Aна,не си требала да и кажуваш воопшто на свекрва ти за кумот и што планира да ви купи.таа е дволична особа,игра подла игра,демек ти неа ја провицираш за да се скарате ти и мажот.и дај не и објаснувај ништо на неа,припремај си се за бебето,со маж ти купувајте што ви е потребно и не се замарај.вака сакајќи да погодиш на сите си наштетила на себеси.најдобро молчи си пред неа, а мажот ти кога тогаш ќе и го види вистинското лице .
Читам и не можам да поверувам што читам... Не можам да поверувам дека можат да постојат толку бездушни ,незрели и сурови луѓе...Тешко на земјава што се не крепи! Едно знам, луѓето не се менуваат така лесно преку ноќ...и не се кажуваат такви коренити одлуки како гром од ведро небо.Извини вака ама или бил пијан или бил дрогиран кога ти соопштил толку важна одлука дека сака развод. Друга опција е да не сте биле малце лути еден на друг па горчината и бесот ги демонстрира на ваков начин Како и да е ти остани смирена и присебна...не го барај одреден период,не го напнувај и не го провоцирај дополнително..нека олади малку човекот.Јас сум оптимист и верувам дека сето тоа го кажал во афект... И гледај што помалце луѓе да бидат инволвирани во целава ситуација..за да не настане поголем хаос и збрка и наместо да ти помогнат многу повеќе можат да ти одмогнат.Се што е средете сами помеѓу вас..ова ти кажувам најдобронамерно од лично искуство!
За трудните еден совет. ИЧ "к" да не ве боле за свеки да си ја терате бребеноста најубаво како што може оти јас башко останав трудна свеки ми се скара , а толку сакасе внуче, и цела бременост ред други глупости изнаправи си криесе работи не одели со мм во се ама буквално во се, ( дури и тоалетна во вц ако веќе имаше стравено и ако се потрошеше не ставаше друга као ние сме на ред да ставиме ), и ред други работи, јас имав купено дрвени лажици и као да неготви со моите си купила и она дрги купила едено ренде па го скрила, као да него користам, мене до рендето ми е дојдено , прашакот казав дека си го имат скриено, а јас си имам мој така да и да е на видик ко веќе си имам не му го користам, ам нека сигурно во некој филм си е влезена женава со криењево. И еве две недели кај шо се имам породено, па ниту на болница дојде ниту дома си го има видено внучето, не по моја волја сигурно она ТАКА СИ САКА, а живееме во две соби значот еден ѕид не делит, а ич не ми е гајле да ви кажам. А и со золвами се скара оти она е на наша страна, а о на мм некесе да му поможи кога се породив јас. о золвами се и се изнарекла и ете сега о со неа нема муабет и внуците не си ги има и тие видено. Значит се на се јас имам една бесчуствителна и безбилосна свекрва или така речено човек без срце
Јас му кажав на мм за да не испадне после поголема работата, она да испадне навредена и да му збори нешто на него, мислев во моментот дека така е најдобро али испадна полошо, и убаво кажа хермоса дека јас на крај испаднав таа што се нервира и плачи а она не се замара, колку повеќе мислиш на сите да му погодиш така испаѓа дека само јас сум таа што на крај ке се нервира, навистина незнам зашто жената така постапува со мене не сум и дала никаков повод за да така ми пререкува, незнам зашто си земам толку јас при срце али ете таква сум несакам никој да ме сфаќа погрешно со секое нејзино пререкување она ми го расипува денот, очигледно треба да престанам да се замарам и да бидам ладнокрвна како што не сум била до сега... А најмногу од се ми е што сама си планира да си се всели кај нас откако ке се роди бебчето, сама кажа и јас останав прашалници...јас сфаќам дека ке ми е потребна помош баш штета мајка ми што живее во друг град и нема да може секогаш да е до мене, али како може она да ми го планира мене животот? Незнам како да постапам навистина, најкриво од се ми е тоа што мм ја брани неа, способен е со мене да се скара ради неа, и јасно ми стана дека тоа и ке остане така.. веќе неможам да ја гледам со исти очи како што сум ја гледала едноставно ми се одмили жената и дадов неколку шанси све фина фина со арно културно али коа гледаш дека не иде не иде... па како го команда свекор ми значи човекот нема право на збор све ја слуша како ќе каже она така е он не се буни за ништо туку чека она прва да каже што има да се каже...стварно не разбирам
Една од навистина најтешките работи е да си мажена со мамин син или како што викам јас полу мамин син како што е мојот .Ние сме одделени иако сега излегуваме комшии ама се знае мое твое што за мене е најбитно . Е сега мм дома си е се ок значи некако ја напуштил сукњата на мама ама цицката не ја заборавил па затоа си иде секој ден до кај неговите наводно брат му да го види и кога ќе си дојде е за 180 степени сменет . Ако го набуцкала нешто ќе почне така да се понаша на пример алиштата лом да ги напраи , во кујна кое како јадел ни во фрижидер не ставил ,а не камо ли прљавите тањири барем до судопер да ги помести (10 см) од местото каде јадеме, или не дај боже да го истури коритцето со вода откако ќе ја избањаме ,туку фино лепо си се затвора во спална со изговор дека многу муе топло од греалката во дневна додека се облака малава, а и немал каде компјутерот да го уклучи батеријата ќе му се потрошела и така се си останува на мене . Ако дента ништо не го набуцкала е мед и млеко. Не е крива жената он си е крив што си потпаѓа под нејзино влијание , па почнав да го зафркавам идеш мама млекце да ти даде .... Викаше ден два виде не престанувам си се валам од смеење со зборовите „дете дете ќе гледа па и татко ќе биде “ почна да си поќутува. Хев многу ми е жал искрено се надевам се ќе се среди . Сакав да кажам за претурање по дома дента кога ја чуваше малата за последен пат пред околу месец и нешто кога заврши кобно дома се ми беше претурено венецијанерот затворен плакарот од спалната отворен , вратата од спалната затворена неколку украси од дневна испреместни пари преместувани кои биле на виделина поточно на маса ... За ова му отчитав на мм кој стоеше додека зборев и не ни дочекав одговор си излегов од соба, бидејќи тој ден бев премногу нервозна ради малата и и зборував само за неа дури откако го средив детето, а она беше замината видов што фаќала и оттогаш ја немам сретнато ако ја сретнам и неа културно ќе и објаснам дека во друга куќа не се претура
Aна,знам каква манипулаторка е свекрва ти.јас од ваква жена и до брак не стигнав .сплетки интриги против мене а мојов испадна мамин син не ни знаев дека жената била против секоја негова девојка. лекот е само да не се замараш,а кога ќе почне да вели оти ќе дојде ти прави се дека си многу среќна,умилкувај и се ,од такт ќе ја извадиш и нема да и текне да дојде на еден ден не пак на подолго време .само така со такви змии,нема друго чаре.а мажот ти толку ако подлегнува на нејзините зборови,тогаш е тешко.
HEV докаде сте? Каде се тие стабилни мажи, пораснати демек??? И мојот екс вереник- одкога ќе се видеше со брат му-абе ко друг човек беше..Сега ме потсети со муабетов за 180 степени..Ко да не сум јас, љут на мене без причина, незбори, све некако лев беше..Дури се случуваше со тоа папучарче од брат што го има( мислам, не гарантирам, дека жена му го потчукнува- многу ме потсеќа на ема 79 ) да тргне надвор од скопје без да ми каже..Не дека отчет барав, ама јас ко партнерка мислам дека требаше да знам ако тркне до друг град... Може многу очекувам, некој да ме заштити и чува--али нисам ја те срече..
Ах бе срцка јас ако и изигравам среќна и дека ми е мило што ја гледам она уште толку на глава ке ми се качи, тоа го знаам бидејќи до сега бев таква, секогаш позитивна спрема неа насмеана расположена за муабет и све, али од такт се вадам од вакви сплетки интриги што ги прави срце не ми дава да продолжам да сум иста а и гледам дека она тоа го користи, баш напротив секој ден ке е кај нас по 24 саати, некни на пример ми се јавува, ме разбуди што праиш ми вика, викам спијам не ми е добро цела вечер имав киселини не сум спиена и викам ај нека си дојди мм па нека те земи дојди на кафе и ми вика аааа па сеа јас мислев да дојдам досадно ми е сакам да се прошетам и јас што да и кажам викам дојди мислев ке и текни дека и кажав дека сакам да спијам дојде кај нас седеше до 12 на полноќ мене очи ми пагаат неможам да гледам а она осет нема жената нема граници многу е лицемерна а јас сум алергична на такви луѓе нешто што најмногу мразам е тоа
јас со таа што си имав работа да видиш,права вештеркабеше .олицитворение на злото. не мислам навистина да се правиш дека ти е мило туку прави и фаци,кисело се смеј ме сфаќаш?кога ќе ти се јави не и дигај ,кога ќе ја видиш после тоа речи и не го слушав телефонот .или директно речи и ми се спие не доаѓај и готово.те разбирам убаво,што и да трубам јас тука знам оти не е решение,со такви жени крајот не му се наоѓа.сега не и се замарај толку гледај си ја бременоста мисли на убави работи.откога ќе имаш бебенце се ќе се смени ќе видиш,нема да е толку желна да ти помага ,ги знам јас таквите примероци убаво.
Леле остај се,абе на овој свет само такви изгледа има. Ја на мојата не и се замарам ми се праи циле миле кога е до мене а кога ке се сретнеме на улица бега како змија.
имам една другарка, живеат во ист двор само различни кукички со свекрвата, абе жената вика ни ми се меша вика ни напреку ме гледа, ако ни се збори ке збориме ако ни се молчи вика ке ќутиме и никој ништо не се лути ахх викам да се сите ко неа убаво ке биде, али еве гледам сите имаме сличен проблем, али заедно сме посилни нели ке му смислиме нешто а инаку имам пробано така да не и кревам после неколку префрлувања и она му се јавува на мм и му кажува дека јас не и кревам и он ми звони и јас нормално него неможам да го игнорирам и вика зашто не и дигаш на мајка ми ти звонела, викам па не го чув мобилниот вика јави и се лелеееееееееее ужас, а претходно имав пишано за ваква ситуација кај што не и дигнав и и се јавив другиот ден зашто немав кредит да и се прејавам одма откако ми звонеше, женава ке ме утепаше мислам со муабет како јас не сум и дигала па уште вика ти звонев 6-7 пати секако а она еднаш е викам како 6-7 пати коа имав едне пропуштен и почна да ме имитира во зборувањето женава узбини крева ако не и дигнам жими се кој не ја стави во онаа опцијана што е black list никад више да не ме добие
Ана ти па што и кажуваш па на свекрва ти се дека ќе купуваш за бебето оди сама купи си ,испериси ги , и средиси се се што ти треба и кога ќе те праша таа за купување секако ако и текни кажи и дека имаш купено па нека се страми таа, и за друг пат да ти кажам од искуство се на свекрва или на маж не се кажува никој фала не ти вика поздрав и уживај си во бременоста
Јас онака кроз муабет и го кажав тоа од кејф што ми беше дека ке си купувам, али госпожата се навреди го крена носот наместо мило да и е што кумот количка ке купи баш убав гест она се навредила зашто не била прва туку и останале споредните работи, абе господ да чува...утре ќе си искочам и све ке си купам другата недела моите ке дојдат на гости и мајка ми ми рече дека ке ми купела нешто а она нека се мурти и навредува колку сака, само да не ми прави проблеми со мм
Ana мој добронамерен совет кога ти се спие културно стани ипред неа и пред маж ти кажи извинете мене ми се спие одам да си легнам и замини си и легни си . Ако не можеш да седиш и сакаш да се спружиш направи го тоа ако не можеш да и свариш кафе зашто тие тешко да стоиш исто така направи готоа и кажии сама да си свари дека не ти смета што ќе вари во твоја куќа или ако е тука мт кажи му тој да свари. Не ја штеди и не и се замарај многу е битно во ситуацијата да биде и маж ти . На пример викаш седела до полноќ стани исо зборовите : - Се уморив цел ден седната ќе одам да се испружам а и одмор ми треба да се наспијам и стани си не чекај одобрение . Ако немаш друга соба избуткај го мт во ќошот од креветот и спружи си се . Ова се однсува за било што ако таа во твоја дома команда ќе имаш голем проблем ќе биде исто како да не сте одделени . Ако нешто нејќеш културно кажии го тоа па нека плаче кај син и она а не ти . Кога она секој ден ќе досаѓа снаата вака така еден ден ќе му пукне филм и ќе и се развика . мојава се качуваше кај мене и упорно ми викаше да ја шишам малатана 2 месеци алоооо бебе да шишам еднаш и реков не втор пат трет пат беше и мм и коа ми рече и и подвикнав пред него и реков дека тоа е наше дете и ние нема даму ја сечеме косата а она ако сакала и ако верувала бабини деветини ( многу си е по маѓиите ) на нејзините сигурно им го правела истото . И се сврте накај него као заштита ќе бара овој како што му беше денот лош коа и свика аман прајте идвете што сакате .Кога остана без грбот во стиуацијата си ја подвитка опашката, нормално ова не важи за сите ситуации камо така да се однесуваше . Забегав, зборот ми беше ако без вреѓање и речеш одам да праам тоа и тоа што ќе се жали дека си отишла да одмориш или ќе почне да го полни од типот сигурно таа имаше намера.... ама кога и он ќе биде присутен можеби работите ќе се подсменат и да ти кажам нема да биде лесно и нема за се што ќе имаш право да ти биде признаено п.с она дека на свекрва ина маж не се кажува се потполно се согласувам
пепуш во право си за се што напиша навистина, али ако постапам така на пример, прв приговор ке имам од мојот сопствен маж од типот на зашто се понашаш така , не е културно и слично. Он премнгоу ја брани неа јас сфакам дека му е мајка али што ке беше ова мамин син толку тинтрање јас не сум видела и ке има тука муртење како мене ми смета неговата мајка, еднаш му откажав за на викендица викам не ми се иде денес сакам да седам дома си напрај филм у глава дека не ми се иде кај неговите и не замина ни он вика утре ке идеме заедно...а свекор ми нема право на збор човекот глас не му се слуша на него од она што команда
Ееее златна Ана иста среќа сме имале јас и ти...ама јас неможам да ќутам ни неа ни на нејзиниот мамин син!!!
ја само да кажам фала ви на подршката и направив така го игнорирав иако срцето ми се кинеше и еве сеа пред малку го решивме проблемот,сеа се е ок и супер.фала ви многу и мн сум си среќна и секој има некој тешки денови се надевам дека ова нема да се повтори,ве сакам мн бидејки ми бевте голема поддршка освен вас и тон никој др нз за проблемот сами си го решивме.
па да ти кажам кај да е и јас ќе стигнам до тој степен, зашто вака само јас се нервирам и си чувам во себе, па и бремена, викам тешко на бебево душиче мое колку и да се контролирам да не се напнам џабе не сум од камен
Eee Јас какви проблеми имав кога бев трудна 6-7месец.....уффф ужаси...си отидов кај моите се нервирав туф туф ужасни работи ми се случуваа....ама и сега кај и да е готово е млеко да претече