Е па ова е проблемот. Најчесто не се вселува кај маж и, затоа што ни на негово име не е препишано. Снаата не може да постави самата граници со свекор и свекрва во нивна куќа. Може тоа само синот да го направи. Затоа што сепак тој им е дете и тој е оној што треба да се постави строго кон нив. Она што снаите можат да направат е да постават граници со мажите нивни, т.е. да ги натераат да се построги со родителите нивни. Е сега она што го викаат членките е дека ако имотот е на име на свекор, секогаш постои можноста стариве да им речат ние вака функционираме, не се менуваме. Сакате седете вака, сакате не. Што во овој случај? Не еднаш имам читано, ќе и се даде совет на некоја маж и да им рече нешто. И одговорот е дека им вика и тој, ама џабе е. И што во оваа ситуација? Да е имотот или спратот, на име на мажот е веќе сосема друга приказна. Тогаш немаат право свекор и свекрва ич да се мешаат и тука може да се постават строги граници.
Јас познавам доста што живеат кај ротиделите на сопругата. ама тука не сретнав вистина да пише некој дека живеат таму. Може дека темава е свекрви, не знам.
Јас пак ќе те прашам само едно прашање, какво е тоа поставување граница, зошто јас замислувам дека 30 години живеела свекрвата во таа куќа и да се осети дека и е забрането да влегува низ која соба и да посака, одма ќе стане дефанзивна и ќе каже Моја е куќава. Е во право си, не треба да ти чепка, не треба да се понаша ко ѓубре, ама што ќе ти смени во реалниот свет, ако на форум ти кажам дека си во право. Таа е таква, ама и се може. Целата поента е да не и се даде можност да и се може. А за читање, замисли и од другата страна. Постојат девојчиња со браќа на форумов, што ја читаат де оваа тема, де другата и си замислуваат како еден ден ќе се пцуени по форуми и избркани од домот кај што се родиле и израснале. Од двете страни мора максимална почит. А бе кога ќе ти плесне, јас ти ја дадов собава, многу ќе ти е гајле дали маж ти имал легитимен дел или не. Куќата е на име на свекорите и тоа е тоа. Не зборуваме за фантазии, зборуваме за реални случки пишувани по темава. Ги бркаат двајцата, некои суптилно, некои експлицитно. Зошто градевме спрат, за тебе сине, а спратот никако не го препишуваат дури се живи. Тебе ако ти рече свекрвата ти ја дадов собава, да си одиш, и ти можеш да се утешиш со помислата дека кај маж ти си, јас не би можела. Кај маж ми кога ќе е на име од маж ми. Ама па тогаш нема ни да рече свекрвата. Да се убедуваш дека било разумно се што ти е вложено, да го имаш на лист на твое име
Можеби имаат поголем комодитет кај мажот.Простор. МОжеби карактерите на семејството од мажот повеке им одговараат за соживот.Можеби поради пари. Многу можеби.А ги има што живеат,зарем не познавате такви? Повторно. ТОа што имотот не е во моментот препишан,не значи дека треба да наведнат глава и да трпат зошто стариве имале имот на нивно име. Зошто да не може да постави граници снаата? Се сложувам синот е прв кој треба да стави граници. Но зошто не и снаата? Зошто е дојдена?Не е гостинка . Зошто е жена и треба да молчи?
Ставаш зборови што никој ги нема пишано. Ајде еве, дај реален совет. Како да им стави граници? Ќе решиш 90% од проблемиве на темава. Како конкретно да им постави граници?
Господе Боже ама си ги извртуваш туѓите зборови, страшно, па и фактите Прашањето беше: зошто наместо кај вашите (ако се подобри како што викате), седите со мажот кај свекорите (кои се олоши)? Причината е речиси секогаш традицијата, мажите ниту сакаат да одат кај нејзините, ниту па да вложат на слепо пари кај нејзините, ама ајде, ќе измислуваме друг наратив, како ни' чини И не Косми, никој нема право да ти чепка во веш. Ама лага е дека прво ти ќе си ги исфрлиш кучињата ако на зет ти кој се уселил кај тебе му сметаат. Нема. Оти твое е. Ниту во твое ВЦ некој ќе ти кажува правила. Уствари во мое нема, за твое не знам. Можеби ти си ок кој стигне да ти каже како да живееш кај тебе дома, повеќето не сме. Секако дека треба да се постават граници, снаава сама да ги постави, цитирав сопствени мислења каде го советувам тоа. Ама ако не сфаќа свекрвава или не и' одговара, НЕМА чаре освен да се иселиш, или да кукаш. Нема трето, возрасен човек кој не сака да се промени, нема да се промени. Нема врска кој е во право. Врска има кому му се може. Фер или не.
Па еве одговорете тогаш,зошто снаата која живее со тоа семејество во иста куќа нема право да постави граници во просторот во кој живее? Па веке пишав. Просторот во кој живее е нејзин. Ке ја седне свекрвата и ке и каже пред сите ако чепка во спална. Тоа се мои ствари и не сакам да ровариш во спална. Мажот ке ја подржи и толку. Ако не помага, клучот му е мајка.. Никој нема да ги избрка. Попрво ке плачат ако заминат отколку да ги избркаат.
И кој кажа поинаку од ова? Сите истото го викаме. Аман спротистави се. АМА МАЖИТЕ НЕ ГИ ПОДДРЖУВААТ. Како тоа и' браниш на мама? Оти се караш со мама? Мама не мисли лошо. Ти стварно мислиш дека темава ќе постоеше да беа маживе со муда и да пресечат?
А можеби и синот нејќе да е домазет, многу е горделив, навреда не трпи, а на жена му и вика Игнорирај ги, не се замарај. Ти не познаваш такви? Јас само еден пар знам домазет, сиромашни крајно, газдите кај што беа под кирија им кажаа да си одат зошто каснеа со рати. А кај снаава куќа со имот. Куќата од свекорот изгубена на коцка. Свекрвата почина дури беа киријаши, да беше жива, не знам како ќе се согласеше да оди да живее со таткото и мајката на снаава. Значи дури не дојде нож до коска. А кај свекорите трпи снаата и што треба и што не треба зошто на синот поблиску му била куќата 200 метри од на работа. Можеш да кривиш свекрва, сопруг, ама на крај од денот, само сами може да си се заштитиме, никој друг. Бараш договор на нотар, не вложуваш огромна сума на пари во доверба, ако немате доволно пари ќе пробаш да најдеш работа, планско раѓање на онолкав број деца колку што нема да биде финансиски терет, ама луѓето се лутат ако речеш зошто одевте на 3то дете со 300 евра плата итн, итн. Не секогаш ќе ти успее, побогу не живееме во Исланд, ама се лажеш ако мислиш дека попрво ќе плачат ако заминат младоженциве. Егото и горделивоста прави страшни работи, од инает и омраза кон снаата, ќе те избрка во силина на моментот. Какви граници ќе поставуваш кога таа од старт е во предност.
И 50 да живеела примила уште еден член дома. Свесно. Како бе не буричкала во на син и фиоките дур не се оженил, сега и текна наеднаш. Или ако буричкала може вој не реагирал, како очекуваме да реагира сега. И зошто снаиве мора со мажите да разговаараат, па вој на мајка му а не го реши директ проблемот со изворот на тој проблем? На крај ќе ти речам не сум осетала нај искрено како им е, само они си знаат. И да им речеш во право си и да им речеш не си исто е. Тој што си има проблем ќе си го има.Ама не секој има услови да живее подруго. Само во едно се сложувам со тебе, треба максимална почит од двете страни. И кон сите членови во куќата и обратно.
Е последнава реченица е најточна. Ама како да дојдеме до неа. Еве одговор на болдираното. Мажот им е син и може да ги седне и да рече "Мора да се прилагодите, мора да ни почитувате приватност инаку ќе си заминеме и нема да не видите веќе." Снаата не дека не може, туку ако таа го каже ова нема да има никаков ефект. Нема да ја есапат неа. Затоа синот мора да постави граници. Ама тука пак доаѓаме на она често пишуваното дека на темава всушност мажите им се проблемот, страв им е да постават граници, па снаава се мачи да го направи тоа, ама џабе. Не е толку ефикасно.
Многу малку знаеш би рекла. Зошто така сакаат,дали традиција или не и што е тоа битно,еве и традицијата да е во прашање. За нив е ок. Многу ги има што вложуваат,тоа што ти не познаваш,не значи дека е така. Од една страна се противиме на традицијата од друга снаата да ќути и да собере парталите,што се вселила кај некого ,пази кај некого,да не очекува многу многу да живее како сака во туѓо. Дискриминација на ниво.Вие во 21 век бог да чува сметате дека снаата треба да кути зошто ке ја избркала свекрвата зошто нејзина била куќата. феминизам на нивоу. И многу црно-бели ги поставуваш работите. ниту е нејзина куќата ниту неа ке ја избрка туку синот и снаата. АКо им е синот битен ке ја есапат и снаата.
Ок, за фиоката се фатив , ама дали чепкала у ташниче, во кола некаде каде што тој сам одржава? Е ако чепкала и не реагирал, секако дека ќе му е нормално да продолжи со тоа и нема да реагира. Зошто советуваме маж ти нека го реши проблемот. Тука има мн зошто. Рално има безброј ситуации а преку форум не можеме да решиме ниту една. Може да советуваме.
Да бе, многу малку знам, така е. Не треба да знам надвор од темава. Само во оваа тема ако сакаш читај, СЕКОГАШ причината е затоа што мажот не сакал кај родителите од снаата, и слично. Слободно увери се сама, си стојат сите мислења. Многу црно и бело е, ако не те есапат, нема допрва. Продолжи да кажуваш како ТРЕБА да биде, може ќе те послуша некоја свекрва. Меѓу како треба да биде и како е навистина, цела една планина има. И НИКОЈ НЕ КАЖА ДА ЌУТАТ, тоа си го измислуваш ти.
Е тоа е тоа. Снаата ќе пробува нешто, граници демек во куќа во која има воспоставен ред со години, дали таа да се прилагодува на нивните граници или да поставува свои, врти ко киша око крагујевац, лом ќе ја направам, мхм, ветар во магла. Маж ако не знае да и рече на мајка му, џабе си правиме муабети. Затоа очите 4 отворени додека си во врска. Зошто се гледаат некои работи, ако нејќеш да ги игнорираш.