Во ред. И јас мислам дека настрана е најдобро. Ама мажот ми веќе изградил свој дел. Треба да одиме под кирија на се што инвестирал тука?
Не знам за вас, зборувам општо. Ако старите се мешаат и покрај тоа што маж ти инвестирал, треба да се размисли да се замине. Не вреди да се поминува животот во нервози.
Се пронајдов во ова АМА ни еден разумен човек што обожава животни нема да ги поддржи глупостиве и глумење лудило за инат.
Зошто инвестирате во туѓи куќи ако знаете дека еден ден некој ќе ве набрка сосе партали и нема да ви каже фала што инвестираше во куќава? Стварно не ми е јасно, и ова е најчестиот проблем во темава и многу пати е дебатирано селење-мирна глава и пак истото се случува со глава во ѕид. Не го зборам ова за тебе лично општо ме интересира.
Нека каже дали е на негово име. Многу многу често мажите односно синовите имвестираат додека куќата не е на нивно име. Си спијат на тоа уво дека е нивна, надледници се итн.
Па нема врска, тоа се и пари на жената. А има и синови и снаи подигаат кредити и инвестираат во спрат што не е на нивно име и старите се мешаат.
Некако цело време реториката на темава се движи во правец, овие глупи што живеат со свекор и свекрва, другите најпаметни што живеат посебно. Човек да не смее да се пожали ако живее во заедница, веднаш уште толку го деградираат. И највеќе што ме нервира. За да немаш проблеми треба да си купиш стан. Жити се, не им текнало.
Па види, не дека некој треба да ги деградира и малтретира, тоа секако стои. Ама голем дел од проблемите на темата се горе-долу нерешливи. Или единствено решение е да се тргнат на страна. Генерално кога живееш во заедница мораш или да правиш многу компромиси, или нон стоп да се караш, или да заминеш. Притоа не мислам на живот само со свекор и свекрва, мислам на било кое семејство кое има повеќе генерации кои живеат на куп. И мене да ме ставиш сега да живеам со мајка и татко, а не свекор и свекрва, веројатно многу работи ќе треба да проголтам. Генерално и колку се постари луѓето се многу поотпорни на промени и многу понеразбрани, така што може и на глава да се превртиш, ама добар дел од нив нема да се сменат на 50-60 години. Не дека е некое оправдување, ама е факт. Така да, не е дека се има многу избор.
Факт е и дека сите овие работи им се добро познати. Но, секој со своите можности и размислувања. Некој на темава доаѓа и само вентилот да го издува, знаејќи дека освен решението да отиде во свој личен дом, нема друго. Само не гледам како би им помогнал советот, отсели се. Како секој да има во џебот заштеда од неколку илјади евра за учество, висока плата, решен работен статус. Има многу фактори. И нас не треба да не засегаат. И тебе не би ти било убаво и сеедно некој на барање на совет да ги го даде советот што е вон сите твои можности и моќ. Никој не е крив за ситуацијата во која се наоѓа. Сите сакаме убав живот.
Лелел колку се најдовте навредени вие што живеете во заедница и што мислевте ќе ви тече мед и млеко. Амааа реалноста е сосема друга, оти утре ако маже има браќа и падне цела куќа на браќата нека не биде “нисам знајала”. Мирот можеби поскапо ќе го купиш ама здравјето и бракот ќе си го зачуваш, во спротивно ќе легнеш болна, со 300 нервози и милион објаснувања на свеќи дека нос во туѓи гаќи не се пика. Никој не е наречен глуп него се зборува за свест. Е сега ако се тешиш со “ нема шанси мене да ми се деси, мое си е сум си инвестирала” тогаш тоа е друг проблем.
Има две опции: Прва е мажот да застане на страната на жена си. Втора е да се одделат. Треба опција јас уште не сум слушнала некоја да сподели. Мене ми е јасно дека е се прескапо, и алал да им е на тие што им успева под кирија да живеат. Колку ги има само штп вложиле во доградба на спрат. Значи над 10-20к евра, што практично е учество за стан.
Е учество. Но тука има и рата за стан. Се уште владее сива економија. Колку само има непријавени што одат на работа, или пак дел ќеш дел на картица земаат. Ти пример земаш 500-600 евра плата, на картица минималец ти исплаќа. Како ќе подигнеш кредит. Лесно е на човек да му кажеш, ама не знаеш во каква состојба е. Еве јас кога почнував да работам и непријавена, а понатака и пола плата на рака ја земав. Како да подигнам кредит за толкав стан со минималец. Затоа не треба да се суди човек за неговите постапки.
Ај малку друга тема. Баш ме интересира да слушнам мислење. Ако свеки и свекор не си ги оптоварил ниту денар со трошоци, ниту за дома, ниту за бебе да спремаат нешто, ниту за свадба и крштевка, значи за ништо, во ред е да се појават без ништо на настанот? Значи буквално без ништо.
Легитимно е некој да пишува во било која тема за да се испука, ама кога бара совет, освен опциите исели се, корни го здравјето или разговарајте и најдете решение, четврто нема. На толку испишани страници, едноставно нема. Не постои таков совет, никој досега не го измислил. Се прашувам понекогаш каков совет се очекува, магично решение не постои, да постоеше, темава немаше.
Каков настан е во прашање? Може не се при пари, можеби планираат нешто друго што не е поклон класичен. Јас лично не гледам проблем некој да ми дојде било каде без подарок, во мојот свет тоа не значи невнимание, туку дека им било стиска за пари во тој момент, ама тоа се моите луѓе ти си знаеш за твоите. Ако ви е битно, нек ги праша маж ти.
Вие што викате дека снаата нема никакво право во куќата на сопругот,свесни сте дека устварите зборувате и за вашите мајки?И дека на тој начин ги понижувате и деградирате?