Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. TiniMini

    TiniMini Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2020
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    @КокичеСк не се согласувам со некои мислења дека тоа е нормално и да си ќутиш затоа што и те како ќе ти треба помош понатаму. Ако сега и дозволиш да продолжи вака верувај дека кога ќе се породиш ќе биде уште полошо, ќе си зима за право да прави што сака, маж ти ќе биде исклучен од гледање на бебе. Тебе тогаш ќе ти треба помош од маж ти, не од неа.
    А ако некои членки мислат за помош кога ќе тргнеш на работа, и да го чува детето, понекогаш, тоа треба да е од љубов кон внучето, а не да речат "е тогаш нејќеше да ти помага а сега сакаш".
    Ова не е нормално кога веќе сте на посебен спрат, и кога си со бебе нема потреба некој цело време да ти готви и чисти, освен ти и маж ти.
    Бесценети се тие моменти да си сама со бебе дома, ако сега ова го дозволуваш со бебе нема да се симне од кај тебе.
     
    На Anyshka, DoubleK, Mother of 2boys и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Еднаш имам напишано дека ако и' дозволам на свекрва ми, дома кај мене немаше и ден денеска да пипнам ништо, кујната нова ќе ми беше. Свекрва ми е жена која може да не спие и да работи 24/7. Плус и на работа оди, морам да кажам. Ама нема шанси да ме одбие за нешто.
    Да беше некоја друга на мое место, максимално ќе го користеше тоа, да не речам злоупотребеше. Ама, нејзина среќа што снаа и се погоди како мене хаха, па може жената и време за себе да си посвети. Исто како за мајка ми така и за неа сакам, искрено сакам да ја гледам среќна и задоволна со себе, ама да прави нешто друго неповрзано со нас. Зашто доста била жртва, мм е таков каков што е благодарение на неа, фала и', нејзиното го завршила, сега е време да уживаат.

    Знаејќи го ова, бидејќи со мм бевме 6 години во врска пред да се земеме, седнавме јас и он и се договоривме дека во нашата куќа и моите и неговите се гости. Дали ќе оставиме садови, гаќи на сред соба, дали имаме алишта за перење, дали ќе јадеме денеска или ќе бидеме само на вода, е наш и само наш проблем. Никој не е должен ни да ни средува, ни да ни чисти. Откако се роди ќерка ми исто, сама сум со неа, со мене ја носам секаде од 2 месеца, буквално. Ама баш секаде. Никој не е должен ни за ќерка ми ништо. Баби и дедовци ја гледаат кога они сакаат и имаат желба. И ова што го пишувам е навистина вака, немам причина да лажам.

    Зашто помошта е едно, ама со тек на време работите се менуваат, нема да може свекрва ми цел живот да ни чисти и пружа алишта. Кога ние како сопружници и веќе родители ќе ги превземеме работите во свои раце? На 45 години? Тогаш допрва мм ќе учи машина да пушта, па и јас? Друго е кога секојдневието си го тераме како ние сакаме. А друго е кога ти се матка некој низ дома цело време. Ако сакаме да излеземе на ручек, треба прво на свекрва ми да и' се јавам за да и' кажам да не прави денеска за нас зашто нема да бидеме дома. Јас тоа не можам да го замислам. За мене тоа не е слобода, а јас слободата си ја сакам максимално. Првото лето кога ќерка ми се роди, клима пуштавме многу малку, јас цело лето дома по гаќи го поминав. И ден денеска одам во вц со отворена врата, зашто сум сама со ќерка ми па да ја слушам за секој случај. Значи толку многу работи во секојдневието ти се кратат кога знаеш дека во секој момент може некој да ти влезе дома за да го среди твојот неред, замисли. Ама тоа сум јас, за некој ова може е банално и непотребно, си вика што ми е гајле битно да ми е средено.

    @КокичеСк комплетно те разбирам. Точно знам како се осеќаш. Сите сме различни и едноставно на некои луѓе таквиот начин на живот им смета. Мој единствен совет ти е разговор со маж ти, само он може да го реши ова. Еднаш, два пати, три, десет, сто пати ако треба ќе збориш, ќе бидеш максимално упорна. Нема што ти да се мислиш како да и' пристапиш и како да и' кажеш. Маж ти е тој што треба да ја седне и да и' објасни, него му е мајка, ти со твојата мајка ќе си збориш ако имате проблем. Не дозволувај и не попуштај. Знам дека не го осеќаш како твој дом, ама за тоа индиректно е виновна свекрва ти, не ти дозволува да оставиш свој печат во тоа место. Со тек на време и твојата самодоверба во врска со домот ќе расне и ќе се подобрат работите, многу сте тазе земени. Ама мора разговор со маж ти, тоа ти е единствено решение, со ништо друго нема да го решиш долгорочно проблемов.
     
    На Anyshka, CameliaMiller, Krismare и 20 други им се допаѓа ова.
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    25.595
    Пол:
    Женски
    @КокичеСк дали твојата свекрва има мобилен со бесплатни минути ? Предложете и на пример , наместо да се качува до кај вас , да ве бара на мобилен кога и требате за нешто . Да не се мачи , ем вие ќе имате приватност . Доколку не и се јавувате , кажете и дека веројатно сте заспале , кога ќе станете ќе видите и ќе и се јавите .

    Моиве се така функционираат . И моите родители и на маж ми родителите . Кога не можат да не добијат на телефон , знаат дека спиеме . Ептен се упорни само кога е " нож до коска " т.е имаат навистина голем проблем и не знаат на кој друг да се обратат за помош .
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Agness

    Agness Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    193
    Интересна тема, иако не ја дочитав цела.
    Ние живеевме една година кај свеќи, во карантиниве. Они имаат голем убав двор и општо поголема куќа, па ете им се ставивме на "гости" цела година. Искрено немавме некои проблеми, ние сами чистевме, пуштавме машини за наши алишта, си готвевме (иако искрено свеќи правеше секој ден ручек за сите). Карање немаше, мајка и син знаеа да се скараат како што си се караат цел живот ама мене никој не ме мешаше. Тие недоразбирања што си ги имаат меѓу нив, нивни си се. Нит јас се мешам, нит тие ме мешаат.
    Пак не би одела таму да живеам, иако супер си се слагавме. Од причина што иако е голема куќата, стварно е полна куќа и големо семејство и никогаш не си сам. Да не беше карантинот немаше да отидам таму да живеам.

    Сега сме сами во малецок стан, и нема полесно чувство од тоа да си сам.
     
    На Anyshka, Sofi.ja, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  5. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    1.187
    Апсолутно се сложувам.Тогаш сте доволни ти и мм, нема потреба од свекрва аман ако здиплела алишта јака работа кога тебе ти смета во простор и сс нервираш.Од лично искуство,не ти треба и тоа нагласи го пред бебе да си на чисто.Инаку само ќе се влоши.И ангажирај маж во се
     
    На Anyshka и Осе им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.802
    Допаѓања:
    142.138
    IMG_20230217_181354.jpg

    Свекрвата пресреќна.
     
    На Mother of 2boys, Ani93, Cherry333 и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Ladyana1

    Ladyana1 Нов член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ваше мислење.проблем со свкрвите.
    Живеам една година заедно во заедница со свекор ми и свекрва ми ,маж ми и негови тројца браќа помали 22,24 години, сеуште не женети, и немаат девојки. Имаат голема куќа и стварно е макимално полна, не ми смета баш напротив никогаш не си сам,ниогаш не е досадно.Со свекор ми немаме никакви проблеми душа од човек,кон сите се однесува исто.
    Стварно имав замисла да имаме пријателски однос со свекрва ми , и колку е возможно заедно да се помагаме, но изгледа стварно невозможно. Се трудам во секоја смисла да и помогнам и физички со работа, и финансиски.
    Но никако тоа не се цени, ќе пружам алишта,таа оди по мене да ги поправи јас закачувам ,она преместува по мене затоа што по нејзин начин побрзо ќе се исушат,а уствари наредните три дена стојат на жица во подрум и не ги собира значи не и требаат толку итно,туку само да паметува. Со 5 машки во куќа секогаш има неред, буквално одам по нејзините синови и собирам неред без да се бунам, ни тоа не се цени...
    На сите намирници што ќе ги купиме наоѓа мании ,ова е ефтино од најефтиното сте купиле , ова месо јас не го користам премногу е мрсно.. тој сјај за садови не е добар.
    Во глобала на сите коментари премолчувам за мир во куќа .
    Ги помина сите граници кога ми кажа да не носам светол долен веш, најубаво било црн ,најлесно и најпрактично црн било за перење .. млада сум и нормално носам што сакам и какви сакам ,нормално и за ова премолчев .
    Сопругот ми е запознаен со се и имам тотална подршка од него. И постојано и кажува да не се меша таму каде што не и е место и упорно продолжува, тоа не допира до нејзиниот мозок.
    Во почетокот скоро секаде сакаше да оди со нас , во маркет, во мол и секогаш за се имаше коментар, буквално ќе се дрзне да каже не купувај од тие улошки еве имаш поефтини и повеќе имаш тука ... па затоа редуциравме да не не дружи толку често и да не ни паметува кога имаме малку време за нас .. почна да се лути како мало дете и отворено да кажува зашто не сме ја викнале со нас у маркет или у мол ..Се враќаме ние од шетање низ мол обавезно следи прашањето: каде бевте?? . И Му се обраќа со зборовите - А кога ќе ја прошеташ и мајка ти. Добив подарок телефон од маж ми за роденден. Прво што кажа беше кој е подобар телефон мојот или нејзиниот.
    Купивме автомобил за мене истото прашање а кој автомобил е појак мојот или нејзиниот ? Да напоменам не кажа ниту со среќа, ниту со здравије да користиш, ништоо...
    Како ви се да се споредува или натпреварува.
    Мене НЕ ми се обраќа дрско и безобразно само со маж ми, иако мислам дека јас сум причината зашто толку го замрази него.
    Строго гледа што сме купиле и ако нешто не сме земале, секогаш ни пререкува, буквално да ти е непријатно да седнеш да јадеш со нејзе, ги број залчињата и точно знае колку леб си купил таа недела. Од нас секогаш се очекува да купуваме што е можно повеќе, и никогаш не е доволно, и го злоупотребува тоа додека од останатите синови не бара ништо за домашни трошоци, намирници . И секогаш збори како се они добри, паметни, синови на мамичка.. а мојот сопруг е лош, затоа што често знае да и се спротистави на нејзините коментари. Кога трбаше да се купат дрва предлогот на свекор ми беше сите еднакво да поделиме.. ние извадивме пари и им дадовме иако бевме свесни дека ниту еден од другите синови нема да даде.. После неколку дена чекање свекор ми ни ги враќа парите со зборовите никој друг не даде,не е фер од вас да земам. Свекрва ми кога го слушна дека ни ги враќа парите полуде... нееее ќе дадат и они , чекај не ги враќај... нормално НЕ ги земавме парите назад, останатите синови не помогнаа,затоа што она ги штити, иако и они сите заработуваат. Електричниот шпорет се расипа, ајде сите заедно да помогнеме да се купи нов. Повторно истата приказна само ние помогнавме. Ако маж ми спрема храна од дома за на работа да си спакува го гледа како да краде и му пререкува зашто зема од ручекот за на работа.а за останатите 3 синови ако сине земи,мама ке ти направи сендвичи сабајле, иако и они имаат 22,24 години . Кон останатите се однесува како мајка,кон мојот маж како маќеа. Купува она сувомеснато и го чува во подрум во фрижидер и им спрема на нив наутро сендвичиња, и никогаш ни нема понудено или да рече имате таму земете..
    Маката ми е зашто кон мене се однесува толку лицемерно како да е се во ред и никогаш нема започнато кавга со мене, а маж ми постојано го провоцира со коментари,провокаци, го нервира како да не е нејзино дете. Секако да нагласам живееме што е можно поскромно без непотребен луксуз за да можеме што побрзо да си се иселиме .. Дали со маж ми се однесува така затоа што е љубоморна на неговото внимание и убаво однесување кон мене?
    Што мислите дали ќе се смени нејзиниот однос и кон останатите синови кога и тие ќе си ја најдат својата среќа во љубовта. И навистина ми е жал за сопругот што мора да трпи таква неправда од сопствената мајка, и како да му бидам подршка,затоа што сеуште не сме во можност да купиме нешто наше. Секое ваше мислење,коментар е добредојден
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Нема да се смени, жената е посесивна и љубоморна. Ти си проблемот што она со синот е таква. Дека нејзе ја куди,а тебе не.

    Ја би ти рекла да не вложувате повеќе од потребното и да не се фалите што си купиле, ниту да кажувате каде одите.

    Се натпреварува таа со тебе во поглед на материјалното, некои мајки стварно немаат памет.
     
    На mira.mira, SofiMar_, JustBeautiful и 7 други им се допаѓа ова.
  9. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    И јас живеам во заедница 8 години, во твојата приказна се пронајдов за многу работи, мојот сопруг има само еден брат 28 год. и он е најдобар во се.
    Не очекувај дека ќе се смени, во мојот случај јас станав многу нервозна, избувлива се сменив целосно здраствено пропаднав.
    Ако имаш поддршка од сопругот пробајте да се тргнете од таа куќа, тежок е животот со такви луѓе.
     
    На mira.mira, ZAHRA и Ladyana1 им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Како што пиша си имате двајцата примања тргнете си се настрана дури сте млади, таа куќа за некоја година ќе биде преполна ќе си се женат браќата па деца уште повеќе нервози ќе си имате
     
    На Cosmic Girl, CameliaMiller, Кена Рис и 4 други им се допаѓа ова.
  11. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.464
    Допаѓања:
    35.097
    Пол:
    Женски
    Јас само би те советувала ако имате доволно финансии да се тргните од таму, оти промена од свекрвата не очекувај, само можи да оди на бетер.
    А тоа што викаш дека во заедница никогаш не си сам и не ти е досадно, незнам за вас ама мене ми е боље да ми е досадно и сама да сум со мм неголи да не ми е досадно и да имам постојано луѓе околу мене и да неможам да одам до тоалет без некој да дознае.

    Вака кога читам многу се нервирам и не ми е јасно добро тие жени нели имаат ќерки? Како би постапиле вака да му се дешава на ќерката? Па и снаата е дете на некој, побогу .
     
    На Anyshka, Cosmic Girl, Кена Рис и 2 други им се допаѓа ова.
  12. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.698
    Допаѓања:
    9.729
    Многу ми е криво вака кога читам. 21ви век, и уште жените да си трпат само бидејќи женско сме се родиле. А и свекрвата е жена и била некогаш снаа.

    Нема да се промени, те гледа како конкуренција. Навикната цел живот единствено женско, со 5 мажи... Жена ко жена, кој знае кога била сама каков манипулатор е била. Сега веќе не е сама, и не е вниманието на сите во куќа кон неа. Иста ќе биде и со другите снаи.

    Што побрзо одете си. Под ќирија, стан купете, било што. Сега не бараат ни кој знае колку големо учество, кредит ако сте вработени и бар мир ќе имате. Не со уништувајте здравјето уште млади. Дечиња кога ќе имате, којзнае што ќе прави...
     
    На Anyshka, Cosmic Girl, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  13. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    6.580
    Пол:
    Женски
    @Ladyana1 Бегајте што подалеку.
     
    На mira.mira, Кена Рис, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.118
    Пол:
    Женски
    Дека ќутиш и трпиш, вечна будала ќе бидеш.
    Зошто не завземате став жени? Кој ве учи вака?
    Пред се, имате финансии, тргнете се од таму, остај ти никад не е досадно, немате ни приватност ни мир.
     
    На CameliaMiller, Aschenputtel, Ladyana1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.230
    Допаѓања:
    17.978
    Ве читам како ја советувате членкава, да користела помош од свекрва и ви се чудам.
    Маж и е тука за да делат обврски. Со него се омажила, не со свекрва и. Физички ќе биде помалку заморна, ама данокот е изгубен мир и приватност. Ко ќе дошло бебето морало помош од старите... Од старт се деградирате дека сте недоволно зрели зА родителство и така почнува паметувањето на старите. Со две мали деца сум дома, никој од старите ми нема прашинка избришано никогаш.
    Мој совет е поставување граници од старт. На почеток нема да им е драго, ама ќе сфатат.
    Вака собираш во себе и ќе избувнеш за глупост, посебно кога ќе дојде бебето.
    @Ladyana1 а ти мислеше дека со 100 души дома ќе функционирате? Невозможна мисија.
     
    На Anyshka, hermosa, Oneo и 14 други им се допаѓа ова.
  16. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Дали има некоја рецепта ,за свекрва манипулатор?!!Оговара,понижува,треба да и кажуваме ,каде одиме,да сме ја прашале неа кои гости да ги викнеме за роденден ?!!СОПСТВЕН ДОМ имаме.Има уште една снаа,ама свеки таму не смее А да каже.Само нервози и стресови праи.Помош ни на видик.Деца болни,таа ѕвони "не сум ги видела внучињата" маж ми па добро дојди.Кој бил он да и кажува бе.Нејќела да иде.Требало нешто,моите се за помош тука.Оговарања кои биле они бе.Со маж ми си праиме планови за се "која сум била ја ".

    Да напоменам, децата сама си гледам со мм.
    Мои обврски исто ,негови тој.Толку се жртвувавме за овој дом ,таа и тука ми се праии газдарица.Син и него ферма два посто.Човеков и вели едно таа друго.Оди по луѓе ,она е најбаба,нај мајка.Јас сум го одвоела син им од дома.А таа мама не ни била мајка ко што треба.Какооо?!!Таа мама немаше време за ништо, да помогне ама за сплетки и мелодрами прва е.
     
    Последна измена: 18 февруари 2023
  17. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Сега си нервозна и те сфаќам ама само еден одговор имам, нема што да се нервираш ни да ја слушаш. Чим и маж ти е на твоја страна можеш убаво да покажеш кај и е местото на културен начин. Среќа имаш па не ти се врти секој ден по дома да те нервира да ти префрла за се
     
    На no name5 и Осе им се допаѓа ова.
  18. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
    Ако имате финансии тргнете се, кога ќе дојде и дете да имате и деверите да се женат ако живеат таму ќе бидете "тесна кожа", колку сака нека е голема куќата. Тогаш свекрвиштено и со јатрвите и внуците сплетки ќе прави буквално лудница.

    @КокичеСк
    Одма сечи од старт, кажи и не ти треба помош можеш сама, има некој така прават демек да помогнат, утре кога ќе се роди бебето мир ќе немаш од неа. Ќе ти виси над глава, ќе трча она кога ќе плаче, мајка ќе му изиграва. Може и не е таква ама повеќето на тоа фаќаат исто беше и мојава. Затоа од старт сечи за после да си немаш мака и со бебето кога ќе се роди.
     
    На Anyshka, Cosmic Girl, Ladyana1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.986
    Веќе најпаметното го правите - работите на тоа што поскоро да си заминете.
    Е сега, она тебе ти е љубоморна, и знам колку звучи болно тоа, ама така е.
    Добро е што маж ти е свесен и упатен, си знае со кого има работа.
    Едноставно игнорирај, најискрено ти кажувам, немаш тука некое решение. Таа си има проблеми со себе што и на глава да стоите нема да и' ги решите.

    И да, и со другите синови ќе се промени кога ќе се оженат, освен ако некој од нив не ја строи жена му, а брани мајка му постојано, т.е. на неа да и' дава повеќе на значење.

    Се надевам само нема да се најде таква несреќничка.
     
    На Ladyana1, minne992, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. TravellerS

    TravellerS Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2019
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.810
    Пол:
    Женски
    @Ladyana1 добро ми е познато ваквото однесување на свекрва ти, имав и јас слични ситуции не до толку изразени ама поблага варијанта од твојата.
    Се ова се трпи и игнорира до одредена граница, но еден ден ти пука филмот и тераш се кај што не треба оти поинаку не бива, со убаво не променуваат ништо, е после тоа она се прибира, ние сеуште живееме со нив и во заедница ама ако јас се прашувам секој брачен пар треба да живее одвоено, и во една соба да се, ама да се сами.
    Јас мојава ја ставив на игнор и полесно ми е, на работа, горе кај мене си седам, долу само ручам и толку не сме ние на иста фреквенција за да сме блиски.
    Кај тебе е подобро што маж ти е на твоја страна и реално ја гледа ситуацијата. Собирајте средства и одете си од таму, а да свекрвите се љубоморни на снаите, мојата и во очи тоа го кажуваше.
    Ама остави ја нека си дрнда не ја рецкај и не ја помагај финансиски ако другите не помагаат.
     
    На Anyshka, Cosmic Girl и Ladyana1 им се допаѓа ова.