Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Очекувања немам јас за никого.
    Само за се е, што си сееш тоа си жнееш.
    Или ја прифаќаш традиционалната улога целосно, или не.
    Во едно традиционално семејство, секој има своја улога.
    Снаата доаѓа и слуша свекрва.
    Има и песна де.
    За возврат - куќа кај што може да живее и да гледа деца, маж што носи пари за таа да не работи.
    Е многу тешко изводливо - сакам да живеам во куќава твоја, да не плаќам кирија, да не работам, ама по мои правила да живеам.
    Не се согласуваат свекрвите на тоа, што добиваат тие од тоа па да се согласуваат?
    Затоа е, или живееш со свекрвински правила, или живееш настрана, ама на сметка на заработување сопствени пари, кредити, нервози.
     
    На Oneo, Nausicaa, buba4e89 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Имаш среќа што твоите те воспитувале да размислуваш како што размислуваш.
    Услови за да имаш избор.
     
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Јас имам, т.е. имав.
    Ама па, мажов ги строеше неговите, беа безосетни. Оти машината перела на скапа, а они со бебе дома, јебига се пере ден и ноќ и слично. Многу добро знаеше кого да брани, затоа и жена, и деца, и сопствено живеалиште има денес.
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Таа што ја воспитувале дека нема избор, не плаче по форум дека свекрва и' е лоша. Си вика немам избор, така треба да биде, тоа е.

    Други проблеми се во прашање овде.
     
  5. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Кои правила?
    Да не сакаш да ти чепкаат во спална?
    Значи ако снаата е дојдена кај свекрвата треба шијата до земја да ја наведне?
    И тоа станува нејзин дом. И има право да го нарече дом.
     
    На Anyshka, Harper, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.464
    Допаѓања:
    90.959
    Пол:
    Женски
    Ти пишуваш што треба,не јас.
    Те читам што пишуваш и повторно да те потсетам збориме за снаите и чудно ми е што уште не сфаќаш колку ги понижуваш снаите,а збориш за еманципација.
    Што ги сметате за беспомошни гуски кои живеат во туќа куќа од каде свекрвите имале право да ги избркаат заради тоа.

    Снаата е рамноправен член во семејството ,која се омажила за синот,родила деца си вложила.
    Чарето го пишав.
    Поставување граници од страна на снаата,не е малоумна, треба своето да си го брани,ако не клучот златен..
    Да,во туѓата куќа каде живее.Не обид,РЕАЛИЗАЦИЈА.
    Кој може да има моќ над мене да НЕ си ја заклучам спалната?
    Свекрвата? Да ми покаже патот?
    Во кој век живеете штом сметате дека снаата треба да гувее.
     
    На Anyshka, Harper, H.VAGA и 5 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Е не е така по традиција.
    По традиција свеки е пали - гаси по дома, снаите ја слушаат и тоа е тоа.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Косми, свекрвата МОЖЕ да го покаже патот. Може, ако немаш на хартија бре чоек. Маж и' нејзин со неа заедно, апсолутно можат да покажат пат и на син и на снаа.

    Освен ако имаш идеја како од станот што ти со маж ти го купи, не би можела да исфрлиш некој. Сподели, да си најдам така да се уселам некому.

    Меѓу зетот и песот, кој ќе одбереш? Зет што ти вика уууу гнасни едни со кучишта дома, или песот оти... твој дом, ако сакаш и змии ќе чуваш?
     
    Последна измена: 9 февруари 2023
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Моите живееле во заедница пред многу години. Мајка ми нема лош збор за баба ми. Не е традиција да си говно од човек.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    И мајка ми со баба ми живееше, многу фино, откако татко ми ги решил работите.
    Ама... мажите ретко ги решаваат. Посебно не во корист на жена им. Само темава читај ја, колку си ги бранат мажите своите родители.
     
  11. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Да, девојко, според традицијата на која ти се повикуваш, снаата треба шијата до земја да ја наведне.
    Жената оди да живее кај мажот и притоа е безгласна буква, тоа е патријархалната традиција, која ти не ја ни познаваш ама ја користиш како изговор зошто да не се живее со твоите, туку со неговите, ако веќе нема услови за самостојно живеење.
     
    На buba4e89, baby-star и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  12. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Те разбирам и разбирам што сакаш да кажеш. До некаде си ви право. Ако гледаме себично на работите.
    Дозволиле да живее и на синот.
    Моето дете ми е за цел живот.
    Ако реши да живее со мене, вратите ќе бидат отворени. Никогаш нема да дојде до зборот ,,дозвола" да живее со мене. Мајка сум му. Јас решавам да го родам, јас решавам да дојде на овој свет. Јас му го должам животот. Барем јас така мислам.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    И ок е тоа.
    Ама ако неговата избраничка ти наоѓа маани на се' живо, од завеси во дневна, до тоа кога спиеш, кога переш, какви обичаи имаш итн. не е реално дека ќе кажеш - важи снајке, ти како сакаш, јас по твое ќе правам.

    Мислам јас не би ни свекрва, ни снаа да дворам, ама тоа сум јас, што знам.
     
  14. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Јас не се повикувам на ништо. Кажувам зошто нештата се такви какви што се. Ти сакаш и ти е интересно да се расправаш.
    Секој има право на достоинствен живот.
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Освен ако свекрва ти не те вреѓа, тепа, што е недостоинствено извини?
    Не знам од каде ви се очекувањава дека некој ќе си смени карактер ради вас, ама ок. Фантазиите разочаруваат.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.464
    Допаѓања:
    90.959
    Пол:
    Женски




    Леле.19 век,неверојатно.:o
    Дозволено и било да живее:rofl:Доаѓа и слуша свекрва.не смее по нејзини правила да живее туку по правила на свекрвата.
    На твојата идна ќерка би и советувала исто,наведни глава и слушај правилата на свекрва,си се тупнала таму,па уште и неработење додаде сега.:lol:
     
    На Anyshka, Harper, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Свекрвата не може и не треба да менува карактер поради снаата, но таа мора. Обострано е тоа. Затоа треба да се има толеранција и осет.
    Ако толку не сакаш да живееш со снаа, можеш портите да ги затвориш. А не цуци муци на свадба и после роговите да ги вадиш.
     
    На Anyshka, Осе и VDT2906 им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Не е цуци-муци, не се познаваат.
    Сите сме цуцки со непознати.
    Затоа батали што е традиција, тоа е лоша традиција и мора да се искорени што поскоро.
    А нема да се искорени со воспитување на свекрви, туку со воспитување на синови и ќерки. На свекрвите им прошол возот за воспитување.

    И не мислам да ги воспитуваме да веднат кичма, туку за почеток, ете син имаш, учи го дека не е срамота да живее кај родителите од идната невеста, не мора со тебе.
     
    На buba4e89, baby-star и Biljarkata им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Џабе се смееш, оти кај тебе дома добро знаеш чии правила важат.
    А тоа не се на децата, туку твоите и на маж ти.
    Како и што треба да биде фала Богу.

    За Мантуб не знам, јас деца на традиции сигурно нема да учам. Ама сигурно. Знаејќи колку јас не ги сакам, сигурно нема да им речам ок е кај свекрва ти да идеш да живееш.
     
  20. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.961
    Допаѓања:
    61.068
    Пол:
    Женски
    Темава (моментално сега што се дискутира) ја носите во сосема две насоки, црно-бело... а факт е дека не е се црно и бело...така да дај боже да бидеме совесни свекрви кога ќе ни дојдат снаите в куќи :D