Не сакам да навлегувам во детали за мои блиски другарки, оти јас не сум анонимна. Ама сите до една што пробаа да живеат во заедница... не им успеа. 2 се разведоа (и живеат сами, една наследи стан, една си купи стан) 1 сосе маж и дете замина во друга земја. А тука иначе не ни живееше баш во заедница, се' им беше посебно, и влез на куќа. И двете имаа проблем со свекрвите - разведените, ама сами ќе речат уште поголем со бескичмењаците мажи што ги имаа. Како некое правило е.
Добро прашање постави @Angie1432 Ти моќта ја поистоветуваш со правото да се однесуваш со дојдениот снаа или син ко натрапник. Нормални луѓе не се однесуваат така. Ако живееш кај твоите и таму го однесеш сопругот,ке ви диригираат правила? Мене моите нема. И Чекај споредуваш живеење со родители како малолетници и живеење во заедничка куќа на посебни спратови. Па и во семејства се носат заеднички одлуки. Не сме сите диктатори. Само ако живееш со контрол фрикови, тие диригираат правила на функционирање.Сеедно свекрва или мајка. 20 години сум во брак.Имам 44.Живееме во заедничка куќа на посебни спратови. Без никаква контрола и правила на нашиот спрат.Правилата од прв ден се знаат ,сами готвиме,сами гледаме деца,сами реновираме и што сакаме правиме. Без влегување кога ке им текне,а имам и свекрва и девер во истата куќа. Од прв ден кажувам тоа што мислам. Знам,за омладина е тоа голем хорор. За мене не е.За моите деца кои пораснаа во функционална куќа не е. Немаме ниту една кавга за 20 год ниту за ситница,ниту за ходник,ниту за двор и сл.Секој си гледа своја работа,за заедничките заедно се решава. И за арно и за лошо сме тука. Прво што треба да сфатите дека едно се демагогии на форм друго реален живот. А во животот,не секогаш некој има пари за кирија,,не секој може да се одвои. Правите хорор од живеење во заеденички објект. А е еден ден не сте живееле ни ти ни било кој од девојкиве кои не се мажени.
Како посебно мислење го пишувам ова намерно. За едната разведена другарка, бидејќи беше нападната физички од свекрва и' и маж и', заедно сосе бебето, бев со полицијата и чекав надвор да ја извадат. Пошто копукот ни памперс за бебето не и' даде да земе, на секој начин што можев и' помогнав тогаш да застане на нозе, замисли се' што е потребно за новороденче и за една жена. Денес е фурија, ништо не ја запира, ама сигурно не и' реков пробај да се смириш со него. И' реков рачунај на мене за се' во секое време, таму не се враќај, ќе се средат работите. Другата немаше потреба од материјална помош, ама имаше од емотивна. И тоа и' го понудив, бидејќи да, трпеше омаловажувања од свекрва и', а маж и' мајка му ја бранеше. Денес е друг човек, процвета жената. И да, прво се врати кај мајка и', па си купи стан. Не е помош да кажеш - во право си, идиот е свекрва ти. Помош е (ако ти побараат помош и совет) да размислиш кое е чарето. И да, после мојата разделба со бившиот со кој бев 15 години, се осеќав како да ми умрел некој. Ужасно бев и емотивно, и финансиски. Ама!!!! Ни една од моите мажени, немажени и разведени другарки не ми викаа ајде да го пцуеме. Сите ми подадоа рака. Оти баравме решение, а не оговарање.
За да нема проблеми во иднина, најдобро е да не се инвестира во туѓо. Не знам и нема да сфатам никогаш ама баш никогаш како давате пари во куќи и станови кои се на име на свекор и свекрва, па и на маж пред брак. До толку ли љубовта ве заслепува?
@Cosmi Ниту ќе живеам, ниту живеев, таа опција беше off the table секогаш. A пораснав во куќа како твоите деца, мајка ми и стрина ми за сестри ги мислат, а не јатрви, оти се многу блиски Меѓутоа, Косми, пак си измислуваш работи, еве ти мое мислење од баш скоро Ти живееш со разбрани луѓе, ти си разбран човек. НАЈЧЕСТО не е така. Пак кажи како треба да се однесуваат свекрвите, можеби ќе те послуша некоја.
Ептен другарски, нема што. Значи нудиш оговарање, не помош и совет, а јас тоа ти барам. Фала Ама обично кога некоја ќе праша овде што да прави, бара решение, ако немаш совет не кажувај на другите дека ни тие не треба да имаат.
Како мислиш на маж пред брак? Мислиш додека сте верени заедно да вложите? КАко мислиш да те заслепи љубовта?Па ако планирам брак со некој во кој стан ке живееме,секој во посебен свој?
Во заеднички, аман. На негово име нека е, ама да имаш план Б и опција надвор. Бре, баба ми од дете ми збори дека не треба маж да ми биде главата т.е. секогаш да имам опција за себе, да не дозволам да има шанса да ме брка, ние во 2023та тоа го разглабаме.
Може и заедно да инвестираат да купат. Во случај на развод, се иде по пола. Значи никој нема да биде избркан.
Да речеме бившиот да имаше негов стан, или јас свој, ќе отидевме еден кај друг, не е спорно тоа. Ама! Ако веќе вложам Х сума на реновирање и слично, ќе се заштитам. Ако станот не е на негово име, фала, не. Што и беше случај
А помош каква сакаш, да те викнам да живееш кај мене? Мислам која другарка тоа го направила за некоја? Некое време да, ама стално решение не сум должна на некој друг освен на мене и моето семејство да дадам. Не е тоа оговарање, туку исфрлање на лутина. На некој и тоа му е доволно. Да те ислуша. Затоа што знае што треба да направи, но не може, заглавена е меѓу својата инвестиција и мажот. И не е совет да му кажеш на некој кој ти е крив што не користиш куртон. Тоа е безобразлук. Затоа поарно и за себе чувај си го советот, оти е дебилен и непотребен. Подобро сочуствувај отколку да попуваш.
Она вели дека така е во Македонија, жената одела кај родителите на мажот во заедница. Шта речи, а не заплакати.
Па тебе од дете ти всадиле страв од бркање не е ни чудо што ти се мислењата такви. Значи да влезам во брак и да имам стан резерва во случај да се разведеме? Еве тебе тоа ти се случи нели. Стан свој немаш нели па пак имаше чаре.