Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.434
    Допаѓања:
    90.802
    Пол:
    Женски
    А Доцниш .
    Требаше да прочиташ дека се живее со 50 -100 евра месечно.
    :o
    Уште ти се збори Камелија за можебитен трол или разгалена жена која има проблем со мажот не со свекрвата.(facepalm)
    Уште колку денови демагогии ќе читаме?
    Совет и даде пошто ти гледаш проблем со свекрвата?
     
    На Мамичка и elimkd им се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.973
    Допаѓања:
    37.083
    Пол:
    Женски
    Така Је :rock:
    Нема да јадеме леб и сол, ама затоа ќе јадеме го*на за свекрвите по форуми.
     
    На Oneo, Nausicaa, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.991
    Косми, ај да фатам од нафталин да вадам проблеми пошто се' е демагогија?

    Човече прво викаш снаата треба да се почитува, еднаков член е, итн. Оваа некоја си, свекрва и' и' ровари по шкаф, на се' и' наоѓа замерки, на синот му вика разведи се, ништо не ве врзува.

    Кој е трол или не е не знам, лични карти никој овде не приложува, поентата на цела дискусија е иста:

    Да, снаата ТРЕБА да е прифатена и да си има право на свој ред, ТРЕБА.
    Ама во реалноста не е така, свекрвите ги "превоспитуваат" најчесто, не оти ги мразат, туку оти мислат дека знаат подобро.

    И на тоа решение се согласивме дека заедно со мажот треба граници да стават?

    Ама, мажот не сфаќа колку е длабоко оти е навикнат на тоа семејство, не сфаќа што и' е проблем на женава.

    И кое чаре и' е? Да се кара, тепа, да вика свекрво ти ТРЕБА да не ми чепкаш во фиоки?

    Сите се согласуваме дека не треба, ама им се случува оти ИМ СЕ МОЖЕ.

    Баба ми добронамерно пред 25 години, само што земени со вујко ми, земала и' прередила на вујна ми алишта на жица (како требало според неа). И од мајка ми и од вујко ми и' била одржана лекција колку е тоа безобразно, па после еве пола живот не и' текнало да се качи без да се најави или да ја викнат, а не алишта да пипа.

    Ама различно е кога маживе сфаќаат, и кога мама е во право за се'.

    Ти живееш со разбрани луѓе, ти си разбран човек ете, ама многу луѓе си немаат поима од граници.

    Еднава разведена знаеш кај пукна тиквата? Самошто породена, нецел месец, свекрва и' се напна што ручек не правела и садови не миела, тој копукот мама ја послуша и тргна недомаќинкава да ја воспитува. Некои луѓе е најдобро да свртиш грб и да не ги погледнеш дур се живи, нема разум, нема разбирање и нема компромис, а се' тоа треба за заедница.

    Јас не сум била снаа во заедница како твојата да речеме, ама сум била дете, многу разбирање и толеранција и разум се потребни за тој народ да сфати дека понекогаш, ќе се ускратиш на разно-разно ќеифи, оти не си сам, имаш уште Х луѓе во таа куќа.
     
    На Nausicaa и fana им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Зборам ако си сама и нема каде да одиш. Па и во брак ако платите се мали а трошоци поголеми заради одредени ситуации. Поарно за свекрвата гомна да јадам на форум отколку фамилијата да си ја осудам на финансиска мизерија. Ќе ги гледам децата како ми страдаат за нормален оброк, облека или ватевер, ама битно свекрвата во шкаф не ми отвара.
     
    На Sunrise!!!, Oneo, Мамичка и 7 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.991
    Бриџ, абе сите сме своја приказна. Ќе ме потепаат ако кажам дека бившава има перено мои работи кај неа кога седев краток период. Мене ете не ми сметало ич искрено :D
    Од друга страна знаеше да влезе во соба да земе нешто додека спиеме, тоа ме нервираше, ама знаев дека се неколку месеци и не се стресував. Да беше за подолго ќе сметаше сигурно.
     
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Не ме интересираат искрено муабети од тип - ми влезе во соба, гаќи ми гледаше. Ептен ми се детски.
     
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.991
    Абе не е детско со маж ти спиеш, некој ти влага, непријатно е.
    И да си сама е непријатно.
    Разбирам зошто такви работи ги нервираат, како да ти зема некој дел од автономијата.

    Луѓето се различни, ако се погодат слични снаа и свекрва и се разберат, на една маса цел живот ќе јадат без проблем. Ама ако се апла различни, се' ќе биде проблем.

    За мојава према мене стварно е грев лошо да зборам, и тоа влагање не беше за да ме вознемири мене, принудно бевме заедно и и' бев тупната дома, си имаше свои работи во таа соба и затоа во тој момент бев ок. Долгорочно стварно може да биде проблем.
     
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Ти зема дел од автономијата |(
    Бич плиис, што ти зема од карактерот гладно дете и сиромаштија? Ништо? Зборам ако изборот е едно или друго. Влегување во соба можеш да смениш, со тек на време и разговор ќе се среди.
     
    На Мамичка и Осе им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.434
    Допаѓања:
    90.802
    Пол:
    Женски
    Не приметуваш колку си контрадикторна.
    Што треба да прават?
    Го сска синот да се разведе,тој сака да се разведе?
    Не!
    Значи може до утре да фантазира со паметот.

    Да, свекрвата веќе пишав не е нормално да чепка во туѓи фиоки.
    Ниту обратно ниту било кој без разлика на имотниот лист,во било која комбинација.
    Тоа е будалаштина и нема врска со моќ.
    (Твој став беше нејзино е,има моќ и се може и мора да игра по нејзини правила)
    И продолжуваш со тоа можела и се можело.
    Абе може да везе колку сака разбираш?
    Ако граници стави снаата како треба,или синот(како твојот пример со вујко ти и мајка ти)може да свирца до бескрај.
    А не да ми кажуваш имала моќ.
    Некој да има моќ,може само ако му дозволиш.
    И зошто не и кажа да не влегува додека спиете?
    Ти,тебе ти сметало.Може на син и не му сметало.
    Зошто е нејзин станот и може да те избрка?
    Ако нешто те нервира ти треба да го кажеш тоа веднаш.
     
    Последна измена: 11 февруари 2023
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.306
    Допаѓања:
    119.182
    Пол:
    Женски
    Yup.
    Приоритети се тоа Бриџ.
    Јер како за се во животот така и за ова нема: И јаре и паре.
     
    На Nausicaa, An-na, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Ani93

    Ani93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2021
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    1.837
    Пол:
    Женски
    Морав :D
     

    Прикачени фајлови:

    На tanjita, VDT2906, butterfly6223 и 17 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.991
    Мене не ми земал никој од ништо, зборам на што најчесто се сведуваат сите проблеми во темава. На тоа мешање во воспитување дете, запршка во манџа, пружање алишта... ситници се вака, ама на крајот испаѓаат проблеми.
    Барем од се' што сум прочитала во темава, многу е ретко да има некој апла сериозен проблем, од типот физичко насилство.

    И да, животните услови се менуваат, никогаш никого нема да советувам да трпи ако му е неиздржливо и е несреќен. Ама тоа е мој светоглед. Сите сме возрасни, секој си знае што е најпаметно за него. Не можам со сила да извадам од дома некоја што ќутек јаде, а не па за помали работи.

    Помош и поддршка постојат, државата ни е гомно, ама постојат групи и многу жени спремни да подадат рака кога помош е побарана.
    И тоа точно го знам.

    Од мене толку на темава што е ситно а што е крупно, секој знае каде му е границата. Битно е само дека ни една не мора да трпи. Не мора.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.991
    За првиот цитат - да, и' се може. Ако се запне и ако баш толку сака да ги нема дома, дефинитивно може да им покаже врата.
    Ниту реков некаде дека треба да ќути и да трпи, туку да си ги подберат МАЖИТЕ. Ако мажот не ги сфаќа границите и сам ги крши, изгубена е битката на снаата.

    За мојот случај, тој и' рече, без јас да му речам, пошто него повеќе му сметаше. Јас со неа имав многу коректен однос и реков, греота е лошо да кажам, кога стварно мене лично не ми погрешила. Имало глупи прашања (кога деца) ама ништо драматично.
    Не ми сметаше затоа што беа во прашање некои 2 месеци, ништо не е страшно во 2 месеци. Да требаше трајно да живееме, ќе и кажев и сама.

    Немав проблем со неа и граници, затоа што е разбран човек, барем према мене беше.
     
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.717
    Допаѓања:
    9.469
    Пол:
    Женски
    Си се поставила уште од почетокот, можеби и ние жените треба заби да покажеме дека сме луѓе а не гостинки во сопствениот живот и брак .Само ќе се надоврзам на тоа ,,имав голема среќа,,на среќа живот не се живее .Јас имам проблем со моето пошироко семејство,читај живееме во иста куќа со чичко и верувај ми освен мајка ми и брат ми ,никој не беше на моја страна .Но ајде да не мешам баби и жаби ,не сум снаа но тие се тие околности.Татко ми секогаш беше без гласна буква па мајка ми пропати .Кога сме биле финансиски немоќни,сум им приговарала зошто имале деца ,од мака и тешкотија.Во Македонија мора да разбере народот дека снаата не е предмет за иживување,како ни други членови од семејството,има семејства каде трпат мажи насилство итд.Мора граници да поставиш,еве не е за пример но татко ми секогаш е потчинет под неговите родители и тоа се одрази на сите , команда дома бидејќи сме дозволиле така самите .Мора секој да има права а не да се надева на фактор имав среќа,читај фала богу маж ми ме поддржува ко да којзнае што направил.
     
    На Anyshka, VDT2906, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.061
    Пол:
    Женски
    Можете 2 месеца да ја пуните темава со мислења и ставови.
    На крај сите ќе си најдат оправдување за својте постапки и сите ќе си напраат така како што мислат и откако ќе прочитаат 100 спротивни совети од нивната замисла.
    Не се напнувајте без врска. :hug:
     
    На VDT2906, Oneo, buba4e89 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. КокичеСк

    КокичеСк Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2022
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Сакам мислење да ми дадете дали сум во право или грешам со тоа што го чувствувам и ме мачи.
    Со сопругот се земавме пред 4 месеци а претходно бевме во врска скоро 2 години, трудна сум уште малку ќе се породам. Живеем во заедница, во куќа. Сопругот е единец, неговите доле ние горе на спрат. Горе каде што сме целиот спрат сам го има средено со кредит значи помош финансиска немал од неговите. Сам се издржува уште од млади години. Татко му просечна плата помага колку може со сметки а мајка му не работи ништо со години. Јас имам убава работа а и тој такада се може да со дозволиме сами, финансии не им бараме. Е сега пред јас да дојдам мајка му нормално горе му средувала му готвела - машко како машко нели наваму натаму работа едно друго растрчан.. е сега проблемот е што мислам сеуште сака да си мисли дека треба да му помага горе иако дум јас тука. Кога сме на работа си влегува, ни ги мие садовите пример усисува, го средува тоалетот, ми вели сакам да ти помогнам да не се мачиш но тоа мене ме нервира. Му кажав на сопругот викам кажи и зошто јас ако зборам ќе се увреди и ќе почнеме да се караме. Алишта суши горе кај нас на сушара зошто уште немаме машина горе па ги пружа горе, па кога ќе се исушат ќе се качи да ги здипли демек јас не можам тоа. Садови ако ми се собрале ќе ги измие ќе ги нареди, можеби е со добра намера ама мислам дека не е во ред веќе тоа да го прави јас сум сега жената горе. Не сум мрзлива, работам по 12 саати скоро секој ден и не стогам се да средам веднаш, но остави жено јас ќе си се организирам горе. Не знам, ситници можеби се но ме иритира многу. Си тропа си влегува кога ќе сака, да, ќе качи ручек едно друго направила дома е цел ден, ама чекај малку не можеш во секое време може пред врата имаме секс човече.. што мислите женички дали сум во право.. Знае ново нешто кога сум си купила дали облека дали за во кујна, дали украсче, значи се снима што како се случува. Провувам да останам културна, смирена, насмеана ама веќе попуштам.. а татко му е злато, човекот од кога сум дојдена ниеднаш не се качил од што му е незгодно да не досаѓа.
    Сопругот е многу мирен и тивок не сакам ради неа да се расправам со него.. можеби претерувам? ИЗВИНЕТЕ НА ДОЛГ ПОСТ ♥️
     
  17. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Ќе направиш кафе, ќе седнете сите 4 ца на маса и ќе кажеш се ова што го напиша и ти смета на фин и културен начин.
     
    На cresa-jagoda, VDT2906, Luna91 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Ani93

    Ani93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2021
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    1.837
    Пол:
    Женски
    Трудна си и ти влијаат хормоните веројатно, не знам дали со во право или не ама навистина во најубавиот период не би требало да те мачат вакви ситуации затоа гледај да ги решиш. Не мислам дека има лоша намера свекрва ти туку ете сака да ти помогне, ама ако толку многу ти пречи се ова тогаш седни и кажи и отворено после 2 и пол години веројатно ја знаеш што калибар е и како ќе те сфати. Некогаш сами си правиме комплицирано да е а уствари е многу едноставно, седнуваш разговараш отворено и знаеш на што си.
    Бај д веј сега со дете искрено се би дала да ми е поблиску свеки па макар на пола саат да дојде и да здипли алишта :)
     
    На Ambitious, Mother of 2boys и КокичеСк им се допаѓа ова.
  19. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.847
    Допаѓања:
    95.233
    Пол:
    Женски
    @КокичеСк јас би убила за ваква свекрва:inlove::D
    Ручек,чисто,алишта,садови…о-хо,хотел.

    Сега сериозно,немаш баш проблем,скроз легитимно е да се нервираш ама навики се во прашање и со отворен и искрен разговор ке се средат.Тоа дека ке се скараш си грешка,ке ѝ кажеш најискрено што конкретно ти пречи и ке свати.Дома е жената,не работи, а вие сите работите и сака да е од помош,ја разбирам скроз.
    Кога ке имаш бебе ептен ке ти значат овие работи.
     
    На danichap, Ambitious, Oneo и 10 други им се допаѓа ова.
  20. КокичеСк

    КокичеСк Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2022
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Е убаво ми го кажа како звучи лесно и едноставно ама немам храброст