Можеби што викаш хормоните, ама на штрек сум цело време дека ќе влезе ќе дојде.. јас сум затворена како личност и не сум муабетчика, сакам да си седам сама а она е обратно. Не сум за во заедница изгледа ..
Не треба ти ништо да решаваш сама, тоа збориме 50 страни наназад. Маж ти да не е научен од мама на тоа - машко си е машко - и ти сега уште му го потврдуваш истото? Ќе побараш од него тој да и рече. Ќе се увредела, ќе се расправале, па што ако, маж е или што е? Ти ќе решаваш проблеми со твоите, а тој со неговите. Бараш совет како да влезеш најбезболно во конфликт со неа, а маж ти да продолжи да си ги ужива бенефитите, спастрено, исчистено, зготвено. Место тој да те заштити особено трудна... И мене ме нервира преместување и чепкање и помош непобарана.
I jas nemav hrabrost so godini, se dodeka ne resiv da ne prekutuvam veke na site nivni komentari i odnesuvanja, sega si kazuvam sto mislam vo lice. P.s. jas ziveam vo zaednica na ist sprat veke 8 prokleti godini.
Ништо не е вредно за да бидеш на штрек и тоа баш трудна верувај, ако не ти е океј да и кажеш нејзе збори со сопругот, побогу нема да ја утепаш едноставно сакаш да имаш граници и тоа е океј. Нека и каже тој дека не е сам веќе и кога ќе ви треба помош ќе и кажете. Како што ја опиша не е лоша жена туку нема работа и сака да е од корист, верувам ќе има разбирање.
Му кажав уште првиот месец, мерките стапија на сила ама траеа само неколку недели, после тоа пак си почна по старо.. он и кажал и во еден момент ми вика- Ааа јас ти ја средив кујната, се лутела ти или не, ама на висок тон, јас и реков само добро штом си ја средила и влегов да се туширам и си се изнаплакав. Многу сум тивка и мирна а она гласна и груба
Епа пак ќе му кажеш да и каже трајно да траат мерките. Ако се расправаш ти само ќе ти се дере и ќе плачеш под туш. Тој треба овде да се разбере со мајка му.
Не се чувствувам слободно како дома што ми било.. се чувствувам како дојдена тука и цело време на штрек. Многу не убаво Ми недостигаат мајка и татко Ќе му кажам утре, сега е на работа.. оставив садови во кујна намерно, утре кога ќе праша зошто не мијам, ќе му кажам нека дојде она да ги среди И се променија ли?
Барем ти кажува и знаеш дека чепка, замисли да не ти кажува и да си прати се. Трудна си и ти помага, јас кога бев не ми даваа чаша да кренам и ме иритираше тоа али сигурна сум дека не е злонамерно. Крај краева можеш ти да седнеш со нејзе да и кажеш слушај сакам јас да ги средувам алиштата сакам нешто да сменам низ дома па во наредните денови јас ќе си средувам. Пробај со убаво, влезна врата се затвара има клуч, за јадењето можеш да и кажеш слушај сакам јас нешто да направам утре за јадење или ќе излагаме со маж ми нема да ни треба. Биди по комуникативна со нејзе и постави си ти граници, утре кога ќе се роди дете и на цицка ќе ти виси така да пробај на фин начин да ја оттргнеш.
Нема да решите ништо со буцкање и сарказам, само ќе го продлабочите проблемот. Ќе го седнеш и ќе му кажеш со убаво дека ти смета, да и пренесе и дека не можеш ти да се расправаш во негово име и дека маж што има жена и ќе има дете не треба да се плаши мајка му да не се налути. Ти си кажала еднаш, таа ти се развикала и си плачела под туш, ќе го потсетиш и на тоа.
Хахахахаха mission impossible, се заклучив со клучот во брава ама затоа утре динг донг! Ќе ме претрка
@КокичеСк , на почеток и кај мене исто. Во заедница, ист спрат, едно купатило, поучена посебно да си перам од мене и сопругот, а со свекрва разбирање никако. Ќе пуштам јас машина (нејзината) со наши алишта, бидејќи не знаев колку часа пери, ќе чека таа да допери што би се рекло на врата, за само да ги извади таа алиштата и да ја гледаат дека ги става надвор за сушење. Во смисла помагам на младите. Почнав дури и ноќе да перам, и ко зомби да одам на работа од седење и чекање на машината се додека од другарка не добив совет, да ја оставам да си прави што сака, а тоа време за перење, средување на алишта да си го уживам. Не викам дека е тоа правилно ама на ниеден начин немаше разбирање. На твојот сопруг сигурно не му смета и не го гледа како проблем тоа затоа што и до сега мајка му готвела, средувала итн. И веројатно нема да и речи да не го прави тоа. Со оглед на тоа што си бремена плус работиш, барем ручекот доколку сакаш нормално може да го прифатиш како помош. Верувај ќе ти станува понапорно како што поминуваат месеците. Еве јас сега, не сакам во радиус од 100км да ја гледам свекрва, ама бидејќи знам дека барем со мојава нема разбирање и ќе си тера по нејзино, прифаќам и ако донеси ручек, и ако испегла алишта од бебе итн. Истата другарка (12+ години е со свекрва) би рекла, секако ќе се нервираш од нејзино присуство и постапки. Барем искористи ги во твоја корист. Ако таа средува алишта, ти седни и раат испиј кафе. Или појди си на пазарење.
Не сакам да сум саркастична ама со тоа сакам да ја зачнам темата затоа така планирав. Ќе се разговара втор пат секако утре. Он не знае дека сум плачела за тоа, ќе му кажам
Ќе си најде таа начин ако треба и низ оџак ќе се протне нагоре Нема ни да ја сетиш Не се лути ама стварно ми е смешно Како немав и јас вакво жениче дома
Немаш потреба од пасив агресив одма. Како што на нас ни' кажа, истово на маж ти. Не те тепа жената, во нејзини очи ти помага, а со него треба да разговараш и исто вака како на нас објасни му.
Се плашам дека и со мојата на крајот ќе нема разбирање, штом од првиот разговор не сфатила и не рекла добро чекај што правам да не пречам на децата, ни по вториот нит третиот ќе сфати. Тоа ако е разбрано не треба да му повторуваш нели.. Спратот горе е приватност и простор на мене и сопругот и ако те викнам ќе влезеш , ако сакам ручек ќе ти кажам да качиш. Јас кога би била на нејзино место боже пази да влезам а децата легнати гушнати си гледаат филм и да си пружам алишта во другата соба. Може под ќебе му го фаќам
Ќе ти биде добро некој ден, после се фучиш како мене ехееееее, не се лутам убаво е да се насмееме на овие наши маки