Читаш што сакаш и измислуваш, можеш пак делот со дебилизам да го најдеш и пак да ти објаснам дека ти ќе се смениш, само ако ти сакаш. Со сила нема да те смени никој. Никој никаде не рече да не се поставуваат граници, т.е. да има обид за граници. Реалноста е дека страната со повеќе моќ може да искористи и да ти покаже патот. Не што треба, што МОЖЕ збориме. И на сето тоа, и маж ти ја брани маме, а ти се' свое си дала во нешто туѓо (ама не си проста Косми, ти со нотар би дала). И немаш каде, имаат моќ над тебе, немаш поддршка. Престани со тоа треба, та треба. Треба ама тоа не помага никому, разбираш? Треба за се' на хартија како жени да имаме дека сме вложиле. Треба да сме добредојдени во заедница кај нашите родители. Треба. Твоето треба никому не помага, освен да се јадосува. Пак те прашувам за чаре, чаре немаш, за ни еден пример, освен дека треба. Ок треба.
Ти ја објаснувам улогата на снаата според традицијата на која ти се повикуваш како причина да се живее кај родителите на мажот.
Ти па ако не ја гледаш позадината на она што го пишувам што коментираш без врска. Посочи пример каде мажот оди кај жената. Јас еден знам. Наспроти многу повеќе. Не реков дека така треба, туку така функционираат луѓето.
Ако прифаќаш како што е, прифаќаш и маж и свекрва со дебилни сфаќања. Нема кукање тука. И не спомнувајте еманципација, срамота е.
Имам и што живеат во стан на име на жената и во стан на име на мажот или куќа, заеднички стан итн... Не е срамно тоа. И ќе коментирам де, ти пиша жената одела кај мажот, и мене тоа ми е назадно и смешно.
Точно им било. И тие растат, созреваат, читаат на интернет и носат самостојни одлуки дека не е се онака како што ни кажале мама и татко. Како што очекуваме од мажот да се смени, да излезе од патријархатот и да и се спротистави на мајка му, така и жените треба да се менуваат и да се спротиставуваат.
Мене пак ми е назадно и смешно упорно да се дискутира за тоа луѓето како треба да живеат. Насочете се према проблемот што го имаат, а не што требало да се направи пред да настане тој проблем. Или уште подобро, кога за нешто викаш дека назадно и смешно, биди добра, подари им стан на луѓето, за не бидат назадни и смешни.
А што значи тоа застанување на нозе и кога се случува? Свекрва ми отишла да живее со свекрва, снаа и дошла да живее со неа како свекрва, за некое време и снаата ќе биде свекрва и гес уат, и таа новата снаа таму ќе дојде. Оти традиција било и оти од мајндсетот си патиме. Дедо ми пред 80 години се делел од мајка и татко за да живее самостојно, може затоа мене со друг мајндсет ме пораснале. Најпосле може ќе испадне дека и генетски е, јбг . Родители што ќе заебат, тешко оправање после. Ако тие се со идеја да спастрат некого, да им биде блиску и под контрола, ќе се заебаваме со заеднички живеења и мешање во манџи. Ако се разумни ќе бидат поддршка и спремни да го пуштат детето да лета, ќе продадат поголемо за две помали, па во краен случај и заедница да е, нема да се мешаат во манџи, јер заедница не е - јас шеф, ти измеќар. Ако не се разумни, и на марс да одиш, може џабе да биде.
Назадно и смешно ми е тоа размислување дека жената оди кај мажот. Стари баби така размислуваат. За жал има и млади ко што гледам.
Треба во првиот момент кога маж им ќе ги кара како не ја слушале мајка му, да го остават. Одма. Без да се свртат.
Тоа не го негира фактот дека се уште постои. И ми нема никаква поента и смисла да се смееме на туѓа судбина.
Каква судбина човече? Мажењето не е судбина, ОДЛУКА е. Раѓање дете не е судбина, ОДЛУКА е. Бирање маж не е судбина, ОДЛУКА е. Судбина е нешто што не можеш да промениш, ама со кого ќе бидеш, дефинитивно не е судбина.
Од мое опкружување немам ниеден што живее во апла заедница со еден влез, заедничко купатило, дневна, кујна...