Абе за почеток, приоритети да се научат што се. И дефиницијата за брак- дека е заедница меѓу еден маж и една жена (бар засега) не маж, жена и свекрва . И сеедно е дали имаш син или ќерка, за двете исто ќе се трудиш. Па после едно пола од мене, едно пола од кај мажот, ете ново цело. Или тие што имаат 2 сина дупло плата земаат, а тие со ќерки помалку, оти не треба да ги обезбедат?
Да во право си,моите ќерки нема да ги учам да гувеат и да ќутат и да дишат на дозвола од свекрвата ако случајно живеат со нивните мажи во заедници. Па според мислењава што ги имате со Мантуб,вежбајте традиционални вредности од 19 век уште пред да ви се родат децата.
Не учи ги, ако им се погоди свекрва ко овие од темава, ќе се изнервира свекрвата и ќе се реши проблемот брзопотезно. Ние дома не следиме традиции, и крисмас кукис цртаме знаеш
Не е до свекрвата туку до твоето размислување дека дошла снаата на готово,мора да трпи нејзини правила.штом на готово дошла. Џабе цртате крисмас кукис кога размислувањата ти се традиционални од времето на прабаба ми.
А реално, ги прашал некој свекор и свекрва дали може да живеете кај нив? Пример, јас за кај моите би прашала, сестрите плус.
Кога живееме под кирија никој не доаѓа, ама за тоа плаќаме, за живеењето таму. Не оправдувам никој, ама најдобро решение е осамостојување и одвојување од свекорот и свекрвата.
Па со сила никој не им доаѓа во куќа, се прави муабет. Најчесто старите за да им " помогнат" на младите ако имаат поголема куќа им отстспуваат дел или им даваат стан. Кој потоа повеќето на нос им го вадат и така. Ако старите не сакаат ќе им речат фино лепо барајте си чаре овде не може.
Па во заедница се плаќаат сметки, храна ако готват заедно. Се расипало нешто се поправа заеднички не седат младите без да допринесат нешто.
Ама нели знаеме дека низ нос им го вадат? Дали еднаш се случило тоа во историјата или баш затоа темава има 2000 страни? И баш заради тоа, не влегуваш олл ин, туку проценуваш ситуација. Како што јас од прв ден не сум купила кујна за 100 миљарди или кожена гарнитура, оти сум живеела под кирија... А брзо се проценува ситуација, дали го бива аранжманот или не.
Нема поента кога суштината е дека не сака никој решение реално. Ќе дрндаме "треба". Највеќе од се' треба да се преземе одговорност и иницијатива за сопствениот живот, ама тоа е потешко него да бидеш жртва.
20 годинаи имам секс, забременив кога сакав, а не несакајќи. Има дупла контрацепција, со кондом и свршува надвор. Ама побитно е на курот да му е убаво, па после снаата нека трпи свекрва. Не сфаќам несакајќи трудни. Во Македонија во 21 век, треба и сама да живееш и со дечко пред да се омажиш. Како тоа бе се мажите од кај мама кај свекрва? Сами не сте живееле? Се мажите со некој со кој не сте живееле? Иначе пред еден век традиција биле и сводници, па кажете се бе по традиција. Зар уште у Македонија се мажат без да пробаат заеднички живот??
Господе помогни Свекрвински правила? Ти се слушаш ли што зборуваш? Снаата доаѓа и слуша свекрва? Пак се вративме на тоа дека снаата доаѓа. Абе снаата не доаѓа. Се мажи. За мажот. Од глаата си патиме.
Во една тема те осудија зошто не работиш. Зошто осудуваш сега ти некоја што решила да живее во заедница? Или уште полошо, како забременила. Секој со своето. Јас се омажив без да живееме заедно. Уште сме заедно. Има огромна љубов, почит и разбирање.
Аууу фала Богу што не живеам у заедница и што имам свое. Не на маж не на мојте. Свое. Не сваќам пола од муабетите овде како такаво 21 век.... Како некој вложува све што има во нешто туѓо и се остава на милост и не милост од маж, свекрва, свекор. Па се тоа може да се сврти за еден ден и да остане сама без ништо и никого. Жими се еве не сваќам.
Јас работам од прв ден по факултет, живеев сама, со дечко, па пак сама па со дечко па се омажив. Способна сум сама да се одржувам, и не живеам во куќа на свекрва. А за осуда е секоја која се ебела а не знае контрацепција. Која се мажела, а не е способна сама да се издржува. Темава уствари ми покажува дека уште у земјава има млади кои знаат што е тик ток а не знаат да не останат трудни. Дека им смета туѓ дом, оти свој не знаат да створат. Само една моја другарка се омажи без живеење заедно. Сите други живееја со дечковците, а две раскинавме по години врска откако видовме какви се после година дена заедно живеење. Оти тоа е многу подобро, од тоа да с е омажиш со мамина маза, и со мев до заби да си одиш оти свекрвата те брка.
Он нема ништо негово, како да постави? Во ред ќе и рече не ми влагај во соба не претурај по работи и слично. Не е работата до мажот или жената работата е во постарите генерации затоа е подобро посебно додека не се искоренат старите мисли.