Нема поголем мачкар на свет од мене, и растев бебе со мачор дома, ама да ми шеташе надвор имаше таму и да остане. Мачки што не се соодветно чувани носат ризици по плодот, за кои очигледно немате поима. Доста фаќате кусур за безврска. Колку малку ви фали само да му се закачите на некој.
Свесна сум немај гајле не изигравај многу паметна. Исто ти биди свесна дека со “ми се допаѓа” подржуваш некој кој кажува “ да ми се деси мене нема да ги види мачките” што значи подржуваш секакво малтретирање на мачките. И не, не се мачките проблем ама кога живееш во заедница и те како се обврска и ако едниот е веќе несовесен биди ти совесен и за доброто на двете страни однеси ги. Ем мирна глава ем мирна куќа.
Не бе уба работа, какво убивање Има многу врска чија обврска се. И нема да трпиш по секоја цена, тоа е забегано. Тие фрустрации утре негде ќе избувнат и уште поголема беља ќе се направи. Во заедница сите имаат права и обврски. Куќата чија е не треба да има никакво значење, зошто утре може и да ја нема. Што ќе се постигне со кастрирање во случајот со членката?
Нема да се размножува, што друго? Што и менува тоа? Ако шета и надвор и внатре пак е потенцијален преносител на истите бактерии.
Шо е важна трудницата, или бебето - МАЧКИТЕ!!! Невакцинирани, нестерилизирани, со паразити дома битно да се раат. По контејнери скокаат надвор, ама остај бебето ти сега. Штом не сакаат нечисти мачки дома - убијци се! Не е свекрвата крива што е неодговорна со своите "миленици", снаава е крива оти се грижи за бебето. Инаку НЕ, нема по улици бездомни животни заради членката погоре, туку заради такви како свекрва и, што наместо да стерилизираат и да си ги чуваат дома, ги пуштаат кај сакаат да одат, да се олеснат да се парат, и после дома да си дојдат така олеснати.
Мачките се обврска на свекрвата ако она ги научила да ѝ доаѓаат дома. Снаата по муабетот не ги сака и нема што да падне товарот на нејзе. Чувам животно и знам како е. П.с. мислењето ми беше општо насочено, не мора веднаш да се пронаоѓаш.
Во што би требало да се пронајдам - не биди смешна. Сѐ е јасно, двојни арашини. Мачките се обврска на сите во заедницата, кога веќе свесно влегла да живее во заедницата по автоматизам ги прифатила. Ете ако она не сака да ги носи нека ги однесе маж ѝ. Или можеби според вас е најдобро да се фрлат во црна ќеса? Како што си пропаргирате цело време…
Трудна си, што знам, не е ок вака да си злобна према недолжни животни. Ама ај, за проблемов твој, јас улична мачка- мајка прибирав дома со мачиња и кога бев трудна и кога ми се роди бебе зошто ја засакав. Лепо фино, на ветеринар носење и вакцини и се што треба, мм среди тоа. Ама вака нема да може да функционирате, и внатре и надвор не може, едно мора да биде. Маж ти не е украс во домот, нека поразговара со мајка му и да си најдете решение. За се се наоѓа, па и за ова ќе најдете, ова не е ништо страшно.
Не, туку пропагираме дека свекрвата треба да си ги стерилизира, да си ги вакцинира и да си ги прочисти од паразити.
Објективна сум, тебе не ти одговара. Ти веќе си се изјасни, не ни очекувам совесна постапка. Најтрагично е што сте злобни, а не сте свесни за тоа.
Koj сме тоа ние? Моето куче е средено се што треба, и тука е покрај мене цело време, не ака по улици, да не треба да ви шетам по куќи да ви ги стерилизирам, вакцинирам и прибирам животните? Ќе си среди свекрвата оти се нејзини, тоа кошта пари, и е нејзина обврска. Ако не и се плаќа, ќе си останат во дворот, а не дома. Тоа е тоа.
Не испревртувај. Кажав што имав, не сакам да се повторувам. Мачките живеат во таа куќа, ти исто така. Еден совесен да има ќе се реши се.
Абе сеа...куќата ако е нејзина мало морген вака да и наредиш. Ама и летате, они муабет за вакцини не ни праеле, само за исфрлање
Јас не живеам во таа куќа ама ај добро @Emotional123 се надевам разговарале... оти опции постојат, ама за одговорни луѓе, како тебе, пример. Си направила се што треба за да се заштитат сите страни. Од неодговорни луѓе не очекувам многу, затоа вриеме со бездомни на секој чекор.
Хахаха, добро ќе те барам тебе отсега за објективност. Злобни сме дека човечкиот живот ни е поважен од комфорот на некои небитни личности. Зошто на една бремена жена и идна мајка и фалат обврски, па сега и мачките ќе ги додадеме на листата. Ова е апсолутно објективно.
Нешто не ти е јасно околу чување миленици, ако ти ги сакаш а другите не, твоја е обврската. Колку и да ги прифаќаат, твоја работа е да се грижиш за нив ако не била заедничка одлуката за чување. Последната реченица, шта речи. Муабетот на членката е да седат во двор а не внатре, толку. Црна вреќа ти си измисли.
Па добро де, се разбираме. Членката живее во таа куќа + тоа и не е нејзин дом. И за тоа сте свесни. Кога одиш во туѓа куќа прифаќаш се, не можеш правила да поставуваш. Затоа и не се живее во заедница, а друга ствар е што се делат трошоци. Тука станува збор за совесност. Кажав ете таа нема совесност богами не е ни свесна затоа и членката и маж и се, ќе најдат решение. И не е решение, како некој да кажува дека нема да ги види. Јас тогаш би се запрашала со кој живеам во куќа. И што се друго освен тоа би можела да направи? @see.emily.play Апсолутна глупост тресна, талент за испревртување. Тоа се твои зборови не мои.