понашањето кога ќе и станам нема да има време да се помоли и толку се изнервирав што излегов од дома и потоа се понаша најнормално како кога бев девојка на маж ми кога беше во ред жена а не зомби . не знам феминки од кај у мене се собра таа сила ама покажете малце заби бидејќи колку повеќе сте добри и молчете толку повеќе ќе ве сметаат за глупи и ќе ве злоупотребуват
Незнам дали на форумов сум пишувала за свекрвата,воопшто не ја сакав,и мислев и таа мене,дека ја сака само ќерка си,дури ни син и. Али последните случувања ми укажаа дека сум била во заблуда(секако не велам дека ме сака повеќе од ќерка и ) ......Моравме да им кажеме што е пошто не видоа потресени.Она плачеше со мене,и рече сега ќе најдам најдобар гинеколог колку кошта одма да отидеш на преглед.Вртеше телефони,се поврза со Давчева ,се слушнав и јас со неа по телефон.Потоа ни ја препорачаа Петрова ремедика и Хаџи лега,успеавме петровска да ја добиеме,да закажеме.Жената ни даде пари,цело време ми звонеше на телефон,а и после киретажата ни прати пари (секако небитно парите не ни беа тогаш битни),секој ден ми звони и ми зборува да не се нервирам дека сме млади дека ќе биде,да си гледаме здравје и да не се нервираме. Искрено се изненадив и чувствувам грижа на совест зошто не и дадов шанса.А можеби и таа незнам. Во тие моменти да не беа мајка ми и свекрва ми да ме тешат по телефон ,ќе се изгубев скроз. Маж ми тагува во себе,воопшто не сака да зборува за тоа,а и јас тонев со него.........
Мече 23 да не те цитирам истото беше икај мене пред да се одделиме свекорот е од истиот „ков“ како и твојот со тоа што не ја вреѓа туку станува навечер да праи проблем отвара врата од тераса во сред зима јаде во3 по полноќ шета по соби си мрчи самиот на себе и сите не можат да спијат мм се расправаше што д ати кажам џабе е менување нема да биде трагедијата поголема она си ќуткаше настрана како данее инволвирана воопшто . Нејсе во твојот случај жално е детето може е сега малечко но ќе потпорасне да ги слуша тие работи . Благица 1991 кога се спремаше свадбата имаше идеја јас да и ја дадам венчаницата да стоела една недела кај неа па да ми ја донесат на свадба ,културно одговорив не нема ни да биде готова една недела пред свадбата итогаш ми рече па ко ќе биде тогаш дај ја и таму ќе се облекуваш со гостите ,така било обичај - точно имам чуено за тој обичај ама крајно е неизводлив ,зашто под тој притисок да се облакаш и културно и реков како што мн обичаи не ги правиме така нема ни овој ми напраи убиствена фаца и толку на тоа се заврши и не згрешив другарка ми ме шнираше буквално саат и пол додека ја напраи идеална Кај мене маките дојдоа отпосле ,а сега бидејќи сме одделно сум раат Ќе редактирам заради мима мене кога ми се случи тоа читај мисед не ми рече ништо ама баш ништо се правеше како да не ни знае дека не сум веќе трудна . Јас го почнав муабетот после 2 месеци бидејќи се спремав за друга операција отстранување ендометриозна циста и муабетот од нејзина страна беше знаев дека нешто не е во ред онаа вечер кога беше тажна , знаев дека ќе имаш спонтан , (не кажа ништо за утеха ) сега после операцијата којзане дали ќе „останеш“пак . И следна беше информацијата дека ќе се опрериам во ре медика и аууууу па зашто приватно кога имаш картони кој ќе ти даде пари ? Културно и одговорив МАМА И ТАТО од син ти не ги барам и си заќуте. Сега после сето тоа „држам 5 месечно дете во рака“ се прашувам си се сеќава ли на нејзините зборови гарант не
Здравје Боже кога јас ќе имам снаа...сум се заколнала дека ќе ја сакам како своја ќерка и ќе ја почитувам исто како син ми бидејќи знам како е да немаш почит и подршка од свекрвата!!! Како прво јас не го дадов поздравот за да значи дека јас така се однесувам со сверква ми...јас не ни зборам со неа и тоа е завршена работа...јас го ставиви видеото зашто се изнасмеав на приказната само заради тоа....А како второ јас од свекрва ми немам никаква помош а не ни сакам сега кога треба детето ми го чува мајка ми она не!!! А кога јас ќе почна на факс детето ќе иде во градинка!!!!
17mart, мислам дека коментарот не се однесуваше на видеото туку на изјавата погоре во стил секоја чест на снаите кои им вршат тортура на свекрвите (од беатриче). А приказната е баш интересна и поучна и на крај снашката си го доби заслуженото затоа ми нема логика да се однесува на тебе.
Еве на кого се однесуваше поздравот. Според мене ова е безобразие, и не е во ред. Можеби згрешив што не цитирав, се изненадив од реакцијата!
Јас сум во долга врска со дечко ми и навистина добро ја познавам мајка му.Судејќи по воспитувањето на нејзините деца, тоест дечко ми и сестра му, таа е супер жена.Со мене е супер, љубезна и пристојна.Мојот дечко ја почитува и и помага, меѓутоа отсекогаш сме сакале кога ќе се земеме да живееме сами.Мајка му нема проблем со тоа, вели вие сте млади и треба да одите напред, бидејќи и таа живеела во заедница и знае како е.Кога правиме муабет за свекрви и снаи, ми вели дека не сака да ја викам мамо бидејќи една е мајка.Мојот иден свекор почина пред некое време и сега е сама.Имаа прекрасен брак.Толку е достоинствена, што не дава нејзините деца да осетат колку е тажна.Најверојатно е таква бидејќи нивниот дом секогаш е исполнет со млади луѓе, или наши другари или другарки на мојата идна золва.Навистина не можам да кажам лош збор.Јас ја знам целата ситуација дома и меѓусебните односи, и нема што потоа да се жалам.Ако ми згреши, ќе и кажам,ако не сака да се промени ќе се дистанцирам.Се е до човек.Ако некој е прост и злобен, не може да се промени и навистина е тешко да се живее со таков човек.
Лепото не ме сфаќај погрешно но и на старките треба да им се покаже местото Секогаш тие мислат дека снаата им го зема синот го одалечува итннн )))
Сфати го ова најдобронамерно. Верувај постара сум од тебе и неколку години сум во брак, па ќе ти го кажам следново. Со таков пристап, дека секоја свекрва така ќе се постави со тебе во ниту една куќа нема да бидеш среќна. И мојата свекрва на почетокот со 300 циркуси и лажни муабети за мене што слушнала не ме дочека со црвен тепих нит ми даде кафе во златен филџан. Не видов ни некоја многу голема мака од неа, ете помина. После еден ден паметам гледавме еден тажен постар филм и женава се расплака за глумицата шо играше главен лик и ме погледна и ми рече: „Зар едно филмче беше доволно да пуштам солза, а од тебе толку се огрешив?“ Од тој момент, нејзината вредност скокна многу во моите очи. Само љубовта и почитта од мајката е безусловна. За секој друг истата треба да ја заслужиш, од сопругот до сите останати. Свекрва ми не виде нешто огромна љубов од моја страна кон неа, но и` дозволив да види цврста и карактерна личност покрај која син и` може да биде посреќен, поспокоен и побезбеден. Личност покрај која ќе може да си замине од овој свет еден ден (ако на Господ му е планот хронолошки по ред да заминуваме) спокојна дека синот и` е во добри раце. Немаме некоја ептен голема близина, таа сакаше, но јас ја поставив дистанцата, не сакам уште една личност плус која го има клучот до моите слаби точки, но никогаш не и` недостигало почит и внимание од моја страна како жена на син и`. Сме си поминувале по цели попладниња во гледање ТВ уз кафе и смеење. Ко шо рече свекрва ми на комшика една кога дојде кај нас на гости и не` виде на кауч како си гледаме tv и викаше демек у стил кај го има ова aj шо не се карате па и муабет си имате: „Па да бе, на безработицава зар бива чинии да си кршиме од глава?“ Да, таа слика беше возможна затоа што решив да се спротивставам на стереотипните размислувања. Имав тежок почеток, зборовите на сите против мојот (колку е само лошо тоа чувство, ти ја знаеш вистината но не можеш да кажеш дека „сите други лажат“) но никогаш не сум ни помислила да влезам во таа куќа со ставот дека ако е свекрва автоматски ќе мисли дека ќе сака да и` го земам син и`. Многу јака мајка била, ако доаѓањето на снашката и` треба за да и` текне дека има син на кого треба да му посвети повеќе внимание. Возможно беше затоа што почувствува дека не сакам да се светам или да преземам прости потези, туку сакам да ме види која сум навистина. Дека не сум лоша, ниту слаба личност. Дека не очекувам свекрва, туку човек, но и дека ниту јас не сум снаа, туку човек пред се` останато. Како велат, животот е како огледало, насмевни му се - ќе ти се насмевне, намурти му се - ќе ти се намурти. Многу често проблемите меѓу снаите и свекрвите потсвесно влечат корени од самите снаи кои влегувааат во куќата со размислувања дека некого треба да доведат во ред. Секогаш се чувствува тоа почетно нетрпение и омраза ма колку и да го криете. Од другата страна на вратата очекувајте човек а потоа свекрва и ќе видите колку ќе ви биде полесно.
За Теси: Напиша прекрасно мислење и целосно те поддржувам од збор до збор,верувам дека си стабилна и одлучна млада жена но си имала среќа што твојата свекрва не е од типот на злобна,проста,необразована,големаааа домакинка па затоа со големината на твојот карактер и личност сте го средиле вашиот однос , но за типот на "добронамерни свекрви"само Beatriche 19 им е лекот Секако ова е мое мислење на снаа со стаж Значи од првиот ден бев пречекана со пречки,завиени наредби као добронамерно ми се укажува дека и ова и ова и ова е моја обврска.Мојата свекрва е необразована меѓутоа интелегентна жена што користејќи ја нашата претходна блискост(години му бев девојка на мм и одев кај нив дома на кафенце а таа беше совршена и јас ја сакав бе луѓе ама нешто подсвесно ми велеше се е ок ама подалеку од заедница со неасекако моите немаа такви можности и во заедницата мораше да се влези и јас влегов со цело мое патријахално воспитување и згрешив-направив капитална грешка ,секоја моја слаба точка ја знаеше и ја користеше за психичка тортура врз мене.Можам ден и ноќ да пишам какви банални кавги правеше што катастрофално се одразија врз мене но,болно е што сеуште ги прави.Она што сакаше да го постигни на почеток раздор во мојот брак,го постигнува сега.Сега веќе не сме во единство со мм,јас и децата од една страна а тој ,мајка му и сестра му од друга страна,некои денови го проколнувам животот и посакувам да сум мртва.Толку тешки зборови се кажани за мене а потоа ги мешаат и моите и тоа боли ,ја кини душата на парчиња.Од мојата патријахалност нема повеќе ни трага кога се во прашање тие,сега сум лоша снаа и не ми е сеедно јас не сум конфликтен тип,јас ги сакам фамилијарните блискости ама со овие злобни луѓе тоа е невозможно.Мм од време на време се освестува,се буди па пак го возобновуваме она убаво парче брак што го имавме но многу ми има згрешено и генот од ништо што јас правам за него да не е задоволен го влечи токму од мајка му и тоа го уништува.Можеби ако бев остра и лоша на самиот старт...Можеби сега ќе пишев во ОДМОРИ,МОДНИ КРИТИКИ или нешто слично ...Можеби....
Злато, прво да ти заблагодарам за комплиментите и од мое и од име на свеки . Јас не велам дека оние кои ни` создаваат главоболки не треба да ги доведеме во ред. Само бев против генерализирање дека со сите свекрви треба така и сакав да кажам дека и пристапот, првиот став кој ќе се завземе диктира голем процент од тоа како ќе се одвиваат односите. А со простите, се знае како да се постапува...со оружјето кое ним им недостига...со ум.