Иначе се јавив денес во Југендамт, ќе ми помогнеле да добијам место во Крипе, детето да почне од ноември. Ако рекоа па не успееме имаме Тагесумутер. Фала ти за ова навистина
АХАХАХАХХАХА мислиш? реално и боље така за мир во куќа пошто очигледно секакви женишта има без емпатија еј..
@Eluna да ја тргнеме свекрвата настрана. Дали ти имаш проблем со сопругот? Те навредува, малтретира, нешто ти забранува? Размисли добро пред да направиш нешто. Најлесно е да си заминеш. Ама што потоа? Сама ќе чуваш болно дете, ќе трчаш по болници, градинка, работа. Тебе ќе ти биде најтешко. Дојди си малку при себе, замоли го сопругот да прошетате негде за викенд. Можеби ќе смениш мислење. Свекрвата ќе дојде и ќе си оди. Не се замарај за неа, сите се исти. Кога ќе се роди бебето мислат нивно е и губат памет. Во облаци се и не се свесни што прават. Зар мислиш дека намерно седнала на твоето столче? Потпишано ли ти за да знае дека таму седиш ти? Сигурно не. Ќе и помине, ќе олади, и онака не живее со вас, нема како да ти се меша, а и ти искулирај малку. На бебето му треба здрава мајка и нормално семејство за да биде среќно. Ако сите се разведувавме поради свекрвите, верувај една не ќе беше во брак. Те сваќам да како ти е, и јас исто поминав како тебе. Прво дете таа сака да помогне да го држи да го бања. Мене хормони ми вријат, и еднаш само и го дадов да го држи. Секој ден ми доаѓаше кога нејзе и одговара. Епа неможе така. Јас сум избувлива. И не знам што и реков, знам дека после не доаѓаше. Е потоа караница со сопругот зошто така и рече на мама. Оти мажите ретко кога се спротивставуваат на родителите бидејќи се плашат дека ќе им речат дека сопругата ги држи стого, под команда, дека се папучари итн. Не се разведов. А беше мноооогу бурно и неподносливо, во афектна ситуација и тој и јас лом се направивме. Помина тоа. Се роди второто бебе. Таа пак по нејзино, јас по мое. Еднаш син и не беше дома и дојде и ми вели ако сум ги родила не биле мои деца нејзини биле, нејзина била куќата. Ја избркав. И реков твоја куќа, ама мој дом. Не му кажав на мм. И таа не му кажа, паметна е. Дојде моментот кога и него му прекипи од нејзиното однесување ( таа идеше во 19:30) кога децата веќе беа избањати и ги спремам за легнување. Ама важно таа ќе си дојде од работа, ќе руча, ќе преспие, ќе се напие кафе, па ќе дојде. . Исто и тој ден, дојде. Јас го земав бебе и го носам во спална соба да спие. Ги слушам нешто презбореа. Кога излегов ја нема. Прашав каде е мајка ти, ја избркав ми рече. Беше многу нервозен. И рекол пред да дојде да се најави, во спротивно нема да ја пушти да влезе. Супееер. Утредента баткото го спремам за градинка, тој се налути за ништо, му текна на мајка му и почна да вика по мене пред детето. Заради мене ја избркал. Замина на работа, му се јавив му реков да се врати дека мора да разговараме. Мислев да се разделиме. До толку беше. Замина тој пак на работа. Од кога се врати детето го прашува зошто така и викаш на мама? ( И јас сум мајка, ги боли и моите деца за мене). Се смени човекот. Повеќе не повишува тон, барем за сега. Жал ми е за него. Тој не е виновен што таа е без осет. И моите деца да живеат со еден родител, поради една баба. Нееееее. Нема да го дозволам тоа. Со непријателот биди пријател ако сакаш да го победиш. Сега моментот е дека за месец дена одам на работа, па таа да го чувала бебе, да не сме плаќале жена. Не и верувам, што ќе му дава да јаде на бебето и не и дозволувам да го чува. Му кажав смирено на маж ми, дека само проблем ќе си направиме. Ќе работам за без пари, не и го давам. Точка. Крај. Јас сум мајка. Ќе преживеам со леб и сол. И без пудра, и чевли и нова облека додека тргне во градинка. Понастрана од неа само. И тој е свесен дека ќе има проблеми ако го чува таа, бараме решение заедно. Ако го чува таа, ќе биде нашето црна хроника. Ама не сакам да го оставам заради неа, и дете да расте без татко. Мора да бидеме мудри и да се откачиме од нив, фино, нечујно, за да не ги повредиме синчињата. Ако имаш друга причина, остави го, ама за свекрвата што е км далеку, немој.
Точно, и мое мислење е доколку нема проблем со маж и да размисли убаво, многу жени сме го поминале тој пат. Мене свекрва ми цело време ми велеше дај и шише немаш млеко, а јас температура качив кога добив млеко, ми шприцеше нон стоп. Ја слушам и само и велам имам млеко и ќе си го дојам а не мора да значи дека плаче бебе само ако е гладно. Повеќе пати така и кога ја доев ќерка ми ми скисна и ја извадив градата и млекото почна да шприца. Потоа почна дај и шише не е квалитетно млекото. Ја слушев повеќе пати така и и реков ако сакаш да ти измолзам за да го носиш да го испиташ квалитетот на млекото. Потоа ќерка ми беше 11 месеци и ми вели не е квалитетно веќе млекото зошто не го прекинеш доењето. Маж ми во тоа време одеше на работа потоа од една работа на друга и не можеше да знае каква е и што прави. Јас не му кажав мајка ти вака ми кажа ,мајка ти така. Еден ден кога стварно веќе од нервоза почнав да се тресам му реков избери дали сакаш да бидеш со децата и со мене па макар отишле и под кирија или сакаш да останеш да живееш во заедница јас веќе неможам да издржам. Мојата пред него беше друга а кога не е он дома тогаш ми зборуваше и тогаш правеше се од инат. Тој ме праша зошто му реков дека не можам веќе да живеам заедно со мајка му. Тој еден ден дојде од работа се качи и потоа ја затвори надворешната врата ама од внатрешната страна. Свекрва ми мислеше дека отиде на работа и пак почна по нејзиното тој се си слушна со свои уши и рече дека е најдобро таа да слегне на долниот спрат а ние да сме горе. Има многу да пишувам на таа тема сега ќе ти зборе за млекото потоа за јадењето, за облеката. Штом не сте заедно со свекрва ти во тој случај гледи ако нема некој друг проблем со маж ти со разговор да го решите проблемот.
Убаво се изнапиша, јас се согласувам со тебе. Ги читав мислењата деновиве и баш освен причина "свекрва" ,не можев да прочитам друго нешто како поткрепа за развод. Убаво си пиша членката дека биле среќни со маж и до пред да се породи, знам и дека хормоните и работат сега штотуку породена,па реагира импулсивно. Но мислам дека треба со ладна глава да размисли на каков чекор се одлучила. Јас да сум била на нејзино место ,веднаш ќе сум реагирала,всушност и реагирав после моето породување за некои ситници. Некогаш ти доаѓаат сите преку глава(и сопствени родители) страв од непознато,новонастаната ситуација бебе во домот и не знаеш кај да фатиш. Да ,згрешил мажот што не и се спротивставил на мајка му,но згрешила и жената што не реагирала на време туку непотребно се замарала со возвраќање на лошите работи. На крај пак била несреќна. Ќе испадне на крај се разведовме заради бабите.
Абе пред да се мажиш со партнерот најпаметно е што почесто да си кај него и да ги опипуваш работите, после вака да не се мачиш нит со свекрва ни со негово семејство. А не дека секаде се вакви лудачки ко нашите
Нц, тоа не брка работа. Гости ко гости. Само живеење заедно пред брак, во околностите кои ги планирате за брак, па видете дали ви фаќа око или треба поинаков план.
Дали е до мене или не знам, ама јас никако не ги разбирам жениве што чекат свекрвата да им зготви испегла исчисти додека се опоравуваат од пораѓај и сл, јас пред би сакала мојот сопруг или мајка ми да ми се наоѓа, знам дека нема да ми е презборено или дека ке очекува за услугите некаква корист, не би сакала во мој дом да ми се меша, макар морала сама се да праам. Да не ме сфати некоја од членките немам ништо против и таквите случаи, ама некогаш и самите им даваме оружје а после се чудиме зошто си земале слобода да се мешаат и изиграваат мајки на нашите бебиња. Ја од сега си спремам терен да ја птргнам целосно од мене и сопругот и имам дистанца со нејзе.
Еве личен пример ниту и беше побарано помош ниту пак ми помагаша, повеќе одмагаше отколку да помогне. Само што беше заспано бебе таа ќе зборува на висок тон, телевизија ќе појаче, ќе ја треска вратата и се тоа од инат. И реков ај на мене што ми правиш инат ама нели ти е жал за бебево, нашите како растеа. Тоа беше одговорот. Ама да се разбереме за пред народ таа беше тука и сите мислеа дека ми помага. За првото така, ама за второто не и дадов шанса за ништо. Ниту бањање ниту држење во раце ништо.
Исто ко ѓаволот наш да го опиша, значи и други ги буделе внуците за да се нервира мајката. Истото и оваа го правеше, го будеше и мене и него со викање, тропање, ќе најдеше нешто за миење во кујната баш кога јас сакав да спијам и исто ко од земја да го лупаше, толку беше бучно. И ние не викнавме никој на помош, маж ми зеде два месеца слободно за да помага по дома и со детето, и таа и мајка ми беа како госпоѓи овде. Ѓаволот знаеше да се пикне во соба веднаш кога ќе се разбудев сабајле и ќе отидев во вц, за да пушти машина со детските алишта, а и имав речено 100 пати фала ти, јас ќе ги перам алиштата од детето. Ама џабе, па после кога ги пуштав јас уште нерасонета, ќе најдеше момент да ги извади таа и да ги суши. Па добро, нека помага ама после се што ми правеше не сакав никаква помош од неа. Реално јас ниту очекував двете да ми прават генералки по дома, жени се во години а и двете болни. Ама можеа барем филџанот свој после кафето да го измијат а не се да чекаат на маж ми. Огромен неред правеа во кујната ко ќе куваа нешто и се така оставено, маж ми ќе видеше никој не мие и тој се чистеше. Јас и да сакав нешто да направам одма одеше да пресоблекува дете,да менува памперс а тоа тогаш пресоблечено, да го спрема да го извадела надвор, еј чекај малку, па јас тогаш породена и неспиена не ми паѓа на памет да чистам за 100 души тука ти да го гледаш детето. Таа седи, јас седи,двете седевме. Ама реално не ни можев да стигнам јас првите месеци се да правам, затоа сум му благодарна на маж ми за сета помош, па и навечер со детето буден беше по цела ноќ со мене кога го болеше стомаче. Неа и признавам за алиштата од детето и некогаш таа ќе спремеше доручек а некогаш мјка ми, пошто маж ми не доручкува никогаш. А мене искрено воопшто не ме интересираше дали е нешто исчистено или скувано, бев фокусирана на детето, јас ниту на маж ми му спонував нешто во врска со тоа ниту нив.
Хаха Еве ме и мене и јас имам таков проблем. Кога е тука внукот од ќерка и не смее да се шушне ама тоа дека они го чуваат па да не треба да го успива она пак, но моето дете коа спие уво не им чуе тогаш и текнува со правосмукалки да чисти,лупа врати, со отвпрена врата од вц седи, машината на најако пуштена да лупа опоменета е по 10000000 пат не и се слуша се заборава демек она.. се од инат
Како го кажувате ова разведи се ко да е пиши бриши. Немам потреба да се разведувам немам проблем со маж ми, со неговите родители имам. Маж ми е на моја страна и им вика ама тој ден ќе послушаат другиот ден по нивно пак.
Ќе преживееме некако, само трпение, оти разбирачка нема. Ќе пораснат децата и со повеќе маки, ретки се тие свекрви што се грижат вистински и од срце. За ќерка ги боли, нормално. Знам, го кажав тоа на шега. Бидејќи читам повеќе пишуваат да се разбереш отколку да се спаси бракот. Муабетот ми беше да и помогнеме на @Eluna да свати дека сите се исти. И да си ужива со семејството.