Sto da recam jas,mojta kerkka ima 14 g i esenva inapravivme decka pa na mojata sveki i togas i smetase,nie prethodno nemavme finansii pa taa soba bese od zolvata decka,taa e omazena pred 6 g.i koga resivme da renovirame tuka sveki so krenatiot nos tavanoot ke ni go rusese,a za komentari uste slusam
Јака ви душа. А сакам да прашам нешто, дали ви влегуваат свекрвите во спалната и ви чепкаат по работите? И како се справувате со тоа? Како ставате до знаење дека не сакате таму да ви чепкаат? Мене сеуште не ми е свекрва, мајката на дечко ми, но ние живееме заедно, а таа понекогаш ни доаѓа на гости на неколку дена. И си знае жената да си кажува како им е кај нив средено и тука сака истото да биде. Па ме тера машината за кафе да седи на кујната а мене тоа не ми се допаѓа. Јас сакам да се направи кафе и веднаш да се дигне од таму бидејќи не ми личи убаво така. Или пак приборот за јадење и чашите не ги мие со сјај туку само со прстите. А и кажувам таа да се одмара, дека ни е на гости да ужива, дека не ми е тешко да си мијам садови. И тие денови јас не се чувствувам дека тоа место е мој дом. Многу ми е непријатно. Еве споредба мајка ми кога ни доаѓа не ми чепка ништо бидејќи знае дека јас касам . Се зезам. И никако не оправдувам да се слушаат свекрвите во се и да им се потчинуваат младите невести . Почит да, ама обострана. И зборот свекрва ми звучи многу, многу злобно. Јас ќе ја викам или по име или тетка...
Kако што и порано имам пишувано ние живеевме под кирија недалеку од домот на старите и им имавме дадено резервен клуч. Бидејќи јас не можев да се адаптирам на местото каде живеевме, често знаев да одам кај моите и да останам дури и по 10 дена. Вечерта пред да доаѓам ќе се јавев да им кажам да одат до кај нас да уклучат печка или пак да проветреат. Неколку пати се имаше случено да затекнам прередувано, постелнина преместена, садови ако сум измила пред да одам и сум ги оставила во мивалник, ги наоѓам раскренати, ролетна крената, а јас сум ја оставила спуштена и сл....т.е. сум приметила дека е чепкано. Мене искрено многу ми сметаше и еднаш и реков на свеки т.е. ја прашав онака демек не знам што сум направила (се направив мутава) дали ролетната ми била крената или спуштена, а таа на тоа ми додаде-аааа јас бев, ја кренав, избришав прозор, усисав, истресов прекривачот, наместив.... Во тој момент се налутив ама ептен, ми дојде како да ме понижува дека не ми било чисто, јас сум смрдла, па таа педантеријата дошла да ми чисти ....искри фрчеа од мене ...чурев колку бев лута (тогаш мм си го окрка квалитетно ) ама културно и се заблагодарив и и` реков дека нема потреба да ми чисти, едноставно сакам да си затекнам како што сум оставила. Мм и` кажа дека не сакаме да ни се чепка и клучот да го користат за тоа што им е речено, а не за чистење и откогаш ништо не ни чепкаше. Лута бев затоа што истото тоа живеалиште беше нечисто и тоа бајаги пред да се вселиме. И госпоѓата моја педантна не сакаше да ни помогне да исчистиме, туку ми рече да си ја викнам мајка ми и сестра ми. Мене ми беше срам и понижење да ги викам и така јас 6-ти месец бремена со патолошка бременост и мм си исчистивме, додека таа со золва ми си пиеја кафе и ниту еден ден не дојдоа да помогнат, ниту пак да не видат додека не им кажавме дека се` сме средиле. Инаку од разговори со другарки и пријателки имам приметено дека секоја свеки сака да кажува како да се среди некое место. Ние до сега имаме три живеалишта сменето, секое од корен сами сме го средувале и чистеле јас и мм, а свеки доаѓала на готово кога се` е средено и чисто, нели кафе да се напиеме во новата дома. И секогаш, ама секогаш давала сугестија што и каде да биде. Во почетокот ептен се нервирав што се обидуваше да ни наметне мислење, значи тоа е наш дом, макар и за една соба да се работи и ќе ја уредиме ние како сакаме, а не таа ....ама после некако со мм се навикнавме и мм почна да ја зеза откако ќе влезеше во стил-ајде сега стара, ти како искусен декоратер на ентериери кажи што чини, што не чини, што да прередиме, преместиме ....и таа ќе се засрамеше и нормално ќе кажеше дека се си е добро. А тоа за приборот јас да сум на тове место за да не ја навредам или ќе ги премијам без коментар или пак истите ќе ги користам само за нив, а за останатите ќе имам друг прибор.
Па и ти па, жената ти зачистила ти така Шала на страна, сум имала слична ситуација и знам како ти било. Во стариот стан кога бевме пред првиот заеднички летен одмор малиов инсистираше да даде клуч на мајка му за да проверувала пошта. Јас не сакав. И ај некако се наканивме да даде. Му реков да го извади клучот од станот кој се наоѓаше на истиот привезок со клучот од поштенското сандаче, ама он у стил она секако не се качува горе, нека стои. Ние бевме неколку недели на одмор. Кога се вративме дознав дека во станот имало прашина, т.с освен поштенското сандаче она се качила и во станот. Барем да зачистила де Нејзе не и реков ништо, малиов го подбрав. Резервните клучеви од овој стан ни стојат во фиока Претпоставувам дека делови од нашиот разговор со малиот и беа пренесени. Поточно речено преработка на мојот монолог, па никад више не се случи нешто ниту приближно.
^^Да, де, зачистила, тоа дека ме сакала и ме жалела многу.... Ги жалам нашиве мажиња, колку само си го имаат окркано непотребно. А да го кажам и ова. Само што се преселивме тука, за некој месец се вработив. Секое утро станував во 6ч. додека малата спие за да раскренам постелина, да претресам, да средам, да пребришам маса, да оставам јадење за малата и да имам доволно време да се спремам и да стигнам на работа во 8.30ч. Г`з преку глава од сабајле. И еден ден кога се вратив од работа гледам линии на ТВ , знаеш она кога има прашина, па поминеш со прст. Ајде не реков ништо, мислев мм тоа случајно земајќи ги клучевите. Пребришав. После некое време, пак линии, ајде пак си ќутам, пак пребришав, ама веќе ми стана сумљива работава. И решив да не го бришам ТВ за инает, знаев дека нешто се случува, интуиција работи. :geek: И после неколку дена, гледам само една линија.....и му се пуштив на мм (а знаев дека свеки таа работа)-што ми мачкаш линии на Тв, ако си видел дека има прашина или пребриши или речи ми, а не вака пе*ерски играш. Прво и тој се збуни, почна да се правда дека не е тој, ама изгледа му кликна бољерот што е работата и дека свеки пак изиграва домачица и само рече-има многу паметни во куќава кои немаат попаметна работа во животов, па проверуваат каде колку прашина има, остај не се замарај....и погледа накај мајка му, а оваа веќе не го пипна ТВ.
Изгледа поголемиот дел го имаме овој проблем со свекрвите исто и јас, иако сме уште пресни 2 месеци, ама жената си се меша во нашата соба, што ме нервира страшно многу, порано мм и рече да не средува и чепка по нашата соба, беше се океј, се додека еден ден не беше премногу нервозна од некои си причини нејзини и не ми рече дека требало во нашата соба да фати женска рака е јас што сум машко да не сум и отогаш јас ја немам фатено мојата соба и не планирам да ја исчистим во скоро време, и секоја сабота си ја чисти сама, мене никаде ме нема се си разместува работи по собата и така ама веќе не можам да се замарам со неа, што сака нека прави, подобро и за мене, барем не се мачам да чистам инаку така жената е супер само оваа не ми чини ама ајде нека е... ќе се среди и тоа
Мојата ме нервираше кога ке ме оставеше јас да правам ручек и после почне да се меша. Она доаѓа од работа малку пред четири и секогаш тоа време ручекот им е спремен. Некој пат се случи да каснам 10-20 минути со јадењето и она почне да се вртка. Прво прашува дали ми треба помош и откако и кажам дека не, самата почне да си работи. Значи јас кога готвам се ми е средено, додека едно готвам друго мијам, и секогаш готвам со отворена врата или прозор за да не мириса после станот на ресторан. И она кога ке дојде самоиницијативно да помогне почне да расфрлува, 50 пати се шета низ собите и после сите мирисаат и обавезно ми ја затвора вратата оти нели иако е 20 степени надвор може да измрзне. На почетокот многу ме нервираше, ама сега ја игнорирам. Ко почне самата да „помага“ јас си излезам од кујната и пријатно. Сфатив дека нервите ми се помили од еден ручек. Едно време им ја чистев и собата (оти она чисти еднаш во месецот) па се бунеше оти сум им го исклучувала телевизорот за да вклучам правосмукалката, а и прашина да не сум бришела со средство оти и останувале бели траги па сум требала со ракија да бришам. Кога со ракија, во минатиот век? Сега не и ни влегувам во соба, се гледаме само за ручек кога ке седнеме да јадеме 20 минути и толку, секој на своја страна. Имам среќа што мм знае дека е напорна и баш и нема влакна на јазикот, па така јас и не се расправам многу.
Лолитке имаш доволно материјал за книга,колку дешавки имаш со свеки алал да ти ,после се не стан заслужуваш цела зграда Ние оти не сме дома,во месецот еднаш двапати,почна да не ми смета за некои ствари,џабе ќе се расправам,ја имаме најмалата соба која не сме ја ни средувале како ја затекнавме од детска на маж ми така.Нема потреба си ја средуваме куќата,џабе да не фрламе пари за некој месец.Јас си доаѓам на 2 дена ,па не ми смета ако има избришано прашина,исмукано,имаше сменувано прекривачи,преместувано,ама за ова и кажав фино лепо и веќе не дира. Иако се меша и во куќата,маж ми им кажа еднаш како сакаме распоред на веце,купатило,дневна,кујна и таа ми се пикна во соба,со намера да го разубедам маж ми да не сме правеле така,тоа не било практично,и реков само ние ќе си живееме ти ако сакаш преуреди си тука и нормално си замолче. Е сега во последно време,гледа да е во сојуз со мене (ал џабе је ),пошто кај маж ми никогаш не и играат картите,ми соопшти (ама онака најневино,што да ви причам ) -Паааа,еве комшиите над нас го продале станот за xxxx евра,па некој прашувал и за нашиот,мене не ми се продава али тие пари утре никој нема да ми ги нуди,барем ќе ви дадеме на вас да си ја средите куќата и ние не сакаме да сметаме,или една собичка долу на приземје,доволно ни е ! Сонувај си,си мислеше дека ќе речам па ајде секако повелете уште утре !
Абееее луге јас си се фалев од мм ама испадна дека не е само до свеки човекот си замина во Словенија,и 3 дена го немаше да се јави се укл на на нет и ми вика шо прави детето викам еве го спие и тој ми искл.после вечерта пак се укл и му викам заш те нема ни да се јавеш цело време се нервирам и тој почна да ме пцува дека јас и детето не му требаме таму ке си останел ке си живеел.епа супер мене лично не ми е криво за мене туку за детето ке пате идиот некој нз шо да кажам луѓе не е секогаш до свеки некогаш и мажите не се како што треба.и едвај начекав и ова ми го рече синока да се разведеме јас реков во ред нп и си се искл и до сабајле око не склопив може ке речете седнала тука па ни кажува бајки ама ако кажам на моите мајка ми сигурно ке добие удар и секако е болна со срцето.уште ова и фалеше.џабе не рекле фалбата е р`ѓа ја се си се фалев ама и тој си го покажа вистинското лице,инаку јас седам кај моите дека имаме тука компјутер мојто му го дадов за да се гледаме и да си го гледа детето а видете што се се случи цела ноќ се изнаплакав.
не ти ја знам твојата ситуација со сопругот и свекрвата ама кога го прочитав ова страшно се изреволтирав Значи тој замина да работи во Словенија и сега не му требате ни ти ни детето ?????? Ептен јак маж станал со мисли оти во Словенија се е мед и млеко и него сите п**ки го чекаат цццц Не се нервирај и не се коси уживај си он сега незнае што зборува можеби го фака носталгија можеби кризира а можеби и онака те испробува топло ладно Почекај некоја ден не го напнувај не го барај остави нека олади па тогаш ке разговарате одново А за свекрвата не е толку крива жената колку што најверојатно е крив маж ти сега ке видиш и ке се изненадиш како ке се понаша со тебе и о кога син и не е дома
Не се нервирај срцка. За таков маж не вреди да си ги губиш нервите. Со тоа што ти го рекол докажува колку те сака. Таков маж не ти треба. Можеби ќе ти биде подобро ако се разведеш од него, а можеби и ќе најдеш друг што ќе те почитува.
лепото само не покажувај слабост без разлика колку и да ти е тешко . не дозволувај никој да те пониже , твоето пак ќе си дојде а нив ќе им се врати дупло за се што ти е направено и кажано. Кој простак е у питање многу јак маж преку интернет излезе овој
ццц што ли се нема по светов остави го некој ден, нека се излади малце, па побарај го, може и тој ќе те побара, ако пак е на иститот став, разделете се, многу поубаво за тебе, такви будали не ти требаат, и колку и да боли издржи и не покажувај слабост пред него, не заслужува
Значи полош ден од денес не сум имала морам да си олеснам зашто вријам у себе Денес му беше роденден на маж ми и бевме на викендица кај неговите на ручек, и све ок јас и помагам на свекрва ми со салатата и викам еј кумот се понуди да ни купи количка за бебето ( јас сум трудна 8 месец ) викам баш убаво од него знаеш убав гест, и и викам неделава планирам да излезам да купам некој ситни работи за бебушот зашто ништо навистина немам купено, и она една фацаааа што направи и ми вика добро бе Ана зашто све сама планираш, како може секој пат све сама да планираш, лута лута небаре којзнае што кажав јас, и јас и викам како сама планирам викам со маж ми така одлучивме и вика па ние што ќе купиме, па викам има милиооон други работи викам како на пример релаксатор кадички тракатанци бла бла викам што ви е желба тоа знаеш што е битно јас пак со убаво ја терам работата, вика па што сега ќе купуваш ти рано е демек, викам не е воопшто рано 8ми месец го терам не мислам во 9ти да купувам и почна фаци да ми прави женава, и јас сменив тема, после тоа му кажав на мм викам вака и вака мајка ти е навредена зашто изгледа кумот ќе ја купува количката и он вика па што има врска кој ќе купува, и јас викам е да де истото го мислам, и он замина да разговара да и каже дека може они да купат релаксатор на пример или што друго им е по кејф и она рекла добро сине како сакате, а мене очи мислам ке ми извадеше а него ок демек не е битно После тоа заминавме на прошетка и јас со мирно му викам на мм дај да се договориме кој што ке купи знаеш да не испадни работава да се навреди некој без причина, и му кажав тогаш што ми рече мајка му као зашто сама сум одлучувала јас? леле женски коа почна да ми вика да урла по мене како јас сум сакала да кажам дека мајка му ми префрлала и јас упорно кажувам не ми беше тоа намерата на муабетот туку да се договориме да им кажиме кој што да купи веќе ако толку им е тоа важно што да се купи, и муабетов иде као ти имаш проблем со неаааа све нешто ти сметаа зашто ми го кажуваш ова денов само да ми го зафркнеш па викам тебе ако не ти кажам на кој да му кажам друг?? Упорно со мирно се објаснувам дека ја почитувам жената како негова мајка и дека несакам никој да ме сфаќа погрешно ако и е кејф да купи нека купи ама зашто да ми вика ана ти све сама планираш и после него да му вика ок сине како сакате?? Не е прв пат да напишам на оваа тема дека жената премногу се меша и дека сеуште сме под кирија ради неа а она си седи на викендица а станот е празен кај што живееше мм ама после ова мислам дека кога ке се роди бебето ке биди полошо, најкриво од се ми е што мм не ме разбира и јас трошам енергија се нервирам зашто он треба да си ги среди тие работи а не она мене да ми кажува што јас да правам во животот, он мене ми вика дека јас си имам проблем со неа, дека мене она ми смета а стварно не е така не ми смета воопшто ама вакви коментари и мешања не сакам и сега ми е криво што на мм испадна дека јас му го зафркнав денот а немав таква намера Незнам колку ке ме сфатите вака како што ја доловив ситуацијата али навистина жената апла се меша за све не само за ова исто како да ни е она во бракот, јас сфакам дека и е кејф и све јас не и го успорувам тоа, али постапки и коментари од типот сама планираш све па со кој да планирам ако не со маж ми ?
Значи човекот од нигде никаде изигрува пцувач на жена си за која, и чие дете отишол да печали, ама одеднаш не му е гајле за нив, исто време и тебе баш толку ти е гајле за него, и ти искл како ти текне и тој искл на тебе, и нп да се разведеш, за вас двајца како пар, оти лично не ти е криво за него, ама пропаднат брак криво за детето ти е. Аха. Не бевте карани ич, тоа така он отиде а ти седиш кај мајка ти ради компјутерот? Море деца! Деца деца деца!
Ana ,ne si se nerviraj potpolno te razbiram i jas imam edna takva doma sto mene se ke mi recese v lice,a pred mazmi drug muabet pravese i stalno jas bev krivata,mazmi ke mi recese "nisto ne ti pravat,sama si izmisluvas"jas postojano mu pokazuvav kakva e ama ne uspevav,se duri eden den sam ne si ja vide.Pa mi prizna lele alal da ti e kako si ja trpela 15 god.Moj sovet ne trudise mnogu da mu kazuvas sto ti veli koga ste sami,vodi go sekogas razgovorot posebno vazniot koga i soprugot e tuka prisuten,pobrzo ke ja vidi nejzinata dvojna uloga. sekoe dobro
мене пак не ми е јасно зошто се им кажувате на мажите...па нели тие немаат со нив проблем па секако дека ке ги слушаат...кажете им се што мислите кога ке ве испровоцираат и уживкајте и правете се дека ништо не било како што прават они и ке видите дека ке нема простор да мажите да искоментираат кога ке се пожалат