Форумџика на годината

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    8.918
    Пол:
    Женски
    Е мене тоа ме интересира? Зошто и се може? Дека снаава е "дојдената" во куќата?
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Сума сумарум, остајте ги тие бајки од форумов како е пренајубаво се во бракот, само свекрвата не чини.
    Дури не сте свои на свое, како сакате вртете ја дискусијата ќе се справувате со секакви карактери и тоа е. Дали така треба или не е небитно, кога фактичката состојба е друга.
    Кога си свој и независен, ти си правиш правила и не мораш со никој да се замараш.
     
    На Nausicaa, no name5, Кена Рис и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.846
    Допаѓања:
    17.753
    Пол:
    Женски
    Затоа никој освен снаата реално не и се спротивставува. Само на збор, колку да се каже. Ама нема ништо на дело.
     
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Не те разбирам што ме прашуваш искрено.
    Во најлош случај замисли, да се испокараат свеки и снашка, нема свеки да си оди за снашка да ужива во куќата. Снашка ќе си оди.
    Затоа и се може. Праведно, неправедно, не е битно. Битно е како е во реалност и што може да се направи околу тоа, а не како треба да биде идеално.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.020
    Допаѓања:
    276.499
    Затоа што тоа е карактер. Сфаќања. Простачки, идиотски, заостанати, мизерни, таква е. Со сите.

    Само снаата не е навикната на тој карактер. Синот е.

    100 пати сум рекла. Ни нашите мајки не се толку добри, колку што ние сме навикнати на нив и воспитани од нив. Затоа и нивните фалинки на нас ни се ок. Како што синовите според темава не сфаќаат зошто некое однесување на мајка им не е во ред. Чепкање во веш е екстрема, ама други работи што нервираат, пример лупам сакала бебе да бања до 40 дена, на синов може да му е многу нормално, а на снаава тотално ненормално.
     
    На baby-star и bertold им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Ма не само мажот, родителите на снашка викаат, твој дом е таму кај што ќе се мажиш, а овде е дом на брат ти.
    И најстрашно, снашка стварно верува дека е помалку од брат и.
    Сите прсти на раката исто болат брррр, се дури не се дели нивата :D
     
    На baby-star, MilaSs12, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.020
    Допаѓања:
    276.499
    Трагично дури, ама ти не си еманципирана, што знаеш што е и што не е твое.
     
    На baby-star, Mantub и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.650
    Допаѓања:
    92.385
    Пол:
    Женски
    Да?
    ајде пак потсетување што пиша.:headbang:
    Наравоучение ,ќути зошто кога ке се вселиш кај некого не треба да очекуваш да живееш по твои стандарди.

    Инаку ти следи.
    Не синот,снашка ке оди сама.
    Кога ке сфатите дека снашкава има маж и деца можеби.






     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.233
    Допаѓања:
    14.294
    Што има при караница снашката да си оди? Не се мажела за фамилијата на мажот. Македонски менталитет бе. Страшно.
     
    На Anyshka, Harper, Inamya и 4 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.020
    Допаѓања:
    276.499
    Ја читаш темава или? Снашкиве си одат зошто? Оти мажите нивни ја бираат мамичка, нели? Кај што синчињата си ја есапат жената, свекрвата НЕМА ШАНСИ.

    Ако маж ти не те есапи, што за другите останува?

    Лол, Косми. Еднаш објаснив, ај пак, ќе сфатиш можеби. Ако не е јасно, и трет пат.
    SmartSelect_20230209_151025_Chrome.jpg
     
    На baby-star, MilaSs12 и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.854
    Допаѓања:
    188.295
    Пол:
    Женски
    Знам друго дискутирате, ама мене овој дел ме запрепасти а мислев дека се сум прочитала до сега на темава :o :x
    Дали сериозно?!?! :o :o

    Знаете, во утопични услови секакви опции има и сите се сакаат и никој никому не му смета. Се заработуваат пари, се шета светот пред брак, деца се праат во “правиот” момент од замислениот терк во главата, младите се независни, старите се ментално стабилни. На никој не му фали дали пари, дали кров над глава, дали цела комисија психијатри.
    Ама реалноста е друга. Можностите штури, опциите куси или ги нема. Сите во борба за опстанок на овој или оној начин, во обезбедување на пристојни услови за живот. На сите повеќе или помалку ни треба матичен психолог. Годините си врват, плановите често не одат по замисла...

    Снаата е исто нечие дете. Не можам да го разберам тој супериорен карактер што се раѓа кај свекрвите кога снаа доаѓа дома и таа потреба за контрола и не можам.

    Дури и во заедница, граници за тоа кој смее да ми ровари низ соба не би требало да се дискутираат воопшто. Тоа е комонсенс. Тие граници сам себе човек си ги поставува. Ама ако дојде до тоа да се поставуваат граници уште повеќе забрани за такви работи мир тешко ќе се одржи. Ако немате други опции ставајте клуч на врата и работете на некој излез, ако имате, бегај те што подалеку.


    Веројатно сите што пишуваат овде свесни се дека форумов нема да им ги реши магично проблемите, ама па потенцирање на очигледното кое и самите го знаат нема да им помогне. Бидете поддршка. Бирајте зборови.
     
    На Harper, MeowMeow, Oneo и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.650
    Допаѓања:
    92.385
    Пол:
    Женски
    Ти можеш до утре да се објаснуваш ,џабе кога главната поента ти е дека снаата кога веке се вселила,кога веке не е во свое,само таа треба да се прилагоди.
    Не Камелија , сите во таа заедница ,треба да се прилагодот со цел успешно да живеат.
     
    На Anyshka, Harper, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    8.918
    Пол:
    Женски
    Значи точна ми е констатацијата. На свеки и се може да прави некои работи дури и за инает оти снаата е дојдената.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    17.511
    Пол:
    Женски
    Најчесто се согласувам со твоите мислења, но овојпат не, односно делумно.Сѐ што кажуваш е логично, но е најдобрата можна варијанта. Ај сега замисли да немаш високо образование, работиш физичка работа за минималец, по цел ден не си ги гледаш децата и едвај плаќаш кирија и сметки, уште некој ненадеен трошок и пак си во ќорсокак без оглед на тоа колку си вредна, да не правам муабет дека лошите работни услови си земаат здравствен данок. Мене пологично ми изгледа да ја потрпиш свекрвата некоја година дури не застанете на нозе, што и тоа е ептен тешко во денешно време. Не сите имаме ист старт Мантуб, некои луѓе се родени во сиромаштија, едвај имало за јадење, факултет никогаш не бил опција, со трауматично детство умот не е ист како на некој кому му се ширеле видиците како дете и млад. Свекрвата нема да ја смениш, во тоа се согласувам, но дајте да не глумиме дека плаќањето кирија во Мкд е едноставно, за многу луѓе е екстремно тешко, не се сите способни и борци и тоа не дека се “смотани” природно, многу фактори придонеле да се “смотани”. Родителите (старите) и од двете страни треба да помогнат младите да се исправат на нозе, но ретко е така. Најмногу ме изиритира муабетот за “не раѓајте деца ако немате пари”. Некои луѓе се секогаш сиромашни, пак ќе кажам, од многу фактори зависи тоа, најмалку од мрзата. Треба ли никогаш да немаат деца? Па дури сите да купиме стан, кола, стабилна работа, веќе ќе бидеме во доцни триесетти, прашање е дали и ќе можеме да имаме деца? Тешко на тој што нема, само тој си знае колку е сѐ “логично и едноставно” како вака на фемина.
     
    На Anyshka, hermosa, Zumbulche и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Па...цела тема е тоа.
    Прават од инает работи зошто знаат дека можат. Често немаат никаква добивка освен инает.
    И се распаѓаат бракови, за жал.
    И сега ќе збориме дека не треба да е така, не треба ок, ама реалноста е дека така е.
    И нема да се промени со зборување, се менува само со тргање на страна.
    Значи се согласувам со се, така е, ама ако ја трпиш додека застанеш на нозе, ќе знаеш дека ја трпиш, не?
    Ќе бидеш реална и ќе знаеш дека може да ти се занесува малце повеќе таа тебе одколку ти неа, ама во моментов не ти е гајле пошто да застанеш на нозе ти е побитно, и со неа ќе правиш од едно уше влегло, од друго излегло.
    А не - како може да ми се занесува, ко демек не знаеме дека се занесува свекрвата кај неа дома, прв пат слушаме па сме преизненадени од муабетот.
    Многу нереално гледање на нештата и затоа такви разочарувања.
    А за децата, никаде не реков да не се раѓа кога се нема пари, туку реков да се планира бројот на деца, мене не ми е логично да се оди на пример на трето дете (примерот што го пишав) а да се повеќе деца голем финансиски терет, и тоа не е нешто што јас го измислив, планирање на родителство е нешто што и во едукација се внесува.
    Зошто и тие деца имаат право на здраво живеење, без нервози за пари, без нервози за свекрвата, без дерења и кавги, ако не можат родителите во никој случај да одделат ни 50 евра, и ако идејата за одделување станува тотално невозможна, без кратење на храна и основни потреби, без живеење 5 души во една соба.
    1 до 2 деца скоро секое просечно македонско домаќинство може да се каже дека може да има и да ги задоволи потребите, а многудетно семејство без план е неодговорно и спрема себе и спрема децата.
    А не раѓајте деца ако немате пари, па уште во наводници, никаде не беше напишано.
     
    На MilaSs12, Celltica, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.020
    Допаѓања:
    276.499
    (facepalm)
    Треба, ама не се прилагодуваат
    Не кажувам јас кој треба да се прилагоди, кажувам дека нема да промениш возрасни луѓе, па уште 2000 пати измисли нешто што не сум кажала :)

    Како да не им ги читаш проблемиве на жениве, па само верглаш што треба. Да, треба, ама не е така, и немоќни се знаеш зошто? Зошто мажите не ги есапат. Во твојата замисла мажот седнува на маса и ја поддржува жена му, а во темава мажите си ги напаѓаат жените најчесто.

    Како на било која и' помагаш со тоа што ја тапшаш по рамо?
    Што да преземе кога ни мажот не ја ферма, а не свекрвата?

    Си се фатила со тоа, фер-нефер. Животот не е фер, очекувам фер само од мајка ми. И толку. Точка.

    Понуди ми решение на хипотетичка ситуација:
    1. Имаш зет, доаѓа кај тебе да живее, отстапуваш нели, соба. Не им влагаш, не им се мешаш. Арно ама, на зетот му смета другата ќерка, му сметаат кучињата, му сметаат другите станари, му смета твоето готвење, музика, перење итн. Ти вика што е ова кучишта влакна прават наоколу. Чаре?

    2. Свекрва ми, меѓу другото, не беше фан на животни дома.
    Опција 1: и' се тупнувам дома сосе мачор (бившиот нема стан, мајка му има)
    Опција 2: го давам мачорот некаде
    Опција 3: не ни одам да живеам со неа

    Чаре?
     
    На hermosa, mssuniquee, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.247
    Допаѓања:
    49.193
    Пол:
    Женски
    Па и свеки била дојдена некогаш ко снаа, во 90% од случаевите домот е на свекорот или дека таа има "стаж" па може да прави што сака.:^)
     
    На Anyshka, MeowMeow, Inamya и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.020
    Допаѓања:
    276.499
    Свекорот си ја бира жена му пред снаата.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Женски
    Јас ретко влегувам во оваа тема, но кога ќе влезам косата ми се крева.
    Па добро дали тие свекрви имаат ќерки? Како би им било да знаат дека ќерката им е понижувања, малтретирана психички од страна на свекрвата, да и влегува во соба и копа по долен веш?
    Сигурно не би и било добро. Би била нервозна, притисок сигурно би и се качил.
    А, тоа колку ги почитуваат снаите, зборува само колку и синот го почитуваат?
    Ние не живееме со родителите од мм. Далеку се 100 км. Но, таков тип на луѓе се и ко ќе се јават ќе ти створат нервоза.
    Кај мене и двајцата се блокирани на мобилен. Свекрвата го знае тоа, но свекорот не. Тој е алкохоличар и нема тука што да објаснувам. Не за џабе рекле од пијаниот и будалиот бега.
    Нашата куќа е релативно нова, но има уште за доправање. На мм му имам кажано отворено, додека неговите се живи денар не вложувам или ако вложувам на нотар.
    Земјиштето е на мм и куќата, но не е легализирана и тука е кај нас проблемот.
    Во јануари прославивме 5 години брак. Влегов во неубава фамилија, но си го сакам мм. И, 100 пати имам речено кога се венчававме , матичарот ме праша дали го земаш за маж тој и тој , а не цела негова фамилија и обратно.
    После свадбата, после неколку месеци свекорот пијан и ме навреди. Возвратив на навредите и ги пратив у три лепе. Од тогаш работите не се исти. Тогаш да премолчев сега ќе бев Бардовци.
    Ги ставив кај што им е местото и знаат дека со мене нема трте мрте.
    Е, сега имам голема среќа што мм ме поддржува.
     
    На Anyshka, hermosa, Aschenputtel и 5 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.020
    Допаѓања:
    276.499
    И во ова е цела разлика.
    Ако маж ти те поддржува, ниедна свекрва не ти може ништо. Сама без негова поддршка, не можеш на крај да излезеш.

    Овде читаме како маживе си ги напаѓаат жените оти не ја тинтрале мама, а не па да постават граници.

    Поназад една жена пишуваше дека во друга земја свекрва и' ја тероризира, и женава се разведува, оти да, маж и' место да ја одбрани, на сила ја тера мајка му и понатаму да ја тероризира.

    Коренот на проблемот никогаш не е свекор, свекрва, мајка, татко. Него меѓу двајцата што стапиле во брак.
    Тие не ли се разбираат и поддржуваат, и ветре да дувне ќе се распаднат.

    Еден куп има жени што живеат на катови кај свекори и свекрви, па свекрвите точно знаат дека се на гости горе. Ќе ја означам @Luna91 бидејќи со години тоа го збориме, не само што има разбрана свекрва, има и маж што знае кој му е примарно семејство.
     
    На MeowMeow, DoubleK, Luna91 и 2 други им се допаѓа ова.