Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.994
    Допаѓања:
    13.788
    Зошто некои упорно живеат со свекор и свекрва, а притоа секој ден се нервираат? Еве навистина се зачудувам. Зошто да не се проба кај мајката и таткото на жената? Знам парови што подобро живеат така.
     
    На Oneo, cresa-jagoda, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Ко нешто поарни се мајката и таткото?
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Ти не мора да се повторуваш со другарка ти, изгледа веќе и идеи ти снемува што да пишеш. Таа па скоро и ништо паметно не кажала. Не биди како неа:D Не ја именувам, може и нема да сфати дека е за неа, како што и она не сфаќа што пишувам.
    Решението ако мислиш дека е толку едноставно, бујрум донирај за сите пари да си купат свое.
    Очигледно немаш ни стапнато во банка да видиш како изгледа процедура за кредит, колку треба учество да имаш, колку е рата, колку е камата. Па плус на тоа да инвестираш за опремување.
    Сакам да кажам, аман не се луѓето глупи, само ти паметна.
    Знаат, знаеш, знам. Сите знаеме што е најдобро.
    Немаш, живееш под кирија, немаат живеат со свекрва.
     
    На Anyshka, princess02 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.528
    Допаѓања:
    8.035
    Пол:
    Женски
    Неживеење заедно пред брак поради традицијата, твое мислење е ова. Многу паметно, да.

    Те сфаќам, многу полесно е да бараш изговори и оправдувања, место да се потрудиш да смениш нешто.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.994
    Допаѓања:
    13.788
    Можеби зашто ќерката им укажува на грешките за разлика од мамини синови.
     
    На Anyshka, Кена Рис, Oneo и 3 други им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека пола форум се глупи не сфаќаат со пишуваш?

    А мори жено извини вака, си се оптегнала на лаптоп и дојде овде кукајќи како си на породилно и убаво ти е да живееш од породилното. А тоа дали се едвај 200€, во куќа на свекрвица во која си бладаш дека еден ден твоето име ќе биде на папири. И така си живееш со таа утеха цело време и овде ни кажуваш како сме глупи, немаат луѓето со свекрва ќе живеат. Кажуваш како тоа е идеално, секој што ќе ти врати контра - глуп е. Е не, ти си паметна за бебка трошиш по 20000 денари ( цела плата нели сама си рече) да не му фали ништо. Троши си баш ме заболе. Ужасно ти сметаат жени што сакаат да имаат свое затоа што ти не си имала, па еве еден совет од глупите наместо 20.000 да трошиш стегни заби заштеди нешто па купи си стан со твое учество во банка и доста береш туѓо гајле.
    :*
     
    На baby-star и Just.do.it им се допаѓа ова.
  7. slatkacicata

    slatkacicata Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Дали живеат во иста куќа и продолжуваат да го третираат синот како нивно бебе?
     
  8. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    :D:D:D:D
    Лелееее како си извртуваш. Легенда си жими се.
    Традиција е да одиш да живееш кај мажот. Не го измислив јас тоа, тоа е традиција. Знаеш ли што е поимот традиција?
    Што мешаш неживеење во брак. Јас сум личност што најмалку се води по традиција. Но, не живеев заедно со мојот маж. Не поради некаква традиција, туку поради избор. Ми фали нешто со него, не. Супер функционираме.
    Ако немаш денар во џеб за стан, нормално дека изговор ќе биде немам за стан. Што сакаш да ти каже некој.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.993
    Често тоа се тврди.
    Само што јас не мислам (најчесто) дека се поарни, туку дека сме навикнати на нив, тие не` воспитале, нивното однесување на нас ни` е понормално него на некое друго семејство.
    Што значи, на мажот ќе му биде исто ужасно, само што он нема да ги трпи срањата на нашите, одма ќе не` подбере да си појдеме :)
     
    На andrejko82 и elimkd им се допаѓа ова.
  10. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Не пола форум. Ти и другарка ти.
    Имам свој стан.
    Целиот пост ти нема смисла понатака.
     
    На Angie1432, Didajo и Mnik им се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.651
    Допаѓања:
    7.569
    Пол:
    Женски
    Еве лично за мене,да сами сме си виновни што останавме во иста куќа ама како што неколкумина пишаа зависи и од карактерот на свекорот/свекрва. Останавме ради нив затоа што немаа приходи леб да си купат, а не куќа да гледаат и едно фала не добивме. Лично кај мене, добиле нова куќа од таткото на свекорот и за 30+ години во неа вложиле само мебел, кој го користеле и после 30+ години е толку оштетен што и реално треба да се фрли. Да се разбереме, со тоа што јас дојдов тука, не им е фрлен, туку во нивниот дел си го користат. Во меѓувреме сопругот што сам, што после заедно вложувал/сме вложиле за наш дел и раат. Е до моето доаѓање тоа што мајка му ќе ги испери алиштата не го гледал како проблем. Тоа што татко му ќе дојди да гледа фудбал, заедно со неговите другари кога се собрани не го гледал како проблем. Тоа што татко му пушел цигари внатре во нова дневна исто не му сметало и ред други работи. Е сега кога веќе си има свое семејство тие работи што му сметаат почнува да им ги префрла ама карактер си е карактер и тешко дека на 60+ години ќе се смени некој.

    Еве само примери
    - Си организирам јас роденден или вечера и си правам план што ќе си купувам/порачам/спремам. Во меѓувреме ако разбери свекрва за да се направи фина веднаш носи нешто демек спремала, да ми олесни мене. Кажано и е дека ми смета, продолжува со истото, јас ако учествуваат и тие во прославата ставам на маса. Ако не, во случај да ми се допаѓа ставам за гости, во спротивно си стои настрана.
    - Пред бебе да стаса, кажав дека сакам по мене да доаѓа само сопругот и никој друг. Додека бев на болница свекрва се организирала со уште 5-6 луѓе да дојди, затоа што и неа ја канеле. Се скаравме ние со маж кога разбрав. И кажал тој што и како е работата. Е за да биди по нејзино, дојде во болница со посебна кола, и чекала во двор, само за пред народ да испадни дека е бабата е битна и треба да си го земи внучето. Ни го зеде, ни го виде.
    - Следна ситуација од пред некој ден. Кажано дека за детето сме само ние одговорни и никој друг. Без потреба да нема мешање. Спие бебе во креветче, седам јас до креветчето, сопругот до мене. Свекрвата дојдена со кафе на другиот крај од собата. Почнува бебе да прави во спиењето звуци, гледам не е вознемирено, не плачи, си продолжи да спие и не реагирам. Во меѓувреме скока свекрва од другиот крај на собата со трчање да го кренела бебето, да не заплачи. Ја предупредив јас еднаш, и кажа сопругот дека во наше присуство нема да се прави поголем родител од нас. Е сето ова и траеше два дена до следно доаѓање, повторно иста постапка.

    Да -ми смета сето тоа, да - се нервирам јас, се повеќе се нервира и сопругот. Дека во догледно време ќе заминеме од тука тешко, ама дека ќе продолжиме со игнорирање и лекции кон нив секако. Свесни сме сега дека направивме грешка, сега останува да корегираме само.
     
    На Anyshka, Oneo, flower30 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.528
    Допаѓања:
    8.035
    Пол:
    Женски
    Видиш, некој има повисоки цели во животот од мажење и раѓање деца.
    Традиција било и секс пред брак не. Значи така треба да живееме сега?!
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.993
    Ти се посреќило тебе ете.
    Најчесто не е толку среќно.
    И покрај се`, и покрај сите години заедно, и покрај имање на имот и кредити и свашта заедно, и поминување мнооооогу саати, и одмори, и преспивање еден кај друг, тек во живеењето заедно увидов работи кои претходно не ги увидов кај бившиот. И кои беа огромен удел во нашиот крај.
    Колку и да сакам некој, мирот повеќе си го сакам. Постапките со кои дојдовме до состојба да бидам вознемирена и да не ми се допаѓа животот со него, ќе беа 10х потешки да бевме во екшли брак и со екшуал дете или да бев трудна. Секако дека ни јас не бев светица, се испостави дека сепак имал некои размислувања за тој живот за кој не можевме да најдеме компромис никако.

    Позаебано е кога сето ова ќе се случи со дете на пат или родено.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Жено немаш аргументи веќе и стануваш токсична.
    Кажуваш да прифати туѓо мислење, ама тебе слабо ти оди од рака.

    Штета.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    :D:D:D:D
    Браво за мене.
    Ај оди сликај си со ајфонот.
    Бајјј.
     
  16. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Како тоа сфати кои ми се мене целите во животот?
    Како тоа сфати дека сум исфрустрирана од свекрвата?
    Каде прочита?
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Барем јас имам многу на свое име и сум самостална додека ти чекаш пари од маже и од породилно. :D

    Стан имала, а кука од свекрвата овде. Жими таквото (facepalm)(facepalm)
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  18. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.301
    Пол:
    Женски
    Не читав детално ама не можете да разграничите некои работи. Не можете да разберете дека некогаш нема друг избор освен да се оди кај свеки (привремено или не). Таа е нејзина куќа и на свекорот, не прочитав на темава дека снашката сака да смени од корен се, ниту една не пишала леле дојдов сега кај нив сите ќе се понашаат по мое!!! Туку, ти доаѓа дома жената на синот, ви доаѓа нов член во фамилија. Се е работа на договор, кој што ќе плаќа, кој што ќе прави. Никоја не пиша дека дошла да ја заземе куќата. А упорно зборите и омаловажувате некој дека бладал што вложува во куќата кај што живее. Единствено што ме иритира е што младата дозволува свеки да се однесува така и мажот што не ја одбранува. Штом двајцата (4цата) одлучиле дека така ќе живеат треба прилагодување од двете страни.
    Пред да ме нападнете и мене, живеам сама (под кирија) 6 години. Самостојна сум, работам, не барам од моите. Дечко ми исто. Ни моите, ни неговите немаат како да ни помогнат за живеење. Мајка му очекува да се вратиме во родниот крај и да живееме со нив. И двајцата сме одлучни дека и да се вратиме во тој град нема да живееме со нив туку ќе бараме стан под кирија пак за почеток. Ради таа кирија ништо не можеме да заштедиме, бараме втора работа нема. И кога ќе прочитам глупости од стилот заштеди си купи си твое. Некако немате свест дека не на сите им е лесно, посебно ако немаат од дома финансиска помош. Сите знаеме што е најдобро, сите сакаме сами ама ете некогаш мораш. Не значи дека треба свеки или не знам кој да омаловажува. Затоа што тркалото се врти, на крај кога ќе остарат кој ќе барат?
     
    На Гладиоли, Anyshka, butterfly6223 и 10 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.993
    Се` додека е маж ти свесен и тој им става граници, нема да имаш посериозен проблем. Знам дека се нервираш за сите овие работи, иако се реално ситници, тебе не ти се, ама добро е што тој не ти вика - ама мамЕ многу сака по бебето да дојде :)

    Свиркај си и не и` се замарај. :)
     
    На Mnik и Miss_S им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.993
    Не знам дал сум другарка и`, ама за кредити сосема добро знам.
    Ако е тоа што мислиш дека вау не го знаеме :D

    Оќе Ацика, решение е да се кука од свекрва, тоа е тоа.
    Традиција пред ментално здравје, итн глупоштини.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.