Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.635
    Допаѓања:
    9.175
    Пол:
    Женски
    Не знам какви ви се односите и како се однесувате на тема пари и материјални ствари, јас не би имала проблем со тоа, ама пак, мојата фамилија е едно, вие сте си друго. маж ти што вика на тоа, каков им е односот, што мисли он за тоа дека неговите родители не му даваат ништо за свадба? Може им се нарушени односите.
     
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.635
    Допаѓања:
    9.175
    Пол:
    Женски
    Ама и да престане за тоа да се пишува, само да погледнеме статистика на темава, сакале ние да го прифатиме тоа или не, ни одговара тој податок или не, тоа е факт. Ретки се семејствата каде што нема проблеми во вакви заедници. И тоа било така и со нашите мајки кои биле во таква ситуација. На сите треба да им биде најбитно семејството да ги почитува, што фајде ако добиеш потврда од форумов дека си снашка што заслужила, кога сме свесни дека у реалниот живот не е така.
     
  3. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.987
    Допаѓања:
    8.460
    Пол:
    Женски
    Mozebi lugeto ne se vo moznost. Pa koga ke bidat ke nadoknadat. Isto i jas i maz mi koga se vencavme si go plativme rucekot po vencavkata. Ne pravevme golema svadba. Moite se ponudija da platat pola no nie ne dozvolivme. Sekoj si znae kolku mu e dolga cergata i tuka nema sto da se zameruva. Svekorot i svekrvata se so mali penzii i tie na drug nacin ni pomognaa. Okolu spremanje po doma za precekuvanje na gosti sto mene mnogu mi znacese. Ne sekogas materijalnoto e vazno. A veruvam ako e prasanje nemanje vo momentot deka koga ke imaat ke dadat.
     
  4. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Па ако не е направена во брак стриктно од мажот, ако е дадена како наследство или препишана пред бракот, правно нема никакво право на тој имот.
    Не се збори така за да се деградира некој, туку за да си отворат жените очи кај си ја даваат заштедата.
    Може и ние сме имале мајки, сестри, баби кои така се изгореле.
    Не е тоа деградација, туку фактуална состојба.
    Не мора да се гледа дефанзивно на се.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.089
    Допаѓања:
    328.646
    Пол:
    Женски
    Па нема правно право,ама дали е тоа причина жената да се третира како безгласна буква?


    Живеев и јас во заедница на почеток ама фала богу никогаш не се осетив како помалце битна од остатокот на фам.

    И никогаш никој не ми чепкал во приватни раб и ствари.

    Ако е тоа услов за да те примаат во семејство налет и на брак и на се.

    Дека секој треба да се избори за свој дом се согласувам со тебе.Само некогаш и коцките не се склопуваат и планови пропаѓаат.

    Па во меѓувреме не е на одмет луѓе да бидеме.
     
    На Erika.greeneyes, Harper, Skorpija25 и 23 други им се допаѓа ова.
  6. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Абе јас се сложувам, идеално би било сите да живеат во слога, разбирање, со почит на приватност и на личност, ама најчесто не е тоа случај. Ама да беше реалноста таа немаше секој втор случај на оваа тема да е речиси ист со претходниот. Сите знаеме како би било најубаво, ама еве, реалноста не е таква.

    Еве стварно не знам што друго да му кажеш на некој освен да издржи или да си бара нешто свое. Ти што би рекла на некој совет што бара, а гледаш дека ништо нема ефект во неговата ситуација? Еве и да и напишеш свекрвата е најлоша и те третира како безгласна буква, дали тоа менува нешто во нејзиниот проблем? Решило нешто? Гледаш кај најголем дел случаи и со арно и со лошо е пробано, ама не бива човече, ако си наишол на некој неразбран, немаш што да правиш. Стварно нема друг излез според мене.

    Не викам дека така треба да е, не викам дека некој заслужува така да живее, ама еве гледај многу малку жени има кои го имаат твоето искуство на оваа тема. Целата поента ми е, стварно немаш што друг совет да дадеш. Еевентуално па никој да не дава мислења, темава нека е само за да се испукаат снаите и тоа е.

    А освен тоа, имаш и случаи кај што членки и имаат кај да одат, ама ќе измислат 100 изговори за да не одат кај своите, во друга куќа, па скоро секогаш греењето е проблем во другиот стан, и слично. Како и да е, секој си е градител на својата среќа. Искрено и лично јас многу повеќе бенефит сум видела од тоа некој директно да ти ја каже вистината, отколку кога ме тешеле само, а ништо да не се преземе.

    И на крај, секако има и такви кои не се во право, без разлика што се снаи.
     
    На Angie1432, *Amethyst* и bertold им се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.758
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е, јас сум фриленсер и не сум ни осигурана, плата висока ама доказ немам за во банка.

    Треба да се оди според здрав разум. Живот со свекрва идеален не е.
    Ама ти да се омажиш на 25-30 години и да кукаш од свекрва како ти правела, а си свесна на што се нафаќаш е нелогично.
    Не е. Во било кое својство кога одиш на роденден носиш нешто. Од култура, а не па за внук од мерак.
    Точно. Наследство и во брак не се дели.
    Ако вложиш одредена сума во туѓ имот кој е крив?
     
    На violetblue, mssuniquee, Polyincognito и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    8.257
    Пол:
    Женски
    Свадба + крштевка за малата беше настанот.
     
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.117
    Пол:
    Женски
    Не.
    Не сфаќам како на некои луѓе не им е чисто мерак на внучето да му купат нешто. Па и да помагале финансиски е глупо, а не вака.
    @joy1 живот во заедница е комплексна работа. Бара многу компромиси и разбирање, но и многу откажувања.
    Но, секогаш таа куќа ќе е туѓа, па и гаќите на крај да си ги продадеш за таму да вложиш. Не е навреда, реалност е. Ниту снаата може ред да воведува, ниту неа да ја стројат по свое.
    И гледам си пишала дека зборуваме за нашитњ мајки. Што имаат врска они па во ситуацијава? Дали мислиш дека сите жени порано живееле во заедници?
     
    На Sunrise!!!, violetblue, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.259
    Допаѓања:
    31.237
    Пол:
    Женски
    Искрено, мое мислење е дека мажи кои инвестирале во доградба и опремување на спратови во куќата на родителите немаат намера да заминат од таму. Според мене, многу по разумно е тие финансии да се заштедат па во моментот кога ќе се појави партнерката, заеднички да се договара иднината и за тоа каде ќе се живее. Можеби и партнерката има одредена заштеда па со спојување на двете, може на пример да се купи посебно живеалиште за новото семејство и да се избегнат многу проблеми. Работава испаѓа земи или остави, јас решив да живееме со моите и точка. Без право на избор. Затоа треба да се внимава при стапување во брак под вакви услови. Огромни се шансите дека поделба нема да има и дека таму ќе останете долгорочно. А се знае каков е живот под ист покрив. Макар и да се различни спратови, мешање ќе има. Ако двајцата партнери се сложни на таков живот, тоа е веќе друго. Но многу машки што ги знам, уште без да имаат девојка инвестираат огромни средства во куќите на родителите за еден ден кога ќе се оженат да ја донесат жената таму што не ми изгледа како ок опција.
     
    На Sunrise!!!, Oneo, Luminary и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.512
    Допаѓања:
    43.510
    Не, не е во ред, срамота е. Да немале пари, и да биле коректни, ќе ти кажеле извини немаме сега, па немаше да пишуваш по темава, реално.

    Во култура и општество каде на немање вода во очите, се дигаат кредити за свадби, се прават девојачки у странција и родендени за бебиња мислиш матурска вечер се спрема, каде снаите и бебињата се редат со златни ланци и алтани, некој тука ќе нормализира недарување на снаата, и крвта што ја родила,на свадба и крштевка?!
    Ма немој да ме јебеш.
    Баш да видам дали би оделе негде кај други со празни раце, па да ги зборат комшиите после.
    Ахам, како да не.

    Читај меѓу редови, што сакаат да ти кажат.
    За мене ова е класично понижување, и ја би размислила каков однос би имала понатаму со нив. Најарно чисто службено.
     
    На Harper, Sunrise!!!, Oneo и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    598
    Баш поради тоа шо ни палела ни гасела се искомплексирани и сакаат истото да го спроведат и на нас.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.168
    Допаѓања:
    10.589
    Пол:
    Женски
    Јас до сега не сум слушнала некој да има проблеми во брак од свекрва, а да не живее со нејзе. Као може да имаш проблеми со некој што го гледаш максимум еднаш неделно?!
    Да прифатиш да живееш на спрат од куќа на свекор и свекрва мене ми е неразбирливо. Прво неразбирливо ми е како може некој да инвестира 10000 евра во спрат наместо во сопствен дом.
    Па свекрва ми има куќа во која маж ми живееше до пред 4 години. Ни на крај памет не му текнало спрат да прави, фино лепо учество си плативме за стан и си земавме станбен кредит на 30 години.
    Муабетот ми е, не се нафаќајте на заеднички живот, колку и да се слагате, колку и да се фини, ќе се спукате. Нормално е, очекувано е.
    Темава е само за издувен вентил да биде, нема што да се разглабаат дискусии тука, сите си знаат како стојат работите реално.
     
    На no name5, Aschenputtel, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Охооо, многу примери има.
    Баш прееска ми излезе пост од женски домаќински муабети, снаава се жалеше дека свекрвата им е на гости и се меша во кујна а нема место за две, и и' го ремети редот. И имаш едно 200 свекрви во коментари - од кога мајката во домот на синот е гостин? :D
    Значи и посебно да се, пак е на свекрвата, никако на снаата. Снаата дом нема.

    Може и во заедница да е нормален животот, може и настрана пак да ти кинат нерви секој ден. Е сега ако има проблеми и плус сте во заедница, 300 пати потешко е.
     
    На Erika.greeneyes, butterfly6223, Harper и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.168
    Допаѓања:
    10.589
    Пол:
    Женски
    МОЛАМ?????
    Откако синот и снаата го купиле станот, што не е јасно?! Ваљда син и дома коа и иде не вика дома сум, вика кај мајка ми сум.Ја коа сум кај моите не викам дома сум, викам кај моите сум.
    Ваљда дефиниција за гости е вон дома?!
     
    На Ursi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    1.385
    Пол:
    Женски
    Со моиве немам никаков проблем се гледаме еднаш месечно на неделен ручек и толку. Некогаш ако сакат да поминат на едно кафе ако се во близина бидејќи се возат со велосипедите се јавуваат и прашуваат дали ни сметаат.
    Сто пати им имам кажано дека можат слободно да дојдат кога и да сакат ама такви се размислуват и осетливи се.
    И, во супер односи сме немам зошто да се пожалам, но никогаш не би можела со нив да живеам.
    Важна ми е мојата приватност, важна ми е мојата слобода. Кога ќе дојдам од работа да си ги “треснам” ташната и јакната на под, да си направам едно кафе, да си ги ставам нозете на масата и да си уживам во тишината.
     
    На Mother of 2boys, Noemi, 1209 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Е ајде де :D
    Aко сакаш да ти дадам линкче од постот, па карај се таму со свекрвиве. :D

    Инаку исто вака има право да се чувствува и снаата што си уредила спрат заедно со сопругот. Тој вложил во градбата, таа своите финансии ги вложила исто тука. Како тоа нема право да се чувствува ко дома само ако е на плацот од свекорот? Свекрвата исто дојдена е, нели домот на жената не е.
     
    На Harper, 1209, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.117
    Пол:
    Женски
    Има жени кои се мешаат иако не живеат заедно. Еве еден таков брак имам во оклина пред распад ради свекрва, а се одвоени од почеток.
    Кога ми кажуваше снаата какви ср глупости прави женава, да се чудиш кај и текнува.
    Ама во суштина до мажите е проблемот.
    Се прават глуви и слепи на мешањата на родителите.
     
    На Sunrise!!!, MeowMeow, senza.parole и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.168
    Допаѓања:
    10.589
    Пол:
    Женски
    Најточно :)
     
    На Ursi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.726
    Допаѓања:
    40.112
    Пол:
    Женски
    И што е поентата на ова?
    Дека ако се мажеш после 30 се ќе ти е идеално? Каква врска имаат годините не разбирам?
     
    На *Amethyst* и Emy867 им се допаѓа ова.