Дечки, буквално беше напишано црн хумор. Не се фаќајте ко слеп за стап за секој муабет де. Инаку, јас не знам каква ќе ми се погодела ама стварно е штета шо не ни дознав. Може па ќе беше најпрекрасната жена на цел свет. Постојат такви, да. А и според темава, со закон треба да се заштитат тие 5-6 шо се останати арни Баба ми на пример, никогаш не се мешала кај син и снајка. А вујна ми е малку така "до 12 себе се мрази, после 12 сите други ги мрази" да се изразам. И се нешто префрлаше, тупеше. И баба ми си отиде у гарсоњера сама да си живее од шо не сакаше да се скара И сега женава душа дава за внуците ама од страв да не згреши нешто на снајка, не ги земаше кај неа без вујна ми да биде таму. За да не има нешто да пререче на крај. И на крај "ти не ги сакаш децата, затоа не ги зимаш сама" Сакам да кажам, човек шо сака да најде нешто да му засмета, ќе најде
Епа и снаите не мора за све да се фаќаат ко слеп за стап де. А не тука зашто ја прашала за одење на лекар.
Абеее хумор желба е, ок, не хумор, ама не може да се биде толку експлицитен. Не може да умира секој што нешто ни греши, на работа ќе не нервираат, свекрвата ќе не нервира, родителите може многу ќе ни згрешат ехеее. Треба да се научиме како да решаваме проблеми, не, нека исчезнат проблемите Факт е дека се распаѓаат бракови заради односот мајка син, секаде низ светот. Она кога се минимизира еее сега за свекрвата се разведуваш, немам читано статистика, ама мислам во топ 3 причини е за развод, така што не е мала причина воопшто. Синовите се лошо воспитувани , ама и ќерките се лошо воспитувани, ретко гледам маж лигуш, ама жена ептен свесна и мудра. Некако се поклопуваат, се нервираат еден со друг, ама тераат. Ако беа различни, не ќе беа заедно. На темава - маж ми ме удри, ама тоа онака минимално прикажано, а свекрвата што го преместила далечинското од телевизорот, коментариии, ко да е пострашно од другово. Е таков пар ќе тера со години. Имајте свои пари и све е мн полесно.
Не, трпат и тие со пари. Ама многу пократко во просек. Не велам дека нема жени без свои пари што живеат хармонично, има. Велам дека ако не живееш хармонично, тешко дека ќе ја промениш ситуацијата без пари. Во склоп на муабетот за лошо воспитување и на едни и на други. Мажите лигуши, ама жените избркани од дома, ти ќе се мажиш. Одиш во куќа на свекрвата и золвата почнува да ти смета, зошто ти мажена таму, значи и золвата да си оди кај мажот. Мислиш твоја е куќата и ти следува потполно. Раѓаш бебе, свекрвата мајка му се прави, мисли бебето и следува потполно. Секое членче на семејството дисфункционално на свој начин и секој мисли дека другиот не чини. Пак ќе има снаи што живеат во куќата на мажот и не работат, ама функционираат хармонично и свекрви што не се мешаат. Ама правам муабет, повеќето, поголемиот процент како живеат, не изолирани случаи. Да не беа парите фактор, никоја немаше да трпи. Ај нека не е никоја, ама многу поретко од ова. Во Исланд жените имаат повеќе свекрвински проблеми или на блиски исток на пример. Се знае, што полимититана жената со пари, тоа повеќе вакви, слични приказни. Таму кај што нема казни за работодавци што бркаат трудници, таму има вакви работи. За жал колку и да романтизираме, парите го вртат светот.
Токму дека парите го вртат светот, кај нас е зезнато да си зезнат. Генерално е тешко да менаџираш со финансии. Семејства кои можат да функционираат со една плата се многу малку на број. Зборам за ситуација како мојава, каде јас можев да не работам а да имаме се. Кај нас многу голем процент од просечни мажи и жени се платени премалку. Не е муабет дали да работи жената, туку дали и двајцата ако работат ке имаат да поминат месец. За многу луѓе одмор е мисловна именка. Луѓе море не виделе цел живот, за жал. При развод, жената апсолутно е во незавидна ситуација. И да работи, прашање е дали ке може да функционира со една плата а да има две деца, средношколци или студенти. Ако претпоставиме дека треба кирија да плати. Како што кажа и самата, кај нејзините веќе е проширен составот. Маж е во подобра ситуација, има живеалиште и не треба да плаќа кирија. Тие што плаќаат кредит за стан се најзаебани, од кој агол и да анализираме. Само би додала дека не се финансиите главен проблем, и немање поддршка е голем фактор. Кај нас народот е лимитиран со пари, жената посебно. Има семејства кои сакаат ама не можат да земат кредит и да купат стан. Приморани се да живеат каде не им одговара. А работат и двајцата. Е од друга страна, кој сакал да работи се снаоѓал секогаш, не е ништо ново да се оди на печалба.
Ако не е свекрвата може да е золвата...или некој друг де... И мојот бивши нема родители, ама сестра му наплати за две свекрви и два свекора наеднаш. Семејното стебло не е со гаранција.
Обично не коментирам ама во твојот пост нешто многу ме изреволтира на што не можам а не пишм. Имаме куче,надвор, мм оди на работа пасвекор доаѓа да го моча( секој ден, по цел ден, нормално и она да не пропушти нешто) иако мм може да го измоча и да иде на работа или на крај краеви да го дадена у лајка (пиши скапо му било горивото тука да живееле. Куче, маче..... Или било кој домашен миленик се чува како член на семејство. Ова што си го пишала е крајно не човечки, не морално и може само злобен човек да го пише. Сега мислам дека свекрвати има провлем со тебе а не ти со неа.
Женички, поише страници има оваа тема него ли за брачни совети.И јас сум една од овие што се замаараат угодуваат.И читав овде, сватив и по моето, дека колку на некој човек ќе му дадеш до значење толку може да го злоупотреби тоа.Еве ние се земавме пред 5 годиниСакав близок однос, фина жена.Во семејните проблеми не им се мешав.Почитував.Знаев дека за некоја година ќе се преселиме.Ајде муабети ,кафе ова она.Мислев ме прифателе ,оно лицемерие да ти било нема што не изнаслушав.Толку нервози поминав ,докажување дека не е така.Сватив дека сме у брак со мажите,а мешањето на останатите некојпат сами го дозволуваме.И еден совет до идните снаи, пресечете што ви смета од сам старт.Не со карање.Секое наредно попуштање се повеќе нема да ве ценат ни мажот, а ни другите.Ако рекле нешто ок... спротивно е од вашето мислење,терајте си по ваше и не објаснувајте.Колку повеќе им давате значење ,толку повеќе ќе си земат сила.
Еве, пошто не го чувам во кревет ни со мене ни со бебе, слободно ќе ти го подарам, комплет со свекор и свекрва за да немаат проблем они со мене! П.с обрати се во тема за домашни миленици, не се јавувај неповикана!
И јас сметам дека е нечовечно да очекуваш ради тебе, дојдена снаа во куќата да го однесат кучето кое веќе го имале во Лајка оти ти сметало што треба да моча, а и не разбирам зошто ако кучето е надвор, треба да се моча. Нејсе, дадете го на некој што ќе знае како да го чува ако толку е голем проблемот, во Лајка ќе го успијат. Ама реално мене снаа да ми дојде во куќата и да ми рече кучето носето го во Лајка, мислам дека никогаш нема веќе да имам исто мислење за неа, ниту пак ќе се понашам убаво.
Сакам да ти воочам дека човек што употребува такви зборови на изразување да го носи на мочање наместо да го носи на прошетка е огорчена и злобна моја констатација. Мене да си ми дошла дома и да ми кажеш носи си го кучето кучето во Лајка, нема да сакам да те погледам а не утре да треба да ти чувам деца. Што се вреѓаш одма? Имам право да ти коментирам ако нешто ми се допаѓа или не па макар и на твоја објава дека се жалиш и кукаш... Кучето можеш да ми го дадеш радо ќе го прифатам ама другите чувај си ги утре ќе ти бидат од помош иако плукаш по нив.
Од збор до збор се согласувам. Некогаш и снаите знаат да претераат, не само свекрвите. Кучето и сметало , а тоа со Лајка невкусен коментар навистина.
@1209 Од едно мочање вие дојдовте до констатација дека и кучето сум го начекала и наследила, е не, кучето е мое јас си го купив, и ако сум огорчена и злобна нема уште 10 кучиња и мачиња улични да хранам, но нема ни преоритет да ми бидат и на прво место пред бебе, се си има свое и за каде. А со тоа "дошла" снаа, не не сум дошла непоканета туку побарана за сопруга, која ќе се грижи и чува својот сопруг. У целото мое "кукање" среќа што на други сте снаи и можеби свекрви ќе бидете. Завршувам со дискусија, одминувајте ги моите постови и чувајте си ги советите за вас.
Епа уште полошо тогаш, од такви како тебе љубители улиците се полни со кучиња и мачки, не врши работа тоа што ги храниш тие 10 улични кога твоето купено си го оставила надвор, без трошка љубов оти сега бебето е преоритет. И јас имам 4 кучиња и да секако бебето ќе ми е преоритет ама никогаш нема да ми текне да ги однесам во Лајка оти му сметаат на бебето дека треба да мочаат. Сосем си во право за работите за кои и ти дадов совет предходно, никој не те обвинува дека ти си крива, најкрив е маж ти што нема уста, али нејсе, јас само кажувам снаата дома да ми речеше за мое куче да го напуштам, не внуци да и чувам, немаше да и зборам веќе.
Само луѓе како тебе кои не се соочиле како проблем на членката, можат да се фатат за кучето. И, да мудруваат дали било човечки. А, тоа што жената кажува дека и се тупнуваат, тогаш проблем е во снаата.
Ако требало баби и дедовци да чуваат внуци тогаш бабите ќе раѓале и ќе си чувале. Среќа постојат секакви установи за било кој дел од животот па немора да се руши редот и да се излегува од колосек. А за гледање и и играње со внуците нормално секој го има тоа право, но и бабите и дедовците имаат право да уживаат во пензионерските денови после долг работен век. И да не сум од корист за да трпам се за они дека ќе дошло ред да ми ги чуваат.