@Harkami колку време сте во брак? Аконси од скоро ќе проба вака така, да те 'притисне' да и викаш мамо, ако сметаш дека треба да и кажеш мамо кажи и, ако не, никому ништо, ќе мора да прифати. Јас на мојата свекрва почнав да и викам мамо, од почит кон сопругот, но таа почна да ми кажува сказни, кога во лице, кога велам ти ќерко сети се снао, па престанав да и се обраќам до мамо, не заслужува. Инаку никогаш не искажала став, дека сака или не сака така да и се обраќам. Сега некогаш и глупо ми е, кога треба да ја прашам кафе дали сака, или каде стои тоа, што не ја ословувам никако, одам пред неа и ја прашувам, евентуално некогаш и викам ајде бабо ќе пиеме ли кафе и толку. Мм не ми рекол ништо ниту да и викам мамо ниту да не и викам. Откако престанав да и де обраќам со мамо сметам дека имамр покоректен однос.
Јас би постапила така што 15 пати дневно ќе и се обраќав со тетка и кога ќе се налутеше ќе и речев Лелеее скрос заборавив, навика.
Ја мојата Свеки си ја викам Фемина rules Како бе им се замара со овие работи? Кој мозок треба да го имаш, да чекаш да се ожени син ти и уште повеќе ЕДВАЈ да чекаш да мјарка снаата по тебе. Не дај Боже
Никако, едноставно не и се замараш Како би постапила, епа исто вака или ако гледам дека е епен живчанко и досадно со нејзиното тупење женче па да не и кревам притисок само по име и толку. Сепак на крај дистанцата ти е решение за се, а и кога ќе мораш да си во контакт со неа од едно уво влегло од друго излегло и стави си пошашава насмевка на лице
И мене на почетотокт така очекуваа сите да ја виакам ама јас не сакав и викав ,,мајка" ептен генерално е нели? Мајка можи да биди и на Стојан и на Елена . После со тек на време префрлив на никако т.е не и се ни обраќав директно туку секогаш општо пример ете ќе праам кафе и директ сака некој ? Толку. Дури и сами да сме пак директно сакаш кафе ни мамо ни тетко еднаш два пати беше као мене ме прашуваш? Јас и враќав па друг не гледам тука...
Јас ја завикав мислејќи дека е ок човек ама од кога ја слушнав да ми се обраќа со еј, и не и се обраќам веќе така, не престанува со мешање затоа што синовите им дозволуваат колку и да поставуваш граници ако тој покрај тебе ја умешува џабе е.
Ова со никако обраќање ја го применував на идната свекрва. Па едно време фати да ми враќа Пример седиме ја, она и либе и само ќе ме погледне и ќе ме праша нешто и јас морам да речам - Јас? Оти не знам дали на мене мисли баш. И тогаш сфатив дека е непријатно кога некој никако не ти се обраќа, без име Инаку моментално со тетка (надимак) ѝ се обраќам.
Јас од самиот почеток со мамо се обраќав, меѓутоа после сите збрканици што ми ги направи и после се што ми има речено едноставно срце не ми дава да ја викам мамо и општо и се обраќам, пр. Варам кафе сакаш ли и ти. И да се лути не ми е гајле затоа што и неа не и е гајле јас како се чувствувам.
Зошто се измачувате со како треба да ја викате? Разбирам дека има такви ко што сакаат со мамо. Нема потреба ни се еј, ни пак да чекаш да се сврти или да те погледне да и се обратиш. Јас бев таква, или го праќав детето со оди речи и на бабати. Сега кога размислувам и викам свекрвче сакаш ли кафе, или што и да е. Не ми се лути, веќе со тек на времето се прифаќате со сите маани. Јас на мајка ми понекогаш и викам женче па и неа некогаш и викам женче. Вајда има видено дека ист третман имаат и не се лути
Мојата не ми ни рекла да ја викам мамо ниту па очекуваше, а и нема шанси да ја викам мамо и да очекуваше, ниту ме раѓала ниту растела, си има деца они мамо нека ја викаат. Јас и се обраќам по име со тетка, пробав само со име ама не бива, долги години ја викав тетка пошто со мм сме 16 год заедно и некако тешко ми е да се одвикнам. Ама не и смета, и она си вика битно да ми се обраќаш, не е битно како. Не се замарајте со тоа ако не сакате да ја викате мамо нема потреба, нека се лути ако и е до лутење, не ве засега.
Помина времето кога се замарав како се чувствува и што мисли а за тоа си е сама виновна како што рече @Мамичка кога веќе она нема осет и чувство што ми зборува и како се понаша нема зошто јас да имам.
Луѓе пак јас.. хаха женава не е нормална.Извадила афера шо извадела, сум ја избркала вамте тамте.Ѕвони вчера сабајле на ѕвонче,мм и вика абе ти кога,ќе дојдеш планираш да,се јавиш?!Го измина си седна ,ни здраво ни што ни како.Им остаи на,децава грицки,си замина. Инаку со маж ми од нивна страна сакаме една ,почит ништо друго.Се однесуваат како куќава да е нивна.Кога доаѓаат мајка му не се ни поздравува.Беа на роденден,мислиш у контрола беа.Ова треба да се исече,ова е суво ,бегај да земам јакна од спална.Ненајавени си идат.И ѕвони вечерта мм да ја праша,кој ја избркал му рекла крши глава...а ваму плаче јас сум го одвоила од фамилија,она пустата внуците не ги видела,уствари баш ги заболе и за син и за внуци.На мајка ми очите нејќел да и ги види,му го испрале паметот моите.... Оваа изглеа си праи некои војни сама со себе у глава ,и си војува.
Што луѓе беа бре покварени.Кога бевме у заедница му ја пунеа главата за мене,за моите.Внучето си го бркаа.Не можеа пола саат да бидат со неа.Ова е претерано. Седна маж ми и напиша порака, оти му спушта нејке да,се јави ко детиште размазено е.Убаво за сите овие години.Нит му се јави ни ништо. Имам син , премногу си ги сакам децата,ама не би дозволила од мои хирови тие да патат.Да им ги рушиш браковите бе...болесници.
Леле како за баба ми на времето да читам, вака се понашаше исто. Нема решение, нема што да ја молите да се понаша како возрасна особа, нека крши она глава. Нека измислува што сака не ве засега, отсечно разговарање со неа и скроз на игнор, нема гости нема јавување, посебно од твоја страна, маж ти ако сака да продолжи да се објаснува и да ја моли нека го, ако сака мир и раат нека пресече и нека и каже или да се понаша како возрасен човек или нема да ве види повеќе ни вас ни внуци. Ќе видиш како ќе легне на брашното за некое време.
Батали такви умноболни идиоти не ти требаат во животот ама ич. И воопшто ако можеш не комуницирај, маж ти ако сака нека комуницира со нив ама кажи му да не ти кажува што мајка му рекла за тебе или направила.
@7chocolate7 Едноставно дистанцирајте се. Не може да ги натерате да ве почитуваат. Контактот сведете го на минимум, не им ѕвонете, уште помалку да ги молите. Ниту па секогаш им кревајте. Ако ви дојдат пред врата ненајавени, измислете дека сега тргнувате некаде и излезнете си одма. Или правете се дека не сте дома. Ако сакаат да ве видат, договорете на кратко некаде надвор, не дома. Чиста сметка, долга љубов и зачувани нерви.
Далеку дека сум без мани,почитував нивна куќа нивни правила буквално.Се трудев и да се зближат, ама волкава поквареност и лицемерие немам видено.Малечково заврши во болница,не,задржаа.Ја замоли мм да биде со поголемото и да ме врати мене у болница да се спремам од дома.Црп високо.Температура 40.Постелив средив.Ние у болница утредента у 8 си заминала имала работа.Луѓе никој од кај нив не крена телефон да праша како е .Се јавила вториот ден кај мајка ми ја напраила лом.Требало поголемото да сме го однеле кај неа дома.Да ме скарала мајка ми требало свекрвата да ја слушам.Се јавив... прв пат сум ја напраила лом....Еј некој у болница ,место да дојде ко свекрва да им напраи за јадење,да пушти машина...таа ко клета жена,уште проблеми праи.