Па еве конкретно мене ме интересира како дојде до овој заклучок? Дали ова го прочита од членката или сама си го измисли? Каде членката напиша дека кучето го чуваат врзано? Прво било дома, па надвор, според твојата приказна. Озбилно прашувам, може стварно ми промакнало.
Каде не?!! Се што напиша е твоја предпоставка, нигде не сум се осврнала конкретно за кучето дека го чував дома па дека го врзав на синџир, па дека сум злобна и нечовечно. Од мравка слон направивте ти и таквите како тебе да не ве набројувам. Кажав еднаш ја завршив дискусијата и крај, барај други жртви да соли памет и ругаш, на крај краеви занимавај се со твојот живот и твоите кучиња! Јас се повлекувам, не вреди за вакви како вас поединци да се објаснува, рекла кажала...
Од мене најмалце пати светов во врска со животнитее.Ако сакаш да кажеш дека сум го врзала моето куче во двор на ладно и му фрлам храна колку да не е гладно, грешка си многу. Моето куче (веќе не е живо) живееше подобро надвор и од тебе. Не беше врзано, имаше двор 300квадрата, вода и храна нонстоп, голема кучешка куќичка со ќебиња внатре а татко ми му беше ставил и греалица внатре. Затоа не ми суди мене како сум чувала и дека светот пати од мене, ккога ништо незнаеш.
Не знам зошто куче ако не било врзано надвор, би имало потреба да се моча, ако е надвор и е одврзани ем ќе е мочано ем прошетано, така да заклучокот доаѓа од тука. Како и да е и од мене толку на темава. Вие што не сакате животни ќе најдете илјада и една причина да ги понижите животните, секогаш се на последно место и секогаш се небитен член на фамилијата па нема што да се грижи некој за него кога ќе дојде дете, после детето сите други стануваат небитни. Вие што ви смета дека свекоро и свекрвата доаѓаат во куќа која ви ја оставиле они, седнете со мажот ви и разговарајте си за проблемот, не лечете фрустрации на невини животни оти не ви се криви они што сега немате време да ги чувате, а сте ги купиле со таа намера. Лајка не е решение ниту за улични животни, а не пак за домашни.
Свекрвица за се се фаќа да и се тропне дома, па и доаѓа со мажот и (свекорот) кога човекот доаѓа да се погрижи за кучето. И тоа и смета на членката. Аман веќе.
Значи си измисли. Како може да знаеш дека не е во бокс и колку е голем тој бокс? Зошто одма со напади дека е на синџир, па уште и изјави дека самата членка го рекла тоа. Немаш доблест ниту да признаеш дека измислуваш нови редови нигде напишани. И каква врска има темава со миленици жити се, за да идеш на таков наратив. Поентата на мислењето на членката, која секако дека ја промаши, е друга! Вака како посебен љубител на животни, треба да знаеш дека има кучиња кои не извршуваат физиолошки потреби во двор, научени се на друго место, така издресеирани. Од едноставна причина бидејќи децата си играат во дворот. Секако дека вакво нешто не ти падна на памет, оти твојата логика не перцепира и други можни опции, туку измислува некоја друга вистина.
Aбе ако ја читате дискусијата од почеток ќе видите дека јас бев прва која и даде најдобронамерен совет, кога и пишав најкултурно дека тоа со кучето не е фер со намера да се преиспита дека може е една од причините за тензија, таа ме нападна и почна да навредува, така да очигледно не сака никаков совет само подршка дека е у право, а од мене тоа не го доби оти сметам дека не е 100% во право. Ама како сакате. И ајде нека е кучето во бокс, јас измислувам, се извинувам за измисленото, ама дека на кучето не му е место во Лајка оти не можат да се организираат за едно шетање сум во право и не можете да го оспорите тоа со прекривање на вашата негрижа кон животни.
Никој не рече арам да им е што не ве охрабриле за ИФВ, туку и викале да си посвојат одма (што немам ништо против тоа), ама секој што ја води таа борба знае како е, никој не рече срамота што влагале така без тропање, никој не рече ништо што старите почнале да ги двојат децата тоа што личи на маж повеќе го сакаат. И она на ова ќути и трпи, ама не ЛОША е оти кучето било надвор у двор, а не дома до двете бебиња. Трабало да име време за се со две бебиња.....идете да се преиспитате, вие што највеќе скокате, веројатно на истите вас, некој ви чува деца, друг ви пуни фрижидер...за кучето бе...почнавте со дрва и камења по членката, не оти трпи тортура, туку у афект напишала дека може и да го даде во Лајка...нити го дала, нити го пуштила на улица, ама старите ќе и се маткаат кога сакаат со секакви екскјуз...ама она е зло, не они....срамота!!!! @Inamya одмини злобни постови и не се објаснувај со исфрустрирани што секаде се дрвени адвокати и вадат од контекст работи.
Ti epten ja utna temata so soveti ama aj. Ako si ljubitel na zivotni, ne znaci deka treba site da se. Na nekoi ljuge treba da im nacratas, za da razberat deka ne e problem kuceto.
Дали ги прочита моите мислења од почеток со членката па заклучи фека ја утнав темата? И како вие заклучивте дека никој не рече ништо на тоа ете не знам, прочитавте две страни за проблемот и готово одма никој не рече ништо за проблемот, само за кучето. Ако, важи.
Јас ништо не знам во врска со регулативите во Лајка, не живеам таму. Затоа не ни пишував од тој аспект. Реагирав на измислен наратив, со кој секако дека продолжуваш, за сите нас апатичните кон животни. Да, ја следам дискусијата од почеток. Моја грижа се моите миленици, кои ги чувам во домашни услови со три деца. Така да, не знам кои сме тоа ние кои не се грижиме за животните и/или не ги сакаме. Иако има и такви, ама тоа е нивни избор, не мој. Сакам да кажам, време е да намалиш со претпоставки.
Ако не е врзано само ќе оди да моча/кака, на несоодветни места претпоставувам. Нема да има потреба некој да го носи.
Хелоу! Мислам дека веќе објаснив дека со соодветна дресура кучиња не извршуваат физиолошки потреби во двор. Да, знам дека претпоставуваш.
Луѓе, не знам што ви е. Толку е едноставно и логично. Ако има потреба да го водат на шетање, тоа значи дека кучето е научено да не извршува физиолошки потреби во двор. Што е и нормално, бидејќи пред се се работи за хигиенски навики, а имаат и деца. Ако не е така, врзано или не, ќе прави лом на местото на кое ќе се најде во моментот и нема да има потреба од шетање.
Не не ја следиш, зошто првите мои мислења за проблемов со членката воопшто не го спомнуваа кучето оти сметав дека не е соодветна темата да коментирам, откакод е разви дискусија за тоа, пак јас најфино реков дека не е фер да бара такво нешто за кучето, ама таа реши да биде дрска и да ме нападне така да.
Ваква желба за претпоставки и тврдења, одамна немам видено. Упорност. Те прочитав и тогаш, те читам и сега! Веројатно јас знам повеќе за самата себе, отколку ти за мене.
Членката има само еден проблем , кој гласи МАЖ кој нема м*да да им каже на родителите дека имаат потреба од приватност и да смират страсти за бебињата , односно да не се однесуваат како да се нивна сопственост. Доколку со МАЖ и не го реши ова и продолжи по исто се, фино лепо се пакува и се враќа каде што си живеела предходно, БИДЕјќи, нејзиното психичко здравје е побитно од било кое к*рле кое неможе да се одвои од суќњата на мама. Бидејќи , ова нема да престане и нејзините деца ќе гледаат, слушаат и осеќаат се, а тоа и те како ќе се одрази на нив ( растена во таква средина сум). А кучето кое си го донела и грижата околу него е тотално нејзина и на МАЖенцето нејзино , кое нема 5 драгоцени минути од сабајле да го измочка и тука доаѓа татенце да ги заврши обврските на синчето. Куче или било кое домашно милениче не е само донеси. Секое домашно милениче ( самиот назив си кажува ДОМАШНО) се третира и негува како дел од семејството. Да не ја оптеретувам оваа тема за миленичиња, сите сме свесни како се третира домашно милениче. Проблемот е во МАЖЕНЦЕТО што ништо не превзема.
Ок Лиана, ајде нека е така, си се знаеш самата биди жива и здрава. Членката нека си го реши проблемот со маж и, нека го остави кучето во Лајка па после ќе ја читаме во темата како уличните животни се вон контрола и напаѓаат и треба да се реши проблемот. И така ќе се препираме ние тука кој е во право, она нека си спие во сламата.