За снаата знаеме дека има, прохтеви Шала на страна фамилија се тој, таа и детето, првостепена фамилија, секундарна се мајка му, татко му, браќата, мајка и, татко и, браќа ли сестри што има таа итн. Тоа што првостепената фамилија ќе си се договори така ќе биде, ама најголемите недоразбирања потекнуваат од што тој/таа па еве ги и тие не сфаќаат кои се примарни, а кои секундарни од утре па натаму. Ете имаат време ќе научат, се во свое време со кој како треба да се постават и колку ќе дозволат да бидат искористувани. Затоа што ако не дозволош некому нема да има шанса да искористи што и да е.
Баш така е. И неа ја нервира баш ова, што мажов не сфаќа дека мама не е веќе примарна фамилија Само што можеби не е свесна дека во него е најголемиот проблем тука, па бабава е крива нели. Бабава може да сака што сака, исто како и мајка и' нејзина, тие треба да знаат да се договорат меѓу себе. Ич не е ок никој да ти дојде од денес до утре без да се договорите, а тоа требало и тој да го знае пред да си се договори и неа пред свршен чин да ја стави.
Драми, цели серии! Епа тоа е проблемот, се мажите и одма раздор на мажот со цела негова фамилија. Оти од денес единствена роднина е вашата мајка, вие единствената подршка, а сите други си го мразат сопственото дете/брат. Безосетно, уште повеќе побезобразно. Возел 400 км за сопствената мајка? Wow, каква проневера, каков спектакл! А сигурна сум, дека утре и вашата снаа ќе го има истиот третман кон вас, оти животот е огледало! Мене ваква драма да ми направи мојот партнер за мојата мајка, па нема да сакам очи да му видам.
Токму така затоа ќе си поразговараат отворено со мирна глава и ќе си направат план и договор за се понатаму што им следи. Тоа што се случило 5 до 12 готово направено е, работава е што понатаму е тоа е ствар на обостран договор, компромиси итн. Имаат време ќе научат
Е арно де разведи се по итна постапка. Ете раздорот од кај доаѓа, кој на кого очи да не гледа. Цел запад не ни знаат кои им се родители ако ги поканат на свадба можеби ќе ги видат ама пусти балкански менталитет да се тупнат по гости до 100то колено со изговор демек малото да го запознаат
Ima svoj imot, sama zivee zenata. I dobra e, zdrava, sposobna. Ona e cel zivot taka naucena nekoj drug da zavrsuva se ona samo doma da bide. Decata si ja smetaat za nesposobna stara bila nezz sto.
@Vraloma vo zgradata kaj sto ziveam na 1 sprat se roditelite,na 2 sinot so familija na 3 kerka so familija...i te kako si sedat zaedno na terasa ( lepime so babickata) i si se slagat.... nemojte da.mislite deka na zapad site se idioti i ne se sakat... mozebi nemat takvi bliski odnosi kako nie balkancite,no pobogu ne se ni oni kamene.... Drugo majka na maz i ne e taka problem da se istrpi 7 dena,problem e mazot.sto ne e stabilna.licnost i dozvoluva braka i majka da mu pravat planovi i obvrski vo zivotot
@Polzavce Да,мажот ти можел да не ја земе,да измисли дека има неодложна работа и да ја зел брат му,можел и да не плати карта тој,туку да чека на брат му. Но мажот ти не е таков човек,туку има манири на поштен човек. А тие не калкулираат,манипулираат за мајка/родител , аа брат ми ја донесе еднаш , другиот брат два пати ,јас пет пати.сега е на ред тој,па тој итн. Седнува во кола и ја носи. Не можеш такви луѓе да смениш. И ти беспотребно се лутиш. Ако сакаш да ги оправите работите,а си претерала реално,кажи му дека си згрешила и дека неговата мајка е добродојдена. Реално и сама кажа малку седи жената.
Ти за странство пишуваш со зградава? Кој пиша дека се сите идиоти во странство, каде поточно го прочита тоа? Воопшто не ми беше целта да се доживее некој како идиот ако е од западно општество, а никаде не ни спомнав дека не се сакаат баш убаво си пишала не се они од камен. Највисок степен на љубов, почит и поверење е кога на децата ќе им подариш крила да си летнат и оформат свое гнездо, не балканскиов менталитет ќе се надредат кој стигне и од каде се најде да им се тупнат со изговор малото Баш ако им е битно малото ќе се договорат за се детално а не 5 до 12.
Јас не се согласувам со реакцијата на членката, но истовремено можам да ја разберам зошо ја вознемирува фактот дека сопругот заминал на пат за да ја собере мајка му. Да не ги цитирам посебно тие што ме цитирале. И може кој колку сака да прави споредби со Мк, факт е дека не е исто кога си надвор и си оставен сам на себе, ни менталитетот на луѓето не е таков да може да му тропнеш на секој на врата,пошо има и такви шо нема ни да ти отворат. Ни такси не ти излегува во пресрет во најголем број случаи, а и брза помош се праќа по приоритет. Па и ако немаш некој свој во близина, факт е дека е незавидна ситуација. Јас не сум паничар, но свесно не би се довела во оваа ситуација со 4 месечно бебе. Од цела реакција ја разбирам само за овој дел, пошо знам колку е тешко.
Не ми е нормално вакво функционирање на западот,такси да не ти излезе во пресрет? Но сепак 400 км се поминуваат за 4 часа. Значи се работи за толку време. Па мажот и ако е на работа 8 часа и не смее да излезе пак е оставена сама на себе.
Јас како што прочитав а добро прочитав, не и смета на нејзе доаѓањето на свекрвата. Никаде не рече ни дека и ограничува престој. Тоа не можам да ја угостувам повеќе од една недела не значи дека сака да си оди туку очекува малку да и помогне, спомна дека ништо не сака да фати. Демек гости ама има поговорка за секој гостин 3 дена се доста. Така нешто беше. Не можеш да седиш со недели и гостин да бидеш. И реакцијата на мажот и, он ќе правел се. Место да и рече немај гајле ќе и речам да ти помага он како во војна да е со сопругата. Еве било кој од вас да дојдете во ситуација да поседите некаде (едноставно ситуацијата налага така) дали ќе ви е пријатно само да седите без да се понудите за помош. Така и одговара на женчето, имам слична ако не и бетер. Знам што зборам. Генерално што и смета на членката е што целосно теретот се префрла на нивна страна. Неа мува не ја лази си ужива, браќата гледаат да се отарасат итн. Што не ја донесе некој од нив 400км да вози. Јас разбрав дека секогаш мажот и го влече дебелиот крај. Секако дека е во маж и е проблемот што не знае да се постави, повеќе пишав зашто сметам дека не ја разбравте членката од што всушност се жали.
Нема ниту еден пост кај што пишува дека не и смета. И повеќе од очигледно има и те како одбивност спрема свекрвата. Сепак не ја знаеме целата приказна можеби има друга позадина, па има логика. Вака со тие аргументи што ги кажа според мене е виновна самата членка што направила толкава расправа со маж и, зошто сите аргументи и се смешни. @Polzavce може едно прашање. Може ли кратко да ни опишеш според тебе како би требало да изгледа доаѓањето на мајката на твојот мажот, со што да дојде до кај вас и како да се понаша кај вас, за да нема никаков проблем?
Е добро на запад не смеат деца да имаат, а па за зорт да излезат да ги видат како смеат тоа? Друго е на 400км е, а друго е работи ќе дојде, ќе прати некој колега од друга смена на крај краева вака отиден 5 до 12 кого ќе го договара ако е итно во ниедно време, па и викенд плус? Небитно на крај на денот се е хипотетичка ситуација, факт е дека маж и се уште не научил кое му е примарно семејство, тоа нема врска со поштен бил туку пишаа и погоре муле си е. Или поточно наивен е, мајка му им здосадила на браќата и ај 5 до 12 тој ќе ја развозува, а таа ќе си седи со раце во скут и не знаела да ракува со апарати. Па добро неписмени, луѓе инвалиди сами си живеат сосем нормално ама мама ништо не знае, па и не знае колку ќе седела, ај до крај на живот ако се може де.
Додека да одговори полжавче еве јас ќе одговорам зошто сум била во слична ситуација. Пристојно би било да праша "полжавче ти треба ли помош за нешто? Не знаела да ракува со апарати жити се. Кај живее во пештера без струја? Ако баш сака искрено да помогне ќе праша, покажи ми како да уклучам??? Ја не разбирам сите скокнаа дека е мајка, блиска особа и треба да се тинтра ама кога е мајка кај син и снаа дојдена не е доволно блиска за помош? Друга работа, за да нема проблем е да се поделат обврските кон неа со другите браќа. И не е од нејзе кавгата. Туку поради неговата реакција и избувливост.
Ве читам и се чудам. Па и ние ќе бидиме свекрви еден ден. Како ќе ни биди да не можиме да си го посетиме внучето, да си ги видиме децата. Не знам искрено каков е животот со свекрва (немам свекрва) ама па сум живеела со свекор. Еве и ден денес ќе му се јавам сабајле ајде кафе да пиеме. Па ќе поседи со бебето едно кафе на рает да испијам. Да, сакаат да си кажат, да си искоментираат некогаш, ама можи да се поќути да си тераш пак по свое. Зошто толкави драми не разбирам. Нивно е да се потрудат да те посоветуваат, твое е дали ќе послушаш. А почит мора да се има. И тие се родители и се радуваат на внуците. Со тоа што ќе покажеме дека ги цениме ги учиме и нашите деца како треба да се однесуваат
Да де, блиска е мајка кога треба да седи, а кога треба да се направи ручек, па може не се осеќа толку блиска со нив да се меша во кујна. Ќе речев драматизирање е ако доаѓа жената, поседува, се труди да е пажљива и си оди особено после раѓање бебе. Ама глупости од типот - не знае како се ракува со апарати, јасно ми е за што профил збориме, не е ни чудо што синот и во ноќ ќе запали колата да ја зема и 800 км ако треба. Тип на жртва, греота, не можам ова, не можам она и сите треба да стојат на клепки.
Не те разбирам зошто да не можат да имаат деца на западот,јас тоа не го реков. Туку да немаш достапно такси во секое време и место. И без размажотки. Ако е маж и хирург и оперира во сала,не може да излезе од работа. Ако е на пат на друг крај исто така. Значи да не правиме драматургии. Никакво примарно семејство не загрозил мажот. Ја зел мајка му да поседи малку и да се видат. Ништо ненормално и страшно. А Нормални луѓе не чепкаат во туѓо домаќинство без да им се побара тоа. Женава е нормална очигледно. Невестава се заклучува во спална,кога е дојдена. Тотално незрело. Невестава само треба да и стане јасно дека од мажот не може да направи префриган човек и дека е нормално да сака да си ја земе мајка му да поседи малку.
Аман бе, демек животот нема непредвидливи ситуации, па цела драмска сторија направивте оти отишол да ја земе мајка му од аеродром дууури 400 км замисли? Ти за мајка ти не би отишла??