Бог да чува да зеам да гледам колку јаде бремена жена па уште да и се мешам..... Гревови од господ ќе плаќаат сите ѓаолки само тоа да ви кажам.Бидете ЈАКИ И ИЗДРЖЕТЕ ЈУНАЧКИ ДОПРВА ЌЕ ИМ ГО гЛЕДАТЕ ЛОШОТО!!!!
Ве читам веќе извесно време, и понекогаш ме фака смеа, ама понекогаш богами и жалење. Можеби нема да се согласите со моето мислење ама сакам да ви кажам и една друга перспектива за ваква ситуација. Па нели ние сите сме модерни жени, сакаме да живееме современ живот и што би се рекло Европски Епа зошто бе тогаш се нафаќате да живеете задно со свекрвите? Знам ќе речете немаме услови да се одделиме, ама нема да ме убедите. Штом сте решиле да живеете во таква заедница, некој да ви даде кров на глава, а во најчест случај и да ви плаќа сметки, треба и малце почит да се покаже. Јас и дечко ми уште на почетокот бевме решени, живеевме задно во една соба, па го унапредија дечко ми , земавме поголем стан, купивме покуќнина малку по малку. И да ме прашате мене ќе ви кажам дека не беше лесно. Не беше лесно да имаш еден кревет и едно решо. Ама сега се средивме постепено и јас не знам како. Свекрва ми (кандидат свекрва де ) ја почитувам иако знае да каже зајадлив коментар од типот дојдете заедно ќе си седиме. Но јас тоа нема никогаш да го дозволам. Тоа е нејзин дом, ми се допаѓало тоа на мене или не. Таа може да сака да има миле на телевизорот бе. Јас не сакам и што сеа треба да и го преуредувам ентериерот? Па гледам дека некои се зафатиле и со екстериерот. Девојки и жени бидете благодарни што некој ви дал кров над глава, не мора да бидете измеќарки таму, ама покажете малку почит. Ако сте се прибрале кај старите бидете благодарни и работете на тоа да си создадете сопствено огниште. Не се гради дом во дом. Како сакате сфатете ме не осудувам никого, ниту обвинувам, само бидете современи и кога станува збор за местото на живеење како што се современи во шминкањето и облекувањето. Толку имав да кажам, погледнете малце и од друг агол.
Потполно си во право за секој збор кажан во постот. Само некој изгледа сака цел живот да е третиран како принцеза и кога ќе се омажи пред неа да се постели црвен тепих покриен со рози.
Кога веќе апсолутно нема никакви услови за самостоен живот, т.е. младите да се одделат, не знам зошто секогаш се оди на опцијата - одиме кај неговите. Ако веќе сум приморана да делам покрив со некого, би си ги одбрала моите родители. Не ја сфаќам трагиката на поимот домазет, доволно е трагично што се нема услови за секој млад брачен пар да си створи сопствен дом. Ама никогаш јасно не се премеруваат условите на двете куќи. Сум видела многу примери каде што тие на девојката се подобро ситуирани и имаат повеќе простор, ама од некои глупави и банални размислувања - по секоја ЦЕНА значи, се заминува во малиот двособен стан, со свекорот, свекрвата и помалото братче на мажов. Од двете зла, барем настојувајте да се одбере помалото. А јасно е дека ниту една од двете ситуации не е идеална. Самостојниот живот (за мене) секогаш има далеку многу плусови на листата, отколку животот во заедница, не може никој да ме разубеди во тоа.
Значи тој што нема живеено во заедница неможе и неможе да свати некои работи!!! Не дека некоја очекува да биде третирана како принцеза и да и се постилаат килими под нозете,животот во заедница значи и компромис од двете страни....проблемот е во автохтоните староседелци кои поради тоа што тапијата од куќата гласи на нивно име си земаат за право да се однесуваат како деспоти а, снаата ја третираат како домашен роб.Значи ова кажано во буквална смисла а,не само фигуративно!!! Па добро бе мајке му...што граделе толкава куќа кога знаеле дека утре другден синот ќе им се жени и донесе снаа во куќата.Што не си оделе со тие пари на одмори..што не си го живееле животот!? Не е после снаата виновна па, да ги трпи нивните фрустрации...ете ја дојде таа...новодојдената и сега јас така да и ја оставам куќата.ЕЕ нема има душата да и ја извадам... Ете тоа е реалноста со која верувам се соочуваат голем дел од брачните парови кои живеат во заедница. И нема ништо поубаво од тоа да бидеш одделен..макар живеела во една соба и јадела леб и сол..ќе знам дека тоа е само мое.Освен се разбира ако и сопругот го сака тоа...зошто има и некои кои не сакаат да се делат од мама!!!Па нели истата таа цел живот го учела земи сине жена да има кој да ми пере гаќите,да ми чисти ,да ми готви а, јас сега се пензионирам и отсега ќе ми се обраќате со лејди.
Ајде сега уште и криви се што имаат толкава куќа па замисли дека немаат куќа, дека се во еднособен стан, сврти се и замини заедно со маж ти под кирија кога веќе не се трпи.... живеј во една соба и јади сол и леб штом така мислиш, незнам што чекате...
Прво прочитај наназад што има женава направено, и што има поминато. Како второ, според мене во право е. Кога мајка ми сакаше да направи куќиште од безброј квадрати, татко ми и рече зар со снаати ќе седиш? И така тргнаа некоја пара на страна што утре би помогнала за нешто. Трето, не мислиш дека си малку дрска? Се обидувам веќе некое време воопшто да не те читам, затоа што каде и да напишеш нешто ми се крева притисокот од тоа што ако не е по твое, не е по ничие. Полека малку, сите тука маките си ги пишуваме немора очи да си вадиме!
Ајде сега уште и криви се што имаат толкава куќа па замисли дека немаат куќа, дека се во еднособен стан, сврти се и замини заедно со маж ти под кирија кога веќе не се трпи.... живеј во една соба и јади сол и леб штом така мислиш, незнам што чекате...[/quot Поентата не е во тоа дали имаат голема или мала куќа....мене тоа воопшто не ми е битно не сум материјалист!!! А ако има некоја будала што ќе трпи секакви понижувања и малтретирања само за да живее во голема куќа јас не сум таа!!! Мене ми е битен душевниот мир,рајатот и спокојството.Ако некој не знае да живее во хармонија да го цени и почитува другиот секако дека ќе си заминам.Домот треба да ни биде место каде ќе се чувствуваме безбедно и сакано а не бојно поле!!!Ама за жал некои не ја сфакаат разликата помеѓу голема куќа и дом!!!
Јас тоа и ти го препорачав, незнам зошто реченици со извичници Не е битно колкава е куќата, оди си бе девојче, незнам што чекате ако ситуацијата е алармантна ?
И мојата мајка исто,ние имаме куќа,а за брат ми си имаше стан,прво младите живеаа со старите на што мајка ми беше многу против од искуството низ што минав јас,е сега мојот брат пак не сакаше да оди во станот демек убаво си живееле зошто да оделе,мајка ми беше на ум дури таа да се пресели во станот но брат ми ај демек нешто не му се свиѓало да си направил,и така по долга битка на мајка ми си отидоа во станот да си живеат,ни расправии ништо,од тоа поубаво нема,јас и тие одиме кај мајка ми на ручок или вечера кога ќе не повикат,јас одам почесто зошто ми е поблиско и не работам,снаата кога не е на работа и таа доаѓа или кога е слободна јас одам кај неа или таа кај мене,што не е исто со золвата и со свекрва ми,одам кај золвата само на празници ,кај свекрва ми почесто зошто по гестот што го направи да се делиме секој на своја страна па и заслужува почит,така да и јас сум за душевен мир и спокој,мајка ми е па некогаш се скараме и тоа често се случува зошто или на неа нешто и фали или мене,ама нели сме си мајка и ќерка за 5 мин си продолжува се понатаму,што не е случај со свекрвите,така да подалеку е поубаво од искуство кажувам,колку и да збори нешто и да те нервира тоа е кога ќе одеш на госте или кога ќе ти дојде,ама чим излезеш од вратата од едното уво влегло од другото излегло,што не е случај кога живееш со нив заедно
И ние живееме сами, точно е дека мирот и спокојот не може да се заменат со ништо друго, но факт е дека се мачиме повеќе од мои другарки кои живеат во заедница, но иако имам примери од другарки кои навистина им фали мир и спокој по дома, повеќето се мирни и во тој дел, се става граница се договара и тоа е тоа, нормално е дека ќе ги почитуваш луѓето каде си отишла уште па и ако ти плаќаат сметки, но МОРА МОРА и тие тебе да те почитуваат. Не се согласувам дека ТЕБЕ ти дале покрив над глава, па не се тие туѓинци, РОДИТЕЛИ се на твојот сопруг и ако направиле некои услови за посебен спрат или слично ги направиле ЗА НЕГО за син им, а не за мене, и друго не сум јас собрана од улица па некој мене да ми дава покрив над глава. Значи ако дојде ден кога ќе се вратам да живеам кај нив, или без разлика уште веднаш таму да останевме, не сакам да ме гледаат како да сум собрана од улица, не сум влегла јас во нивната куќа за да ми даваат мене покрив над глава, влегов таму за да формирам семејство со нивниот син, за покрив над глава си имав и дома кај моите. Па најчесто и свекрвата е дојдена таму, секако дека и таа вложила со текот на годините, но и ние и јас ќе вложувам доколку живеам таму. За милето на телевизорот си е нејзин избор, за во нејзината соба, ако нас таму не следува спрат или соба ќе си го средам како што ние сакаме. Соба, Соба, Спрат, Подрум, нека се знае кое ќоше ќе биде наше таму. Ако се луѓе кое ви посакуваат добро на тебе и нивниот син, ќе ви отстапт газ место и ќе ви дозволат да градите нормално семејство. За жал кога ќе влезе снаа во куќа, влегува некој немир во нив, дали мислат дека го губат синот така, па се јавува како некој вид натпревар... Сведок сум на многу вакви повеќе од очигледни буцкања од свекрвите, докажување.... Пример младиве ми си ги плаќаат сами сметките, а овие стариве пак им се качуваат да проверат да не свети некоја сијалица што не треба, или да не е вклучен бојлерот повеќе одколку што треба, ее ова иритира богами. Не сме и ние снаите секогаш во право, не ги оправдувам во секакви случаеви, но мора да им се даде простор на младите, па богами веќе и не се мажиме толку млади како нив на 18-19 години, повеќето сме над 25 па и околу 30 години и не може бе некој на 30 години да ми кажува како да мијам садови, еј не вака водата вака ваму да стојат садовите не таму алоооооо respect малку
без разлика каде ид а бидеме кај неговите или моите слиЧна ситуација ке има мое мислење. додека не си живееме сами со саканиот и да си правис сто сакас без да помислис сто ке кажат ако станис доцно од спиење,ако се бајнас,ако јадес и сл.......додека не си имас свое место нема свое јас бас онака како сто сакаме... затоа да даде господ здравје и повеке пари за сите ние сто си сакаме мир со насите мажи па после сакам спијам,сакам јадам,сакам ова сакам она немас гајле узиванци и плус подобра си со сите,а не сега и добро да правис за лосо ти го земаат
Во глобала ми се допаѓа твоето размислување, затоа и го лајнкнав . Браво за храброста и одлучноста да си создадете свое гнездо далеку од сите. Навистина, секоја чест. Единствено не се согласувам со болдираното, затоа што јас и мм сме жив пример дека и те како се гради дом во дом. Благодарение на тоа што стариве ни дозволија да се прибереме тука, полека но сигурно еве успеавме да си спечалиме за наш нов дом. Значи ние еве тука сме скоро 5 год. откако 2 год. бевме под кирија. Се прибравме дома, фала Богу добро ни тргна работата и еве успеавме да си купиме и станче. Уште не сме преселени, не ни се брза, сакаме прво да го средиме туто комплето, а за тоа ќе ни треба и време, а и средства. Признавам не сум толку храбра да се селам во една соба, недовршена и само со едно решо кога тука куќиме 5 год. и имаме солидни услови за живот, да не речам одлични, задоволна сум....ама уште посреќна ќе бидам кога ќе се преселиме. Значи може да се гради дом во дом. Уште нешто, кога се преселивме ние само нашата соба ја уредивме онака како што сакавме, иако имаше сугестии од свеки како треба да ни биде, т.е. изиграваше жената декоратер на ентериери. Јас само молчев и игнорирав додека на мм му пукна филмот и и` рече да се повлече. Друго не пипнавме, реновирањето на останатите простории дојде многу подоцна, непосредно пред да се породам (син ми има 9 месеци, а реновиравме 2 мес. пред породување и се` било од наши пари, ништо од нив не сме побарале.) Ама еднаш се случи да присуствувам на еден разговор меѓу свеки и една нејзина комшика. Заедно пиевме кафе и си кажуваше жената дека и` е тешко што синот не и` е уште женет и мојава на тоа и` одговори-ајде, ајде ќе биде и тоа, сега така збориш, утре задутре кога ќе дојде снаата ќе гледаш како ти преместува и ќе си пукнеш од нерви. Баш ме зачуди муабетот затоа што на некој начин тоа индиректно беше кон мене упатено, а јас ништо не преместив, освен што ги донесов во кујната садовите кои ние дотогаш ги користевме (чинии, чаши, тенџериња, тави итн. итн. т.е. цел кујнски прибор). Ништо не исфрлив, ништо не преуредив, туку баш убаво се сеќавам се` оставив на работните маси и и` реков да ги нареди како и каде сака, а тоа што не треба нека го тргне на страна ќе го спакувам. Дури и женава од свадбените поклони што ни беа, самата ми рече да ги оставам дома (да не ги носам во подрум). Самата ги исфрли старите и ги зема во употреба нашите нови и после муабети јас сум преместувала. Откако го чув тоа ништо од заедничките ствари што беа не потфатив, не преместив долго време, се осетив како туѓинец и убаво си се изнаплакав. А и свеки моја е дојденец исто како мене, и неа и дале покрив над глава, дошла на готово, не градела, не создавала. Затоа со тек на време се опуштив и сфатив дека ако таа имала право да го премести "миленцето од ТВ", имам и јас.
да ти кажам и подобро е така ! пример етрва ми 5 год живее во куќата никогаш нема измиено садови ако измие маж и добро ако не не морало бидејќи тие дома еднаш неделно миеле , а јас од кога дојдов свекрва ми ме замени со машина за миење садови . Никогаш нема ништо зготвено , нема изметено двор, нема фрлено, ѓубре, не брише прашина толку е гадна што јас до лани седев во студентски станови таква гнасотија немам никаде видено . детето и се разболе и докторот да не ја навреди и кажал да изврши дезинфекција на домот а гнасотијата отворила џамовите и извадила теписите да се луфтираат една недела така ќе било се потполно чисто може воздухот чисти. маж ми и ги врши сите работи по дома од цепење дрва до варење чај и на крај пак тие арни а ако не и зборат и ја тепат пак ние не чиниме не сме поштувале доволно па не знам што сака може да ја думкаме пред спиење . со не нормален човек нема управија таа како слеп за стап се врзала таму каде не чини а нас не не ни приметува само не малтретира маж ми почна да пие апчиња за смирување на млади год а што останало да се прави на стари . така да женички темата е проблеми со свекрвите а доколку вие ги немате јас не знам зошто воопшто сте активни на темата? остајте ги тие што си имаат проблеми да ги решат ,а вие наместо да коментирате земете сварете и кафе и седнете со свеки да си помуабетите сигурно и така повеќе се сложувате со нив па ќе имате повеќе теми на разговор п.с.инаку не смеам ништо да донесам или ништо да купам бидејќи они си имале се . недај боже да ми купе нешто мајка ми тогаш се спремам за бојно поле
mojava deneska se pobuni zosto sme brzale so pravenje na detska soba ... pa daj molim te 7mi mesec sum.. sakala dolniot sprat da si go dovrshe ...
хахаха добра е ... јас само што дознав дека сум бремена од радост си купив комплетче за бебенце а оваа лом ме направи од кај сум знаела колкаво ке било бебето ако се родило големо ќе требало да го носи само еден месец или два да не сум смеела да купувам така повеќе . мислиш во џебот и бркнав и купив абе луда работа . ааа да и требало да си најдам пријателки што имале мали деца да сум менела алишта зошто сигурно не сум планирала да купувам да сме имале 4/5 круг па да менуваме ... може и пелени не треба да купувам ке си перам
и јас кога дознав земав комплетчиња па не смееше да зуцне ама нез од каде и е сега оваа сила .. ама и јас више не трпам .. а за тоа за пријателките сварно чудна појава .. иначе со среќа нека ти е .. Модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај за дополнување на постот.