Ако некој ти побара мислење, мислењето го кажуваш или не, по твој избор. Во темава дошле по мислење. И ќе добијат секакво мислење. Затоа е форум. Не е попување, совет е. Побаран совет. Ти пошто немаш совет, не советувај. Јас кај што мислам дека имам, ќе советувам. Оќе?
Не, не ми се случи тоа мене. Бившиот си замина, не јас Да влезеш во брак како што и сама понапред кажа, за вложени пари, нотар.
@Bezimenka90 Ова го сфаќам во контекст дека сѐ уште има такви работи, не дека така треба. За жал има цел еден дел од популацијата што не ги ни чита ни ги прави ни ги размислува муабетиве што ги правиме....во мое опкружување не знам некој да отишол во заедница заради традиција, ама моето опкружување не ја отсликува цела Македонија.
Од ко го прочитав ова, мојата почит кон тебе е зголемена. Другарка за пример. Браво. Само другите да земат да учат од тебе,а не да си ја изнесуваат својата себичност на тацна. Штета што кај и да е, ќе изумре и несебичноста. Ти се дивам.
Камелија се наоѓаш на дното на животот, ќе ти помогне нешто ако некој ти каже нешто што можело да се направи пред, а не после? Ти демек не го знаеше тоа. Мене ме нервираат такви луѓе. Барам совет што да направам во дадена ситуација, а не што сум требала и можела. Јебига сум се заебала. Треба сол на рана да триеш?
Е ова. 9/10 од луѓето што пишуваат тука не бараат некој да им рече "што си мислеше кога се мажеше" туку да бидат ислушани некаде.
Мхм, и затоа треба да почнеме да размислуваме. Оти не може да сме како стока на тезга. Наследство од брат ми не земам, од маж ми чекам, ама маж ми и неговите се стоки, немам каде. Сум вложила и свое што сум имала, сум се задолжила, за ништо доказ немам. И чмаам во ужасен брак и не ми се живее, оти не знам како да преживеам. Не е феминизам да и' докажеш на свекрвата дека е глупача. Феминизам е да сфатиш дека не, не е нормално да те шуткаат кој како стигне и да се заштитиш себе, оти и во темава (последен пример мајка и' на @Mnik ) а и општо познавате сигурно, жени што цел живот и се' свое вложиле некаде за на крај да немаат каде. Во фамилија на бившиот имам таква ситуација, женава и своето наследство го вложи во таа куќа, ама немаше на хартија дека вложила, кредити до плафон за таа куќа, па по разводот живееше во собче во сутерен со години, оти клошарот ни денар не и' даде. Ниту имаше како да докаже дека вложила далеку преку 50к. Ама јас не те прашувам за пред, те прашувам што СЕГА да правам. Значи СЕГА, денес, што да правам. Сфаќаш? И секогаш кога напишале дека не сакаат совет, не им е ни понуден. Кога бараат, сите даваат од своја гледна точка. Што членката ќе примени, прифати или нема, до неа е, а не до тие што ги прашала за совет.
Па ние ги рециклираме муабетиве секоја недела само на различна тема. Луѓето за кои пишав сигурно не го читаат форумов за да добијат друга перспектива, туку не гледаат ништо друго освен традицијата со која се растени. На темава верувам дека повеќе пишуваат жени што се во заедница заради финансии а не праисториски улоги.
Ние сега развивме дебата, иначе кога некоја ќе побара совет - тоа го добива. И нормално, советите се - секој според свои сфаќања. Па бираш дали и чиј совет слушаш. @Alexandrite ти ете за мене совет немаш, јас за моите пријателки имав. И тие за мене. И навистина на дното на животот ми помогнаа многу. Не седев со нив да го оговарам бившиот, не ни знаат секој детал. Нивно беше да ме посоветуваат кога не знаев кај ми е главата, и да ми помогнат кога се донесе одлуката. Никоја не ме судеше за претходно, ни па јас им викав "шо му раѓаше дете на копуков и у гарсоњера со свекрва ти живееш". Само ја поддржав да излезе и ок, било што било, да гледаме од денес за понатаму.
Добро, значи размислуваме исто сега. Ама како да се промени тоа и да почнат да размислуваат поинаку? Така било, така останува е само изговор да се остане во таа зона на "комфорт" (во наводници, пошто ич не немаат комфорт таму). И да се надоврзам само, да не пишувам друг пост. Јас комплетно сфаќам дека некогаш одделно живеење во свој стан не е опција. Не велам да не се живее во заедница, особено ако се одделени со спрат. Само нека инсистира синот барем спратот да е на негово име. Да не се вложува на нешто на име на свекор и свекрва, затоа што многу лесно можат да го злоупотребат тоа ако сакаат. Кога е така средено, е тогаш и самата снаа има многу опции за тоа како да ги среди старите. Ама еве. И да не е спратот на име на мажот. Ете, се случило, веќе вложиле без имотен лист на нивно име. Сега што? Мажот и жената ќе седнат дома и ќе смислат како заеднички да го решат проблемот. Свекрвата и свекорот најчесто оние закани за одете си ако не ви одговара тука ги користат како блеф за да продолжат да ја тормозат снаата. Е па решение е да се повикаш на блефот. Затоа кажав синот поефикасно ова ќе го реши со нив кога ќе им каже дека чим не сакаат да се прилагодат, ќе спакуваат куфери и ќе одат под кирија. Ама затоа после тоа нема никогаш да ги видат ни нив, ни внуци. Свекрвата го прави се тоа поради контрола. Сака да има (и најчесто има) контрола над синот и сега сака да ја воспостави и над снаата. Е па нема така лесно да се откаже од контролата кога ќе е поставена во таква мат позиција да бира. И еве затоа викам дека мажот е виновникот за случаите овде. Зошто џабе снаата ќе дојде кај свекрвата и ќе и рече пакуваме куфери и си одиме. После тоа ќе дојде синот и ќе рече не сакал да се двои. И сега како заканата од снаата да се сфати озбилно? Кога синчето не планира да се дели. И за крај, чепкање по фиоки, прислушкувања, дофрлања, грабање на бебиња и такви ствари по ред, секако дека не се нормални. Се работи за општа култура најпрво. Ама свекрвата ако нема општа култура, што правиме тука? Муабетот не беше дека е ок свекрва да си прави што сака, туку дека нема осет и култура, а никој не ја брани снаата дома и е оставена сама да се справува. Советот на членките е дека ако можат да вложат во свое, нема да може да им се меша свекрвата. Мојот совет се разликува во тоа што не мора ни да се селат. Само нека бараат од мажите да им бидат поддршка и да постават граници. Знам, го сфаќам тоа. Ама контекстот е што ова се пишува на темава. Ако немаат во опкружувањето каде што живеат, имаат на форумов нели? За тоа е и темава. И едноставно не ја сфаќам поентата на тоа да се опираш на други идеи и совети, а да си дојдена на темава. Да речеш е па така е, срам да и е на свекрвица е тапшање по рамо, ама не е решение на проблемот. Можеби помага малку за валидација, ама утре е пак иста песна. Зошто давање отпор на друго решение ако е реално?
Ако станот е на мажот стекнат пред брак, не се дели на пола. Се се дели на пола што е стекнато во бракот.
Застанување на нозе се случува за секој во различен период од животот, не сите завршуваат факултет и имаат доволно во главата да си направат пари во 20тите. Некои луѓе не мрднуваат од да речеме Богданци цел живот од икс причини, немање пари, кочница од родители итн. Таквите немаат никакво искуство освен тоа што го гледаат околу нив, а тоа е најчесто сиромаштија и живеење во заедница. Да, грубо кажано, тие жени се попрости, но не од мрза, туку растеле во поинакви услови. Тие жени потешко ќе се справат со животните предизвици оти немаат знаење, опции, искуство, не ги рашириле крилјата и не го виделе светот. *Богданци го земам за пример бидејќи е мало место, не со намера да навредам, далеку од тоа дека луѓето од помалите места се глупави, јас сум од мало место. Да, од тапшање по рамо нема да се среди проблемот, ама за да се даваат совети, треба прво да се разбере позицијата на тој кому е упатен советот. За способни жени, со образование, со искуство, лесно е да кажеш да оди под кирија. Некоја што има едвај средно, работи во фабрика и е на минималец е сосем друга ситуација. Толку за цитираново. Муабетите на како сите сме имале секс со кондом, па сме биле ултра претпазливи во сѐ, се за мали деца. Чка е жена херој (на фемина), ама колку е така во реалноста.. Бракот не функционира така, постои момент на несебичност, на заедништво и тоа е и поентата. Ако треба сѐ да се искалкулира, не би ни била во брак искрено, една глава, една капа. Многу од членките кои коментираат се сингл и од таа позиција поинаку се гледа, исто и кога се немаат деца.
Значи планираме брак и живот во неговиот стан,верени сме. Тој има 5000 евра.ЈАс имам 5000 евра заштедено. Јас моите не ги вложувам кај него,така? Тешко со ваква себичност ке се живее во заедница. Налет парите.
Зошто тогаш ТИ рече дека би дала на ќерка пари да вложи кај свекорот, ама со нотар? Зошто не му ги дадеш на лепе очи?
Не е себичност. За вакви работи се разговара пред брак. Нормално дека ако јас вложам во нешто сакам и да имам права над истото.