Форумџика на годината

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Еххх на шала, на смеа, затоа не те сфаќа сериозно.
     
    На Angie1432 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  2. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    760
    Пол:
    Женски
    Маж ми имаше една соба.Таму седевме ние и у заедница.Правев генералка.Нормално скршени предмети фрлив.Излегувам надвор свекорот и свекрвата ги превртуваат кесите...со се влошки мои...помизерно од тоа нема.Да виделе што сум фрлила.Ја прашувам, добро нели ти е срам, влошки има ,на тоа добив, еј па ти од мене се срамиш хахахааха.Маж ми и спомна тие ко на Тошо.Такви луѓе ниту имаат срам ни ништо.Кога бев дома,културно чукаше на вратата за да влезе ете култура..Имавме потреба ставив мини камера.Шо да видам, си отвара плакар,шњура ,отвара фиоки....
     
    На Anyshka, Brpbrp, Watermelon96 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    8.238
    Пол:
    Женски
    Затоа треба финансиска независност и осамостојување. После стапување во брак.
    Да се трпат вакви глупости нема смисла.
     
    На cresa-jagoda, Brpbrp, Aschenputtel и 2 други им се допаѓа ова.
  4. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    760
    Пол:
    Женски
    Си земаше мои алишта ,си носи .Еднаш гаѓи ми зема два пара...Седиме така јадеме сладолед и ми вика "ти лижеш" и се смеее онака цинички .Ја се запрепастив и и реков А ти?Настана штама...Тиа се луѓе посебен калибар.Има безобразни снаи не велам не, а има и поголем број што снаата ја гледат како заморче.А не нечие дете и нечија жена.

    А проблем ,е кога тие мажиња се прават слепи.Они ништо знаат ,ни слушааат.
     
    Последна измена: 8 февруари 2023
    На Anyshka, Radmilla, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.396
    Допаѓања:
    20.130
    Пол:
    Женски
    Ако старите се согласиле сами да дозволат на младите да живеат на спрат кој они ќе си го опремат не треба после да им тријат на нос и да си прават што сакаат. Ама такви се ретки повеќето се безосет, прости и мислат дека младиве треба нозе да им бацуват ако спрат им дале. Никој не ги терал со сила, снаата не е донесена со сила во таа куќа па да биде крпа за бришење. Треба да се има взаемна почит ама тоа тешко со овој менталитет. И кога ќе кажете требало да си купат свој стан, дрн дрн како божем не знаете кај живеете, пари за стан и за опремување на спрат не е исто стан ти треба минимум 50.000 илјади евра, спрат можеш да опремиш и со 5000. Не секој може да подигне кредит за стан. Знаеме тука сите најспособни, најдобри и најмајки се собрани не мора да се фалите. Посебно некој членки што до пред некое време се маваа во гради како они свекрви не фермаат, нема шанси да им се мешаат, а наеднаш бранат свекрви. Не се сите свекрви криви нити пак сите снаи криви.
     
    На Anyshka, Harper, H.VAGA и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.233
    Допаѓања:
    14.294
    @Mantub не се удирај многу во гради. Претпоставувам имаш деца. Многу си себична извини вака.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.022
    Допаѓања:
    276.507
    И кое е чарето ако ете свекрвата нема осет?
    Не е во право, ама и' се може. И?
     
    На MilaSs12 и Mantub им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Не бранам јас свекрви.
    Само не бранам и снаи по секоја цена ко што се очекува на темава.
    И јас имам безобразна свекрва, ама над 70 год има, не очекувам нешто повеќе од таа генерација, сите се такви, во ред е.
    Не фермам свекрва, во смисла, ако дојде дома и ми чепне во гаќи, не чекам ни форум ни маж да дојде да ја опраи работата.
    Ама право на тоа имам затоа што јас па кога ќе одам дома кај неа, едно пенкало не поместувам без нејзина дозвола. Не се правам шеф во нејзиниот дом.
    И нервози немаме ни јас со неа ни таа со мене.
    Е сега ако здраво поставени граници ги нарекувате најмајки и најжени што да ви кажам, негувајте си таков однос со свекрвите.
    Финансиски веќе реков 2 пати, ако не може, нормално дека ќе трпиш, ама па само во Македонија мора во свое да се живее, трагедија е ако се оди под кирија.
    Цел свет живее под кирија, не е ништо страшно, страшно е да немаш мир и да ти се распадне бракот.
     
    На Nausicaa, 1209, Oneo и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Извинато.
    Ако на снаата и е себично, нека си бара од мајка и и од татко и.
    Досега тоа што сум читала е - на брат ми да не му земам.
    Родителите ако не ти дадат, со која самодоверба се чека од свекор и свекрва да ти дадат.
    Големи очекувања, големи разочарувања.
     
    На januari19, H.VAGA, Oneo и 10 други им се допаѓа ова.
  10. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    760
    Пол:
    Женски
    Па и јас ништо не правев ,во нејзина куќа, без дозвола.Па си зема за право.Сами купививме плац ,и направивме куќа со огромна подршка и помош од моите.Тие оговараа ,пљукаа,колнеа и што уште не.Помош од нив 1.Ама снаата не ги почитува.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.396
    Допаѓања:
    20.130
    Пол:
    Женски
    Да не ве тагг, со некој луѓе просто не можеш ни граница да поставиш буквално, колку и да звучи чудно. Решение е што подалеку од старите ако се неразбрани, кирија или гледање да се оди некаде надвор. Некој дури ни тогаш не ги оставаат младите на мир, ама пак полесно е од постојан контакт со нив. Тука најмногу е крив мажот, ама и он некогаш не може да се разбере со неговите.
     
    На Anyshka, Brpbrp и Осе им се допаѓа ова.
  12. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    4.146
    Допаѓања:
    63.680
    Пол:
    Женски
    се засркнав со кафево од реченицава..:D

    Уште долго ќе има вакви случаи и ќе се разврзува темава...еве незнам како на свекрвиве не им е смачено секој чекор на децава да го пратат, да се бутаат по соби ..колку треба да си прост за таква работа(facepalm)
     
    На Anyshka, LUCI 99, Luna91 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.557
    Допаѓања:
    26.295
    Пол:
    Женски
    Ако си решена за аларм пиши ми лп, ќе ти дадам контакт од дечките што местеа кај нас на раб.
     
  14. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Кога снаата иде кај сверквата и свекрвава и отстапува спрат или соба сеедно, значи дека се откажува од тој дел што го отстапила. За возврат делат сметки, храна и сл.
    Ама никако не значи дека има право да влезе и да чепка по веш, регал или сл.
    Јас како снаа ако така се дрзне да ми ја чепка приватноста, јас ќе ја пратам на поседок не она мене.
    Како воа сте се научиле нејзино е та нејзино е. Ок, е. Ама тука се зборува за нарушувањ на приватност.
    Полошо од да ми го чепка вешот валкан мислам нема. Нема оправдување па макар имала три тапии на куќата.
    Заедница значи взаемно прифаќање, се друго е глупоќа. Ако она не е спремна на компромис може слободно да не поклони дел од куќата, ама нека каже јасно. Вака е низок удар.
     
    На Anyshka, Harper, lia22 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.233
    Допаѓања:
    14.294
    Кој збори за наследство? Нели зборевме свекрвата што чепка на спратот каде што живеат синот и снаата, а снаата треба да молчи оти е дојдена ( тоа се твои зборови)? Ама ок, ти си го изрте муабетот.
     
    На Anyshka, Осе и princess02 им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Ама реков веќе за вешот поназад, дека е безвезно, е, па и другарка да ти дојде ко гостинка дома нема да и чепкаш во чанта пошто дома ти е дојдена.
    Ама ако нема разбирачка што ќе ти смени да ти речам дека не смее да ти чепка во веш.
    Кога знаеш и сама ако се искараш ќе ти даде до знаење дека ти одстапила соба.
    Во тоа е целата поента да не се живее со неа.
    Секогаш не може, не секој има доволно пари, ама има многу што имаат доволно, скромно, ама доволно, ама полесно е да се жалат.
    Батучедка ми кола од 4 илјади евра купи, на старо, платена во кеш.
    4 илјади годишно се 300 евра месечно, и поефтина кирија се наоѓа.
    Ги штедат тие пари секоја година, не дека не ги штедат.
    А стално збори за свекрвата дека да може, одма ќе си оди.
    Е што совет да и дадеш неа ајде :D
     
    На CameliaMiller, Just.do.it и andrejko82 им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.637
    Допаѓања:
    200.037
    Ама тоа е исто со сите стари, не само свекрви. Мајка ми лично е бетер од свекрва, ама па среќа не живеам со нејзе. Не живеам ни со свекрва, ама има луѓе со осет и луѓе без, луѓе што се нервираат за сенешто и такви што не се нервираат. Реално, да не живеевте на спрат кај свекрва, туку кај мајка, ќе беше ли нешто поинаку? Чисто хипотетичко прашање, до никого посебно и до сите.
     
    На elimkd, CameliaMiller, MarijaMi90 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.396
    Допаѓања:
    20.130
    Пол:
    Женски
    Ако и мајката на жената е без осет исто ќе биде.
     
    На bertold му/ѝ се допаѓа ова.
  19. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    760
    Пол:
    Женски
    Јас ви гаранитирам дека ,ваквиот калибар на луѓе се такви.Без разлика дали се свекор ,свекрва ,на работа, со роднини ,пријатели.Толку многу се имам изнаслушано како зборуваат за нив.Тоа е човек да,се запрепасти.Свекрва ми ги кодошеше колешките на шефицата и ги бркаа ,а пред нив се правеше душа.Телефонираше пред мене.Гледаа да ги зафркнат луѓето што се цело време со нив , им помагаат, човекот се намачи овие сакаа да му го украдат.Со роднини исто.Син им не го ни гледаат.Требало да го носат на лекар кога бил дете,за да нема проблем после 20 години.Дознав ,им кажав да седнат да го убедат да оди.Гајле им е.За внуците исто.Истите тие сакааат огромно почитување од сите, а се лицемерни и праваат сплетки кај ќе стигнат.Ова нема да биде проблем ,ако мажот постојано вели батали,ќе помине родители ми се и којзнае што.Станува проблем кога синот ,нема да постави граници од почеток.А вакви луѓе сметаат дека се им е дозволено.И на крај снаата е крива.Типична македонска.
     
    На Anyshka, riba79, Mnik и 2 други им се допаѓа ова.
  20. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.629
    Допаѓања:
    20.177
    Пол:
    Женски
    Најубаво е настрана. Ај што мирна глава, туку и се на ручеци ќе ве викаат, те едните, те другите, и ем си настрана, ем готов ручек :rofl:
     
    На cresa-jagoda, manako1, Luna91 и 2 други им се допаѓа ова.