Но во прашање се неговите родители. Како знае за сестра му, а не знае за себе? Веројатно бира да не знае, бидејќи не сака да признае дека е увреден од постапката, да не отвара Пандорина кутија или нешто слично.
Да бидеме искрени, темиве со маките околу овие работи (толку банални реално) постојат затоа што постојат луѓе кои не сакаат никого да радуваат. Јас сфаќам дека не се дискутира за нормални ситуации.
Апсолутно никој кон никого не е должен ниту за поклони, ниту за куќи и станови. Овде се тепате дека куќите на вашите мажи се лично нивно спечалени и се правите газдарици од прв ден, а од друга страна се очекуваат и поклони и свадби правење и по можност и пензиите да ви ги даваат, ама без обврски ваши. Кој колку има и дали има толку ќе даде или нема да даде и престанете веќе еднаш со милионите очекувања од свекор и свекрва аман. Ако сакам свадба и нема пари татко ми ниту свекрва ми зарем треба да им се лутам?!
Значи маж ти баш ништо не знае што се случува со неговата фамилија, и викаш добри односи? Во ред, вие си знаете најубаво.
Ок. Мажот ми е крив. Знае, сестра му на 21 година сигурно сама не си ја платила свадбата. Ама ете тој не оговара такви работи ко мене.
Не е муабетот за оговарање, туку за нешто што ти сметаш дека те навредило и е непочитување кон твоето дете и кон тебе, значи кон вас како семејство. Ти си озбилно увредена од ситуацијата или си навистина материјалист? Извини, ама ако си навредена и понижена и ако така му ја претставиш ситуацијата на маж ти, а он нејќе да се замара, тогаш да, во него има вина
Токму така. Се убаво си напишала. Ама стои фактот дека е понижувачки кај свое дете да не однесеш подарок. Во каков однос и да си, за скромен подарок можеш да одвоиш. Барем една играчка на дете. Тој момент на сакање е битен. Не знам дали има човек на планета кој не сака да му купи на мало детенце нешто. А не пак внуче. Во вилата каде што одиме во Охрид, живеат фамилијарно газдата со неговите родители; бабата на син ми секој ден му даваше чоколадо. Зошто? Затоа што е мало слатко детенце. Комшии кај моите и свекрва ми му даваат кога ке го видат некоја ситница, дали банана дали кроасан, ништо не им е, ама мерак им е. Моментот на свое внуче да не му купиш нешто е за никаде. Пример моите секогаш ми даваат пари, ама синко секако не разбира од пари, му купиваат и некоја ситна играчка плус да се израдува.
Тогаш ако никој не е должен поклони да дава, дали тоа значи дека не би била должна да ги викам моите или неговите родители на крштевка на внук или роденден? Значи не се работи за сума од 1000 евра поклон. Зборуваме нешто да се купи за детето. Од баба и дедо. Ќе ти набројам неколку маалски дуќани за 300-400 денари да купиш некое комплетче. До тие пари ли е работава? Бидејќи членката не наведе дека се работи за сиромаштија, би рекла дека се работи за себични луѓе. Да, тоа е поентата на прослава. Ти имаш прослава, некој ти носи нешто од култура. Односно да донесеш нешто соодветно на пригодата. Е сега во случај некој да нема, тогаш во ред. Не верувам ни членката дека би коментирала ако знае дека бабата и дедото крпат едвај крај со крај. Значи чорапчиња може да земат. Лигавче. Било што. Не ме заебавајте. 150 денари е кутија цигари, 100 денари лигавче. Попрво би за тоа да потрошат.
Па изгледа се катиљ. Ко може свеки да речи за нејзиниот девер дека поарно било дури не доаѓал, дури биле скарани изгледа е така.
Ne e ubavo sto dosle so prazni race, za deteto. Ako im e namerata da mu kupat nesto poubavo a vo momentot ne se vo moznost mozele na sinot da kazat. A vie treba da zboruvate so maz vi deka gestot ne vi se dopadnal a ne da go isklucuvas od situacijata. I da sedne da zboruva so negovite roditeli. A ne da se pravi ko da ne se desava nisto. Jas so maz mi za se zboruvam. I za toa sto mi smeta i za toa sto ne mi smeta.
Има има, еве моите свекрва и свекор ама буквално ништо не му купувааат и не му купиле (дете три години) Јас буквално исто се понашам како од прв ден фино и културно и не ми е гајле нивно понашање
Разберете дека проблемите доаѓаат од преголемите очекувања. Очекување свекорот да ти даде стан или куќа ама очи да не му гледаш, очекување свекорот да ја плати свадбата, ама да нема право на збор за истата, очекување свекрвата да се грижи за внучето, ама на снаата да не смее ни збор настрана да и каже. Аман! Се додека се се гледа низ призма на пари и подароци и споредби, со тоа на сестра му му ја платија свадбата, нашата не, ништо не бидува. А не се размислува дека во меѓувреме на синот факултетот во Скопје му го платиле и претплатиле! И чисто ме интересира од каде заработиле мажињата за сопствена куќа или стан, а да не бил покриен финансиски пак од семесјтвото. Двојни аршини!
И јас го поминав ова, само едно ќе ти кажам за што јас многу се каам, гледај си за себе те молам, остави ги што сакаат нека зборат си се покажале на почеток.На маж ти се ќе му кажуваш и преглед и се заедно ќе си поминете низ тој период никој повеќе нема да ти треба.Се сами ќе си купите се сами ќе си спремите од никого ништо не чекај.