Ај реши се, сакаш помош или не? Нема сега сакам, после не сакам. Жената не ви е слугинка, па кога ќе ти текне тебе ручек да бараш Ако сакаш сама, тогаш ич не барај помош
Не знам зошто мора мажот да посредува. Па што ако му е мајка кога он веројатно не го гледа ова како проблем. Сама треба си каже. Следно кога ќе направи нешто речи и фала ти многу ама од денес сакам се јас да си правам. Бев на лекар ми рекоа повеќе да се движам ради циркулација така да супер би ми дошло средувањето по дома. Кога ќе ми биде мачно ќе ти кажам па ти ќе исчистиш ,јас ќе те викнам да се качиш и да ми помогнеш. Исто и дете кога ќе ти дојде одма уште на врата ќе кажеш сакам јас и мм да го гледаме те молам кога мислиш да доаѓаш горе звони ми на тел да не спие бебе или да не сум гола. Дозволи сама да побарам помош кога ќе ми треба за да не се караме да може да си живееме раат сите. Мораш малку политички зошто понатаму здравје секоја помош ќе ти биде добредојдена.
Кокиче не е хард кот.Ваш простор и нормално сакаш приватност.Си пробала со маж,џабе.Следно е клуч и разговор во лице.Не арогатно,нормално.Но ако почне да вика ,ти смирено одговори дека кажа што имаше и оди си кажи се на маж.И не попуштај со одлуката,само игнор и дистанца.Кај мене беше исто така и долго време требаше за сега да не помисли да дојде без најава на тел и тоа кај син и.Не се плаши од тоа дека ,,ќе ти треба помош,,.И јас сум вработена со полно работно вррмд,со едно дете и бебе на пат,но ниеден ручек или здиплени алишта не е поскапоцрн од мојот мир и благосостојба.Не е лесно,но е изводливо.А ,да..и долго време да и треба да свати,ти биди упорна стои на своето и не се осекај лошо дека си се завзела за себр.Повторувај го истото и насекое ако треба за да свати.Некогаш имаат тенденција да се повторат иако одреден период се повлекле.Не паѓај на тоа,само строго
Па баш зошто не сакам никој да ми е слугинка, каде сфати дека сакам помош? Пишав ако сакам ќе те викнам да ми качиш а очигледно треба да сфатиш од сите постови дека не сакам ни малку, можам се сама. Ви благодарам женички на секој совет, ми го разбистривте умот ♥️ Ти благодарам драга, мора построго, за се во животот очигледно ♥️
Исто само шо машината купена од мм пред да се запознаеме. И јас исто се нервирав ама по некое време си реков истото еве сега на ладново најмногу од се мразам алишта спростирање. Таа си се занимава со тоа иако купив и машина за сушење. Е моментот е што јас ја плаќам струјата ,значи ем штедам на сушара ем не мрзнам. Зошто? Зошто додека се нервирав и и зборев упорно тераше по нејзиното. Е сега се деси во една кавга да ми го пререче ама тогаш наспроти сите пати кога сум ќутела за да не се прават кавги ја подбрав и бидејќи за се што кажав бев во право едино шо можеше да каже е да ќутам ме слушале комшиите и како не ми е срам можела баба да ми е. Ама другиот ден кафе ми сварила од сабајле - нема веќе да ти се мешам. И шо се дешава после нецел месец пак истото ама во следната ,,кавга " ми пререче нешто што дури сум жива нема да и простам. Е оттогаш јас се сменив ако варам кафе и го носам кај неа во соба ,ако збори нешто што не ми одговара не се ни трудам да и зборнам ако можам во моментот излегувам. @КокичеСк и сите други на почетокот како ќе се поставите така ќе терате ,јас да можам да го вратам времето од почеток ќе бев ваква ,,безобразна". Значи нема она ми викаше иако ти смета си ги измив и плачење ,туку да ми смета ти кажав еднаш мислам дека е во ред од моја страна а од твоја се очекува да постапиш како што сме те замолиле ,фала. Јасно дека сакаш да помогнеш ама засега не ми треба ако ми треба ќе ти кажам. Е ако после и ова нема разбирање тогаш ќе ти биде следно клуч на врата. Па и менување брави. Јас не можам баш во заедница сме.
@КокичеСк од ова што го напиша јас не гледам жената нешто лошо дека ти прави. Бремена си и на работа одиш а чим таа веќе е дома, остави ја нека работи. Не мора да значи ако се снаа и свекрва дека треба како маче и куче да сте или да и замеруваш на ситници. Еден ден и ние ќе бидеме свекрви, син единец и е и сигурно жената со мерак ви помага, не сака да се мачиш бремена. Ако веќе толку те иритира, ти чепка и преместува работи почни да си ја заклучуваш вратата. Или со маж ти викнете ја и спомни и со убаво да не се замара да ви средува, дека се снаоѓате и сами, ако ви треба помош ќе и кажете и сл.
Море да имам храброст да се заглавам за едно станче па да си отидам во мир и на свое најубаво жими се
Јас имам храброст за се ,мм нема желба имам пишувано и зошто и како наназад. Инаку не станче ,надвор од државава ќе заминев.
@КокичеСк хормонална си и носталгична за домот кај твоите, не е страшно тоа, а верувај кога ќе се породиш добро би ти дошла помош. Кај вас не е проблемот свекрвата, туку начинот на кој го гледате мажот ти. Машко, ко машко... велиш, некој треба да му чисти, да му готви, да го пере. Така го воспитала таа, така го третираш и ти. Трагедија, ко ретардирани да се маживе ги сметате. Па детево ми е 4 годишно па позрело го третирам од вие мажите. Тој и ти треба двајцата да се си грижите за домот и да си помагате еден со друг, а не со свекрва ти да се натпреварувате кој повеќе метании ќе му направи него. Жално, стварно.
Потполно те разбирам. И, татко ми беше безгласна буква пред мајка му и татко му. За тоа пропати мајка ми, а најмногу јас и сестра ми. Татко ми почина на 49 години од нервози од неговите. Пред некој ден беше 16 години од смртта. Кога почина јас 23, а сестра ми 18 години. Јас студент, сестра ми матурант. Е, јас кога се омажив убаво се поставив и пред свекорот, свекрвата и золвата. Но, по првата кавга пресеков. Реков, историјата нема да се повтори. ММ знае се низ што сум поминала и затоа ме поддржува во врска со неговото семејство. И, да знаеш дека тоа воопшто не е за потценување. Пред да се породам свекрвата ми кажа на неа да не рачунам. Имала бавчи. Ок и реков. А, мораше царски да се породам. Мајка ми зеде одмор и мм. Првите скоро два месеци многу ми се најдоа и двајцата. Доаѓа свекрвата после три недели од породувањето и ми вика што направи за ручек? Ја погледнав накриво и и кажав пред мм и свекорот со остар тон НИШТО. Зеде колбаси и јајца испржи самата. Од тогаш не и текнало да праша што сум направила за ручек?
Ти сега веќе живееш таму и тоа е твој дом, не си прави сама проблем кај што го нема. Ако ти недостигаат твоите отиди на некој ден таман ќе одмориш од свекрва а таа ќе си чисти на раат Дефинитивно од хормоните си раздразлива за се ама пак ќе ти речам тоа што ти смета кажи си, гревотка е и бебе да осеќа дека мајка му е под стрес, дополнително па и без некоја голема причина. Ова се решава со два реда муабет како што и ти кажаа членките погоре.
Се ми е јасно а подобро што си пресекла навреме за било кој однос ако научиш да трпиш сите ќе те играат тоа е факт.Кај не ти помагала уште и ручек спремано чекала свекрвата твоја.Мене ми е за мајка ми жал ,чичко ми се поставува убаво и над нас се правеше важен но заради татко ми секогаш беше мајка ми жртва.Потоа и јас и брат ми негови жртви и затоа многу се нервирам мене иако ми се баба и дедо неговите родители ме сакаат почитуваат иако сакаат да се главните.Разговарам реално и дедо ми повеќе ме сфаќа а татко ми е безгласна буква ете вчера и се слошило на баба и одма паники веднаш се стресе кавги имаше оти мама за ништо не ја прашува.Единствено заради чичко ми се каам што попуштав заради татко ми ,и брат ми се нервира од него ,долга историја.Зборот ми беше многу е битно да завземеш свој терен дома а и кога одиш во туѓа куќа .Мило ми е за тебе што си се изборила и сега уживај во бракот и животот,а старите од едно уво влегло од друго излегло.Мајка ми беше кон брат ми по наклонета ,и јас морав на татко ми грешките да ги трпам и секогаш како прво дете во семејството,бев на тапет .Кај да е татко ми ќе е ист случај,ќе умре од своите родители но му кажав нема да попуштам повеќе никогаш негов проблем си е .
@hermosa заборавив да напишам дека баба ми и куќата и станот го препиша на стрико ми. Ние под кирија. И, затоа јас дур се живи свекрвата и свекорот не вложувам мои пари или ако вложувам на нотар. Затоа секоја жена треба цврсто да си го брани својот став и така да си тера. Ѕвезди да им симнеме, нема да чиниме, ама па затоа ќерките им се "светици". Ама и ќерката има свекор, свекрва, јатрва или золва.
Кај нас е препишана куќата на двата сина подеднакво,на чичко ми поубавото он е по омилениот лик и затоа јас татко ми не можам да го подржам кога со мама заеднички вложуваат а чичко ми е во странство и доаѓа ретко само на одмор и сите проблеми на товар на татко ми паднаа.И да се омажам ќе го трпам чинам . Правилно си постапила ,вложувај инвестирај само во свој дел .Таквите како баба ти не ги оправдувам што се на стрико ти препишала.А свекрвите за своја ќерка душа даваат а снаа кога ќе дојде боли глава тешко им е да сфатат дека и таа е нечие дете,да ти кажам што ми се има десено дечко мој бивши ме запозна со мајка му по кратко време од врската,и оваа ми вика требало да се работи ми го нагласи во лице бидејќи син и е во странство.