Не е трагедија да се оди под кирија од демек срам, туку од сиромаштија. Пред скоро 2 години, моите дојдоа до развод, татко ми сега покоен не ја примаше мајка ми дома, во заедничката куќа која заедно ја изградија, она дур се среди процедура за поделби чуда, мораше да седи кај дедо ми, дедо ми нели од праисторија, оди си дома кај мажот, ми го валкате образот, почна да си бара стан под кирија. Знаеш цените колкави се? А реално, најреално мајка ми имаше солидна плата (сега е во пензија), над 35. 000 и беше, скоро 40.Со кредит едно друго ни 20.000 не и остануваа, голема рата за кредит има. Знаеш дека ни во Автокоманда стан под кирија неопремен неможеше да најде под 12000? А кај и се сметки, телефон,тв кај и е јадење итн. Силом прилике се смирија некако, татко ми се разболи и умре после 1 година. Ама сакам да ти кажам дека и со кириите не е баш најсајно зошто и кирија ретко кој може да си дозволи. Да се платите ко што се и да е кирија околу 100тина еур ко пред 10тина години, да, ама вака тешко. Пред 10 години другарка во Ѓорче седеше под кирија, во нов стан, 2 собен за 4000 ден. Ама сега тој истиот е 14000
Првите година дена од брак , родендени ,8 ми март сум и купувала исто ко мајка ми да не се налути или осети отфрлено.За роденден поклонот ни го фрли.После се слушнала да и кука на мајка ми како не сме и купиле торта цвеќе други снаи така правеле.Инаку не се јавуваат да ми честитат роденден и такви работи.Едвај останав бремена фала му на Бога, и кажувам , таа ми вели запрепастено "А како тоа ти си бремена?!И однесов три теста,вели ,не е сигурно.Другиот ден ми даде да прскам отров.Одбив и ми се налути.Наредниот рече дека она не знаела ,не сум и кажала.После два дена ,таа знаела цело време.Ми помагаше додека бев бремена не велам не.Ги гледав ко мои втори родители.Оговрања,оцрнувања.И да криво ми е .Никој не ги знае нивните постапки ,бар да ги пишам овде да си олеснам.И да бегајте дидека е време, ќе ви земаат се позитивно што имате .И упорно стојам на тоа ,оти мажињата се криви.Нивни родители се ,и те како ги знаат.А не да дозволи некој да се понаша така со жената.Тоа е взаемна почит. Од сите овие случки на темава овде.Ниту еден наш маж ,не би издржал ни месец ,кај нашите родители со такво понашање.Би се спакувале и заминале.
Во куќата, на плацот ваш, која гласи на ваше име, си дозволува да влага кога сака и што сака да прави, или погрешно те разбрав?
Затоа чаре е прво да "испиташ" пред да вложиш. Пробај де заедница. Види шо-како. Ако не бива, кирија не бега. Ама пред да се вложат грдни пари во тој спрат, дел, итн. Мислам збориме за луѓе што со мажите сопствени не живееле пред брак, сега наеднаш 5 души плус. И тука некако е грешката, најчесто поима немаш кај си ги даваш парите и што ќе биде после. Ако се сите супер, кул, ама ако не се... едноставно нема поента избрзување мислам. Е сега, раатот нема цена. Живеам сама под кирија, дур делев со бившиот нормално полесно беше, сама потешко. Најголем удар ќе ми биде ако баш толку осиромашам да треба кај моите да се вратам. Финансиски неспоредливо поарно ќе ми биде, ама сама и свој мир толку вреди, што радо од мн. друго се откажувам.
Е арно си и' рекла, ако се лути - нека и' стои, ич да не ти е гајле. Ако и' се доаѓа кај вас на ГОСТИ, арно, ако не, пак арно.
Вие истите шо правдате некој да ви ровари и у таа една соба шо ја имате у цела куќа, а па да не зборам за одделен стан, само оти куќата е на негово име, сте истите тие утре шо ќе си зимате за право да го правите истото, прво почнувајки од вашите деца, ќе им читате дневници и споменари, ќе им буричкате по ранецот од школо, па тек коа ќе ви донесат снаа или зет дома, и по гаќите и по ѓубрињата со улошки и кондоми. Ако куќата на свекорот е, дали тоа значи дека свекрвата нема право да ровари? Или олеснителна околност и она учествувала? Ако така, и ја ако живеам таму, значи учествувам, па и ја би требало да одам да роварам кај нив. Тука не видов некоја да пише роварела кај свекрвата, демек испод чест ми е, не е моја куќа, ја госпожа сум, али мене да ми роварат ипак ок, ја од улица сум, ме донеле у семејствово само ко крава за расплод, фала богу у штала шо не ме туриле, полесно преку пенџере без стакло шо е да гледаат шо иам, вака боље барем на топло. И после сме сакале еднаквост и курци палци, а ние самите си се понижуваме и укопаваме. Чарето е клуч на врата. Една соба, моја е. Моја приватност. Додека сум таму, моја е, на користење даена. Коа ќе излезам од таму, небитно кога, зашо, каде, пак е 1000000 посто нивна. Коа живеете под кирија, ви доаѓаат газдите да ви роварат по гаќите?! НЕ! И тие ве есапат поише за чоек од од оние чија крв раѓате. Кој е крив?! И вие и они, али на вас е да поставите граници, небитно дали тие ќе бидат почитувани. Првиот чекор е тоа, а отом, потом. А па да не праам муабет за цел ебан стан, па уше и клуч ќе оставам да не сме се поплавеле Бога ти. Гаси водата пред да идеш странција, исклучи бушоните и ајт. Чарето пет пари е, смо треба и карктер малце.
Точно така!!!! Многу убаво им кажа, поубаво не можев ниту јас да кажам. Ќе се надоврзам и ќе додадам, Господ ќе им подари ќерки па да видат ако така им праат свекрвите и да се нервираат цело време дали ќе им биде сеедно и дали сеуште ќе ги советуваат дека мора да бидат безгласни букви во куќата на "СВЕКРВАТА" ДОЈДЕНА !!!!!
Кој ги брани свекрвите? Ако некој каже де факто како е, тоа е бранење? Или ако ти кажам свекрва ти е сељанка, ќе ти помогнам? Прашањето е што планираш да преземеш во врска со проблемот. Да кукаш? Ок. И Принцес, дај Боже ќерка да имам, со свекрва ќе живее само ако ме погази мене и ми сврти грб, нели, возрасна жена не би можела да спречам, јас не живеев со мајка му на бившиот, и жртвувавме се' да живееме сами, не па своја ќерка да оставам да појде. Ниту во иднина, со некој иден, нема да живеам со свекрва, тоа сигурно. Ќе јадеме леб и паштета ако треба, ама во заедница нит ќе живеам, нит ќе оставам мое дете да мисли дека е тоа нормално.
Ехее збориме за едно 30тина години здравје да исчекаме, се надевам белки ќе тргне све на подобро да се осамостојуваат и да имаат можност сами да си живеат како по странство
Па де факто не е така. Без разлика дали е нејзина куќа нема право да му отвара фиоки и чепка у интима на синот и снаата ако живеат во иста куќа. Не се добива тоа право со имотен лист. Ако млад пар или девојка на пр.живеат сами ама родители ја плакаат киријата имаат ли исто такво право да чепкаат секаде ,бидејки комодитетот го плаќаат тие?
Омаловажување на женскиот род од страна на т.н модерни емпаципирани жени/феминистки. What a time to be alive in.
А кој вика дека свекрвата е во право? Не е. Помогна сега некому? Ако оговараме, помош е? Де факто прави што сака зошто е во своја/куќа на маж и'. Што е попаметно, да си ја јадосуваш душата и да кукаш, или да бараш решение? Еманципирана жена, бтв, нема да се стави во положба кој било да ја брка, макар со 5 свекрви живеела. Ама ајде
И да немаат, за ќерката јас ќе се иселам веројатно. Него, прашањево никој никогаш не ми го одговара на темава: Ако свекрвата е лоша, а мајка ви е добра, зошто со мажите не живеете кај вашите?
Омаловажување на женски род со тоа што им викам(е) да не вложуваат во нешто што не е нивно (ни на маж им)? Ок. Ако е тоа омаловажување, нека е. Кога ќе почнат мажите да одат домазети, место жените снаи некаде, ела кажи ми пак дека омаловажувам. Ама се' додека е срам мажот да оди, и исклучоци не го прават правилото, поштеди ме од глупости. Дебилизам е било чии гаќи да пипаш, ама дебилизам е исто така да се вселиш кај некого и да очекуваш дека животот ќе се нареди по твои стандарди. Оти баш сум сигурна дека кај мајките ваши дома пред да се мажите, вас ве прашуваа како ќе се живее, или вие се навикнувавте цел живот на темпото, правилата на вашите родители? Едит: @Cosmi знам дека меѓу твое дете и маж на другото дете би размислувала, оќе е. За мене е непоимливо на мајка ми зет да и' биде побитен од мене кога било, така што, не, нема да се разбереме.
Тој што има навика да отвора фиоки, ќе отвори и во туѓа куќа ако начека прилика. Свеки не само во овие услови кај што делиме ист објект, туку и во посебна куќа да живееме ќе го прави истото ко ќе и се створи прилика. До карактерот е. Знам, оти ми го има потврдено практично на трето место.
Нормално е да очекуваш и да живееш по свои стандарди со својот партнер каде и да живееш. Дебилизам е да се вселиш кај некој што не го познаваш и да му се тупнеш. Не се тупнуваш кај партнер. Многу ја шириш приказната ,а не докажуваш поента . Повторно прашувам : Ако и ја плаќам киријата на ќерка ми и нејзиниот комодитет дали имам право да правам што сакам во тој стан? Го плаќам јас ,јас ќе диригирам во тој стан се. Ти велиш да,со твојот став! Снаата се тупнала има да трпи. Појасно е сега?
Да. Плати па клати. Дали е фер? Не. Дали е културно? Не. Дали некултурни луѓе имаат осет дека не треба? Немаат. Решение е сам да направиш нешто, подалеку од токсични луѓе. Ако јадеш паштета и леб затоа што имаш кредит, имаш и повисока свест за што е твое, имаш сила да кажеш оди си, имаш свој клуч кој нема да го дадеш никому.
Проблемот е начинот на којшто се кажуваат работите, инаку сите знаеме што е најдобро и мислам дека сите се стремат кон тоа, согласно можностите. Постојано и се потенцира на снаата во колку незавидна положба е, и се наметнува чувство на немоќ. Целосно се заборава на меѓучовечките односи кои треба да постојат во секоја заедница, иначе ако мериме на кантар дали секој до денар исто вложува во домаќинството на што ќе ни се сведат односите, те со родители, те со маж. И главното. Тие што се настрана, своја куќица, своја слободица, најголем дел се настрана благодарение на помош од родителите. Дали учество поголемо дадено за кредит, дали стан во наследство оставен, дали помош од 10 000 евра за уредување. Според ова родителите треба да имаат клуч од станот и кога сакаат да им одат и да си прават што сакаат. И сега, ги омаловажувате овие што немале доволно среќа да им остават нивните родители нешто во споредба со другиве, им ставате до знаење колку се немоќни и да си молчат. Или ги споредувате со оние 5% што сосема сами си обезбедиле живеалиште? И не може ако вложила снаата 10 000 евра во куќата тоа да е се за џабе и никакви права да нема. Мора тоа да е регулирано некако и правно, сметките настрана, на твое име и сигурно може да се докаже нешто ако дојде до таква ситуација.