Извини што нема да ти реплицирам на постов, гледам со најдобра и најискрена намера ми даваш совети. Не сакам веќе на форумов да пишувам во врска со развод, детето, маж ми и некои интимни детали, сепак е ова многу познат форум. А за свекрвата ќе пишувам, пошто во врска со неа не е ништо тајно и да ме познаат, јас и онака на секого ќе раскажам што правеше.
Мислев дека темата го имаше допрено врвот со случајот на @OfSpring ама не. И мене ме фати страв да се мажам пошто по автоматизам од страната на младоженецот гледано не се мажиш само за него.
Да. И мене да ми е овој памет сеа не се мажам додека не средам за живеење хахаха, ама и да средиш исто ти се фаќа ќе досаѓаат секој ден ко демек нивно е. И таму кај што си седам јас нр р нивно ама си се осеќаат така и си кажуваат се и сешто зошѕо ова стои ваму зошто тоа таму ама не ги фермам
Те разбирам истата е, траскање на нови врати, недела знае да се зачисти додека спиеме, или да и дојдат внуците и да се понашаат ко да излегле од пештера, а знае дека сме дома и ние имаме право на мир и приватност, ама џабе некои луѓе се лоши и јас гледам да не се нервирам оти секако ке се отселиме, инаку и оваа за пред народ се прави мајка Тереза, ама е злобна до коска,ме мрази од прв ден, оти сум способна самотална, се знам да сработам ,едноставно не ми е потребна,идеме напред, се сакаме со мм, проба да не разведе ама не и успеа ,она е љубоморна ама не можам да и помогнам, сфатив дека е изгубен случај, социопатка за опсервирање и ја баталив,сфатив дека моето ментално здравје кое беше нарушено поради лошата средина е најважно и сега ја сум прва па се друго.Така да само игнорирање и отргање од такви ситуации. Не е лесно и со сопрузите некогаш им се лутиме ама не можат да разберат какви мајки имаат и немој да се разведувате поради проблеми од страна,трпение и се ке дојде на свое, со тек на време ке увидат сами без да им зборувате. Затоа од почеток им се поставуваат граници и до каде можат.
Еве исто и тука.Нас не доведе до развод она не можев ни да го смислам маж ми, но на крај од сето тоа она не направи посилни со нејзините глупости. Сеа се сакаме поише од кога и да било и се поддржуваме и на неа тоа многу и смета ама мене ми одговара. За тоа со лупањето и што досаѓа за јадење за детето или за облакање уште се нервирам ама и враќам не и ќутам више, малку ми олеснува ама пак си носиш товар на душа, нервоза
Знаете дека два пати што сум била на викенди кај свеки исто миеше садови како да ги крши од плочки? Сега ве читам и ми текнува ама жими се мислев дека е без осет, не дека намерно го прави тоа. Зошто би го будела внучето, нема никаква логика. Јас само пуштав гласно бел звук, стварно никогаш не ми отишол паметот натаму.
Затоа и јас пишав се што @Eluna напиша се тоа и јас го поминав, беше тежок период ама го поминав. И сватив дека игнорирање е решението. Секогаш кога ќе види дека ние како фамилија сме блиски таа се нервира. Па сега јас ја нервирам наместо она мене. Пука од љубомора кога некој ќе каже дека децата се добро воспитани, исто така пука од љубомора што успеав во мојата цел што ја имав децата да ми јадат манџи, затоа што маж ми е прибирлив не јаде се. Исто така се нервира што успеав без нејзина помош во се, и не сум зависна од неа и што се запишани децата во целодневна, наместо таа да ги гледа и да ги носе на училиште. Ама маж ми кажа ако треба јас такси ќе возам во време кое мене ми одговара ама деца она не гледа. Еднаш ми вика јас можам да ги носам на училиште не ги запишувајте во целодневна. Јас и велам кажи му на син ти, а таа на мене срамота е што ќе каже народот јас дома а децата на целодневна. Јас и велам мене не ми е срам и не ми е гајле кој што ќе каже.
Не се сите лоши, има и разбрани свекрви. Јас таква имав:праведна, ненаметлива, ако ја поканам ќе дојде на гости, да пререче нешто или да најде мана нема шанси. За дете исто не се меша, ако ја прашам нешто само ќе рече ти си знаеш како е најдобро, јас сум стара, на друг начин ги чував моите. Таква мајче да ти се падне, не се сите лошки.
Малку црн хумор. Маж ми е без родители. И искачам јас со негова другарка и тетка и и женава онака ладно ми се врти и ми вика " знаеш кој е најдобар маж на светот? " Викам ваљда тој што ќе си одбереме, од кај да знам. Не бе ми вика, најдобар е тој шо нема мајка. Не знаев дали да се смеам, дали да плачам од муабетов Ете каков да бираш според теткава
Ист случај, за жал иако мн се сложувавме со свеки, сам си е раат реално. Буквално никој не ти се меша во ништо
Леле луѓе колку и да ја неќам свекрвата никогаш не би посакала да умре за да бидеме раат, боже сачувај.
Извини ама сама си ти виновна. Како што и јас бев виновна за сите нервози, караници помеѓу мене и мм и тоа за кого за луѓе што си лечат комплекси. Во моментот сечеш и кажуваш, а не да премолчуваш и да се нервираш.
Па не посакуваме да умрат далеку од тоа, како што кажа членката сепак е црн хумор, па сега кој како ќе си сфати нели
Ајде со Господ напред и син ти да биде еден ден од тие најдобрите мажи. Дали сте нормални не знам, нечии родители да умрат за вие да бидете главната квака во кокошарник.
А кој од нас посакал свекрвата да умре? Утре и јас ќе бидам свекрва, ако здравјето не ме служи нема снаата да биде крива ако починам.
Еднаш тука читав една членка снаа ја колнеше до седмо колено свекрвата зашто ја прашала зашто била на лекар демек шо ја боли кур за нејзино здравје ама кога за нив си се зезате за умирачки нема проблем нели.
Искрено јас сакам да е жива 101година, децата кога ќе пораснат, да сфати сама дека има многу грешки направено према мене. Сакам таа да се кае самата за се што ми има направено.Тоа ќе и биде најголемата казна. Сакам да ги види моите деца пораснати и добро воспитани, успешни.
Со првото дете имав помош од 10 месеци откако се вратив на работа. Дојде свеки ја чуваше, не ми се свиѓаше се ама сепак. Некако беше и по на нога и мн мирна беше малата. После си дадов отказ и она си замина и пак се вработи. 8 месеци поминаа јас барав работа, најдов и дојде, ама стана мн подруга работата. Овој пат и плаќавме 10К месечно. Се и сметаше, ако почнеа турски серии не мрдаше, итн. После јас пак трудна, дете мало, ама и корона и сите останавме дома. Си замина и кога ми беше најтешко со работа од дома, трудна и едно мало дете дома, не сакаше да дојде а веќе во пензија. Кога се породив е тогаш се потепа, ама и јас свртев лист. Дојде за кратко и си отиде брзо, брзо. Кога почнав со работа после второ породилно ја побаравме додека да наполни малата 1 год., тргна во градинка и толку. Се врати дома се вработи на дневница, јас си ги носам градинка, школо, од дома работам. Фала и на секоја помош, ама ние компензиравме. Не сакам да ми се матка некој низ дома, не сакам негативна енергија од кавгите со свекор ми, не сакам турски серии до даска. Позадината за која бараат пари и сеа работи е сосема друга, ама и децата се подруги кога гледаат баби онолку колку што треба. Не е лоша жена, ни приближно како ова што читам, ама мрчење под мустаќ, лутење како мало дете а не знаеме за што и на мене и на маж ми, не зборење со нас, јадеше сама кога бевме ние во др соба, е тоа пасив агресив понашање ме вадеше од такт. Сакав отворено да каже. А мислења и мудрости за гледање дете проба, ама наиде на отпор и се повлече. Не би сакала да ја викам веќе и да имам потреба, би платила жена. За членката @Eluna свака час на живци и трпение, ама не требало да ги пуштите двете во истовреме, можам да замислам дека тоа е нивна идеја, нели баби мора да се тука, а реално терет биле само. Се надевам се ќе се среди за тебе.