И јас со мојата имав еден ред глупости и со золвата и со неа,тркалото се врти јас така велам само треба време и залудно ми биле нервите трошени по нив,сега немам маки ни од неа ни од золвата,додека двете не осетија како е кога ќерка и роди и ги минува моите маки што јас сама ги минав без маж заради нив двете,сега не се замарам сега они велат колку тешко ми било хехехехе каква пародија,а пред година време велеа дека лажам дека не ти знам што ама сега нели додека не осетиш сто стапа на свој грб не болат,колку само солзи имав исплачено ама си реков како они играт така и јас ќе играм само што сум јас човек што простува во вистинска смисла на збор,кога и беше тешко на мојата золва и помогнав иако не сакав да ја видам,после тоа што направи моеото дете да расте на почетокот без татко,аууу кога само ке ми текне низ што се поминав и како денеска и за најмали ситници знам да се изнервирам,е сега повеќе не им ќутам кога одам кај свекрвата си го кажувам тоа што го мислам без разлика дали на неа тоа и одговара или не исто и со золвата,зошто сметам дека во мене било кривицата сум ќутела да не ги повредам,ама не друго оро се игра,некни бев на госте и ми вели како ќе ми олеснело да го носам на градинка од сабајле до поручек,јас ни две ни три и велам јас него не го носам на градинка од разни причини,а кога ќе сум тргнала на работа па викам кога ќе тргнам за тоа се тука бабите додека да потпорасне ,па она као демек не може не ти знам што хехехе,си велам можеш можеш и те како можеш,после неколку дена го оставив на чување итоа ненајавено ние си отидовме на госте и така си правам сега на неколку дена го оставам да го чува па нели внуче е ,не само мајка ми да го чува зошто не и таа и така малку си ја пуштив душата,е сега за мажот ми мајкар невиден али и со него полека се оправаат работите али се со смирено и тактички,па за дзабе не велат искуството си го прави своето,кога никогаш не си бил во такви ситуации не знаеш ни како да се снајдеш,ама со тек на време се научуваш да живееш со тоа и да наогаш решение
според мене свекрвите ја црпат својата сила од мажите односно нивните синчиња. ако свекрвата е така настроена да се кара и гледа дека син и повеќе ја сака и почитува и ја слуша мајка си отколку жена му ќе расте како квасец и ќе си дозволува се и сешто. ако синот пресече и биде јасен и гласен дека со мојата жена ќе се однесувате со почит, љубов и разбирање тогаш не постои свекрва што ќе се изживува врз снаата.
Темава станува страшна за читање.Од некои мислења сум згрозена, навистина.И не дај боже утре да добијам снаа која ќе ме гледа како свој непријател.
Како ќе се поставиш ти спрема снаата така и она спрема тебе...Ако ја гледаш снаа која дошла да става ред во куќата, а не како жена која ја сака твојот син и која ја одбрал да биде негова животна сопатничка е тогаш е тешко. Треба да ја сакаш снаата како своја ќерка и тогаш се ќе ви биде мед и млеко. Еве на пример јас ќе земам нешто да средувам низ двор (бидејќи јас сакам да биде убаво среден, а не се и сешто на сите страни) мене свеки ми вика ти вчера дојде и сега ќе ми кажуваш мене како треба!!! Додека јатрва ми несмее збор да и каже и како што ќе каже свеки така она прави додека јас не и ќутам и она ми вика...Како не ти се срам да ми враќаш јатрвати колку години е тука никад не ми вратила а ти вчера си дошла и одма ми враќаш??? Епа како сака јас да имам почит спрема неа????
Баш така, како ќе се поставиш - така и ќе се однесуваат со тебе. Со самото тоа што ти сметаш дека дворот е „за никаде, со се` и сешто расфрлано“, и` ставаш до знаење дека НЕ ЗНАЕ КАКО ТРЕБА, и ти дојде за да и` покажеш. Не дека не треба да се прават и прифаќаат промени, ама многу е битен пристапот. Тоа што ти си „јака и не и` ќутиш како јатрвата“ не покажува ниту докажува било што, освен дека тврдоглавоста ви ја уништила смислата за дипломатија, и сега само со роговите се докажувате. И како да има свекрва ти почит кога ти сакаш да правиш како ТИ сметаш дека е правилно, при тоа расправајќи се за да докажеш дека имаш свое Јас?
Во светот на бајките да Мислам не е нормално нити пожелно ова . Ќерка е ќерка , снаа е снаа нема потреба за мешање на работите , само почит и толеранција ама од двете страни . Нешто што ме чуди , е што многу снааи не чуле за почит кон постари луѓе . Не велам јас да се трпи све и свашта , ама некоја основна култура . Еве баба ми на времето и велелa на мајка ми да ми стави даска на челото како бебе да немам испакнато чело мајка ми ја ислушала и се насмевнала не се расправала , пак по нејзино си терала ама не се трудела да и докажува колку не е во право или проста , сепак постара жена почит тоа не учат од мали почит кон постарите ...
Ама јас не го вреќам дворот...имаме огромен двор а башка и чуваме некои животинчиња така да мислам дека малку треба да се среди...иначе на почетокот и јас ќутев...ќутев ама еден ден кога веќе видов дека почна да иде преку мене е тогаш пресеков....Иначе мимииииии јас не викам во буквална смислам на зборот ЌЕРКА, знам дека неможе да биде исто, но сигурно може да ја прифати како избраничка на синот!!!
извини вака ама муабетов ти е за никаде... треба цел двор да е во хаос? малку и свекрвата треба да цени тоа што снаата средува... ние сме две фамилии во дворот и ме ужаснува самата гледка на дворот токму поради ова... нашата страна е средена со трева со клупи а другата е и сепак не во секој случај ако снаата смета дека е правилно да среди јас не гледам ништо лошо туку свекрвата е таа што се фаќа за ништо. сигурно снава не е будала да средува средено или бадијала работи бадијала не седи?
Дека не може секогаш и секаде да има љубов, разбирање и почит, не може. Ама понекогаш мислам дека некои (било снаата или свекрвата) во склад со односите дома (со мажот, синот) ги започнуваат и тие кавги меѓу себе. Затоа што ми е тешко да поверувам дека среќна и задоволна жена дома со својот сопруг ќе се замара многу со ситници и ќе започнува од ништо кавги. Па после пошто дома не иде како подмачкано, сите ни се криви Ова објективно разгледување на немажена да не ме карате дека се мешам. Мајка ми (не дека ми е мајка) какви неправди има трпено од баба ми, па ја немам слушнато да се скарала со неа низ годините. Или можеби е до карактерот Дека нема секаде убав соживот, стварно нема и некаде со игнорирање, некаде со кавга се борат снаите/свекрвите. Ама за, извинете ми, глупости...стварно сами ја создаваме целата негативност.
Не е за џабе кажано и тоа дека различни генерации потешко се разбираат, па и ние се караме и расправаме со родителите, но не е толку страшно зошто тие ни се мајка и татко и пак на крај ке се разбереме, мораме да се смириме и некој да попушти, тука е малку поинаку зошто имаш на кого да се жалиш (на маж ти) и да ја обвинуваш другата страна и полесно можеш да се оделиш и да не ти смета свекрвата во животот. Е сега не викам дека е исто зошто она не може да те сака како што те сакаат родителите, туку зборам за она разбирање или неразбирање помеѓу постари и помлади... на пример баба ми ке каже "Срамота си дошла дома во 2 саат нокеска", а мајка ми ке и каже "па добро нови генерации покасно искачаат" и она ке промумља нешто ама мајка ми не и оди контра на тоа се завршува, не сега ајде ке се препуцаваат до утре сабајле за тоа како мајката си го воспитува детето. Инаку баба ми и те како знае да изнервира некого, али сето тоа е незлонамерно и наивно, ама и мајка ми знае да преќути многу и да трпи, сепак баба ми и многу и помага бидејќи мајка ми не е добра со здравјето и она тоа го почитува... некогаш ке ми се пожали на мене, на татко ми за некоја ситница ама со неа не се расправа се заради добро соседски односи
Јас мојата бивша свекрва прв пат ја запознав на веридбата...катастрофална грешка бидејќи, тогаш и со тој ум го маргинализирав нејзиното значење т.е не бев ни свесна дека некој може да биде толку прост, злобен и себичен за да го уништи бракот на сопственото дете..Уште тогаш од тој прв момент осетив некоја негативна енергија која се обидов да ја игнонирирам..ама ете се покажа и докажа дека интуицијата никогаш не лаже. Наместо првите брачни денови да бидат најубави во мојот живот од ден не ден јас се повеќе тонев во депресија и очај благодарение на неа и нејзиниот инфантилен син. Со целото свое срце и душа се трудев да бидам добра снаа ,само јас готвев,само јас чистев,јас бев бебиситерка на децата од нејзиниот друг син но,колку и да се трудев никогаш не беше доволно.Колку што бев подобра ,повредна , поприфатена и фалена од околината таа се повеќе наоѓаше и измислуваше маани,се повеќе зад грб ме огавараја со синчето и смислуваше тактики за да ме оцрни,штом дојдеше некој на гости мораше да каже нешто негативно за мене иначе жива немаше да остани..Караниците за банални работи станаа секојдневие(пример зошто не сум го изметила дворот туку сум заминала на продавница) улогата на нејзин потпарол се знае ја имаше маминото синче. Јас не очекував да ме сака како ќерка она што го очекував беше основна почит и разбирање најпрво како кон човек а ,потоа како кон снаа.Од моја страна никогаш не беше навредена иако тоа што ми сметаше јасно и директно го кажав пред неа за разлика од неа што се правеше курвински позади грб!.Ама и тогаш ја изврте работата и се направи жртва..како неа никој не ја сака Епа сега со ова искуство научив дека не се бира само маж туку и фамилијата!Дека колку и да се трудите да бидете добри,културни и перфектни..некој таму заостанат и злобен тоа нема да знае да го цени и дека не секој ја заслужува вашата добрина и посветеност. И Најбитно од се бракот со мамино синче не е брак!!!Искуството е најдобар учител но,воедно и најскап!!! Јас ја платив цената!!
^ Катастрофална грешка била изборот твој за маж а не дека на ден на веридба си ја запознала свекрва ти.
Јас направив многу грешки..првата се согласувам со тебе е погрешниот избор на маж сега веќе бивши. Втората грешка што ја потценив вештерската моќ на свекрвата. Третата грешка што бев премногу добра со некој што не заслужува. ама еден ден пукна филмот...
Јас мислам дека додека не отидеш дома да живееш со него не знаеш каков е ,зошто и јас така на почетокот кога ми беше дечко си имавме супер однос еден со друг си одевеме околу 4 год и после решивме да се веривме,и кога стапна моја нога во станоти кога почнав да живеам со свекор,свекрва и золва почнаа маките,почнаа да го вртат како тие сакаат и да дојдеме до степен да се разведеме јас да одам да живеам кај моите со малечко бебенце,се помина и нека оди во пуста гора како што кај мене отиде така и кај сите што имаат такви маки,сега сме си оделно и си имам супер однос со нив,па родители и сестра му е на мажот ми не можам против тоа,како ни против моите родители нели,ама затоа далечината ги прави поубави работите отколку близината,ама се додека постојат заедници ќе постојат и несогласување,кога секој ќе си живее свој живот оделен од другите мислам и дека нема некој такви проблеми,барем од кога сме си сами ги нема тие кавги и мажот ми се промени,сега процесот е долг ама мора да се издржи,барем така нема да го помине животот под сукната на мама,инаку имам еден роднина што три пати е женуван поради мајка му се не и се свиѓале снаиите,и третата си има отидено од неа но по нејзината смрт пак се имат прибрано и сега си живеат супер без никакво мешање на стари
Да бракот и врската се две дијаметрално спротивни работи. Кога си нечија девојка не можеш целосно да увидиш туку само парцијално какви се внатрешните односи и влијанија на неговото семејство...посебно на мајка му и степенот на поврзаност со неа. На почеток Човек си мисли дека љубовта,почитта и толеранцијата се доволни за да се надмине секој проблем..ама не секогаш испаѓа така.Се си има своја граница и трпение и се...не може некој тоа до бескрај да го злоупотребува!! Мило ми е што сопругот на крај се свестил и сте го зачувале бракот... Кај мене тоа не беше случај.Јас кога почнав да се бунам и да си ги барам своите права како сопруга ме обвини дека сум сакала да го одделам од мајка му Тој не сакал да се дели од мајка му!! А воопшто не беше така..јас не барав од него да не ја сака или почитува мајка му туку барав исто така почит и разбирање за мене,ги барав правата на една сопруга ама кој да разбере...слепата љубов кон мајка му му ги затвараше очите пред вистината
пепуш јас знам да речам понекогаш во себе се е лудо. вистина се е лудо, јас да не се тие би имала прекрасен брак и невиден спокој. но нешто изгледа мора да фали едно е јасно никогаш нема да дозволам моето дете да ги гледа и слуша овие работи. работите некако се смирија само незнам до кога, не го имам видено денес господинов каков е а не ни сакам да го видам. не ми требаат нивните нервози јас треба деца да гледам да воспитам а тие сто сакаат нека прават.
Многу е подобро кога не живеете со свекор и свекрва. За среќа, моите свекор и свекрва живеат во друг град и ги гледам 2-3 пати годишно. Ако живеам со нив, ќе имам проблеми. Ама само со свекрвата. Вака, кога ќе отидеме таму што и да ми рече свекрвата се правам дека не ја слушам. На почетокот таа многу се мешаше и со маж ми постојано се каравме. Еден ден ми пукна филмот и му реков дека ако продолжи да ја слуша мајка му, ќе си заминам со детето. Оттогаш се сменија работите. Веќе не ја слуша мајка му за ништо. Моја братучетка сакаше да се разведе од маж и заради свекрва и. Таа многу и се мешаше, а маж и цело време ја слушаше мајка му. За среќа, тој се освести на време. Според мене, се зависи од мажот. Ако мажот постојано ја слуша мајка му што ќе му каже, бракот нема да успее.
Спојлер Не мислиш ли дека важи и спротивното???? Мислам дека за се треба да постои разговор и договор.Сосема погрешно е да се истапува со надменост и сезнаење!