Тоа е до луѓето. Плус не се согласувам, како може да прават што сакаат? Еве имам стан на мое име, имам киријаши и да одам да правам што сакам ли? И старите најубаво да кажат со време, па секој да си бара чаре, а не да го "дадат спратот", па после да си покажуваат рогови. Ова е пример ,јас живеам посебно. Кај нас, плацот само беше на име на свекор на почетокот, сега е решено тоа, но ни претходно, ни сега не влегле кај нас, па уште да си седат и да си прават што сакаат. Ни клуч не сум дала од мој дом.
Има и полоша варијанта од тоа свеки да ти ги зема нечистите гаќи од корпата од твое купатило во кое имаш твоја машина и да ги пере. Мојава одбрала само тоа што е од син и. Значи детално префатила се иако и е нагласено повеќепати да не чепка во корпите со нечисти алишта.
Истата ситуација ја опишав и јас. Во мое купатило со нова машина за перење. Ниту еднаш не исправ наши алишта нит заедно со нивни, нит во нивна машина. Ќути, ќе ти кажат тука, си си го дал г**от под кирија па имаат право да ти буричкаат и по валканиот веш. Си го осеќаат како нивен.
Хахаха и пак ќе пишам и мојата е иста.. Преку 1000000 пати и е речено да не чепка у корпата и пак си чепка ама ги зима само од син и алиштата да ги пере и нив ги пружи
Таа твојата ептен себична да ти била . Ако биде нека биде како што личи, комплет со се' на снаата гаќите кога веќе ги видела во каква состојба се.
Море ич нека не чепка кај што не и е место За алиштата се си знае она кај што стои во собите и што имаме хахаха коа не сум дома прави претрес ама и свекорот ко свекрва у моја соба зошто ова ми стоело ваму а тоа таму му сметало на него
@Marmarin koga so covek nemozes da se razberes ednostavno digas raci,sto zela zela...zimam si kluco i cao dzaci. @riba79 toa samo zaradi maz mi nikojpat ne bi go napravila. Ednostavno ne zasluzuva takvi roditeli,makar i na nego da mu nastetat samo niv da im e dobro... Sum zborela,se karav,gi ignorirav... no se dodeka se roditeli na maz mi moram da imam granica samo zaradi nego,sepak on e toj sto resava se...fala mu na Gospod sto go imam do mene so takva neizmerna podrska. Inace da vi kazam imam 7 propisteni na mesanger denes od nea ocigledno nekade gori
А да ви влезе комшија или роднина и да ви буричка, нема да го избркате? И тоа одма. Нема на форум да прашуваш што да правиш. Свекрва влегува зошто знае дека си е дома и снаата потсвесно знае дека си е дојдена. И реално нема што да и се рече зошто може свекрвата да ти каже дека повеќе не ти е дозволено да живееш тука. Кираџии си плаќаат кирија, тие месеци што плаќаат, не ти припаѓа станот или куќата, платиле и нивно е тие месеци. И со кираџии се прави договор на нотар за времето што живеат тука. Затоа е битно на имотен лист да е твое. Снаите се дојдени, мислам може слободно да викаме дека не се, ама темава уште ќе продолжи да си се полни, ми влезе во соба, ми ја пушти машината. Ако ти влезе некој, не му се мислиш многу. Ако му се мислиш, значи не ти влегол тебе, си влегол кај него. Не романтизирајте нешто што во реалност не постои. Да се нема каде да се оди, нормално дека ќе се трпи. Ама некои имаат да вложат колку толку, наместо да се прават свадби со 300 души и парите да се вложуваат во спратови, можат да се вложат во помало станче и да не се живее во илузија дека ќе имам право на куќата исто колку што има право свекрвата или свекорот. Од друга страна какви работи се пишувале на темава од снаи. Чувале куче свекорите, доаѓа снаата и смета кучето нека го фрлат. Еве јас да сум свекрва, да ми рече некој да го фрлам кучето што го чувам 10 години, ќе ја вратам на поседок кај мајка и 2 недели. Ако не се врати со поголема почит и толеранција, следниот поседок ќе и биде 2 месеци. Може да рече Не си одам моја е куќава? Не може. Јас ја плаќам со години, ја градам, ја декорирам, кредити подигнувам, снаата ќе ја почитува максимално. Не ја почитува, вратата ете ја. Или снаата дошла и се чуди золвата зошто уште седи кај мајка и, и смета на снаата, нека си оди. Ќерка ми да си оди, за снаата Во оваа ситуација нема поседок, дирекно се преминува на давање 1 недела рок за пермаментно одселување. Реалноста е вака, а на кој начин ќе романтизираме, тоа е друго.
Не, не. Мојава е бетер од твојата. Мојава ги одбрала само од мажот ми, значи парче по парче има проверувано кое е мое, кое негово.
Отиде многу далеку ти со постов. Уште десет други теми има во него за релациите снаи-свекрви. Точно, нема полошо од живеење заедно, макар била куќата и палата на 30 спрата. Фала богу јас сум била во можност да се снајдам, да работам и да си обезбедам кров над глава кој не вклучува свекор и свекрва под него. Бај д веј, не побарав од никој совет тука, туку само се надоврзав на членката која има уште поголеми проблеми од неа. А тоа дека има многу членки со вишок време кои гледаат на секој начин на отворат 50 страни дискусија не е мој проблем. Пред некој месец ја напнаа членката која пиша дека ја принудувале да ги пере алиштата на свекор и свекрва и се испишаа безброј страни со мудрости за тоа кој како треба да живее. Јас се одјавувам тука.
Не е до клучот... до човекот е. Кај мене стои клуч од сосетката, за секој случај. Ако на пример син и заборавил клуч го зема тој од кај нас. Или се има случено да порача на неколку пати да побара да и вклучиме бојлер или клима. Влегувам, вклучувам бојлер на копчето в ходник и си одам. Не и проверувам корпи со алишта, фрижидери, регали... До човекот е, не е до клучот.
Темава е тема, ќе си пише кој сака и што сака, не значи дека некој тебе конкретно ти дава совет туку се надоврзува и пишува нешто што сакал да пише. А пред некој месец не знам што се случило, ама ако очекувате дека ќе пишете на интернет проблем и 100 % ќе сте поддржани, интернетот не е место за тоа зошто некогаш проблемот е во постапките на снаата, не на свекрвата. Која е поентата да прашуваш за совет ако нејќеш да слушнеш мудрости Инаку не мислам дека уште 10 теми се во постот, едно исто постојано се врти, да не се живее со свекрва, а ако не се живее, да не се дава клуч од дома, буквално истото решение е на сите проблеми од темава.
А на свекрвата ли е куќава и што сака ќе си прави може и да те избрка од "нејзината" куќа ? А знаете дека и свекрвата била снаа и дојдена во куќава? Не е на свекрвата куќата туку на тој што е пишана во имотен лист и не смее да те избрка она и да ти раководи со твоите лични работи, а ако си дозволи такво нешто значи ни син и не си го сака. Јас што сум си направила во куќава си го сметам за мое и не смее да ми го чепка, не и се дава никакво право нити пак смее да си дозволи да ми влага кај мене во дневна кујна и да буричка а за спална да не зборам!! Не знам како не се читате (слушате) што зборите!
Релацијата е едноставна. Со разбрана свекрва и маж од кого имаш поддршка е прелесно. Со неразбрани луѓе е тешко. Ама ако си кај свекрвата дома, не можеш да изведуваш како сакаш како не. Ако не ти одговара имаш опција кирија и кредит. Ако сакаш малку да вложиш на спрат, тогаш ке си трпиш од домаќините.
Јас напишав дека не барам совет туку се надоврзав на постот од една друга членка која пишала дека има проблем со тоа што свекрвата и буричкала по спалната соба. Сите го знаеме кое е решението но нема издржан и оправдан аргумент за тоа дека свекрвата има право да ви буричка по валканиот веш ниту по спалната соба и точка.