не можете да и судете на женичките по коментарите бидејќи не знаете со кои маки живеат! Сите луѓе не се исти не заборавајте така да нема потреба да ги напаѓате. Бидете среќни што вам ви се погодиле свекрвите,секој си ја знае маката а ние само може да коментираме
И јас така мислев дека се можи да се реши со договор и разговор па нели разумни сме..ама со некои луѓе едноставно не можеш да се разбереш...и сите светци да ти дојдат на помош џабе ти е.Прво моли се таква белја да не дочекаш. Ова важи и за свекрви и за снаи а,сигурна сум дека поголем дел од проблемите би ги немало доколку секој си ја гледа својата работа и не се замараат што прават едната и другата..се би било многу полесно доколку не се доживуваат како ривали..да се докажуваат која е поголема домаќинка и која повеќе ќе ја сака синот. ААхх...жени колку само без потреба ги комплицираме работите!!!
Да не сме биле со ист човек, пошто ко мојата екс свекрва да ја опиша Поминало, не си го враќај филмот.. Јас мојата ја знаев со години, и баш беше фина, ама ко што пиша некој погоре-дури откога ќе им влезаш во куќа ќе ги видиш воо вистинско светло + целата хистерија на овој свет во една жена
Само далечина му е мајката! Како се потстоплува времево, не морам да седам во дневна со нив (бидејќи само таа просторија ја грееме), а штом не седам во иста соба не ги ни гледам, ниту тие мене. Што значи од комуникација има само неопходно: Јас: „Добар ден “ - Тие: „Добар ден (свекор ми ; свекрва ми ) “ (кога се враќам од работа). Јас: „Што има ново?“ - Тие: „Ништо нема“ - Јас: „Добро “ (излегувам од дневна - си одам во соба, или излегувам некаде надвор, ако имам обврска). Ако правам кафе, јас: „Сака ли некој кафе?“ Тие: „да- не“ (кој сака?, какво сака?). Ако поставувам маса за јадење, јас: „Ќе јаде ли некој?“ Тие: „Не, јадете си“ (најчесто не јадат со нас, освен за викенди - тајмингот не ни е ист, разбирливо). И толку, другото само ако има потреба, на нивна иницијатива или ако имам што да кажам друго. И да ви кажам право - многу ми е убаво. Одамна не сме се скарале .
Да не сме биле со ист човек, пошто ко мојата екс свекрва да ја опиша Поминало, не си го враќај филмот.. Јас мојата ја знаев со години, и баш беше фина, ама ко што пиша некој погоре-дури откога ќе им влезаш во куќа ќе ги видиш воо вистинско светло + целата хистерија на овој свет во една жена [/quote Енци менци ја знаеш ли приказната за жената што го пукнала ѓаволот...за нив само таква снаа им треба...белким ќе им дојде паметот...
Да не сме биле со ист човек, пошто ко мојата екс свекрва да ја опиша Поминало, не си го враќај филмот.. Јас мојата ја знаев со години, и баш беше фина, ама ко што пиша некој погоре-дури откога ќе им влезаш во куќа ќе ги видиш воо вистинско светло + целата хистерија на овој свет во една жена [/quote Енци менци ја знаеш ли приказната за жената што го пукнала ѓаволот...за нив само таква снаа им треба...белким ќе им дојде паметот...
Во право си за ова. Колку подалеку од нив, толку подобро. Едно е да не живееш со нив, а сосема друго е да живееш со нив 24 часа. Тогаш се гледа какви се. Ако е обратно, може да се преправаат.
бремена сум 7ми месец и имам ставено 8 кила... свекрва ми вика дека се многу па г-ѓата фана да ми воде контрола за јадењето .. синока јадев некои чипс па таа оди да виде што сум јадела и тоа во кантата борави.. демек е медицинска сестра (а појма нема од медицина) па знаела сешто .. се побуни дека бебето било мн големо за 7ми месец.. (иначе изнесува килце) .. добив контракции и не се замара .. мм на работа таа се да провери горе (заедно со золва ми) .. не можам да ја поднесам више ..
исто и со мојта свекрва и јас бремена сум и ако земам да јадам нешто она се луте на некои луѓе главата и служи само за рамнотежа немат ништо во неа
Колку се нервирам кога ќе прочитам вакви работи. Имате ли можности да живеете одделно? Штом ни разговорот на маж ти со неа нема ефект, единствено решение е да живеете одделно.
И јас како тебе цела бременост ја поминав во нервоза од свекрвата и золвата ,не за празници не за делници нон стоп бев под стрес,најпаметно ти е излегувај од дома и правец кај мајка ти или кај некои роднини зошто детето се осеќа за дзабе тоа не е кажано,од нервози невидени што ги имав и детето ми плачеше нон стоп,па како нема да плаче што уште кога бев бремена се исплачав после пораѓај не мозев на раат да му се израдувам до нервози и тоа е тоа,барем сега сум сама и уживам со детето и со маж ми се поминува но грозните моменти не се забраваат,иако сега им зборам и одам на гости сепак тоа што го поминав ни на најголем душман не би му го посакала,затоа само смирено и бришка од дома додека не си дојде мажот ти,зошто они кога мажите се дома се други,а штом излезат се други
Следете го мојот пример-третирајте си ги свекрвите ужасно, без почит, јасно покажете им каде е местото-и ќе бидете супер снаа. Збор нема да ви кажат.А вие им се умилкувате,па од дома сте воспитани,па многу ги цените и почитувате-и ве малтретираат.Абе не ме чувале и пораснале моите за некоја примитивна госпоЏа да се иживљава со мене. Свикајте им, отерајте ги у ќош. И уживајте си со мажето
Да ама може и маж ти да не е на твоја страна (како во мојот случај) и ако немаш немаш негова подршка се ти паѓа во вода.....несмееш лош збор да кажеш за неговата мајка!!!
svekrva mi zivee dole na dolniot sprat ama zolva mi zivee gore so nas bidejki nema kade (usvari ima uste eden sprat ama ne e dovrsen.. pa taa ima 22 god belki ke se omazi ) .. i zatoa se gleda sto pravam .. до пред некое време беше мамин син .. не даваше ништо лошо да презборам за неа .. ама седнам и правев во него муабет и сега е подруго ...
Оффф мила блазе си ти....јас милион пати до сега сум правела ама џабеее.... мама не е таква знам јас....