Свекрвиштено мое е исто дојдена снаа, куќава е наслество на свекорот од неговите. Тие се стиснати, при тоа и ужасно прости и злобни можам да кажам. Куќата од корен ја има реновирано маж ми значи од кров до под, да беше до нив уште ќе живееле на бетон под...Свекоров единствено има направено тераса. Ден денес маж ми се кае за тој кредит што го има подигнато и сеуште го исплаќа. Кога опремувавме горе тие двајца чуреа од љубомора да љубомора зошто кај нив доле не е чепнато 40 години скоро не зошто немаат имаат многу добри примања, туку како што кажав стиснати и прости. Кога ќе почне свекоров да се дува куќата е моја, маж ми му вика да твоја е ама ја ако си одам од тука и прозорите и кровот ќе ги земам ако ти одговара, зошто јас ова се правев, а имам и доказ. Ако сакаш да си одам, а да оставам се дај ми ги парите што сум ги вложил. Да видите како ќути не им одговара.
Треба. Треба. Треба. Кој кажа дека не треба? Апсолутно треба да се почитува секоја единка. Ама кога нема почит, не може да кажеш дека свекрвата е виновна. Она и никој друг. Тие наследени куќи што ги зборите, не знам ни каде ги има. Тоа што свекрвите го наследиле од нивни свекрви е реновирано, крпено, средувано. Кој живее во куќа 100 години стара? Конкретно моите баби и бабите на маж ми граделе куќи со нивните мажи. Тоа е свекрвата на мајка ми. Така да, куќата е на баба ми и дедо ми. Јас живеев во пролагодена заедница, каде до одреден степен си сметавме едни на други, ама од љубов и почит (свекрва ми кон син и, јас кон маж ми, тие од почит кон мене и моите родители итн.) сите се прилагодивме. Станот се правеше, под кирија не сакавме да одиме. Свекрва ми станува многу рано и сака рано да заврши обврски. Јас кога дојдов, потоа и синко, спиевме до доцна, 9-10. Таа одложуваше планови. Ситници ама ако сакаш можеш да си се караш за ова. Не сум прашала што им сметало од моја страна, ама не се сомневам дека некои детали им сметале. Патем, се прилагодиле. Свекрвата отстапила соба. Дневна делат. Бања делат. Кирија не бара да платат. Сметки и храна во секоја куќа различно ги решаваат.
Они можат, ама бебето си има термин за раѓање. Нема да чека никого. Ако небремена отидеш да живееш со свекрва, е тоа е лудост. Потпишувам со две раце.
А да, @Cosmi го имам ова пред години пишано, ама еве пак прилика. Баба ми, мајка на татко ми и чичко ми, е "причина" за разводот на чичко ми. Ама, чичко ми мамЕ ја гледаше и тинтраше, жена му не чинеше нели. А ситуација која е толку одамна што јас не ја памтам: бабава ја масирала мајка ми, мајка ми детиште тогаш, ќути, трај. Татко ми по 20+ саати работел за да не' издржува, немал баш поима што и како е дома. Еднаш ја видел мајка ми екстремно нерзвозна и ја напнал да му каже што е и како е, му раскажала дека баба ми кењала како куќата е нејзина и сите ќе ги избрка (а не е, ни на дедо ми не била, татко ми и чичко ми ја направиле). Е, да, ја седнал мајка му на маса, и и' рекол: сега одма Х(мајка ми) ќе спакува куферите за нас и детето(јас) и нема да не' видиш, гратис куќава ти ја давам. И тука и' очитал лекција на долго и широко, мајка ми почнала да го моли да се смири, се запнал отишол не' спакувал сите. После лелекања и туфкања на баба ми, останале, ама па јас не памтам баба ми збор да и' рече на мајка ми, ја "пееше" колку подобра снаа не постои. Ама!!! Едниот син објаснил што смее и како смее, едниот не, па си остана без семејство. Свекрвата е... небитна, ако мажот е одделен од сукња. Ако не е, се' е џабе, џабе нерви кинење, џабе кукање. Свекрва не може да се превоспита, маж, ако си му битна, може.
Па испаѓа дека на сила се мажат во ужасни услови. Оттаму прашањето зошто мажите не одат кај нејзините родители, кога се тие наводно подобри.
Прашање на годината Ако кажеш како е во реалност кај повеќето, испаѓа дека ги поддржуваш сите лудории на свекрвите. Ко да е поубава за читање розевата лага.
Па тоа де се збори цело време. Не е на свекрвата куќата, на маж и' е. А маж и' ќе си ја одбере неа пред снаата, како што и синот треба да си ја одбере жена му пред мајка му.
Не сама, ама соси маж и деца. Ама не си заминале сами, некој им наложил. И тоа е целата разлика, кога ќе знаеш дека имаш свекори спремни на тој чекор, а немаш финансии, треба да трпиш некои ствари, а не ко што се изнапишува на темава, само нека ми влезе во соба лом ја правам.
Доаѓаме до главното: ако има маж со муда, нема да трпи тортура. На прво место. Ако и после разговор свекрвата продолжува, се пакува семејството. Ама ако мажот е мажуле, тогаш да, ке има драми. Или попуштена психа на снаата.
Абе свекрва ми бивша мене ништо не ми стори, ама на родениот син многу. Е требаше поинаку, и? Треба, ама не е и не беше така Треба... треба да не зависиме за кров од никого, ама зависиме до доцна во животот, треба многу работи, ама во реалноста не се така. Треба највеќе од се' да сме со човек со кој сме на иста бранова должина и се поддржуваме, се' друго е поминливо, ова, не е.
Да се осамостојат, како цел животински свет. Да бидат способни сами да одгледуваат семејство Не можам да сфатам непознавање на контрацепција. Ако не знаат да се заштитат од бременост, немам коментар. Толку е од господа дадено
Ама и да отидеш е ок. Провери пред да лупнеш заштеда или кредити дали можеш со тие луѓе да живееш. Не вредат ни 300м2 кат ако немаш раат во животот. Има и разбрани луѓе, каде што сите се свесни дека мора компромиси (и снаа и свекрва) и живеат ок. Ама има луѓе што ќе ти го заебат животот на најјако. Просто... провери. Памтам кога вујко ми се ожени, тој пред да се ожени доби свој кат, со посебен влез во двор и посебен влез во куќа. Вујна ми не се затрча прва се' живо да прави... испита. Денес 25 години подоцна, баба ми и вујна ми повеќе живеат него баба ми и вујко ми, навистина имаа(т) преубав живот, баба ми е веќе стара, па никој не ја тера вујна ми, сама сака се' да прави за баба ми. Изградиле добар однос и секоја им чест. Ама не се правило, исклучок се.
Јас па никогаш не би се опуштила туѓ дом да го осеќам како мој, у случајов на свекрвата тој нели. Еве со либе сме скоро 7 години заедно, безброј пати сум била таму. Кога будуќа свеки не била дома, сме готвеле, сум се туширала, сум преспивала, баш како дома сум се осеќала, ама оти со либе сами. Патем од нејзе е дозволено сево ова, знае. Сама рекла дека кога е она отсутна и ја нема неколку дена, дека можам колку сакам да седам. Ама кога сум одела и е она дома, ни вода сама не си земам, срам ми е. Никогаш не пререкла дека не смеам, ама таков карактер сум, жива сила не може да ме натера да се опуштам во туѓ дом пред некој друг, колку сака нека е гостопримлив некој. Не можам да се замислам да се исуширам пример додека е она дома. Нема везе што сме само во врска, магично нема да се опуштам ако се земеме утре, ако досега не сум се после толку години. И за преспивање ми било срам и уште ми е што сум преспала додека била она дома. Оти нејзина куќа е. И на либе е, ама прво нејзина. Па ми рекле некои демек аа со тек на време ќе се опуштиш. Абе...јас дома сега не можам да сум опуштена секогаш, не па кај некој друг. Истово го мислам и за посебен спрат. Пак ќе се осеќам ко туѓинец. Така што и со раширени раце да ме прими и да ми рече ќе имаме компромис, нема шанси. Али секако не планирам таков живот де, само кажувам теоретски.
Само осуда читам во вакви коментари. Знаеш дека во Македонија живееме? Знаеш дека квадратот е од 1200 нагоре? Што веќе и тоа е реткост. Каматите се отров. Цени растат секојдневно, а платите исти. Ниту ти, ниту јас не сме во туѓиот џеб да коментираме. Не е грев да посакуваш убав живот, макар бил и во заедница. Што се однесува до контрацепција. Кондом може да пукне, ако не користиш, може и од предсемена да забремениш. Мислам да не зборуваме глупости на таа тема, свесни сме сите како доаѓа до бременост. Твоите случувања и живот не се правило кај друг. Снаите за се се криви очигледно, па и за тоа што живеат во заедница. Олабавете ти ги луѓето, не им требаат совети од типот ,,ти си си крива", ,,што се мажиш ако немаш каде", ,,имаш кондоми, што затруднуваш без врска", дрн дрн.