Не си разбрала добро. Членката не напиша дека бабата доаѓа за седум дена туку дека до седум дена може да ја гоштева и да прави се без гостинката да мрдне со прст но не и повеќе од тоа.
Тоа оти свекрва е па у хотел ја пракаат да е мајка ехеее ке се стиснат ама нема да оде мајка у хотел Свекрва у стање се и на гробишта да ја испратат да спие Сакате лутете се сакате не зелени сте повекето на темата и назад ви е орото А дека има свекрви олоши има ама запамтете едно секоа акција има и реакција Реално и со свекрва и без свекрва исто ви е дома пак готвите пак перите пак чистите Ако знаете да правите врта ке имате корист од неа Земи си бебе успиј го легни и ти со него а на свекрва речи и да запегла да не и е досадно неа ем и вас да ви помогне Остај и го бебето ти и маж испаднете прошетајте или пазарите Бидете итри и користите не се обидувајте да бидете непријатели со мајката на маж ви
Јас мислам дека главен проблем е тоа што има опција свекрвата да остане во државата и да остане кај нив на неодредено. Плус што изгледа муабетот е дека браќата ке се грижат за неа ама кога треба да се оди маж и е дежурниот и на повик за се. Кога имаш маж на кого не можеш да се потпреш и не можеш да сметаш на него, кога знаеш дека мамичка може да е избор 1 а не жената, тогаш секогаш свекрвата е крива.
Не е исто со гостин и без гостин. Јас денес ако не ми е денот или немам време не морам да готвам, ќе јадам што и да е, ама кога имаш некој друг дома мора да мислиш што ќе зготвиш. Како да и рече да запегла кога жената сама нема осет дека треба како прво за себе сама нешто да направи а камоли да помогне нешто за нив. Мене би ми било неугодно да кажам "Еј, таму има алишта за пеглање, земи запеглај ги.." а друго е дали и всушност некој чека помош од неа. Ич да не помага доволно е после една недела гоштевање да и текне да си го крене филџанот од кафе и да си го измие или сама да земе јајца од фрижидер на пр.и да си зготви без да чека на снаата.
Проблемот многу едноставно може да се реши. Снаава ќе си функционира како и секој друг ден кога свекрвата не е тука. Толку! Дали би ми сметало, не. Да сум на страна сама, и да доаѓа вака по еднаш, без секој ден да ми се меша ич не му се замарам. И не знам зошто мислите дека со мајка е лесно. Верувајте исто ми е ко со свекрва. Со таа разлика што свекрва ми ме навреди, не битно... Помина Ама еве верувајте ако ми сметаат, подеднакво би ми сметале. За возење никад не би замерила, побогу родители се! Јас сум останувала сама со болно дете, и покрај помош ете што имам од две страни,па еве ме жива и здрава, а и реално секој некад останал сам со дете бар еден ден. Ни тоа не е воопшто трагично. Еве јас сум со мајка ми у заедница, па некад колку и да сака не може да ми помогне зошто едноставно детето ми е такво, мама па мама... Свекрва ми никад не одбила да ја чува, ама ете дете неќеше и неќеше друг да ја чува. Ама јас се водам по тоа, јас сакав да ја родам, да бидам родител и тоа е, морам да се снаоѓам. Ама и уште нешто е многу побитно. Каков е мажот.
Дека е свекрвата. Мајка и да е нема да и смета. @ALISA0000 збесанто бе. Да може на скали да ја остават жената. Жал ми дојде за женава искрено. 4 сина и да ја ашкаат навака натака.. срамота. Срамота.
Дека уште од старт свекрвите ги гледате и ги доживувате како баба рога затоа и нема да имате убав однос со свекрва никогаш Треба да знаеш политички со неа ама мислам дека тоа со тек на години се стекнува Зошто да ти смета коа е свекрвата кај тебе да неможеш да си прилегнеш? Зошто да не може и она паштета да мачка ако мачкаш ти денес паштета Што се стегнале пред свекрвите и она е човек и она е жена гледајте ја како другарка и нема да имате проблем ни со неа ни со маж ви
Ама гледај брзо врве времето една ден и они ке бидат свекрви па ќе дочека и она тоа сеа шо го држе у раце и шо му брише гомна да неке да и се опуле а се ради некоа пуфла разгалена оти и текнало дека свекрвата е баба рога а мајка кралица
Снаата збесната а тоа што 3ца синови ја утрапуваат кај 4тиот е ок. Да знаеш дека може свекрва ти да остане на подолго и ти ке збеснеш.
∆ Море бе! Ќе ја делиме обврската кон сопствената мајка, оти на некоја пуфла размазена и текнало дека мажот и не смее ниту на годишно ниво да си ја види мајка си. Ќе ја земел сопствената мајка од аеродром, а снаата разлигавена се заканува со развод?! А за вашите мамички боли а? Ама реципроцитет, утре вашето мамино синче ќе најде бетер поголема пуфла и замислете да немате пристап кај тој што сте го родиле како ќе ви биде!
Ама не ја сфаќате очигледно. Да во право сте за одењето на аеродром, ама другиве си ја шуткаат, што не ја земе некој од нив е муабетот, поблиску се. А друга работа, нели читате дека сакаат да им ја тропнат за стално? Дали ќе ви е сеедно така? А зошто маж и е таков што си ќути, ќе си прифати без да ја консултира. Нели читате што и е вистинскиот проблем? Па и кај комшикава што се дружам, ќе си ја однесам шољата од кафе во умивалник, сама ќе си наполнам една вода. Колку пати ако правам нешто во исто време, ќе стане ќе го направи кафето, за да не ми претече по шпорет, кај неа свекрва и не пофаќа ништо. Вас нема да ве нервира така, кога некој ќе ви седи можда и цел месец? Девојчето не кажа дека свекрва и седела само една недела, туку дека толку има намера да ја служи. Значи автоматски бабата седи повеќе. Па не е фер да седиш негде 2/3 недели и кафе да не станеш да си свариш. За ручекот добро, ќе направиш каде за 2ца, таму за 3ца. За чистење исто. За перење не би ми било сеедно како за мојата мајка, така и за неа. Ама да ти ја увалат за стално и дур е жива ова да треба да го правиш? Она е лута на маж и што си ќути, како не ги прочитавте тие мислења?
Ама она не пиша дека се скарала со маж и му рекла дека нема намера да живее со мајка му, туку дека нема намера да и готви и работи додека им е на гости. Па маж и го здоболело и рекол, ок јас ќе земам боловање додека е тука. Ваљда не планира цело време на боловање да е
Па не пиша, ама пиша дека и смета што е таков, све он да прифаќа и демек браќата викале стара е, неможе сама, 63 години имала, сакале да им ја увалат за стално. Не значи дека не се расправале и за тоа, ако овде нема пишано, нели? Она си кажа сега за моменталниот проблем. А реално маж и требал да и рече дека ќе разговара со мама и ќе и рече дека треба да го мрдне малку газот, а не да се расправа и да ја брани мајка му. Свекрва и треба малку осет да има, а не, седни на едно место, ја незнам ова, незнам она. На што личи тоа? Дома сама кој и прави кафе? Вас не би ви било грозно со недели да и ги перете гаќите? Барем гаќите да си ги испере.
И јас така мислам,дека стравот кај членката е дека се планира од страна на браќата, свекрвата да остане да живее кај нив постојано. Најверојатно се водат по традицијата ,а по неа родителите остануваат да живеат со најмалиот син и тој ја наследува куќата. Порано така било по дифолт,со тоа што задолжително постарите заминувале на печалба,најмалиот син останувал да се грижи за старите,меѓутоа постарите браќа испраќале редовно парични средства и за родителите и за братот со неговото семејство да има пристоен живот.
А ја па незнам што им е на стариве што се така упорни да живеат со младите. Абе сакам мир и тишина, а не да изигравам диктатор на син ми и снаа ми. Па уште да имам желба во стан да им се тропнам, при куќа. Ни ја на раат да прднам, ни тие. Ене ја и мајка ми е сама, па нема желба да ни се тропне за навек.
Сака да каже да научиш како да ја тераш водата на своја воденичка, што јас пишав дипломатија е во прашање. Има начин, за се има начин
Не е до тоа како ги гледаме. Некои си земаат премногу слобода, па кога ќе почне да им паѓа газот и кога ќе увидат што бељи и гужви прават самите стануваат бајчиња и другарчиња Не бе зошто да збесне?
Стварно, првпат читам, значи со помал брат мажачка никако? Не стварно како народ имаме некои традиции кои не држат чекор со модерново време. Ама тука сите модерни жени буцкаат свекрвава цвеќенце дека е, да ти дојде да ја посвоиш уште на крајов, а во реалноста е дека никоја нема да ја прифати од одма. Ене читајте во темана дали да се живее во заедница колку не-ниња има таму, ама тука... Да бидеме реални во заедница никоја не сака да живее, се е тоа од немајкаде, ама кога се десила најубаво е со таа дипломатија да се тера денот. Е сега со ваква свекрва за се што е не знам и снаата треба да најде наичин како да си најдат компромис. На крај ако не најдат, па и снаата нека почне со магичниот збор не знам
Абе па и ти дали прочитале....работата е да се истакнат со филозофии и некои свои поенти. Шо е битен проблемот. Не знам колку пати беше појаснето што ја мачи членката и пак упорно... Ко едни за земја да зборат други за небо. Колку пати е појаснето што е проблемот за тие фамозни 7 дена ама пак истото "не можеш да ја истрпиш 7 дена". Постојано се случува тоа во темава. И она "а да е мајка ти"??? А замисли па да и била ќерка дали така ќе седи или и ќе и помогне. И на крај краева не може свекрва да ми биде мајка.
Аха политички, тие од тој калибар снаите ги чекаат за цела работа да им ја тупнат оти според нив така треба. Да била и нејзината од аир немало да дојде до таму да се пожали она на форум. Еве јас имав таков пристап кон мојата ккао што советуваш ти, како кон другарка она тоа го злоупотребуваше до степен да може и дрва да ме товари како магаре и око да не и трепне. Ќе си преилегнела..... Па после да бреца како синот нејзин се мачи на работа она спие по дома па ни ручек не и дала паштета мачкала. На сите поблиски и подалечни роднини ќе ја оговара. Се гледа со какви ставови се, браќата ја тупкаат кај најмалиот оти така нели е редот, она си рачуна имам снаи ќе ме служат итн. Никаде немаше пишано ни дека и смета да дојде или дека ја мрази итн. Јас пишав претходно, имав мн слично искуство и ја разбирам за што збори.