Не воопшто не се навредив немам причина за тоа, тука сме да споделиме искуства да дадеме и добиеме совети па кој како сака така ќе си свари. Најпрво никој не се мења си го има секој лошото во себе само знак прашалник кога ќе се активира. Неможе човек на 60-70 години да смени карактер и особини значи бил таков само дошло време да се покаже вистински. И да, не ќутам, учтива и културна, на смирен начин за секоја постапка што ми смета кажувам, но некој што удира со глава во ѕид и што зацртал нешто оди па разубеди го. На неколку постапки им се скратија задоволство но на некои не, и ете што било до мене сум кажала. Нормално бебињата ми се на прво место, сигурно не би завршила во Бардовци за несовесни луѓе.
Znaci katastrofa fala bogu mojata ne e takva I posle 12 godini dobi vnuce od mene ama si go znae mestoto mi.vika ti tolku godini si go cekala ova dete rasni si go kako sakas uzivaj si so tvoeto dete instiktot na majka samoto ke ti kaze sto.I kako treba I navistina e taka ete go veke godinka ipol ima pocna da zboruva pomalku I nekoj pat ke I rece mamo ona onma mu pokazuva so prst nakaj mene ete ja mama milo jas sum baba I dosega sme nemale takvi nesoglasuvajna se razbira I da imase nesto onma ke I postavev granica ama ima sekakvi nemojte da kinete zivci so takvi ubavo napisa clenkata pogore karakter nema da smenat zatoa smenete se vie kazete toa sto vi smeta I cista smetka
Па не знам дали тебе да ти речам, или за свекрвата да ти речам. Таа те гледа попреку зошто не си го однела мажот на лекар, ти го прашуваш дали да го однесеш, па сам пошол со такси, трагедија. Од едно вакво мало параграфче, ми се чини дека двете со свекрвата се понашате со маж ти ко да е бебе.
Се изнервирав кај што те читам. Немој да те убеди овој твојот дека претеруваш стварно. И јас ќе мислев на развод со ваков, остај луѓе што трпат се и сешто дома и развод не поддржуваат во никоја ситуација, не е за еден коментар, за живот со таков мамин син е, ќе се спасиш од нервози и главоболки. Читав за детето дека се занесуваат, ама нема шанси да ти го земат, многу, ама премногу има вакви што се закануваат, досега не сум слушнала некој да успеал да го земе на мајката.
Може имам искуство со разбрани луѓе точно и може има луѓе кои не се разбрани сма на крај крајот ако не бива со убаво и култура ќе се претворите и вие во вештерки. Бидете злобни малце и вие нека видат дека не сте меки и може тогаш ќе се свестат, поголема е веројатноста дека ќе се навредат и нема да ви зборат веќе ама тоа уште подобро. Ќе ви кажам како заврши тортурата на мајка ми од свекрвата. Ние бевме некаде 8-9 години кога мајка ми работеше втора смена, прва, трета само за да не прехрани, тешки времиња беа по распадот на Југославија сигурно знаете и вие, баба ми седеше дома под стечај без плата исто и дедо ми и татко ми, само на парите од мајка ми сметавме, а баба ми место да молчи само наредуваше и наоѓаше милион работи како да ја омаловажува мајка ми, ништо не чинеше што правеше, не и се допаѓаше што имам долга коса и еднаш ја фатила мајка ми со ножица во сон да ми ја кратела, секогаш имаше кавги и тензии, меѓу татко ми и баба ми, меѓу мајка ми и татко ми, само не меѓу мајка ми и баба ми, тоа беше преќутувано и трпено. Еден ден се сеќавам како вчера да беше, мајка ми си дојде од работа, а јас и брат ми спремавме некој магданос за во фрижидер, мајка ми седна две минути да не види кога фуријата од баба ми влезе и почна да се дере на цел глас, што мајка ми седнала, она цел ден без раце останала да среди после варосување оти тетка ми ќе идеше од странство, дека не може мајка ми да одмара има работа по дома итн. Мајка ми траеше кога наеднаш почна да вика и она на цел глас, летаа навреди колку што моите детски уши не слушнале до тогаш, мајка ми доби нервен слом, јас го грабнав брат ми и се заклучив во вц, не плачев ама за да не го плашам тој беше пребледен. Татко ми беше на работа некаде , пошто работеше се и сешто не можев да знам каде е, дедо ми беше на село. Не знав што да правам и отидов кај комшиката која ми беше како баба и реков да го бара дедо ми од мајка да дојде. Дојде дедо ми не зедоа, мајка ми ја однесоа на болница за да прима инекции за смирување, а ние останавме кај дедо ми, вечерта татко ми дојде таму и таму останавме 3м без никаков контакт со баба ми. Дедо ми од татко ми кој беше мирен човек и кој баба ми го манипулираше како сака, тоа беше единствен пат кога и се спротистави и рече дека ќе одат да живеат на село и станот го даде на татко ми, рече дека ние сме млади и не ни треба таков живот, се иселија, а ние се вселивме и така мајка ми со години не ја посетуваше баба ми, ние одевме секако ради дедо, кога баба ми фати рак, мајка ми се смилува и и помагаше за се, ама не дозволуваше повеќе глас да и повиши баба ми и ден денес на секоја нејзина замерка мајка ми и враќа дупло, дедо ми почина за жал, она уште наоѓа начини да не тортурира ама среќа никој не ја ферма веќе. И ден денес кога некој се кара мене ме боли желудникот после тоа, тогаш почнаа тегобите и се сеќавам дека имаше денови кога се молев да ме боли стомакот само никој да не се кара. Замислете што прави на психата на едно дете ваков начин на живот. 30 години сум сега и уште имам горчина спрема баба ми, не ја сакам, ја посетувам ради татко ми. Извинете за долгиот пост, може некому ќе му ги отвори очите и ќе најде начин да се оддели од таква токсична средина, оти не вреди ништо ни брак, ни куќи, ни пари ако нема раат и слога.
Ау...... Кога се работи за здравје богами не треба да се ќути на ништо никој не треба да трпи такви тортури, тоа се е само од човек не е произлезено страшно. Колку и да не не учеле од дома да бидеме лоши животот не учи дека треба да бидеме кога некој ни го загрозува нашиот живот и животот на нашите деца. И ќе речам не те прави лоша личност ако му поставиш на некој граници до каде треба да оди во мешање во твојот живот и во животот на твоето дете не сме најдени на улица па некој да се изиграва со нас. Тие "мајки" што им прават проблеми во бракот на синовите е страшна работа, да под наводници бидејќи тоа не е мајка, мајката не сака да му наштети на детето тоа тиe што го прават е изветоперена работа ја имаат измешано мајчинската љубов со таа спрема партнер (инцест).
Токму така. И најдобра да е, со најдобри намери, ке има моменти кога ке ви стапне на жуљ. Разлика во години и различни мислења. На мајката е да пресече. Не сум имала проблеми никакви, ама имало ситуации кога сум имала различни мислења од на мајка ми и свекрва ми, па сум кажувала дека не сакам така. Мое дете и крај.
Не знам за други ама кај мене свекрвата барем во обраќањето прави разлика меѓу децата на синот и ќерката. Уште во бременост за моето дете се обраќаше со "нашето", "вака или така ќе си го гледаМЕ", "вака да си го облекуваМЕ", мислам пука од љубомора што не ја оставам да се врти околу детето или таа да го гледа. За од ќерката никогаш не се обратила на тој начин. Сега најново и е, кој и да се јави да праша за нас вика добри се, ете синот и снаата САМИ си го гледаат детето, прво им е,па сеуште им е ќеф. Ко можи ако ми е 5то дете со ред нема да сакам да си го гледам. Е да заборавив, за од ќерката уште пред да се породи имаше спремни пакети со подароци. За моето дете едно боди нема купено оти иста куќа сме биле, ист буџет. Не е моето дете голо и босо, се што му треба му е обезбедено и секој ден и го потенцирам тоа. Сепак пак ќе речам карактери се тоа. Имам другарка чија што свекрва и помага само ако и е најавено дека е потребна ден два унапред, бидејќи жената си има свој организиран живот. Имам другарка чија што свекрва спиеше до 6 недели во иста просторија со снаата, да не и требала помош. Ова пред 10+ години ама сепак. Мојава барем за тоа не доби таква идеја.
Немаат осет за дистанца никаков. Си мислат дека можат уште како деца да не третираат. Ете мојата денес со иронична насмевка (у стилот што ни можеш) ми кажува дека свекорот се качувал горе кај нас на спрат да гледа телевизија. (Ние не сме во Мк) Ми идеше да и кажам, "Ако сакате "пос***те се веќе горе, се изморив да го бранам тоа што е лично мое, од кујна до бања и мебел. Носете се со се спратот ви проклет у пм. Спалната ја заклучивме ама и неа ја отклучуваат, како така може во нивна куќа таа да нема увид во секое ќоше.
Imam piseno za mojata "sakana svekrva" i za nejzinata neljubov prema mene mozebi za nea.i kerka sum najlosa so toa sto prekinav na vreme so niv,ama citajki drugi clenki jas sum se spasila!!!
Не знам како да цитирам повеќе членки одеднаш, па затоа само еден пост ќе напишам. Јас не се разведувам поради што свекрва ми е злобна жена, се разведувам поради маж ми, што прво се разочарав во него максимално и јас не го гледам како ист човек веќе џабе е се. А друго што и откако замина мајка му и откако два пати му спомнав за развод, пак се прави наудрен и како труп во главата и понатака сака да ме тера да се сум блиска со неа, како ништо да не било. Сака таа да го гледа детето кога јас ќе почнам со работа. Значи игнорира ама баш се што таа ми направи и не му е гајле што јас пак ќе патам со неа.Ете затоа се разведувам а не затоа што имам злобна свекрва. Јас овде себе се наоѓам крива и се сложувам со една членка погоре, јас требаше уште првите дена да му кажам на маж ми, или ќе и поставиш граница на мајка ти или си одам. Ама јас будала чекав да се подобри ситуацијата ама стануваше само полошо. Накратко ќе набројам само поголемите ЗЛА што ги правеше, а за другото би требало огромен пост да напишам затоа многу работи ќе прескокнам. Јас уште непородена паднав во депресија, таа ме направи да се осеќам неспособна мајка да бидам, детето ќе ми се лутело ко ќе пораснело што сум пушела цигари трудна со него (пушев две до три на ден првите два три месеци кога се трудев да ги оставам, не пушев цела бременост ниту една цигара не запалив а ни сега кога дојам). Одма се постави како таа да му е мајка на детето уште неродено, бебето овде ќе спие, јас ќе го капам, ваква облека нема да носи внук ми сигурно, ниту со вакви креми да се мачка. Значи за се што јас купив не чинеше, сакаше се по свое. Што било тоа чај од анасон? Двајца синови израснала со чај од камилица и биле прави лепотани здрави како дрен. Уште тогаш се осетив отфрлено и дека тие ќе прават што сакаат со моето дете па уште тогаш му реков на маж ми ако биде така јас ќе заминам со детето. Маж ми рече сум дигнала нос. Маж ми почна да се однесува поинаку, за прв пат почна да ме критикува пред мајка му, почна да се понаша како тој да е газда на се па и на моето бебе, тогаш неродено. И верувајте уште тогаш јас почнав да размислувам за развод, некако почна се да ми биде чудно. Моја најголема мана е што сум премногу емотивна, емпатична и праведна личност. Ме фати ужасна депресија на пороѓајот, не ради свекрва ми него ради маж ми. Срам ми е да кажам дека си дозволив така депресивна да се пораѓам, каква будала, за кого???? Криво ми е ама нема назад. Ок, кога се роди детето јас сета во болки, гради, кичма, бубрези, раната од пороѓајот, јајниците ме болеа, траума од болница каде детето ми се задави во спиење, ненаспана со запушени гради заслужив ли таква тортура? Свекрва ми сакаше на бебе од неколки дена да му дава чај од камилица, и реков три пати дај ми го детето, не ти го давам го поду млеко, по третиот пат ми го даде. Пукна од мака што го дојам и идеше да ме изеде кога го доев како страшно ме гледаше. Маж ми таа вечер ми се извини и рече немала таа веќе да се меша, ама се мешаше и понатака. Ништо не и дадов да прави што сака, се по мое правев, а таа место да сфати и да се спушти на земја уште повеќе лудуваше. Јас овде немав проблем свекрва снаа, јас имав проблем со ѓавол, сестра ми кога и да и кажев викаше сите имаме проблем со свекрва додека сама не се увери кога дојдоа на новороденче, блиску живеат на граница, во Швајцарија. Ми вика што е ова???? Ете тоа е и викам. Значи каква баба си ти, место да мислиш добро за внукот, сакаше неа да ја мисли за мајка. Детето не требало кај мене само да заспива во прегратка лошо ќе се научело, требало и кај неа. Формула на бебе од една недела сакаше да му дава а јас полна млеко, требало да видиме да не е гладно, мирно бебе било не плачело за храна. Јас лоша мајка сум го терала да цица а можда сакало кутрото формула вкусна била. Значи, сакаше да го одвои од мајка, неа да ја смета за мајка, да заспива кај неа и да го храни млеко од шише. Маж ми што велеше? Што ме мешате мене во женски проблеми? Ја не сум жена. Ти знаеш ли дека мама е болна, не смееме да ја нервираме има висок притисок. Ете тоа велеше тој.Мајка ми беше исто тие два месеци тука, ноември декември и ко се скараа тие две маж ми тогаш пресече, двете одете пред нова година претеравте веќе. Ок и мајка ми се мешаше ама не правеше зло кало оваа. За потоа мајка ми да замине пред нова година а госпоѓата остана уште еден месец, и кренал притисокот, маж ми викаше како да избркам болна мајка? Преку ден не можев да спијам, кога легни да одморам со детето, одма одеше во кујна демек чистела миела садови и ме будеше. Неспиена ноќе, неспиена дење, а таа хрчеше од 10 навечер до 10 сабајле. Кога земи да го дојам детето одеше на балкон дека баш близу балконот јас со детето седев, бубрезите и јајниците мои тапан преладени, носот почна да ми течи и да кивам недела дена ама за голема среќа не добив температура. И детето му се затна носот, кога и да го искапевме во кујната отворен прозор демек луфтирала. Кујната одма до дневната. Фала му на Бога и детето не доби температура, само носето му се затна. А јас гради полни млеко, сакаше формула да дава, истата причина за да добијам температура. Се ова го правеше за ја да не можам детето да го гледам и да и барам помош, ниту еднаш ниту ја прашав за помош ниту и побарав. Тој месец бев како изгубена, ние дојдовме Германија пред една година, јас прво после маж ми, двајцата на своја работна виза. Стан едвај најдовме, многу е тешко стан да добиеш Германија, јас сакам со детето тука да останам и тука имав голема кочница. Со дешавањата му реков на маж ми дека јас сум решена да се разделиме, му реков ти се правиш дека ништо не гледаш, сакаш ли да се распаднеме како фамилија, мајка ти е решена јас да паднам во депресија и таа да го гледа детето, сакаш ли тоа да се деси? Јас не сакам, јас сакам детето да си го гледам и ние со син ми со одиме од тука. Вели многу тешки зборови кажуваш не си свесна што зборуваш, јас сум татко на детето, ти не можеш да ми го одземеш. Му велам ти како татко ќе си го гледаш ама јас сум мајка со мене ќе живее. Ама каде да одев? Македонија не сакам да се вратам кај моите, овде имаме и јас и син ми иднина. Чекав маж ми да замине од станот а не замина. Замина мајка му, пак му спомнав развод, пак рече ќе заминел тој а не ние а нема абер. Се понаша ко ништо да не е измеѓу мене и него, а нарочито ко ништо да не било меѓу мене и мајка му. Со цел памет предложи таа да го чувала детето ноември. Јас ќе пукнам ако треба и не и давам неа дете да чува. Како да и дадам дете? 100 пати и кажав не пијам и не јадам кисело, детето не ми јаде кога имам јадено кисело а таа пак ме убедуваше требало да јадам и пијам кисело а детето ако не сакало тогаш на формула. Ебате формулата више!!! Индиректно раскажуваше приказни како некој не знам кој од фамилијата нивна и ги одзел децата близнаци на жена му, имале познаства врски по полиции, судови не знам каде. Значи ко да знаеше дека можеби ќе барам развод, па да ми спомне. И извадиле папир како луда не знам што напраиле. А директно ми кажуваше ги тепала децата, ќотекот од рајот излегол, ги тепала децата од брат и, сакаше да каже и моево ќе го тепа. Ок како и да е, откако маж ми пресече некаде декември, стварно не се мешаше таа веќе, јас повеќе седев во соба со детето, ама цел декември правеше злоба и знаеше по нешто да каже, а се смислено со некаква намера. Се зборува ли на тогаш породена жена, како познава многу жени што паднале во депресија после пораѓај, не можеле детето да го гледаат и и го дале на бабата. За деца што се разболеле, умреле, на некоја мајка и паднало детето ко го капела итн., се само да ми внесе мисли и психа. Ама јас еднаш бев на работ на депресија ЗА НИКОЈ ОД НИКАДЕ, тоа беше на пороѓајот, мене сега нема сила да ме турне во депресија ама баш ништо, јас имам дете и тоа е на прво место. Уште живеам со маж ми зашто не можам да најдам стан одма за мене и детето, многу е тешко, а тој не си оди од станот. ми требаат пари за три кирии, да платам кауција за станот, плус овој кај што сме сега три месеци се дава отказ, ако само така заминам ќе влезам во долгови. Плус штедам пари за адвокат за развод. Мора долу развод пошто долу сме венчани ама јас ќе се информирам за сите права овде. Имам работна виза и морам да ја продолжувам со работа, во ноември 2023 се враќам на работа, барам градинка за бебиња. Тек за 2 и пол години имам стална виза и тогаш можам да работам само 50%,а сега не смеам, визата ми зависи од тоа. Породилно имам една година значи до ноември. Маж ми паметен, да сум се префрлела на негова виза и да имам фамилијарна па со таа не морам да работам да го чувам детето. Да бе, за после да зависам од него ма како да не. Значи на некој начин гледав како да останеме со син ми во Германија а да не влезам во долгови, на друг начин искрена да бидам не бев сигурна за развод, ама сега сум сигурна.
Сега кај што рече дека со мајка ти двете биле кај вас ми текна на тој пост, абе и тогаш се пренервирав со свекрва ти. Ти посакувам со лесно да поминеш и развод и преселба, а јас да бев на твое место после сите овие работи, маж ми немаше да го погледнам веќе, ќе ми беше згрозен. Рачунај дека мајчинските моменти не се враќаат, некој ако ти заебе дел од мајчинството, не се дава втора шанса, а тие добиле не втора, туку милион. Вештерка
Може некако твоите да ти помогнат пример мајка ти да дојде во Германија да го чува детето дури не тргне во градинка за да можеш да работиш. А за свекрвиштено твое немам зборови како по ист калап да се правени повеќето. Се повампируваат жениве...
Mil moj.boze kakvi luge postojat dali.e ova normalno strasno strasno pa ti ne da si trpela mozam samo kapa da ti.simnam a I premnogu bese ova I maz ti posle ova uste ulav ke se pravi bolna e majka mu od visok pritisok e ne li e bolna koga pravi takvi raboti ili.samo koga ne se tera po nejzino kreva pritisok more marsh ic ne ti trebaat takvi luge vo zivotot daj boze da uspees vo se sto mislis so gospod napred ti posakuvam srekja
Баш нека пробаат да ти го земат детето, еј во Германија, да ги видам како ќе поминат. Шансите им се нула! За многу работи од ова што напиша, може да ти помогне државата кога си во процедура на развод. Убаво распрашај се. Си поминала многу, јас се потресов додека читав. Натаму ти посакувам само успех и да си го оствариш сонот со детето. Токсични луѓе и токсична средина, никому не се од корист.
Јака ти душа. Со среќа и лесно што и да одлучиш. Јас би и ставала секој ден лаксатив во кафето. Каква караконџула.
Маж ми ќе инсистира на развод долу, а нели пошто сме таму венчани треба таму развод или нема тоа врска? А ако јас поднесам барање за развод овде, ќе мора ли овде да се разведеме? Знам дека јас како мајка имам најголеми права ама овие луѓе се спремни на се и навистина имаат познаства и врски. Затоа сакам развод во Германија, се надевам е можно.