Форумџика на годината

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.833
    Пол:
    Женски
    Си влезе другиот ден дур не беше дома, си го зема и си зема алиштс и си отиде. Ама се разболи он, ја домоли да се смират и после кратко почина
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.013
    Допаѓања:
    276.474
    Живеам под кирија со 350е плата.
    И ми помагаат моите кога можат, колку можат, јас не им барам.

    Финансиски кај нив ќе ми биде полесно, ама не сакам да се вратам. И не оти се олоши, мислам дека се супер луѓе моите.

    Ама раатот што човек сам го има, не може со ниедни родители, ни свои, ни туѓи да го има.

    И глупо е да речам, "среќа" што умрел. Мислам план Б кој би бил, ако не може да го земе оружјето?
    Поуката од нејзината приказна е таа, не му ќути на копилето (извини уште еднаш, знам дека е татко ти).
     
    На hermosa, buba4e89, Mnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.833
    Пол:
    Женски
    За мене не збори зошто ништо незнеш, а поготово да тврдиш дека свекрва ми ми готви. Од 18 години до 24,дома за спиење на 5 саати идев и меѓу факс и работа, ако имав време саат/два. Нова Година првпат излегов да славам на 25,зошто пред тоа секоја ја работев. Ти си плаќаше кирии, ја дома кај моите сметка за струја или за тв и нет, си плаќав факс и возачка и кола. Секој со приоритети/потреби. Ама неможеш да мислиш дека си подобра од другите, зошто ич не си. Секој сака свој стан или куќа,секој знае како е најубаво. Ама со фалење овде им триеш сол на рана на тие што неможат да си овозможат. Само тоа да ти кажам.
     
    На Anyshka, Harper, emiliana и 6 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.013
    Допаѓања:
    276.474
    Ама затоа и не ја оставаш свекрва ти да те малтретира, точно знаеш што е твое, точно мт знае кој му е примарно семејство нели? Бар од што те имам читано, тој впечаток го имам.
    Едит: Чка сама нека си каже подобро, ама од тоа што го има споделено, ич животот не ја милувал, од немаштија до други работи. Не е фалба, туку човек треба да учи од луѓе кои биле во некаква тешка ситуација и што направиле за да го променат тоа.

    Нема фајде од кукање. Има фајде од работа на себе и борба за себе.
     
    На baby-star и Mnik им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Ако е маж нема да дојде, ама гледаме во темава на секоја втора страна доаѓа.
    Свекорот вика моја е куќава, или свекрвата го вика тоа и свекорот ја поддржува.
    Можеш да корнеш ѕидови, да не им зборуваш никогаш, да се расправаш, ама дали можеш да им се изнасмееш и да им речеш Не си одам?
    Не можеш.
    Ако они се решат да бркаат, после 18 години ни на синот не му должат ништо реално, а не пак на снаата.
    И она што цел ден се зборува е дека снаите многу добро го знаат овој факт и затоа трпат свашта, таканаречени свекрвински правила што некогаш немаат смисла.
    Зошто знаеш до кај може да ескалира ситуацијата.
    Јас не сфаќам што сте толку запрепастени на фактот дека снаата може да си оди?
    Значи најлошо сценарио, доаѓа до пцуење и колнење, кој си оди, свекорот си го собира имотен лист и ви ја остава куќата?
    Дом и е на снаата, има право, има ова, има она, се додека не дојде до ситуација кај што ќе е потсетена дека не е дома, еее само тоа сме читале на темава.
    И затоа, најарно е на свое и тоа цел ден збориме.
    Божем јас сум ви свекрва па сега ми објаснуваш дека не е ферски така кон снаата.
    Може да не е, ама не постојат секакви карактери на свекори?
    Постојат, факт.
    Затоа да не се дозволи да може да дојде свеки до ситуација да ти рече Или ќе ме слушаш или фаќај врата.
    И нај во право да си била ти и сите да ти потврдат, што дека?
     
    На Oneo, Bezimenka90, MilaSs12 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.833
    Пол:
    Женски
    Не е глупо, сите тоа го мислиме. Ништо немаше да прави, ќе се вратеше, знаев. Тоа е тоа кога немаш поддршка од родители. Цел живот циркузи се правеа, она му ќутеше. Јас сум далеку за да можев да ја сместам кај мене. И така, сега си живее она во куќата а он си гние под земја. Господова работа
     
    На ALISA0000, andrejko82 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  7. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.833
    Пол:
    Женски
    Па да, во иста куќа сме, ама све поделени. Да, мм ми е голема поддршка. Уствари реален е, не трпи ни мои каприци ни нејзини.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.013
    Допаѓања:
    276.474
    Не е до куќата, до луѓето е.
    А највеќе до мажот ако веќе се живее кај неговите (или жената, кај нејзините).

    Побогу со мајка ми не се согласувам за секојдневни работи, зошто со свекрва би се согласила? Тоа е компромис што многу тешко луѓето сфаќаат дека треба да го направат.

    Настрана брцање и фиоки, глупо е бескрајно, макар и тоа е најчесто навика оти на синот му местеле гаќи до вчера. Ама одиш, "опипуваш", не фаќаш 20к во ветер на свекор да ги дадеш.

    Се' ова ми е од темава иначе, и секогаш до ист заклучок доаѓам, мажите се криви зошто се идиоти, а жените зошто ги трпат.
     
    На hermosa, andrejko82 и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.146
    Допаѓања:
    144.830
    Ако си била вработена, си имала за кирија. Ама не си била доволно осамостоена. И од мама, ајде кај сверква. После сите се криви.
    Ти си можела, не си сакала. Тоа е разликата меѓу нас. Јас не се мажам ако немам кров над глава. Ти си сакаш да живееш мажена кај свекрва. Кога правите избори сами, Не се жалете. Живејте со своите избори, под туѓ кров, како безгласни букви. У кавги секој дЕн и под тензија. Сите имале избор. Ама трчале да с е омажат.
    Или па да свршуваат внатре пијани. После не знаат дали жената или мајката да ја слушаат. Па изиграваат судии на газдарицата на куќата и потстанарката. А и самите неспособни за кирија да платат, тато за шп ја правеше куќава?!

    А најстрашна верзија се оние у исти стан со свекрвата.
     
    На hermosa, Oneo, ALISA0000 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    8.238
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со некои членки тука.
    Прво осамостои се, после мажи се.
    Нема полошо од живеење во заедница.
     
    На baby-star и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Исто ко на работа...не сме имале сите по некој шеф што се занесувал, а сте знаеле дека не треба зошто океј си ја бркате работата?
    Сите сме имале. И што правиш? Понекогаш си поќутел зошто ти треба работата, ти треба платата, знаеш дека подобро во тој момент нема.
    Ама не бил фер. Не е. Ама тој шеф во моментот е на позиција на моќ и ако се искараш можеш да добиеш отказ.
    Го знаеш тој факт и не се караш и трпиш хирови на шефови.
    И ако го констатираме тој факт дека постои, значи дека сме поддржувачи на мобинг?
    Не, само констатираме дека постои.
    Така и со свекрвите.
    Не поддржуваме буричкање во веш.
    Можеш да се искараш и ако е некоја експлизивна ќе ти рече, јас во мојава куќа кај сакам ќе шетам.
    Може да ја искористи нејзината позиција на моќ и да те избрка? Може.
    Ти ќе плаќаш кирии, не таа.
    И затоа се трпат хирови, исто ко со шефот.
    А во право си, ама што дека.
    Тоа со силењето, ќе и кажам вака, ќе и кажам онака, лом ќе ја направам, клуч ќе си ставам на спална - не сте виделе мака со свекрва, ко што виделе некои.
    Може е разбрана вашата, може никогаш не би ве избркала, може ја боли нарушен однос со синот.
    Има некои што ништо од ова не важи за нив и не можеш да се силиш со такви.
    Зошто на крајот од денот, исто ко шефчето, позиција на моќ држи и тоа е тоа.
     
    На Nausicaa, Bezimenka90, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.650
    Допаѓања:
    92.385
    Пол:
    Женски
    А на темава има снаа избркана од свекрва или @Mantub си измислуваш по потреба?
    Инаку снаата фино и лепо ќе и рече никаде нема да оди ниту има право таа да ја брка,може само да се слика и со золвата да ја колнат.
    Може да ја избрка само нејзиниот маж ако се случи нешто меѓу нив.
    @Mnik
    Ти беше со свекрвата што сакаше славата да ја превземете?!
    Според Муабетов тука мора да ја земеш славата и да следиш правилата на свекрва инаку имала право да те избрка.
    @Cka
    Со 350 евра плата и 150-250 евра стан,сам под кирија можеш да живееш само ако мама и тато полнат фрижидери или носат кеси со храна или потфрлаат пари.
    А тоа не е самостојност баш.
     
    На Anyshka, Harper, emiliana и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Аххх да, ќе и речеш така, сигурно.
    Ако и свекорот е ист ко неа, а некогаш се и бетер, ќе им ги спакуваат куферите и на снаата и на синот.
    Па дури и да не те спакува, тоа одкако ќе ти го рече, удобно ќе ти е во таа куќа да живееш со години и да растеш деца?
    Секој ден да те потсетува, рамнодушна ќе останеш.
    И како ме прашуваш дали има, два пати прочитав на темава и во живо знам и поужасни случаи, ќе се правиме дека нема?
     
    На baby-star, mssuniquee и Just.do.it им се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.079
    Допаѓања:
    19.002
    Пол:
    Женски
    Мене не сакаа да ми напишат проста најпроста пријава. Не биле надлежни. Ме поматкаа по врати, каде од 10 канцеларии во една најдов вработен на работно место, кој не знае како да го најде одговорниот од канцеларија 5ж. Видов не видов, баталив работа. Да си немаш работа со нашиот правен систем.
    Нели не е лошо да си издржувано лице? Најгласна беше дека е ок маж да издржува жена ако има доволно пари. Усогласи си ги ставовите малку.

    Не знам за кое време збориш. Можеби кога лебот беше 15 денари, можеше и пола да земеш ако ти треба. Сега леб знаеш колку е?
     
    На Anyshka, Bezimenka90, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.146
    Допаѓања:
    144.830
    Како да живеев сама, имав 150 за кирија, 100 за сметки и 100 за јадење. Моите никогаш немале да ми дадат. Би пари ни јадење. Еднаш ми донесоа само 1000ка, дедо ми ми пратил. Толку.
    Кога сум немала, сум живеела со цимери и цимерки. Тогаш имаш и за штедење.
    Јас не патам по марка алишта, нокти и фризури. Не ми е тоа трошок. Ама жениве се плашат од самостојност. И од мајка кај свекрва одат. За мене тоа е неприфатливо.
    Ама темата не сум јас. Туку жениве што ден не живееле сами, ден не живееле со дечко, туку без крив над глава одат у туѓа куќа и после кукаат.
    Толку ли е проблем да работат нешто за кирија да извадат а мажите за јадење?! Или ај у една соба ќе с едиме и свекрвата ќе ми број гаќи.
     
    На CameliaMiller и Just.do.it им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.146
    Допаѓања:
    144.830
    Да, ако е така подобро за семејството. Ама кој да сфати. Прашај ја свекрва ти
     
  17. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.833
    Пол:
    Женски
    Да и ако некој друг ти по плаќа факултетот, ако ти уплати возачка итн итн.Ама збори дека само кирија е самосталност. За мене поголема гордост нема кога сама си платив се за возачка на 22 години, кога сама си купив кола на 23. Ама сама. И дома помагав со плаќање што можев, секој месец испод 5000 ден не бев и полнев фрижидер. Ама она упорно тврди дека она била самостална. Кога ќе мораш на 18 години да работиш за да имаш повеќе од еден пар фармерки и маици и кога ќе сакаш да си правиш ќејфови да си плаќаш кирии, не е исто.
    Иначе да таа сум. На свеки на крај и реков дека слава не се префрла дур си жив, по правило треба свекор на син да префрли, а мм тоа не би го направил, така да.... Си знае она.8)

    И еве јас свекрва ми ако е под мене, неделава на 5 минути уз пролаз ја имам видено, а @Cka сигурна сум дека ти повеќе ја гледаш од мене, иако си на страна.Затоа не рипај на секого, не живемее сите ние исто.
     
    На Anyshka, riba79, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.079
    Допаѓања:
    19.002
    Пол:
    Женски
    Ми фали времето кога 100 стигнуваа за храна месечно.
    Што да ја прашам? :?:
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.863
    Допаѓања:
    48.194
    Па ако мисли свекрвата да ве избрка од домот само оти ќе и речете да не ви влага у соба и да ви буричка у стварите, сигурно нема ко пи*ка да се крие и да ровари коа не сте дома.
     
    На Anyshka, Harper, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Сите знаат како треба, сите знаат како е најубаво, ама утре пак ќе дојде на темава некоја што ќе се жали од свекрва што има избор каде да оди (куќа на родители, доволно учество за кредит за стан), сите тоа ќе и го пишат, ама таа пак ќе најде 100 изговори да инвестираат во спратот над свекор и свекрва, да им чуваат деца оти "мало било за градинка", па не сакала кредит да враќа цел живот итн итн. Како да ви кажам, ама секој возрасен треба да си ја сноси одговорноста за своите одлуки. Некогаш се нема друг избор, ама некогаш и не сакаме да го видиме, или не сакаме да преземеме ризик. Тоа е, нешто добиваш, нешто губиш. Муабетот ми е, секој возрасен и способен треба да си го земе својот живот во свои раце. Сѐ друго се филозофии и изговори.
     
    На hermosa, Oneo, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.