Се фативте за машината за перење требало снаата да паре.... Па за 2 недели или 3 недели, колку и да се, нема свекрвава секој ден да се пере. Колку машини би се пуштиле, 1,2,сигурно не повеќе. Муабетот за мајка и, сигурно и на маж и му бил нарушен комодитетот, ама ете, членкава не пиша дека му сметало. Исто и до аеродром сигурно мајка и пеш не дошла, морал маж и да ја доведе. И тогаш членкава била сама со бебе, можело било што да се случи. Да седи свекрвава во хотел, стварно така мислите? Тој хотел треба да се плати, или можеби и во странство има собички за 20 €? Па и да има ретко кој пензионер би можел да си дозволи да плати. Се фативте дека свекрвата не знаела да ракува со електрични уреди, па пожар ќе предизвика, па поплава.... Па нз што. Стварно? Не ја "браниме" свекрвата колку да одиме контра, ама стварно зарем да не може да дојде жената да се види со синот, внучето, па и снаата ете? Само затоа што снаава била тазе породена, па со хормони.... Не е јадењето, кафето изговор. Они двајцата нели јадат, нели пијат, нели се перат, чистат? Чија обврска било досега, нека биде и отсега, ако е во прашање седење на гости. Па и 2 недели да се. Ручек дали за 2ца,дали за 3ца исто време и исто напор треба за правење. Еве го постот да се потсетите. Пишува доаѓа секоја зима кај сите по малце. Дека вие веќе ја вселивте кај нив.
Еве и друго што има пишано, ако веќе разглабаме. Значи чим кај другите седи по 1 месец, сигурно и кај неа исто @hello-kitty.90
Ептен тенчиме, ама она нели има ограничен престој од 3 месеци, па и да сака повеќе не може да седи. Кај секого по 1 месец (или па 4 браќа беа, па помалку од месец, небитно) И они кога идат во Мк седат кај свекрвата. Со таа разлика што снаата работела. Еве синот рекол дека он ќе средува по мајка му. И готово. Не е средувањето, ручекот проблем, си има и она пишано дека проблем и е што на маж и другите му се побитни од неа и не се договара со неа. Тој проблем она треба да си го реши. А не да се фаќа за гостувањето на свекрвата. Каква и да е мајка му е, и кој и да е ќе му биде криво така да му кажат.
Извини малку, ама претеруваш, и што ако дојде, дури и таа осетила дека не се чувствува добредојдено па рекла проблеми прави. И што ако поседеш сама додека патува 400 км? Кога ве читам си велам јас ли сум луда или вие разгалени? Дете си гледам сама од прв ден на рагање, овде немам никој близок, ни родители ни брат за ептен итни ситуации па жива, здрава сум. Маж ми не 400, 1500 км извртува некогаш со денови е на пат, ама мора да се живее и да се јаде, ако не па ај и двајцата ќе клекнеме дома и ќе чекаме некој да не рани. И јас мојата не ја сакам ама па да се лутам што ќе доага, мајка му е, го сака, се радува на внуче! Сигурно за мене не се дигнала толкав пат. Понекогаш проблеми бараме каде ги нема. Не ти е секој ден дома.
Stranici se iznapisaa za ova ti doprva pisuvas, citnete pred da pisete i data videte uspat, taa veke moze i si otisla ( osven ako ne se ostvarilo ona od sto se plasese clenkata).. zasto ne bese za dva tri dena rabotata tuku bas za toa da ne bide sekoj den so niv..
У реду е, нема потреба да и какате на друга жена која ете не може. Сите сме различни, со различни психички и физички состојби и различни ситуации.
Никој не и кака, како на друг начин се живее? Кој ќе ти готви, пере, чисти? И мене не ми е секој ден совршен ама мора нели? Мислам ајде, ако имаш пари ќе си вработиш ама детето кој ќе го чува? Да ти кажам право многу лигави суштества постојат, а тек да треба и на работа да оди?
Членката го пиша во контекст ко на фалење да удри, ја све сама лалалалалаа. Ја не прочитав негде Полжавче да рече дека некој друг све и прави, она сама неможе, туку друг беше муабетот, башка недели поминаа од дебатава, ама може некој сакаше да си се пофали колку е способен.
Здраво феминки.Извинете на долгиот пост,но јас веќе не знам како да се справам се се ова. Со маж ми сме во брак веќе 6 години.На почеток се разбира еуфорија,се ок.Јас сум патријахално воспитна.Го почитував нивниот ред таму.Мислев дека,сум навистина прифатена.Ми помага,не се мешаа.Сите нивни роднини беа максимално испочитувани.Решиве да бараме плац.Мајка му прво се противеше зашто не до нив ,ама попушти.Имавме мали шанси за деца.Проблемот и кај двајцата.Фала му на Бога останав бремена.Во некои ситуации дури изгледаше ,дека ме почитуваат ко свое дете.Ама..не било така.Имало тој период коментари,ситни.Препишував на заедница и толку тераме даље.Тие како семејство се тотално дисфункционални.Во превод направи дете ,пушти го само.Ни блискост ни муабет ништо.Го знаев тоа.И јас глупавата ,се обидував да го доближам сопругот до неговите.Сепак ти се родители немој така.Им кажував ,наши планови,да не се осеќаат отфрлено.Јас имам близок однос со моите.Па не сакав од страна да бидат запоставени.Буквално ги гледав ко мои втори родители.Бременоста во најдобар ред.Се до 8 ми месец.Одеднаш детето прекинува да,се развива.Лекари ,чуда све е ок,ама тоа е само 1800.Нервози еден куп.Завршив на клиника на инфузија .Никој не ме праша како сум.Плачев над снимките од ехо,примав клексани без потреба,а мајка му вика:еј па и ние летото земавме 2 ги враќаат парите?! Ниту ме праша, ниту ме опцу што е со бебето како е.Ок.Се породив.Бебушот фала Богу добар.Со маж ми ангажирани околу него .Помош имам и од нив.Доаѓа мајка ми еден ден,влагам во дневна, татко му вели ти ќе јадеш ја викам не после.И он вика ќе ти го треснам тањирот од глава.Ок преќутев.Маж ми нагло се смени и имаше кавги и расправии помеѓу нас.Сама со бебе ,животот 180 ми се смени.Се жени девер ми.Ние живееме на долниот кат ,имаме една соба другото заедничко.Сите нивни гости доле.Тие живеа горе.Мајка му прекина да праи муабет со мене ,и се сврте кон другата снаа.Дома ,јас чистев по нив готвење, о го чував детето и се.Со мал прст нема мрднато.Нивни прослави,јас и маж ми требаше да поставуваме и собираме.Инаку е војна.Нашето дете ко да не постоеше.Помош никаква.Оговарања на сите страни,и никој не праи муабет со мене.Ок ќе правиме куќа,е имаме свој дом.Помош од нив никаква ,а се фалат насекаде како помагаат ,ги понижуваат моите се прават шефови ,наредуваат.Си ги вртат синовите еден против друг ,снаите исто.Дупли аршини важат за двете страни.Се вселивме мислиш ок се.Почнаа и овде,маж ми се расправа,со нив ,тие го вртат против мене.Милион пати ја поминале границата.Си ги двојат внуците.Толкави манипулатори немам видено.Го извртуваат секој збор.Мајка му измислила дека сум ја избркала од кај нас дома.А тоа нема врска.Ме оцрнува низ сите роднини.Муабет не праат со нас, кука ние не сме ги давале децата да ги гледа ,сум го одвоила син.А секој пат му се јавува по телефон и само го понижува и вреѓа.Него не го почитува и сака не па мене.Ме полудеееее.Читав по нет и начекав за нарцисоидност пореметување.Па имал ли некој слично и како преживеал?
И да многу уживаат во правење драми ,и да ги сожалуваат луѓето,како се тие посветени родители ,а нив никој не ги гледа.
Требало да си купите еден стан што подалеку од нив, така ќе ти биде главата помирна. И јас сум со две јатрви ама подалеку од нив, сите живееме посебно. Секигаш ќе има делење на внуците, секогаш едното е помило од другото. Зборувај со маж ти дека така не бидува и покажи си ги малку забите изгледа премногу им ќутиш што вака ти прават. Ако не е касно мој предлог стан и многу подалеку од сите.
@7chocolate7 Решението е сопствен дом, да се дистанцирате од нив, контактот да го сведете на некој класичен минимум и мирна глава. Гледајте си го своето смејство, тоа е единствено важно.
Ич да не те боли долната ако маж ти те почитува. Седни разговарај со него да доаѓа кога ти нема да бидеш тука за да не ти прави нервози и стресови. Ваша куќа, ваш дом што сакате ќе правите и кого сакате ќе примите. Роднини? Што ќе ти ги за да те имаат од корист јас со сите имам раскрстено не ми ни требаат, само главоболка ќе добиеш. Кажи му на маж ти дека не сакаш оговарања и стресови во куќа особено не кога некој ти наредува.
Како да искочам на крај ,со крајно манипулативни личности?Ме боли, толку бев ведра ,позитивна, насмеана.Ни сама не се препознавам.Толку оцрнување, а се трудев навистина.Сите роднини ги свртеа против нас.
@7chocolate7 А што ти прават толку разлика роднините? Имате сопствен дом и уживајте со сопругот и детенцето. Кој сака да се види со вас и да ве почитува, нека повели, кој не, не. Не им придавај значење многу на сите. Дружете се само со позитивни луѓе, кои ве сакаат и тоа е.
Да но таа, се јавува ,во стил :ти немаш мајка татко брат.Никој.Жена ти што ќе каже...А всушност двајцата се договараме.Му кажува кого да примаме дома.Стварно се луди.Еве случка.Поголемово ја скрши раката,ја ставија во лангета.Недела беше сме искачиле да прошетаме,му се јавила и пази муабетсо дерење:ја дојдов да ја видам внуката,пољубив врата и се вратив.А таа дошла ,видела заклучено и свртела на телефон.Маж ми убаво рекол јави се кога планираш,ненајавена ќе ја понудиш и ќе се вратиш.Цела драма напраи.Секој трет ден со нивни глупости.Стварно сум мирна,ама планирам др пат кога ќе дојде да ја викнам нивната роднина,и да ја избркам да не и бидат залудни зборовите.Покварени луѓе.