Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.026
    Допаѓања:
    45.913
    Пол:
    Женски
    Кога човек нема оправдување се фаќа за сламки, се согласувм да, баба и дедо не се за чување, го искористив поимот за са нагласам дека коментарот со кучето не ти е воопшто во ред и дека за мене таков однос од снаата кон животно би ми бил одбивен и не би се понашала како што треба, твоите се екстрем, не е нормално што прават ама може има некоја подлабока причина позади целиот тој однос која ние не ја знаеме.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Не ги викај така, ќе дојдат сега домаќинките ќе ти се качат на глава. Навредливо било.

    Каков арогантен однос чудо е како и тој што те зел те трпи. (facepalm)

    Инаку, ти не си му мајка да се грижиш за него,си има тој мајка. :D
     
    На baby-star, Corika и spacegirl92 им се допаѓа ова.
  3. januari19

    januari19 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    Не го потенцирам нејзиниот проблем со свекрвче ( отвори читај ги моите проблеми) мојата не сака да каже дека има внука зошто била со ивф!!!
    Ама ја множам со 0, имам совршен брак за да се замарам со неа што сака нека прави.
    Затоа и немам совет со што би ја советувала како да си ги подобри односите со неа .
    Ама ептен во очи ми падна коментарот за кучето.
    Домашна култура и воспитување се вика нејзниот речник.
    Мене тоа ми покажува дека е себечна и злобна.
    Затоа и пишав можеби подобро да размисли дали е во неа проблемот или во свекрвче.
     
    На CameliaMiller, Ena05, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    2.794
    Пол:
    Женски
    Епа другарки, затоа синчињата ќе си ги учите да се осамостојат на 18 години, да решат станбено прашање и да не зависат од вас. Така нема снаа да ви се тупне дома и да ви рече кучето и смета.
    Аман бе, за кучето се фативте жално било. Какви проблеми се вртат низ темава, кучето поголем проблем испаѓа.

    А и како беше она, нели снаата требаше да биде рамноправен член во фамилија. Зар не треба да се почитуваат и нејзиното мислење, желби и потреби? Или снаа, ви дошла дома па она ќе ви кажува :o
     
    На Anyshka, mssuniquee, mKdevojce и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    940
    Допаѓања:
    5.182
    Да, се фаќаме за кучето оти сите проблеми во групава се ради мажите, не се проблем ни свекрви, ни золви, ни јатрви. Ако мажите имаа поголеми јајца за да реагираат, немаше ни да постои групава.

    И да, прежално е ова со кучето оти животните зависат од нас и ние им требаме за да преживеат, а здрава, права и работоспособна жена може да си спакува куферите и да оди на крај на свет да живее ако и е преку глава од маминото синче, свекрвица и золвичка.
     
    На Mantub, Gosh, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    2.794
    Пол:
    Женски
    Зошто мажите? Затоа што така ги воспитале. Не ги научиле дека цел живот не треба да се врзани за нив, туку да си гледаат жена и деца. Да го прочиташе целото мислење?
    Во тема за снаи и свекрви со реални проблеми, ти браниш кучиња. Најди си соодветна тема и таму постирај напуштени кучиња.
     
    На Anyshka, anastasijaki, Sofi.ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    Кучето не е напуштено, а ако нема место за него или било кое друго куче, Лајка е очигледното решение, нели впрочем тоа им е работата, да згрижуваат кучиња кои немаат домови.

    СДК, лечете си ги фрустрациите на друго место и get of your high horses, Анима мунди!
     
    На no name5, anastasijaki, Sofi.ja и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.865
    Допаѓања:
    41.207
    Пол:
    Женски
    Не згрижуваат во Лајка, ги враќаат на улица.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    1.060
    Пол:
    Женски
    A ti se osamostoi na 18 godini,celosno ,i si go resi stanbeno prasanje ?Za da ne te boli glava od maz ,svkrva i rodnini negovi? I da ne im go jades lebot na tvoite zasto te cuvale tolku vreme polnoletna da stanes?
     
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.026
    Допаѓања:
    45.913
    Пол:
    Женски
    А зошто секогаш со злобни навреди кон бранителите на животни и овоа Анима мунди ви е нешто ко навреда, како папагали. Не и е на Лајка работа да згрижува кучиња кои имаат домови ама сопствениците не ги сакаат, во светот за напуштање миленик се казнува дебело, на Лајка и е работа да го реши проблемот со веќе напуштените кои се на улица, кои патем се од вакви како вас, без совест и душа, да го остават кучето на улица по првата пречка со него.
    И да точно темата не е за тоа, ама ете јас би рекла дека може снаата не ја сакаат оти е нечовечна кон животното и така дојдовме до овој момент. Мојата снаа да се обраќа вака за животни, да ми кажува да го чувам на синџир кучето кое до тогаш имало слободна, да ми го исфрли надвор оти смета дека нејзиното дете е привилигирано, а кучето кое го чувам 10 год не е, и да ми кажува во дом кој го добила од мене што да правам со кучето, е извини ама и јас нема да бидам добра свекрва.
     
    На Gosh, CameliaMiller, Irimiri и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    27.744
    Пол:
    Женски
    Непотребно и се нафрливте на девојката, темата не е за да расправате за кучиња, едноставно има луѓе кои не ги сакат и готово.
     
    На Anyshka, no name5, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.026
    Допаѓања:
    45.913
    Пол:
    Женски
    Да и затоа не ги земаат да ги чуват, таа сама рече дека кучето е нејзино и дека го купила, ама сега кога дошло детето сирото куче завршило надвор,врзано, па и смета дури што доаѓале да го мочаат оти она принцезата нема време ни за тоа. Пази за куче кое таа се обврзала дека ќе го чива кога го купила. Не знам кој е тука за напаѓање, а кој не е е.
     
    На Oneo, Gosh, CameliaMiller и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    27.744
    Пол:
    Женски
    Па го чува!!! Во двор било врзано!!! Што сакате? Да го пушти да скита по улици и после да се жалите дека може да изеде некој? Не сите чуват куче дома на перница посебно ако има дете дома!! Од мојот крај кај што сум е незамисливо дома да чуваш куче. Те прават малумен и никој не сака да ти доаѓа. И јас моите кучиња ги чував во двор, не дома да ми прават влакна, беа и гледани и најадени и избањати.


    Ајде да се вратиме на темата.
     
    На Anyshka, SuperGirl24, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.026
    Допаѓања:
    45.913
    Пол:
    Женски
    Абе цел свет малоумни, само вие од вашиот крај најинтелегентни, остај. Инаку читаш ама не дочитуваш, муабетот беше дека сака кучето да го остават во Лајка оти и доаѓале дома да го прошетаат и тоа и сметало. И те молам смири испади со извичници на крај, не сум ти другарка ниту маж да ми се издеруваш.
     
    Последна измена: 5 февруари 2023
    На Harper, Oneo, Gosh и 17 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Ти би сакала да те врзат во двор на минус температура? И да ти фрлаат храна и вода, да се смрзнуваш?
    Не.

    Епа така и кучето не сака, и тоа сака топлина и љубов. Од такви ко вас што купувате па после во двор врзи ни пати светов.
     
    На Gosh, CameliaMiller, boo3 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    Навредите се од ваша страна, ниту е кучето напуштено, ниту вие овде знаете дали е не згрижено или ненајадено.
    Иако никој не ве навреди мислењата ви се полни предрасуди и претпоставки, работи и детали кои не може да ги знаете.
    Членката само истакна дека свекорот и свекрвата наоѓаат причини за да им се мешаат во животот така да ако никој не побарал од нив кучето да го гледа кое не е нивно на прво место, скроз ѝ ја разбирам фрустрацијата, иако не е решение да го напушти (сепак сметам дека носење во Лајка не е напуштање), туку јасно и гласно да им каже што мисли и очекува од нив
    Кој навредува сега?
     
    На Anyshka, IRBBB, Orchidea и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.542
    Допаѓања:
    20.190
    Пол:
    Женски
    Првото мислење и е од 25.01 и вие сега го забележавте делот со кучето, пошо се појавија од Анима Мунди очи да ви отворат.

    Од сите редови, акцентот треба да го ставите на проблемот за кој е наменета темава. Во врска со останатиот дел, има соодветна тема во која можете да пишувате. Бидејќи, проблемот за кој пишувате навистина постои, ама го решавате на погрешно место, на погрешни начини, со многу навреди и претпоставки.

    Патем, дали ми промакнало не знам, ама нигде не видов пишано дека кучето го чуваат врзано. (?!)
     
    На Anyshka, no name5, Sofi.ja и 6 други им се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.026
    Допаѓања:
    45.913
    Пол:
    Женски
    А дали реков некаде дека е ненајадено или незгрижено?
    Во мое мислење ќе најдеш само факт, а тоа е на нејзиното свекор ми и свекрва ми доаѓаат да го мочаат кучето и наоѓаат изговор да ми се мешаат, па јас реков да го однесеме во Лајка, јас одговорив дека е нечовечно од нејзина страна да го остави кучето некаде каде што најверојатно ќе го успеат оти и смета дека кучето треба да моча. Никаде не дадов друга претпоставка, се што пишав е одговор на нејзино мислење кое е со факти како е кучето чувано.
     
  19. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    Неа ѝ смета дека дотичните си наоѓаат изговори за да им доаѓаат дома неповикани, јас така разбрав. И да го нема кучето како што напишала ќе си најдат нешто друго. Тоа што вие прочитавте несовесен сопственик на куче и се најдовте морални за да ја напаѓате и да ѝ солите памет за детали кои сами си ги измисливте е тотално ваш наратив.
     
    На Anyshka, Oneo, princess02 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.026
    Допаѓања:
    45.913
    Пол:
    Женски
    Уште еднаш ќе те прашам каде виде измислен наратив од моја страна?