Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.490
    Допаѓања:
    183.880
    Пол:
    Женски
    Јас те разбирам што збориш. Ама ја разбирам и Александрит. И сите што влечат на своја страна. Сите зборите од лично искуство и моменталната позиција. И јас исто. Ама и тоа се менува исто како и луѓето. Како и приликите и условите. Сите сме со своја нијанса на сиво.

    Тоа ми е муабетот. Убаво е да се планира. Реалноста е малку погруба. Некогаш се редат коцките. Некогаш имаш време да скокнеш прво па да кажеш оп. Некогаш само ќе скокнеш и тераш. За повеќето е дека прво скокаат оти се немало поинакви услови. Не обвинувам никого, секој доволно си ги чувствува последиците од своите избори на свој грб. Сигурна сум дека овде освен оние за кои свеки им е за се крива, другите знаат дека треба да работат на можности.

    Со сите се сложувам и не се сложувам. Иднината и претходно реков е многу неизвесна за сите нас. Сите сме и минлива и менлива категорија со времето. Последново ми е малкуцка ноќна филозофија за фото финиш. :rofl:
     
    На Oneo, bertold, mal.ecka и 12 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.992
    За тоа што било нема назад.
    Идејата е да воспитуваме идни поколенија дека ќерките не се стока па да си ги предаваат мајки на свекрви, мажи да ги бркаат од дома итн.
    Женско дете исто колку и машко.

    Премногу жени живеат во агонија, од што немаат избор. Таа судбина да ја спречиме за идни поколенија, доволно е.
     
    На smooch, hermosa, mal.ecka и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.153
    Допаѓања:
    137.240
    Пол:
    Женски
    Сега и уназад ќе исчитам убаво :) пријави ако мислиш дека е нешто спорно.

    Бидејќи и после предупредувањето не прекинавте со расправии и навреди мислењата се избришани, @Alexandrite и @Just.do.it ќе одморат малку. Се надевам списокот нема да се прошири. :)
     
    На LiquidLuna, buba4e89, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Ова е веќе мислење од зрела особа.
    Баш ми е мило што ете и вие сте во коректни односи, штета што се ретки.
    Пелените што се фатија сите се најмал проблем, жени доаѓаат менуваат и си заминуваат 5мин работа, си имаат и техники на вртење, друга е смислата на муабетот, јас кога го гледам син ми како плаче по неа, ја влече по соби се радува, таа пак душата полна и е, никој не сме вечни, само тоа калкулирање и чукање во гради на крајот никогаш не испаѓа по наш план, не знаеш животот што ти носи и во дадени ситуации какви одлуки ќе донесеш.
     
    На Oneo, Мамичка, LiquidLuna и 9 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.992
    Со бившата свекрва до скоро имав контакт, а и со бившиот девер.
    И многу го сакам посебно него.
    Ама животот е.. јебига.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.899
    Допаѓања:
    18.781
    Пол:
    Женски
    Точно. На прво место е потребна еманципација. А на второ поддршка.
    Знаеш, многу жени се спремни да си одат, ама немаат каде, немаат поддршка. Физички не се малтретирани, само психички, ама тоа не се смета за единица мерка за несреќа.

    Не се жените криви што не мислеле. Се случува човек да не размисли и да не се пресмета. Не е нешто за чудење и триење сол на рана.
    Силење јас знам можам умеам и најдобра сум, е преценето. Посебно дека успеале сосема сами, а позадини колку сакаш.

    Веќе и претходно кажав, кај нас главен проблем е отепаната држава. Зачаран круг. Плати ниски, кирии високи. Поддршка од држава никаква. Мајндсет е дека наследството оди кај братот.
    Мора некој да е крив, свекрвата се разбира.
    Е така. Не знаеш што ке ти донесе животот. Реално може да те стегне шлог или мозочен, па мажот за кој се силиш дека е небитен, да треба да те издржува финансиски и лиги да ти брише.
     
    На Мамичка, bertold, baby-star и 9 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.992
    Да знам.
    Со двете сето ова чекор по чекор се размислуваше.
    И се најде чаре.

    Оти бараа чаре и најдоа. За мене не е фер да ми дојде некој и да ми побара совет, а да му речам "аууууу стварно, греота си, сите се криви".

    Прво не правам такви муабети, не сакам празни муабети, не оговарам свекрви оти ми е досадно тоа. Не пцујам итн.

    Ама ако сакале решение и мое мислење, а сакале, го добиле во форма на искреност и поддршка.

    Никому не кажувам како ТРЕБАЛО, посебно ако не прашал. За иднина/чекори, секако, ако сме блиски, зошто да не?

    На крај краева, мене таа нивна поддршка ме извади најмногу од го*на, и нивната и на семејството.
     
    На mal.ecka, Осе, Lady D ❤️ и 3 други им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.020
    Допаѓања:
    110.664
    Пол:
    Женски
    Мајка ми има скоро 65, одеше на работа и паралелно работеше аргатска работа до 64, сега работи пак аргатлук што се вика, реди зеленчук и овошје, по ниви, по минимум 12 саата во денот, фала богу здрава права и жива е, од мене има повеќе енергија. Се може итекако. Тетка ми исто има смени 12 часовни па има најдено кафуле што секое сабајле го чисти во 6 саат, таман за и после ноќна и пред дневна смена да може да го заврши. И кирии има и помали, добар дел од животот мој под кирии го имам пројдено, имаш и соби за 5000-8000, има во подалечните населби и за 4000. Овде кај мене во Ѓорче се издаваше за 4000 соба со купатило.

    Иако е надвор од темата, факт е дека треба да се размислува пред брак но има непредвидливи работи. Мене 3 дена после веридба ме избрка зошто му текна дека ќе треба да зимам породилно кад тад, ќе имам деца сега... едноставно не ми продолжи договор и тоа е, а јас бев сигурна дека имам работа и тоа на тоа време со солидна плата. Маж после 12г стаж во една фирма си остана без работа во најголемата криза во државава, среќа е снаодлив, брзо се снаоѓа и најде работа одма, иначе за никаде ќе бевме.
     
    На fana, elimkd, Cka и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    Да, ама мајка ти, тетка ти сигурно немаат пореметување во центар за рамнотежа и не им се врти на секој помал напор, и сигурно не пијат по 3 апчиња дневно за тоа. Како си кажувате вака ко демек секој може. Не, неможе. Вакви споредби, кога не знаете ситуации, ама колку да се пофалите демек еве овој може зошто не и тој,не се на место. И ја знам жена што на 70 години оди чува стар дедо, со удар, му чисти, ручек му прави, свекрва ми до мај месец струја беше по куќата, бавчи, прашинка немаше, ама од летоска трпи болки, артритис има, едвај смука еднаш неделно.
    И еве пак ќе кажам јас барав стан за мајка ми и тогаш немаше.Да,може се наоѓа ако бараш одредено време, а неа и требаше во рок од 2/3 дена, а јас од 200 км подалеку можев да и барам само онлајн. И така.
     
    На Anyshka, Oneo, Didajo и 7 други им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.020
    Допаѓања:
    110.664
    Пол:
    Женски
    Од кај знаеш што имаат мајка ми и тетка ми? Ако веќе мора да споменеме тетка ми е асматичар, во најгустата магла и загадено оди по 20мин пешки за да сработи. Не пие по 3 апчиња дневно, пие по 13. Мајка ми од работа почна да има невролошки проблеми, ама мора да работи, иначе ќе нема што да јаде зошто од 24000 пензија 23000 дава за кредит, со 1000ка кој успеал да излезе на крај еве не знам.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.992
    Јасно е дека не може секој и тоа не е спорно и стварно е неубаво што ја дискутираме мајка ти, верувам нејзиното искуство општо влијаело ти да не трпиш срања од никого, пошто знам дека не трпиш иако имаа обиди :)

    Само, ПОМИНАЛО. Да беше денес, јас ќе ти речев пушти ја кај мене. И не се*ам озбилна сум. Како што верувам имало некој роднина, пријателка, што би и' понудиле кров дур се снајде. Ниедна жена не треба да дозволиме да трпи.

    Во мојот случај моите другарки први ме викнаа кај себе, во смисла знаеме дека финансиски ти е тешко. Никаде не отидов, ама тој "грб" значи... неописливо искрено.

    Таа промена од нас почнува, не од некој таму. Само со поддршка, пружање рака и притискање на институции, може да се направи промена.

    Знам за жена, во др. држава мажена (иначе од мк) со непознавање на јазик, со завршено основно само, од затуцано муслимаско село овде беше. Ја затепа маж и' и го пријави и да, државата и' помогна и таква невработена, без да знае јазик, без ништо, сосе две деца ја згрижи.

    За тоа да се случи овде, мораме да притискаме, а не да дозволуваме да не' заќутуваат и заплашуваат.

    Феминизам не се докажува на свекрви, туку во взаемна поддршка и подадена рака на секоја да излезе од ситуации во кои се чувствува безизлезно.
     
    На fana, Mnik, Осе и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.436
    Допаѓања:
    90.810
    Пол:
    Женски
    Мајка ти имала одлична плата штом сега зема 24000 пензија.
    Значи не е пример бидејки ние зборевме за минимална плата и кирија.
     
    На Anyshka, Oneo, Мамичка и 4 други им се допаѓа ова.
  13. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.703
    Допаѓања:
    9.750
    Луѓе, децата треба да ги одгледуваме да се самостојни. Да не дозволиме идните генерации да се дел од вакви проблеми.

    Затоа најдобро е како на западот - на 18 години веќе нека си е сам. Или ако учи факс, до 23 максимум. Потоа да научат да се снаоѓаат, сами да си се самостојни, да си имаат лично нивен дом од нивни пари. Родителите само да помогнат евентуално, доколку можат. Ама да помогнат и за возврат да не мислат дека ако на пример помогнат дел за учество за стан, дека е нивен станот.

    Ова со свекрвиве и снаиве нема крај инаку... Само одделно живеење - на скроз различни улици/градови е мирот. Во дом кој јас сум го спечалила, изградила, не може никој да дојде и да ми се прави газда и да ми разрушува здравје.
    Јас живеам во различен град од свекрва, и еднаш годишно доаѓа кај нас. Станот ние си го купувме, па си е баш културен гостин ^_^Двајцата сме од ист град и почесто си одиме ние. Ама и кога сме таму, јас дома кај моите сум си. Не вреди да се нервирам за ден-два шо ќе одиме до таму, да се полнам нервози за цел месец. За тоа што кај нас е гостин, јас ако спијам кај нив, ми наплаќа х100. :D
    Да треба да се вратиме да живееме таму сега, попрво би спиела под кирија.
     
    На Anyshka, Oneo, butterfly_91 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.061
    Пол:
    Женски
    Извини вака мајка ми има хобб, ако не знаш што е прогуглај.
    Жената работи како магаре. Ама кога ќе ти кажам како магаре стварно го мислам тоа. Спие по 3-4 саати др се работи. Пошто е сама, има рата за стан, дете (17години) за гледање, школување, сметки за плаќање и треба да јадат. И се тоа САМА од никого 1 денар не побарала.
    И да побарала уредно вратила.
    Такада се се може.
    Колку се сака е веќе друго.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    Браво за мајка ти, браво за сите. Немам намера сега и мајка ми да ја правдам зошто може нешто или не. Секој си знае за себе што мака има и колку нешто може или не
     
    На Anyshka, Didajo, MarijaMi90 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    Браво за нив. Не се сите луѓе исти, сфаќаш? Ти мене ми реплицираше и јас кажав што имав да кажам.
     
    На Anyshka и Didajo им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.992
    Да бе, сите со минимална плата живеат. Никој нема ни роднина, ни пријател, ништо. Мислам не знам кој уствари ти е советот за жени што се малтретирани од свекрвите, а од мажите немаат поддршка.
    Озбилно.
    И после сите примери дадени, освен што на сите ни најде зошто не е така како што викаме и не живееме како што викаме, совет е што? Седи, трпи, повлекувај граници што маж ти ги урива?
     
    На fana, baby-star и Emotional123 им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.857
    Допаѓања:
    41.170
    Пол:
    Женски
    Во што ја претворивте темава, во натпревар чија мајка повеќе може да истрпи? :x
    Се надевам не им зборите слични муабети и на децата.
     
    На VDT2906, m.i.g, Oneo и 18 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.436
    Допаѓања:
    90.810
    Пол:
    Женски
    Пишав дека дискусијата беше за кирија и плата од 350 евра.
    24000 е голема пензија што значи платата била многу голема.
    Со голема плата можеш и у хотел да живееш.
    Не знам за што ми реплицираш.
    Досадно ти е па измислуваш дискусии?
    Кога ќе се појави жена што свекрва ја брка и малтретира ,а мажот и не ја подржува ќе дадам мислење.
    На демагогии и млатење празна слама не губам време.
     
    На Oneo, Мамичка, Inamya и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.634
    Допаѓања:
    7.545
    Пол:
    Женски
    Е, па моите свекор и свекрва комплетно спротивно. На неполни 60 години остануваат без работа, релативно здрави ама фаќа корона пандемија и тие веќе не проработуваат од страв и остануваат на грб на децата. Едниот корона да не фатам, другиот досадно ми е работам, си имам стаж. Од друга страна без денар настрана, до пензија, и со сфаќање дека децата се должни да ги гледаат затоа што и тие кога требало "се жртвувале" за децата, плаќале факултет и сл.

    Да скратам еднаш не сме добиле фала што им се најдовме неколку години. Сега со пензии, немаат речено, чекајте едно боди да купиме, внуче ни стаса. Свекрва дури и сметки ми покажа колку ја коштало тоа што нејзините роднини ги почестила за раѓање на внучето.

    Плус со драма дека ни син, ни ќерка, ни снаа, ни зет не прават да се чувствува добредојдена да остани да седи во една од куќите.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.