Ама јас не знам кој ти даваше тебе совет дека 2 пати викаш не си побарала. Јас не те цитирав тебе. А прашав која е поентата да бараш совет пошто напиша дека некоја членка неѓто напишала пред неколку месеци и ја напнале сл мудрости. Значи не зборував за тебе. А за другото, дали е издржан или оправдан не е битно, битното е дека да знаеш дека нема право одма ќе и писнеш. Ама пошто сите знаеме што може да се случи ако се пренервира свекрвата, затоа не се писнува. Што ќе и смени на некоја снаа ако јас на форум и речам Да, не смее свекрвата да ти буричка. Ништо баш...кога не можеш проблемот да го решиш во стварност.
Да речеме на маж ѝ е. Кога ќе биде на маж ти, тогаш чаламот. До тогаш, не се споредувајте. Ако на ваш или маж ви или на заеднички ваш спрат, стан ви влагаат, до вас се. Со кој памет клуч бе им оставате? Сама живеам, никој нема клуч од станов. Ни моите. Аман.
Куќата е на мажот на свекрвата де, на свекорот. И вашата куќа нека биде на маж ти, тоа збориме. Тие се сопружници, тој со нејзе ја дели куќата. Ама ако е така ко што викаш, еве сама кажи, колку пати имаш пишано на темава, зошто не и рече нејзе дирек се што ни кажуваш нас? Вака од впечаток од се што си напишала за нејзе, ми изгледа на жена што е во состојба и да ти рече да си одиш, ако се изнервира ептен.
Епа на маж и е. Еднаш свекрвата сакаше да ме избрка а да сум го оставела детето тука, маж ми и рече ако си идат они ќе си одам и јас и МАЖ И нејзин рече ти не смееш никој да бркаш од куќава не е твоја, моја е јас можам тебе да те избркам ако спомнеш уште еднаш такво нешто
Може на жими мајка да ја избрка, ама ајде, толку се разбирате Ако има пари да ја исплати после бркањето. А ти ѝ рече дека не е нејзино, да не копа по работи, да не се качува? Или?
Никој нема никакво право да чепка во туѓа интима,фиока или работи. Не се чепка ни во работи на свое возрасно дете. До култура е , не до имотни листови. Инаку ко за современи женски многу сте за бркање снаи. Немала право снаата да зуцне ,натрапничка една ,ке летала,аман @Mantub со твоиве муабети за дојдени снаи. И од золвата не е, без разлика што е керка.Така и она може да лета
Нормално дека ако снаата се всели во куќата на мажот, не е нејзина. Единствено само ако не ја купила. Не знам со кој памет се вложува во куќа која не е моја.
И да ѝ плати оштета, бидејќи живеела Х години таму, а ако не работела никогаш, пак добива, плус треба да ја издржува некое време... не може баш да ја избрка туку така, ама ок. Небитно. Нема да ја избрка ради снаата сигурно. Ич не разбирам вложување во спратови на свекори, ама ок. Ај бар на мажот да е. Ама на свекор бе. Него пак останува прашањето, зошто од ваше давате клучеви кому било?
А бе ај така нека е, ќе се тешиме. Затоа секој ден на темава - вака и вака ми се деси со свекрвата, совет? Ко демек на другите ќе им текне некој магичен совет за проблемите што ти нема тебе текнато.
Точно така. Старски муабети. Јас не и чепкам во нрјзино нити она сакам у мое. Никогаш од кога живеам тука не сум им влегла у спална нрма што да барам мајка таму, тоа си е нивно интимно место.
Па реалноста е дека ќе ја одбере жена му пред снаата. Ама ајде, ако е за тапшање, тапшајте се, што да ви кажам. Сељачки е да брцаш по туѓи алишта, лол, да ми речат па нема да брцнам оти втф, ама си знаете со кој имате работа. Клуч, заби, ватевр.
Да де, оти реалноста ако ја кажеш, назаден си. Ако ѝ кажам на некоја свекрва ти е сељанка, баш ќе ѝ помогнам. А таа што ѝ ќути и секако дека бара совет што нема да го примени, друга работа.
Јас живеам на ист спрат со нив ама си имам посебна дневна кујна и спална нормално и тоа е мое катче, треба да сменам брави и да ставам клуч на врата
Ами никој не вика дека има прво баш во гаќи да ти чепка. Муабетот е дека во нејзин дом, хировите ќе и ги трпиш зошто ете ко твојата ќе се дрзне да те избрка. Не треба да ти чепка во гаќи, во чанта, не е тоа спорно. Спорно е дека ако и твојот свекор бил ист ко неа, ти и маж ти и детето досега ќе бевте избркани, така? И што ако дојдеше и маж ти со тебе и те поддржеше, кога цел живот ќе знаеш дека од некаде си била избркана. И сто пати да ти кажеме ние на форум во право си, не смеела да ти чепка во гаќи, што дека. Таа имала предност во моментот и целата поента е да не дозволите (доколку се може) да и давате таква предност. А тоа се прави со сопствен дом, не со расправање и докажување.
Ама дали те разбира бе чоек? Или имаш мака? Разбран чоек ќе те разбере, неразбран и прост нема да те разбере и да нацрташ. Работата е да си решиш проблем и да не се нервираш, а не како ќе и' кажеш.