Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Оти не ми одговори зошто мора кај свекрвата ако таа е полоша од мајката на снаата?

    Ете негде мора, ок. Зошто мора кај аждајата?
     
  2. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Оти таква е традицијата. Нешто останато од памтивек.
    Зошто мене ме прашуваш на крај краева, не живеам ни со мајка ни со свекрва.
     
    На Anyshka и Осе им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Оти праша за што да се стрпат.

    Значи не можат да се стрпат за свое, мора заедница. Океј. Ако веќе мора заедница, оти со сила се оди кај ужасни луѓе? Знаеш дека се ужасни и со сила одиш?

    Која традиција е побитна од мир?
     
  4. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Како знаеш дека се ужасни луѓе ако не си живеела со нив?
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Па зошто одиш на слепо без да провериш? Онака. Пред брак. Ако видиш дека се баш ужас имаш опција со мажот кај твоите. Гледаш која заедница ти е поприфатлива.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. IJAE

    IJAE Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    830
    Случајно ја отворив темата и навистина ми е жал за некои членки со што се соочуваат.. и јас имам свекрва и таа како и сите има маани, имаше доста ситуации.. друг ден можеби ќе напишам повеќе околу тоа. Но научив без ничија помош или совет се на игнор да ставам и верувајте помага, многу ми е полесно немам блискост само формално да околу син ми прашува што прави или работи од секојневието, како се друго идеално е па ќе се смееме на гафовите на син ми и јас така се однесувам исто како неа, посериозен муабет се плаши да направи зошто јас дирекно се и кажувам и така тераме со години
     
  7. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Затоа што таква е традицијата. Ќе се вртиме во круг. Се мажиш без да живееш со идниот сопруг и одиш кај неговите во заедница.
    Јас знам што е правилно и ти знаеш. Но што тоа менува кај друг?
    Така е во Македонија.
     
  8. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Јас сѐ помалку вакви примери знам, ретко која искрено денес се решава за заедница, барем во моја околина. Може некогаш било така, работите се менуваат.
    И луѓето ради финансии се решаваат за заедница, не од што така требало ило традиција.
     
    На Мамичка, nevermet18, VDT2906 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    За да биде нешто подобро, треба да има промена.
    Зборуваме за еманципација, а одиме кај мажите оти е традиција.

    Оној момент кога секоја од нас ќе си се погледне прво себе и ќе сфати што сака од животот, ќе почне и да се бори за истото.

    Се' додека машко и женско не се еднакви (а овде баш вришти колку не се), нема мрдање од мртва точка.
     
    На Bezimenka90, Mantub и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Тоа збориме, кога се нема пари за на страна, зошто се прв избор неговите, посебно па ако знаеме или уште на почеток сфатиме дека не можеме со нив :)
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Не ги знаеш сите луѓе во Македонија. Јас пак, познавам и такви и такви. Зошто се одлучиле да живеат во заедница, нивна работа.
    Јас за друго дискутирав на темата. Традиција е да одиш кај на мажот родителите, не твоите.
     
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.469
    Допаѓања:
    90.975
    Пол:
    Женски
    (facepalm)
    Секој се менува во животот.И во секоја новонастаната ситуација,
    А ти реков ти можеш да везеш ко киша око Крагуевца упорно ама не се менува фактот дека сметаш дека снаата штом се доселила не може да живее како сака и да поставува граници..Не е нејзино или на име на мажот нејзин и за тоа не.
    ЗА тоа зборевме.За третман и однос кон снаата.
    Инаку вие верглате како треба да се живее,секој си знае за себе како треба.
    Твоите хипотетички ситуации не се во однос на тоа што зборевме,а да вртиме милион теми не би.
    За свое во оваа држава малку потешко.
    Убаво е на свое никој не вика не.
    На крај па зошто и со партнер да ствараш,кога утре можеш да се разведеш по 10 год.брак и деца.
    Секој прво свој стан да има,па после заеднички.
    Во каков балон живеете тоа.
    Како се плаќа кирија со минимална плата (по твое пишување) еве ?
    Кажи им совет како па да излезат под кирија луѓево под кирија .
    200 евра е минимум киријата во Скопе.
    Ако кај мажот имат свој спрат од еве 80 квадрати и свекрва што смета дека снаата е дојденка и треба да и се качи на спрат и да отвара фиоки,а од снаата нејзните живеат во 50 квадрати стан , а самите земаат по 300 евра плата,како ке живеат под кирија?

    Па тоа не е спорно, јас што напишав, дека најчесто плачат да не заминат и не туку така бркаат снаа зошто била дојдена,вие пишувавте снајката ке лета на поседок кај мајка и.
     
    На Anyshka, Осе, Мамичка и 2 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Луѓето се менуваат АКО САКААТ.
    Како ќе промениш свекрва што НЕ САКА да се промени, а притоа немаш поддршка од маж ти?

    За второто, баба ми ла*на јадела, дур не и' било кажано дека куќата не е нејзина, ама ќе и' ја остават поклон да си плаќа се' за неа, ако не си плаќа да си фати патот.

    Никогаш не била ни на дедо ми ни на баба ми.

    И примерите си се таман, само кој како му чини :)

    И никаде не реков дека не треба да поставува граници, аман Косми :D Реков декa нема да се промени свекрва и' ако не сака, тоа важи и за сите луѓе на светов :D
     
  14. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Едно е да знаеш што сакаш, друго е со какви ресурси располагаш за да го добиеш тоа што го сакаш.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Кои ресурси се во прашање при бирање со кого ќе живееш во заедница?
     
  16. Алек***

    Алек*** Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    2.492
    Пол:
    Женски
    Па немора да живееш со нив па да видиш дека се ужасни. Ако имаш одено неколку пати кај дечкото ќе приметиш со каква багра си имаш работа. На простиве луѓе, и те како им паѓа маската колку и да глумат лудило.
     
  17. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Не е баш така. Додека не си во куќа на некој не знаеш тој некој како живее.
     
    На Anyshka, Осе, Inamya и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.469
    Допаѓања:
    90.975
    Пол:
    Женски
    Не,зборевме за снаи дојденки.
    И за снаата треба да трпи и не смее во туѓа куќа нагласувам туѓа,да поставува граница,кои ги праќавте на поседок кај мајка им назад.А притоа како тебе имаат мајки кои биле снаи.
    Збориме за еманципација ,а упорно ја дискриминирате снаата зошто не била на свое.
     
    На Anyshka и mKdevojce им се допаѓа ова.
  19. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Традицијата била да одиш со неговите во заедница, но никој не се прилагодувал на тебе, туку имало да ќутиш со наведната глава, да ги служиш сите и А да не кажеш.
    Невестата чекала простум до масата додека сите јаделе да ги послужи ако им притреба нешто, а она јадела на крај со децата, е тоа ти е традицијата и ако веќе се повикуваш на неа, повикувај се до крај, не само тоа што ти одговара.

    Традиција било и чаршафот црвен да се обеси на чардак после првата брачна ноќ, сигурна сум дека гордо го направи тоа како голем почитувач на традициите.
     
    На Nausicaa, baby-star, Celltica и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Не знам зошто со сила се правиш дека не ги разбираш некои работи.
    Жената оди кај мажот. Срамота е да оди кај нејзините. Така функционира македонизмот.
    Ти бори се за еднаквост колку сакаш, но ако твоите имаат застарени размислувања, нема за што да се бориш туку ќе прифатиш како што е.