Па да бе, оти е срце жена. Не оти јас сум се ебела без заштита и нема кај да одам. Не ме зима она мене, јас нејзе )) ама еве ме убедуваат дека е океј да живееш кај свекрва и да си неспособен за сам да плаќаш кирија и кредит. Детето да го родиш под туѓ кров. Алал.
Без хипотеката на свекрвата не би направиле ништо.Тоа е доволно. И треба да се цени. Успеале заради неа. Уште чекам есап како една жена на која и советуваш да излезе под кирија ,а има плата од 350 да плати кирија од 200. Значи како се живее со 150 евра месецот. Струја,сметки,храна,гориво. Кога ќе ги тргнеш тие останува 50 евра месецот повели објасни како? Ок,истото прашање и за тебе. Кога веќе давате совет дека секој може под кирија. Ајде да го видиме тој есап ? Како се живее со 50 евра за храна.
Мене во животот секогаш ме воспитувале да бидам свој човек. И некако во крпче си го имам тоа врзано и цел живот сум работела на тоа да бидам своја и независна и затоа од 18 години сум самостојна. Јас сум имала добар старт, поддршка и љубов од родителите и сум растена и воспитувана во здраво семејство. Замислете колку жени има што се од рурални средини, без соодветни услови, средства и образование. Муабетот ако сакаш - можеш е лесно да го правам јас или некоја друга од тука што имала добар старт и под тоа не мислам само финансиски старт туку и општествено социјален кој и те како е важен, ко што посочи и @Peanut Butter . Е сега, да, треба да се работи на еманципација на жените и девојчињата уште од мала возраст посебно во помалите градови и села, каде уште некои се водат по некои "традиции". Затоа учете си ги ќерките дека не треба да чекаат ништо од никого туку да бидат свои и независни. Најголем дел од тие што пишуваат тука се жени кои не бараат совет туку се луфтираат или чекаат одобрување и утеха во форма на "да, во право си, сељанка е свекрва ти". Другите кои бараат совет, длабоко во себе знаат што е решението, само или немаат доволно храброст да отидат чекор понатака и се во комфор зона или одбираат да замижат пред решението и бараат изговори. Коментари од типот "како успеа да затруднеш во 2023", "како се ебеш без контрацепција" или "нели знаеше за кого се мажиш", се коментари, тотално непотребни и излишни, а не совети. Совет е ко што кажа @CameliaMiller, да кажеш конструктивно решение, нешто реално и опипливо. А не врати се во времето и не го прави тоа. Конкретно за бракот, прво не се согласувам дека е задолжително да живееш со некој пред брак. Знам луѓе и што живееле заедно пред брак па во брак нешто се расипало и не функционираат. Знам и луѓе што не живееле заедно пред брак па супер функционираат. Едноставно не е гаранција и не сметам дека е рецепт за успешен да ти биде бракот. Не се толку црно бели работите. Второ , кога веќе сум решила со некој да делам живот, интима, деца и да градам семејство, не сакам да ми биде на мисла моментот а што ако се разведеме цело време. Да во ред е да имаш сејфти нет, ама не секој чекор и се што правиш да ти е премерено и размислено од тој агол. Тоа не е здрав брак за мене. И на крај, невоспитано е некој да ти чепка во фиоки, невоспитано е некој да трча да ти земе дете од раце, невоспитано е некој да ти влегува во спална. Луѓе што тоа го прават ќе го прават без разлика дали ви дошле на гости во ваша куќа или живеете под ист покрив. И не е во ред. И во двата случаи да, имате право да кажете нешто. Ама ефектот што ќе го има кажаното ќе биде многу различен ако сте под свој и ако сте под туѓ покрив.
Значи јас ако застанам во одбрана на мајка ми, треба маж ми развод да ми побара Да гледаме малку и од другата страна. Ние секогаш тука ја читаме само едната страна. Другата не ја знаеме. Мажите се ставени помеѓу. Таа му е жена, таа е му е мајка. Зборувам општо, не за конкретен случај. Мене еве ме нервираат советите, разведи се, па разведи се. Не е тоа врска па раскини и секој по свој пат. Развод е далеку покомплицирана постапка, во која покрај тоа што има повредени две страни, повредени се и деца. Освен во случај на психичка тортура и физичко насилство не гледам полезност од таков совет. Барем сега има брачни советувалишта. Мене пак ми е глупо да кажам на другарка земи разведи се, раскини, напушти работа. Јас можам да дадам пример од својот живот и како јас сум постапила. Затоа што сите знаеме што е правилно, но кога си соочен со нешто никој никогаш не постапил како што би дал совет некому за истата ситуација.
Ти пишав дека заработувам 350 евра, 150 ми е кирија. Ете жива сум и хранам (добро) две мачки. И не им каснам со вакцини. Супержена може сум, не знам. Оти никој не ми плаќа сметки и никој не ми полни фрижидер. И ова веќе ти го кажав, ама ме цитираш без да ме читаш. И не гледам дека Чка изрази неблагодарност кон свекрва и'. И јас да ми даде некој хипотека или да ми биде жирант ќе сум благодарна. Ама пак јас треба да сум способна тој кредит да го враќам. Па не давај совет да се разведува, мислам... јас не ти кажувам каков совет да даваш. Од каде ти е правото да ми кажеш како да советувам некој што за совет ме прашал? И да, ако си омажена со идиот, ќе ти речам да се разведеш, ако бараш совет од мене, како што јас побарав од тебе. За мене не вреди никој доволно за мизерно да живееш. Не секој брак, врска, треба да опстане и да се чува по секоја цена. Еднаш живееме, нема причина да го поминеме животот со маж со кој не ни оди врската, бракот, партнерството.
A be aman jadniot kutar Ne moze na majka mu da I kazhe da ne I gi prevrtuva gakjite na zhena mu, stvarno teshka situacija, raskrsnica vo zhivotot za koja treba dobro da se razmisli. Mazh prav, ke zastane na stranata koja shto e vo pravo. Bezrazlika dali e zhena mu ili majka mu I bezrazlika kolku e situacijata mala ili golema. I mojata koga komentirala suptilno demek da ti go plesne, a da ne se setish, mazh mi odma reagiral, sekundarno vo situacijata. A sme mozhele da I ostavime nekoi raboti da I projdat deka bile mali I nebitni. Ama utre ke stanat golemi. Mazh bez karaktet ke probuva da balansira. A sekoja zhena shto go opravduva svoeto mazhe, ke si pishuva vo temive.
Жива сум? Значи може да се живее под кирија. И сама и со цимерки и со дечко. Не да запоседнеш соба кај свекрвата. Да можеш сама да живееш или со маж и дете. Не сета родбина
Не,не може фана. Сам човек со Со 350 евра плата и 200 евра кирија не може,бидејки за храна ке му останат 50, @Cka Ама што се ставаш себе за пример? Не те прашав за пред 15 год. За денес со овие цени како се поминува со 50 евра за храна?
Леле упорно, а? Ајде пак, кажи ми со 20.000 мајка ми како да одеше под кирија пред 2 години кога 12.000 беше најефтина кирија во Автокоманда, неопремен стан? Кажи ми со тие 8000 што ќе и остануваа што ќе правеше? Дали да јаде, да плати струја, дали да си плати слободна за на работа, дали да си плати лекови кои секој месец и коштаат 1800 ден, до крај на живот? Ајде еве чим сметате дека во оваа вукојебина СЕКОЈ може да си дозволи кирија? Отвори на реклама5 види ги становите во Струга, богу иза леџа 300 еур опремен стан. Да, ако се има подобри плати, двајца, можат, ама ако си на некој минималец, па и уште недај боже некое кредитче, оди живеј да те видам. Можеше порано пак ќе кажам, сега неможе СЕКОЈ. И не е комфор зона тоа, се вика сиромаштија. Незнам кај живеете изгледа само ја околу мене гледам луѓе што се мачат да врзат крај со крај
Абе овака кажуваш дека лажеме или? Чка ни 5 години ја нема куќата, јас денес под кирија сум Можеби ти не можеш, јас можам. Да не можев, ќе живеев кај моите. Што ќе се случи ако дојде ден да не можам
Може косми. Има помали кирии @Mnik ќе си најде дополнителна работа молим лепо ко секој втор. Или ќе седи кај свекрвата и тука на форум ќе ја плука дека и се меша во штипки. Нема и јаре и паре.
П.С. Разведенава другарка долго живееше со 200 евра; 100 и нешто евра и' беа рата за станбениот. Сега зема поголема плата, ама добри 2 години со 200 евра живееше. Ене ја, жива е.
Да важи, жена на 57 години со 4 дена во неделата по 12ки, дневни и ноќни, ќе бараше втора работа. Мајка ми не живее/ше со свекрва веќе 30 години. Не е стално изводливо и едноставно, незнам бе како не сфаќате. Неможе секој. Секакви ситуации има.
Е како бе Каме? Од што плаќаше сметки? Што јадеше? Со 100 еур и јадеше и плаќаше сметки и одела на работа?
Пак се продолжува со лични навреди. Ако имате конкретен совет, споделете. Ако се продолжи во овој правец ќе следат санкции. И читајте ги убаво постовите пред да реплицирате. Ако ви се дискутира за трошоци за живот и ставање на кантар со раат од старите можете нова тема да отворите
Исто, ако дојде до тоа. Прво, оти сме во сосем коректни односи и второ исто многу битно што го сакам сопругот од тука до небото. Оти гледам колку се вложува и како се грижи за нас. Оти е прекрасен човек и сопруг и супер кул татко. Оти да не се тие, немаше ни тој да биде. Е сега друг е проблемот овде. Овде се збори за калкулирани бракови каде се гледа само низ призма на математика затоа не те разбираат. Пелена за пелена. Ако јас на мајка ти пелена тогаш ти на мајка ми пелена, иначе одма на мажот етикета тој е ваков таков, потоа одма се преминува на - сигурно и мораш нозе да му бацуваш дома по 3 пати на ден и така ти редат плус прикаска за прикаска до некоја нивна замислена крајност. Не мора маж ми да менува пелени на мајка ми побогу. Има еден куп други начини да и се најде. Сигурна сум дека и таа не би сакала. Може ќе рече ајде ќе ја земеме кај нас и јас ќе и плаќам жена да ја средува. Може ќе оди секоја пролет да и цепи дрва, секој викенд да шиша тревник. Да ја развозува по потреба. Може ќе и плаќа сметки, ќе и купи нов фрижидер ако се расипе стариот. Тамам работа ако во брак калкулирам до грамче кој што направил за старите на партнерот. Битно е да се тука и да се наоѓаат на ваков или таков начин. А познавам многу такви мажи што вршат куп работи кај родителите на жената, ама нив никој не ги спомнува. Калкулирани бракови се тажни бракови.
Тогаш Сесил добриши ги и другиве кај што ме прашуваат. Последното мислење беше точно на тема свекрви, брак, развод.