1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.505
    Допаѓања:
    35.170
    Пол:
    Женски
    Амин . :bow:
     
    На Angie1432 и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Кое решение и' го нудиш? Тоа 6ти пат прашувам.

    Не е во право свекрвата, ЧАРЕ кое е?



    И искрено размисли, не ми одговарај ако не сакаш, ама дали озбилно еве ќеркава се мажи, ти твои 10к би ги вложила во нешто што е на име на свекор и' и технички утре ако се разведе, се' на таму некој си дала?

    Едит:
    Поентата е многу јасна, можеш да САКАШ да ги промениш луѓето, ама луѓето се менуваат само ако самите сакаат, нема да се променат зошто ти тоа го сакаш. Така што, гледаш со кој си имаш работа прво, аман никој не ве принудува да вложувате и живеете кај проклети луѓе.

    Де факто свекрвите прават што сакаат, де факто мажите не сакаат кај родителите од жената и де факто се наметнува на родителите со син да направат место за неговото семејство. Кога ова де факто ќе се промени, ќе се променат и други работи.

    За почеток е попаметно да се сите свесни дека може да сакаат по нивно, ама веројатно по нивно нема да биде, освен во свое.
     
    Последна измена: 9 февруари 2023
    На baby-star, Bezimenka90 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Абее како го кажа ова ќе се иселела, чекај малце полека, прво роди си ја ќерка ти па израсни ја па види и го и нејзиниот карактер па карактерот на маж и, може тој нема да сака да живее кај што си живеела ти… и пак се враќаме на истото, контрола и команда на нечии живот, абе еднаш нека се искорени табиетот да оставете луѓето сами да си го живеат животот и да си го диктираат текот.
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Па објаснив во првиот пост мислам.
    Ако имам ќерка што одлучи да живее со свекрва, би ме погазила мене. Не можам да ја спречам, да ја поддржам сигурно нема. Моето сигурно ќе ми биде подраго од туѓото, подобро таа да е на свое, секогаш.

    За секоја жена тоа го мислам, за себе, за сестра ми, потенцијалната ќерка, итн.
     
    На elimkd и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  5. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.061
    Пол:
    Женски
    Луѓе, не разбирам зошто се карате цело време на една иста тема.
    Да не треба свекрвата да чепка во гаќите или било каде. НО И ДА И КАЖЕШ И ДА ВИКАШ ЌЕ СМЕНИШ НЕШТО? НЕ.
    Едноставно нема да смениш.
    Ќе ти рече добро или ќе се налути и глеј ја после х време како влага пак и си буричка.
    Жената е таква. Вие сте вакви.
    Ниту она вас ќе ве смени ниту вие неа. Кога се мажевтњ не ги гледавте какви се?
    Абе ако треба ќе одам у тунгузија ќе работам и ќе заработам за 20 квадратна после х години и ќе се тргнам. Не е оправдување се немаат пари. Се немаат моментално можда, што не одите кај вашите? Што не одите под кирија?
    За се во животот треба и гзот малце да се испоти а не да се чека мама да ми даде или свекрва.
     
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.473
    Допаѓања:
    91.031
    Пол:
    Женски
    Има чаре,јасно поставување граници и цртање ако треба дека не смее да чепка.

    Ама ти велиш смее да чепка,снаата е натрапник.Има право да чепка.
    Тоа е разликата.
    И јас по 3 пат ти кажувам дека подржуваш ако утре не можеш да плаќаш кирија од платата и киријата ти ја плаќа мајка ти, да прави што сака во станот,ти да ќутиш и да слушаш.
    Тој став не е во ред.
    Јас би вложила во туѓо.
    Со договор на нотар.

    Ајде филмови сега.
    Назад во реалноста.
    Ако земаш плата 400 еур,а кирија или рата ти е 250 од што ке живее семејството?
    И дете ке јаде леб и паштета ?
    Или ние ке плаќаме кредит или кирија ама родителите ке купат јадење,ке платат сметки итн.
    Ај не фантазирајте со паметот.
    Немаат сите услови да створат свое.
     
    На Anyshka, Осе, VDT2906 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    4.238
    Пол:
    Женски
    Да, ама тебе муабетот ти беше со праќање на поседок снаата кај нејзините. Зошто снаата кога безобразна е свекрвата? Многу се чудам кога читам им се качува на глава ама снаава ќути оти ќе ја избркаат. Мислам и некогаш сами си правиме лошо да ни биде.
    Знаеме сите што е најубаво ама не секој има услови за тоа.
    Еве и за другаркати не знаеш што е најдобро, знаеш што е најправилно.
    Според тебе е најправилно да се отсели и да оди пешки. Според неа е најдбро да купи кола. Тоа е тоа.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Се дискутира дали има право свекрвата да буричка во туѓата интима? Се дискутира дека има право затоа што тоа е нејзин дом. Кога ќе ви дојдат гости по дома им буричкате во ташна? Во џебови?
    Ај што таквите свекрви да земеш со отров за глувци да ги раниш, јас не разбирам зошто снаиве ќутат. Па нека се налути, нека не ми збори, уште поубаво. Тие мажите за што ги штедите? И него има да го истресам.
    Мора малку почит за себе. Ако ја немате, како очекувате друг да ве почитува?
    Ќе ми чепка.
    Сигурно.
    Без раце ќе остане.
     
    На Anyshka, hermosa и Осе им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Каде реков спротивно на болдот, те молам да цитираш.

    Оти апсолутно никаде не сум напишала такво нешто.

    И да, со нотар нели? Оти не им веруваш и на слепо дај, цел кат изгради на име на свекор и', или зет ти? Оти не?

    Епа ТОА Е РАЗЛИКАТА Косми.
    Многу жени овде и нивните семејства на слепо вложувале и вложувале во туѓо, без никаква хартија. Тоа е еманципираност или да се заштити жената?
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Па ако на снаата и' смета золвата, подобро да се сети каде е вратата. Сосе синот заедно.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Не за веш, ама имаше пример со куче.
    Ако на гостите им сметаат животниве, нека си најдат друго место за гостување.

    Мислам кој entitlement, дојде снаава, ај сите правете како она сака. Лол.
     
  12. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    4.238
    Пол:
    Женски
    Тој дел не го коментирав. Нема потреба. Глупо е да се меша золва меѓу проблеми свекор/свекрва-снаа/син
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Тоа Мантуб го рече.
    Ако снаата почне да коментира за золвата, ќе ја прати на поседок кај нејзините. И тоа сме го коментирале во соодветната тема :)
     
  14. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    4.238
    Пол:
    Женски
    Знам, ама дека ти рече :
    затоа тебе ти вратив.
     
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.473
    Допаѓања:
    91.031
    Пол:
    Женски
    Што е дебилизмот Камелија?
    Снаата е дебилка бидејки се вселила кај некого(нејсзиниот маж,инаку) и очекува дека животот ке се нареди по нејзини стандарди.
    И што ако вложувале.
    Мислиш се е до парите?
    Ако отиде се до бестрага многу битни тие 10 00о евра вложени.Тоа се 4 год.живеење под кирија фрлени во бунар без дно.
     
    На Anyshka и H.VAGA им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Мене муабетот за поседок ми беше друго, не зошто чепкала во гаќи и имала право на тоа.
    Никој не рече дека имала право да чепка во гаќи.
    Не знам дали не ме дочита, или ме дочита, а не ме разбра.
    Кога ќе дојдеш во куќа која ти е одстапена, мораш, значи мораш, да се прилагодиш на некои правила. И тие на тебе, ама и ти на нив.
    Во кој универзум, на снаава од дома ја воспитуваат дека може да дојде во куќа на свекрвата и да мрчи дека золвата смета, или кучето на свекрвата смета, тоа не ми е мене јасно.
    И за тоа беше муабетот за назад кај мајка и.
    Зошто нема шанси ќерката да се осеќа кај мајка и и татко и, повеќе гостинка одколку снаава.
    Ама шанси нема теоретски.
    Во контекст на моменталниот муабет, НИКОЈ не рече дека има право да ти ровари во гаќи.
    Туку дека ако ти ровари и ти се налутиш, таа може да ти рече (ко што и рекла на една членка две страни уназад) те бркам од куќава.
    Цело време зборувате граници та граници, ајде де, една нека каже конкретен пример како ќе и поставиш граници во соба што ти ја одстапила и ќе ја искористи секоја шанса да те потсети дека ти ја одстапила.
    Јас знам само за една граница, а тоа е живеење настрана.
    Ај објаснете кои се тие граници, ама не само генерално зборување, туку со конкретен пример.
    И убаво праша некој погоре, не знам кој беше
    Зошто не се живее малце кај родителите од снаава?
    Затоа што сопрузите, признавале или не, си ги знаете секоја, ниту ќе вложат 10 илјади евра кај мајка ти и татко ти на лепе очи, ниту па ќе трпат навреди, во прва прилика ќе ја фатат вратата и никогаш нема да простат.
    И не се муабетите за да се осети некоја понижено, баш напротив, муабетите се за да се размисли со време, да не се доведеш до позиција да те понижува една вештерка, да те држи во рака.
    Вложување пари, ако не се може настрана, тогаш кај свекорите, ама со нотар, имајте еден лист на вас.
    Никој не може да ме убеди дека има валидна причина да не побараш договор на нотар, а внесуваш една убава сума пари.
    Зошто да не? Се плашиш од реакцијата на маж ти и на неговите?
    Па може и не се мажиш за човек што те почитува. Иначе не би имал проблем со нотар.
    Можеш да си во право колку сакаш, ако е таа толку безобразна да ти фаќа гаќи, значи знаеш за каков калибар на човек се работи, утре ќе ти рече, јас ти ја одстапив собава.
    А и од друга страна, кога се оди кај свекрвата, па и стварно треба прилагодување.
    Стварно некој ти одстапил простор, не е точно?
    Значи нема бркање кучиња, бркање ќерки, реметење мир за 360 степени.
    Не ви кажува никој нешто што веќе не го знаете.

    Едит: за братучедка ми, не мораше да оди пешки, можеше да купи од 1000 евра кола, има ОК количиња.
    Ама таа сака од 4 илјади и да продолжи да се жали.
    Мислам јас и неа и го имам кажано ова, ние така си зборуваме, ама на крај све се сведува што ти е битно.
    Ако ти е најбитно на свет да се тргнеш од свекрвата, а ги имаш парите, не купуваш кола од 4 илјади евра, ќе купиш поефтина.
     
    Последна измена: 9 февруари 2023
    На Nausicaa, MilaSs12, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Дебилизам е да мислиш дека луѓето ќе се менуваат според твоите сфаќања и потреби. И е. Нема да се променат. Што побрзо го увидиш тоа, помалце ќе те боли.
    Дали е мајка, свекрва, комшика, сестра, золва.
    Сите ќе продолжат да постпуваат по своите сфаќања.

    Кукање и јадосување не е чарето, мислам, ако сакаш чаре, нели.

    Кажав и други работи, дека свекрвата не е во право ама и' се може да биде идиот, ама тоа некако се скока, зошто? Што ќе направиш ако кажеш дека е? Ќе престане да биде?

    П.С. Ни еден денар фрлен во бунаров без дно не мислам дека е залудно. Ама тоа сум јас. Мојот мир ми е најважен, тоа и си го купувам со живеење сама. Таков мир и слобода не, никаде нема, макар со партнер само живееш. Прво ме плашеше самотија, сега ме плаши да не дојде ден да ја немам :)
     
    Последна измена: 9 февруари 2023
    На MilaSs12 и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  18. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    4.238
    Пол:
    Женски
    Не можам да ти одговорам на сите поставени прашања. Но сепак ќе ти кажам дека поставување на граница се прави на разумен начин. Со каѓување на маката да ја речам. Фино лепо и кажуваш не ми чепкај во гаќите.
    Е сега е моментот дали свекрвава ќе разбере. оти нејзина куќа нели? И што оти е нејзина, и како и дава право да ја третира снаата ко ѓубре а не другите членови во неа?Ако сум дојдена снаа треба да прифати како дел од семејство. Ако нема слога најдобро е и за двете да не се мешаат, ама од инает се прават тие буричканици, префрлања и сл.
    Затоа и јас пишав дека се отстапува дел од куќата значи дека се откажуваш,за возврат делиш сметки јадење и сл.
    Јас мнгу убаво те разбрав. Ама не оди бе на секое ајде кај мајка ти на поседок. Мислам не е во ред.
    Темава е многу обемна и осетлива. Замисли не читаат снаи кои се безгласни букви дома што од свекор, свекрва што од сопруг и го читаат ајт на поседок оти вака оти нака.
    Тој момент го коментирав.
    Да се надополнам, ќе заборавев. Тука не прочитав ( може сум испуштила) бркање на куче, маче или золва. Ниту една не ја сретнав сакам да си оди золвами. се зборува за проблеми со золвата ама да ја бркаме оти снаата дошла нема логика.
    Правда за двете страни :)
     
    На Anyshka и Мамичка им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.473
    Допаѓања:
    91.031
    Пол:
    Женски
    Се лоши снаиве,ти плаче постов од македонштина и фрустрации од снаите и „керките избркани„.
    Не одстапила на снаата разбираш? Што сте се фатиле за снаата.
    На синот.
    А синот ионака има легитимен дел во таа куќа,како син.
    СНаата па снаата,кме што не одат да живеат кај снаата.
     
    На Anyshka, Harper, Orchidea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    А да, ако парите ништо не значат во тие ситуации, очигледно не сте биле во кожа на жена која се' што има, и наследство, вложила во куќа на свекор. И останува во брак зошто нема каде, се' свое дала, кредити за таму земала, на свое име ништо освен долгови нема.

    Прашајте ја неа дали 5к или 10к или 50к и' значат ништо или и' се спас.

    Аман научете ги ќерките да знаат што е нивно и секогаш да имаат план Б и way out.

    Многу е игнорантско заташкување на фактот (и факт е, статистички) дека многу жени остануваат во брак и живеат мизерно оти немаат излез.
     
    На Sunrise!!!, mal.ecka, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.