Не знам кај ќе оди ако не оди кај син ѝ. Плус ништо не коментирав, само и одговарав на прашањето на @Skyler дали некој оди на гости по 2-3 месеци. Не биди зајадливка.
Кој си нема ќерка нека му ја мисли, кај син не може, таму има снаа. Упс, кај ќерката има зет, може и он ќе има некој приговор Најбитно, кој шо ќе праи да не кажува на комшиниите, оти тие најгласни се за мерење и есап водење
Освен ако сама не сум ги повикала, не гледам зошто би ми седеле гости 3 месеци. Ајде една недела пак е во ред дека е во странство ама 3 месеци ми е еднакво како свекрва ми што ми седеше по 10 саати на гости.
Јас еве коа сум на повеќе денови кај некого, се нудам барем да измијам садови или помогнам со други домашни обврски. Ако неќе домаќинот/ката, океј. Ама ете грдо ми е цело време да ме служи некој со денови а ништо да не помогнам. Од друга страна мене да ми дојде некој не очекувам дека моора да помага. Ќе ценам да се понуди. За тој дел ааајде ќе разбирам да се лути. Ама за самото идење една недела еднаш у годината, па за земањето, тука nope, не сум на страна на снаата.
Во хотел МаШ е бре @Skyler заради греењето доаѓаат зимно време и се забораваат најчесто. Не е и тоа проблем, ама нозе во вис и снаа слушкиња
Ја мајка ми неможам да ја трпам 2 недели да ми седи, не па свекрва 3 месеци. Да сте вие во прашање да ве видам дали ќе ви е сеедно во 70 кв да седите, исто ко во заедница ти е тоа.Уствари чекај, да, заедница е. Ама овде ќе кажувате секој свое да си створи,а а ако си во странство немате проблем некој по 6 месеци годишно да ви седи? Таман 6 месеци свеки, 6 мајка. Топ.
Нема ништо проблем во тоа што родителите сакаат да дојдат на гости кај децата во странство и да седат со денови, ама треба да се има осет. Пишував пред 2 години во темава кога бев 8ми месец бремена и свекрвата и свекорот дојдоа на гости не поканети бидејќи им беше досадно во Македонија. Додуша, си поќутев и ништо не кажав иако бев нервозна. Да бидеме реални, колку и да ти помага во домашните обврски не е исто кога имаш некој плус во куќата, кој и да е. На членката плус скоро породена и вријат хормони, плус изгледа си има некоја позадина ова па не ја сака свекрва ѝ толку многу па избувнала без потреба. Нека дојде, ако не знае како се користат апаратите покажи и или нека почувс дете па ти ќе средиш на раат. Постави се пријателски со неа и ќе се договарате оти претпоставувам маж ти ќе биде по цел ден на работа. Еве може и да и оставиш дете па да излезеш еден ден. Ако станува збор за недела, две ќе се издржи. Ако се шушка за да остане за стално со вас разговарај си отворено со сопругот на мирен начин. Нека види дека ја почитуваш ама не би живеела со неа како што тој не би живеел со мајка ти. Додуша за тоа се збори јасно и гласно, а не од околу по браќата.
Не можам ни јас. И сега? Да ја остаам ако не, нека живее сама во мк, дали жива дали умрена, комшиите ќе мислат, нели. Баш дека сме во странство.Имало нешто одговорност се викало. Како што двоеле од уста и комодитет, да не пораснат, ќе двоиме и ние некое време. За досадно не зборам, нас не ни е досадно, си наоѓаме занимации.
Ама женава здрава права е. Си пиша членката. Да неможе, разбирам, има и чаре, ако ништо друго, да и плаќаат жена да ја чува. Овде збориме за жена што све може сама, ама останата е во времето ко повеќето од нивните генерации, имам снаи, нека ме чуваат. И ја на здрав, прав човек немам намера да му слугувам. Еве гледам, веќе, сите стари со децата живеат. Дедо ми на 80 и кусур сам, баба ми исто. Не се сите стари непокретни. А да, заборавив, ако и двете се болни и стари, кај ќе ги сместиш и двете? Или татко и свекор, небитно
Можам да замислам колку ви е забавен животов, што дремете по теми кај што може само контра да одите колку да се прави муабет. Вака ако му правиш на сопствено дете, не ме чуди и да ти треснат врата пред нос кога ќе дојде време.
Ај решете за што праите муабет, дали за членката со 7 дена гости или за комшиите што им седат по 6 месеци на децата во странство.
Па ти ја префрли темата на тие шо седат по 6 месеци, затоа и ти беше реплицирано. Демек овие ја шо ги знам сите болни се па затоа им седат. Небитно. И не, не се 7 дена, повеќе се. Ама така ви одговара да читате, заборавив.
Јас ја префрлив? И јас измешав 2 недели и 6 месеци? Остај ги тие што ти ги знаеш, да си праат како што им одговара, не им го бери гајлето. Секој со своето гајле.
А ја му се замешав на некого од тие што ги знам? Само одговорив дека познавам такви луѓе околу мене, извини што сум социјализирана со комшииве, ама да, не е во тренд сега да имаш комуникација со комшии, да ти рече, задутре летам за Германија кај Стојка и Јово, им го собрав гајлето ете, им се потресов што прават таму, ништо права оговарачка. П.С. Не измеша ти 2 недели и 6 месеци, ама кога ќе мудрувате вака во мислењава, неможам да одолеам да ви реплицирам. На тебе се однесуваше муабетот со тоа 12 месеци дали би трпела да ти седи некој, зошто се потсмеваш на овие шо не би сакале да им седат толку. Немаше врска со моите комшии тоа
Муабетот со мајка и свекрва не е дека свекрвата треба ко мајка да ја гледате него што тоа што за вас е свекрвата, за маж ви е мајка ви. Така што за идење кај вас дома, не треба разлика да се прави помеѓу нив која била по добредојдена
Мене ми боди очи ова заклучувањето в соба. Шо знам, ми е малку незрело. Па претпоставкиве дека сакале да ја "увалат", па мажов цел ден ќе изгубел по пат за да си ја земе пази СОПСТВЕНАТА МАЈКА. Женава (зборам за свекрвата) можи стварно се понаша "ко од Марс падната" ама ни снаава некако како да не сака да покаже ни малку почит. Уцениве со развод исто така ми се безвезе. Има нешто што се вика разговор, компромис, решение. Ако тоа го немаш во бракот ни деверите ти се криви, ни свекрвата. Ти и маж ти сте криви Едит Јас никој не сакам да ми се плетка в кујна. Снаите ќе си ги служам ако треба (секако кога ќе ми дојдат на гости, не сакам да се "увалувам" ) , само в кујна нека не ми влегуваат, нити па влегувам кај некој в кујна
Без разлика колку и да седи не треба свекрвата да си дозволи некој да ја слугува и да се вади дека не ги разбира машините. Јас кога одам на гости на поседок, на домаќините им готвам, им пазарувам за дома, чистам со правосмукалка, се што правам дома правам и кај нив. Заедно со маж ми се распределуваме. Незгодно ми е било кој да ме служи и да му бидам на трошок. Макар и да е помалку од една недела. Ја разбирам зошто и пречи. Со мало бебе кое само по себе е захтевно, тешко е и да примаш гости, особено некои околу кои треба да трчаш. Не е исто мајка и свекрва. Затоа што мајка ми да ми кажува јас не знам тоа да го пуштам, ќе и кажам слободно дека немам намера секој ден кафе да правам, нека се научи. На свекрва секогаш се воздржуваш да коментираш.