Мојата пак обратно. Помага и кај ќерката кога има потреба за внучето, ама таму имало други баба и дедо и не се чувствува секогаш добредојдена да кажува. Е сега за моево дете, од одма како главна баба си мисли дека е. Сметаше дека јас после пораѓај нема да можам да функционирам со денови, па таа ќе гледа дете. Ама ништо од нејзините планови. Јас прелесно поминав и од прв ден дома сама си пресоблекувам дете, сама т.е со помош на мажот си спремаме за храна,си капиме дете. Едноставно како вишок е. Сега следна мисла и е кога ќе сме се врателе на работа, таа да чувала дете... Освен фактот што да речеме мене породилното ми трае уште 8,5 месеци, па за натаму ќе се организираме и без неа. Битно од старт и покажуваме и докажуваме дека од неа немаме потреба.
Тоа е главно. Да поставиш граници. Ако ти треба помош и личноста е ок, да побараш. И тука да се разграничи каква помош треба. По стоти пат ке кажам, на породена жена и треба помош дома да и се исчисти, да се пеглаат алишта, ручек. На некои не им треба, и ок е и нивното. Околу бебе една мајка може се, ако другово е средено. И мажот може се да среди дома, ако не е презафатен со работа и ако не е идиот што дели работи на машки и женски. Ама ако не ти треба да си кажеш јасно и гласно.
Многу се смешни свекрвки. Ќе донесе снаата ново бебенце и како аждаи ќе се натопорат, тие да го гледале. Како за нив да е донесено. Наместо помошта нивна да е кон јадење, чистење, раскревање. Ама не, тие запнати бебето та бебето. Ко нивно лично да е. Ајт сиктер.
Хаха таква беше на почетокот мојата се она да го чувала му се правеше мајка, но јас граници си поставив, но сега не се ни замара со бебето само од ќерка и си го гледа и чува, се на него му купува и тако даље. Само знае да коментира дека не сум добра мајка не правам како она што ќе каже за облакање, јадење се нешто и смета. Се нервирав што го делат ама веќе многу ми е галје ќе порасне мојот и ќе си сфати кој го сака а кој не и кај кој да оди кај кој не.
Мојов више почна да гледа што и како е и дека ние треба да сме му најбитни јас и детето. На мојата свекрвица не и се допаѓа тоа и затоа се радува коа ќе се скараме јас и маж ми
Може да ср искорени.јас и кажав максимум дозволувам да присуствува дури јас го капам со мажот ми.дремеше ден,два и прекина и да иди
Зашто е Свекрва хахахахахах Ние уште за свадба пресековме, зашто не ни беше класична и почна да напнува за во четвртокот се месело пита, викам јас првпат слушам, а и нема потреба жено. И напиња збори збори, викам ајде кај тебе доле во кујна и што сакаш прави, јас сакам да се одмарам и да се спремам. Отооок. Ама ние не ги рецкаме 2%. Секој во своја куќа нека си прави како сака и што сака. Јас кај неа нити и коментирам нити и кажувам што и како трреба да се прави.
Еве мојата нели не и даваме обврски околу бебето се понуди да направи ручек ама баш грав и се јадело и тоа направи. Јас повремено се молзам, немам големи количини на млеко, а и бебе не фаќа града така да тераме ад плус молзено. Уште и коментар дека не мора јас да јадам од тоа, да не му смета на бебе и да има грчеви. Фала и на толку, барем сопругот ќе е два дена со јадење обезбеден. Рече ќе испегла алишта од бебе утрово. Еве сеуште не се испеглани. И така со помошта. Битно ми кажа колку ја коштало се што испазарила за да почести за бебе, колку е битно бабата да иди по бебе на болница. Колку е битно за молитва по 6 недели да присуствува и таа итн. Среќа, па одамна не се замарам со неа и нејзините мислења и ништо од ова не ме засега.
Ако има ќерка кажи и Абе се скарала ќерка ти со зет ти нешто, лелеее што убаво, ама не се секирај нема да е прва што ќе се разведе. Ова да и кажеш и тоа пред некоја комшика , нема да и текне веќе да ти кажува глупости. Болесници беее, на што се радуваат…
Тоа свекрвиштана како по стари години хормоните да почнуваат да им полудуваат, штом добијат внуче одма се умислуваат мајки или главни баби.
Смешна била и твојата Ти како се поставуваш? Те прашува за нешто или самата си констатира? Пример за молитвата? За молитвата на син ми во 2020, бевме јас со бебето, сопругот и мајка ми како припомош, бидејќи бебето си плачкаше на одредено време (ко бебе де, ама мене многу ми се гледаше тоа, а и скокот прв му почна). Ама и короната почна тогаш па не се мешавме многу. В црква со маски Додуша знам велеше да не сме правеле молитва, ради вирусот што нѐ плашеа на тв, ама среќа си направивме, ќе ми беше криво подоцна. Затоа слушајте се самите, за после да не се каете. Свекрва ми за ништо не ми се наметна, впрочем не е ни таква личност. Сега е тазе во пензија, па ќе видиме како ќе биде здравје за второво бебе. И ти велам, речи ѝ дека за молитвата самите ќе одите, тоа е за мајката и бебето. А да те прашам, мајка ти е покрај тебе да ти помага или во заедница сте со свекорите? Зачувај си го менталното здравје пред сѐ, што имаш со маж ти решавај, па крајно директно нејзе учтиво. Јас мислам вака..... Јас сакам така.... За бебево најдобро е ова/она... За јадење наредно порачај си, за и ти да јадеш. Горе-долу сѐ можеш да јадеш, манџи месо ти е битно, протеини.
@elenaklasik, во иста куќа сме различен спрат со тоа што ради здравствен проблем на свекорот за време на бременоста поголем дел од времето не беа ни во ист град. Не го пишав моето како проблем бидејќи реално јас не се замарам со неа, сопругот ми помага доволно така да ни од едната, ни од другата мајка да немаме многу потреба. Во врска со земање од болница строго бев против идење, таа не ме послуша и дојде со тоа што чекала пред влезот во болница во друга кола ама битно да е дојдена. Ме напна и се запна ептен околу доењето, со тоа што откако и кажавме дека ќе тераме како што нас ни одговара нема споменато, освен потенцирање на фактот дека многу ќе сме трошеле за ад млеко. За молитва повторно нема да иди, барем ние двајца сме против. Се надевам нема да направи како тоа со болницата. Ама во секој случај јасно и гласно и кажуваме каде и е местото.
Лелее опис, поточен нема. Ко мојата шо очекуваше ја дете неа да и носам да чува дур чистам. А за на молитва на 40 дена се налути што барал мм, она и свекрва и оделе за нејзините, ама битно беше упорна и она да дојде и дојде
Што барал мажот ти? Па тој е таткото. Ако веќе некој треба да биде присутен освен мајката и бебето, тоа е таткото.
Абе затупена работа, мм и рече што ми е гајле за вас, ја сакам да одам. Свекор ми со ништо не се замарал, а сега ќе ми глумат нешто светци и све знаат. Од неа и нејзиното понашање страв ме фаќа од нервозите што ќе ги јадам кога ќе родам здравје второ. Опседнато жениште. Ко за неа да го родив, т. е. ко она да го родила се понашаше. Мм излезен во двор, бебе си спие, ја влегов да се бањам, излагам од вц она седната во дневна ми се рогачи ко демек шо не ме викна, онака скисната фаца, виде не виде, крена раце. И упорна е за многу работи по нејзино да е, ама ја им плескам во лице све. Она пред мене веќе не збори многу, ептен кога има публика, ама и пред публика ја не ќутам. Некогаш на мм не му е сеедно кога ќе и се вратам некако пооштро пред луѓе, го разбирам колку и да е тупа, мајка му е, му е жал, ама некогаш и он лом ја прави и така си живееме. сега не е ко порано, пак скоро све е по мое, ама ја несакам ич да ја гледам, а тоа не е возможно. и од сега ме тепа анксиозност за на второ дете, а не сум ни приближно до трудна
Не можам вечерва да стигнам да напишам пост за свекрвата, уствари книга не ги собира нејзините недела што ги правеше, ама ќе напишам некој ден пост што пократко. Само еве да знаете дека го држи првото место за најлоша свекрва, ни беше тука на гости во Германија два месеци и додека го напушти станот не престана да шири зло. Нејзините последни зборови упатени према моето бебе беа"Родила баба лепотан" и "Чао, си оди мама дома". Значи стави круна на нејзиното зло, ги круниса сите зла што ги правеше. Сакав да и речам "И како беше пороѓајот? Болеше многу? Природно или царски?" Ама ај на врата беше, реков да не се спуштам за последна секунда на уште подолно ниво и онака ептен се спуштив за овие два месеца и фала му на Бога што успеав да и се спротиставам ако не за се скоро за се. Бог да ми прости ама слободно можам да кажам, ова не е жена, туку ѓавол во облик на жена. Откако замина дишиме како никогаш до сега, како истерувач на ѓаволи да сме викнале. Процветав и јас и син ми.
Gospode boze kakvi luge postojat normalno li e ova izvini vaka ama trebase tamu da ja nosis na psihijatar da se proveri dali e dobra so pametot netokmu e zenava stom tolku se misli deka ona mu e majka na detevo sto ceka neka si rodi pa neka si go cuva