По логиката на форумов, кога снаата живее под кровот на свекрвата тогаш не смее ништо да и смета, мора да го трпи секое однесување на членовите од семејството на мажот само затоа што е дојденка (во превод никој и ништо/безгласна буква). А кога снаата ќе си обезбеди свој дом на 1000+ км за да има свој мир и приватност, тогаш свекрвата може да и се тупне во било кое време, на неодредено време и плус тоа да изиграва гостинка од прв до последен ден. На крај краева, се мажите за мажот ви само а не во пакет со мајка му или цело семејство. Немате обврска да ги носите на врат исто како и што тие немаат обврска да ви готват, перат и деца да ви гледаат (што е овде на форумов многупати потенцирано). Ама овде по се изгледа владеат двојни аршини.
И на крај излегува, жена си - ќути и трпи. Во заедница трпи, во туѓо трпи, на спратови делени трпи, золва ако сака и во дневна ќе ти седи и ден и ноќ, тука пораснала не и треба осет неа, во свој стан трпи и ќути, во стан под кирија трпи и тако даље, тако ближе, трпи, жена си. Не викам дека ни мајка, ни свекрва, ни свекор, ни брат, ни золва итн не треба да стапнат дома кај снаата, ама сите да имаат осет, идеално ќе е. Како ниедна не се најде да и реплицира на мислењето, за кога ќе дојде кај свеки дома, "што се замараш да и чистиш? Да и правиш јадење?" Или и тоа го прескокнаа, зошто 7 дена, та 7 дена се најбитни во муабетов
Токму така, ама ако дошло до тоа дереџе заедница тоа е чарето водичката/ дипломатијата/ еве прочитав и политика пишале погоре. Тоа е додека трае заедницата потоа секој пут под нога. После е се поинаку, далеку од очи мир на душа Ама што ти е гајле што ќе збори. Таа што збори ти и совршена да си ќе ти најде фалинка. Абе од едно влегло од друго излегло. Добро пишаа се учи сето тоа со годините.
Токму така. А истите тие се најгласни "феминистки" и борци за правата на жената, еднаквост, бла бла ама само на Осми март. На секој друг ден, со снаата како најбезвредно суштество на светов може да се брише под. Кој фактор е таа за да биде прашана за нешто (без разлика дали живее кај свекрва или во свој дом), мамичка е на прво место. Жално е што жена и' мисли на жена. Тука не е проблемот што мора да се најде компромис за живот во заедница, туку пренесување на заедницата и проблмите пропратени со неа таму кадешто некој веќе фатил пут под ноге..
Токму така, тоа е проблемот тука, а колку што те читам имаме исти ставови околу таа наметната заедница. Ама има и тука начин да си ги решат проблемите и тие не се меѓу снаата и свекрвата, туку со мажот си има таа проблеми во врска со темите и муабетите за кои дискутираме. А ако пиша здраво членки и реков да исклучи шпорет, а таа не знае та не знае и се запали завеса итн. е тогаш и те како со свекрвата си има и таа преоблеми и маж и и цела зграда бе. Таа е опасност за околина. За тоа што пишав општо пишав. Oпшто за заедници, не конкретно за вештачки наметнатава заедница кај @Polzavce .
Пред да продолжите да си проектирате некои сопствени работи, да ве вратам на почетниот пост. Дошла свекрва и на гости неколку дена, по пишување на членката да седи по малку.Не се преселила кај нив. Ниту дошла да живее таму. Во тие 5,7,10 дена нема потреба да биде домакинка и да готви,чисти таму. Мајка му е, дошла да се видат. Имате ли деца вие побогу. Проблем членкава нема,а штом секоја година кога доага свекрва и се караат со мажот и.очигледно и смета воопшто да доага.
Некои што децата им се во странство и не баш сакаат да живеат во четири ѕида,од примери знам,ама во исто време не прифаќаат дом,друго лице да се грижи за нив.Се тоа заради што ќе рече народот,зар при син/синови јас така да живеам?(ова важи и за тие што децата им се овде) Па поради тоа има ситуации ,снаата доаѓа,три месеци,па синот и се менуваат.
Да, ама пишала дека може да ја служи една недела, повеќе не. Значи седи повеќе од 7 дена, а баба ми викаше 3 дена е гостин, после не е
Една недела служење?! Што да ја служи, да стави парче месо плус за ручек и наместо две кафиња да свари три. А на крај и не мора,синот може на ручек да ја носи една недела мајка му. Или да прави тој ко што веќе и се понудил. Нека си најде занимација членката ова се тешки глупости..барање проблем кај што го нема. Рчкање на мажот да намалува или прекинување/ограничување односи со родители е многу расипана работа. Со право маж и се лути. Утре и тој има право да рече мајка и да дојде на 5 дена ,и на што личи тоа?
Муабетиве ви се боже сачувај!!! Еднаш ви смета свекрвата да ви се меша во домаќинството, дигате револуција ако ви чепне нешто дома, ама во темава сите запнавте да помагала?!!! Вие кога одите на гости помагате таму?! Се мешате во домаќинството?! Доколку е така, тогаш е крајно некултурно!!! Невестичкава е лигла разгалена по мое мислење, особено што се заканувала дека ќе си оди со детето?! Мислам?!!!
Не може на 5 дена, нели гледаш цитирано дека гостин е до 3 дена Чек сега да пресметам, колку уствари денови ќе одам кај брат ми, да не испаднат повеќе од 3, па да праам брачни проблеми и да ме пишат во золви и снаи И тенџере дали да си земам, да не речат-се тупна
Шо ти е крива свекрвата шо муж ти не знае да каже на девер ти иди земи ја ти, знаеш иам бебе дома, мисли малку не само да ми ја префрлаш мене, ја не можам да ја оставам жена ми сама?! Или шо не е способен да каже брату дај пари за картата, еве ти трансакциска прати?! Свекрва ти е крива шо коа одиш дома, место на одмор, на умор одиш? Шо бркаш туѓи работи и шо не знаеш не да кажеш, а мулето од муж ти уше помалце?! Чим некој ти доаѓа дома, ти си домаќинка, ти си бркаш работи, за жал. Е сеа муж ти шо не ти помага, пак твој проблем, не на свекрва ти. Ај да дреме две недели, месец, и да не мрдне со прст, стварно срамота и јадно, па да цркаш, вака недела дена зготви тањир поише, тури ги и нејзините алишта у перална и сушара, и ајт. Чим сама се праиш дома, без муш ти, не знам шо ти мења една уста поише. Си ја утнала темава, ти си имаш проблем со муж ти.
Па овие што им се децата по странство претежно да. Овде постариве околу мене, скоро сите им одат. 3 месеци таму, ќе поседат овде 3/4 месеци и пак таму.
Зсмисли се, дома со мало бебе, а свеки те чека и кафе да и свариш секој ден, те чека машина да и пуштиш, зошто незнае она ништо. Сериозни сте? Со муабет све се решава. Мене би ми било незгодно да седам на гости кај некој повеќе од 1 недела и ништо да не чепнам. Свекрва и може да и рече што ти треба, да ти помогнам? И снаава ќе и каже. Замисли стануваш одсабајле во 6, кај снаа ти и син ти дома си, ја чекаш да стане, станува во 8ипол и и викаш направи ми кафе незнам како се прави на новиве шпорети, а замисли да е ко мене, кафе да не пие, значи кај оваа има мало бебе и сите обврски дома, ти да чекаш и кафето на маса да ти го донесе секој ден, така едно две недели. Нема да ти е глупо, малце така? Па и уште да се трудиш некако да направиш да седиш за навек со нив и така за навек да те чека кафе секое сабајле и тањир после јадење да не си измиеш. Среќна Нова 1863та.
Да. На другарка ми свекрва ѝ еднаш беше скоро три месеци, следниот пат беше три-четири недели. Зимава беше таму повеќе од месец и пол. Ова ти кажувам за во последнава година и пол.